Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Со топлина, искреност и силна љубов, гимназијалците од СОУ „Кочо Рацин“ – Велес, годинава повторно докажаа дека споменот на Тоше Проески не бледее, туку продолжува да свети преку нивните срца и гласови. Традиционалниот хуманитарен концерт „Тоше во срце те носиме“, по повод годишнината од неговото прерано заминување на 16 октомври, денеска ја исполни салата „Бели мугри“ со емоции, музика и човечка добрина. Настанот започна со едноминутно ...
Седумнаесет годишната Ива Ракиџиева е нова талентирана музичка надеж на Велес. Средношколката на „Гимназија Кочо Рацин“ го покажа и докажа својот музички талент, вчера вечер, на промоција на своето првенче, песната „Последен лет“ и на снимен видео спот. Ива е авор на текстот и музиката на песната чија промоција се одржа во големата сала на НТ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ пред голем број на нејзини и пријатели на семејството Ракиџиеви. ...
„Под влијание на јужно и на југозападно струење, на висина кое ќе услови прилив на значително потопол воздух и натпросечно високи температури, за овој период од годината, температурите во деновите кои што се пред нас ќе се искачуваат до околу 20 степени а на повеќето места ќе надминуваат 20 степени. И во Скопје и околината во деновите кои што се пред нас температурата ќе надминува 20 степени. Особено во петок, 24 октомври, ќе дува повремено ...
Министерството за економија и труд соопшти дека согласно Законот за празниците на Република Македонија по повод празникот „Ден на Македонската револуционерна борба“, 23 октомври, четврток, 2025 година, неработен ден е за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, министерството за економија и труд на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба. Дума.мк Сподели: ...
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба со септември, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Според пресметките на ССМ, синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 65.544 денари и во споредба со септември изнесуваше 65.077 денари е зголемена за 467 денари. Најзначаен пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалоци, кои во ...
Полициски службеници од ОВР Неготино, ноќеска, саат и пол по полноќ, го лишиле од слобода дваесет и шест годишниот А.А од село Криволак, неготинско, поставувајќу по претходна пријава дека преку социјална мрежа и платформа за интернет комуникација му се заканувал на 67 годишник од Неготино. -Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во ...
Ученички од средното училиште ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес беа дел од меѓународниот Форум за жени и девојки во STEM, што се одржа во Брисел од 14 до 17 октомври 2025 година, како дел од „Деновите за образование и вештини на EIT“. Тимот составен од Ангела Здравковска, Ивана Милошева, Михајлова Марија од клас 2-8 и Настасова Марија од 2-7 клас, под менторство на професорката Гордана Мулева, ја претставуваше Македонија на овој значаен ...
Пловеа 34 километри по течението на река Вардар, на потег Таорска клисура – Зелениково – Велес, со цел да промовираат еден од најубавите делови на најдолгата македонска река, идентификуваа потенцијални загадувачи и поставија 15 еко табли со еколошки пораки за зголемување на еколошката свест на сите кои се движат по брегот на Вардар. Вака 24 извидници кој што учествуваа во оваа пловидба, на 3 и 4 октомври, во пет чамци, потсетија на човечката ...
Општина Неготино е добитник на престижната награда и признание „Глобаллокал“ за најдобра локална заедница во областа на развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа за 2024/2025 година. Веста ја соопшти градоначалникот Горан Стојанов, кој ја прими наградата во рамки на Меѓународниот економски форум „Перспективи“, што се одржа од 15 до 18 октомври во Љубљана, Словенија. Форумот, организиран од Светскиот конгрес на претприемачи, ...
„Под влијание на продор на значително потопол воздух од југозапад, во Македонија, следува период на значително потопло и променливо време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Особено високи температури за овој период од годината очекувам во периодот од 24 до 27 октомври кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. И во Скопје и околината температурата во ...
Во трите општини каде не беше избран градоначалник во првиот круг – Неготино, Демир Капија и Росоман, граѓаните ќе излезат повторно на гласање во втор круг, каде што ќе одлучуваат меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во Неготино во трка се Марија Нацева и Петар Мантев, во Демир Капија помеѓу Наталија Димитриева и Лазо Петров, додека во Росоман ќе се соочат Ѓорѓи Крстевски и Стојан Николов. Советничките состави покажуваат предност на ...
Коки со осум нови афоризми за читателите на Дума.мк. Овој пат, со остар јазик и уште поироничен поглед кон нашето секојдневие. -Животот не ни должи ништо, ние сме тие што живееме на вересија. -Некои партиски кандидати за градоначалник, предизборно носеа темни очила, за да не им се види што се им извира од очите. -Премиерот не уверува дека Владата секогаш се грижи за народот, само што народот ретко знае, за кој народ. -И политичарите, и ...
На локалните избори во Општина Чашка беше направен пресврт без преседан – по првпат од постоењето на општината, градоначалничката функција ќе ја извршува припадник на албанската заедница. Суат Шакиров, кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), извојува убедлива победа во првиот круг, освојувајќи 50,71% од гласовите или 2.322 гласа, покажуваат конечните податоци од Државната изборна комисија. Актуелниот градоначалник Горан ...
Во Општина Лозово граѓаните ќе се вратат повторно на гласање, откако ниту еден од кандидатите за градоначалник не успеа да обезбеди мнозинство во првиот круг од локалните избори. Првичните резултати објавени од Државната изборна комисија потврдуваат тесна трка меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, која ќе продолжи во вториот круг. Најмногу гласови во првиот круг освои Ацо Велковски од СДСМ – 651 глас, односно 46,07%. Веднаш зад него, со мала ...
Киро Нацков, кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Општина Градско, ќе ја продолжи својата функција по уште една изборна победа, овој пат обезбедена уште во првиот круг од локалните избори. Според официјалните податоци на Државната изборна комисија, Нацков доби доверба од 71,92% од избирачите, односно 1.250 гласа, што е еден од највисоките резултати во целиот регион. Неговиот главен ...
На локалните избори во Општина Чашка беше направен пресврт без преседан – по првпат од постоењето на општината, градоначалничката функција ќе ја извршува припадник на албанската заедница. Суат Шакиров, кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), извојува убедлива победа во првиот круг, освојувајќи 50,71% од гласовите или 2.322 гласа, покажуваат конечните податоци од Државната изборна комисија. Актуелниот градоначалник Горан ...
Денешното утро ни донесе невообичаено ладно време за овој период од годината со зголемена облачност на повеќе места, пишува Метеоаларм. Температурите ова утро беа под просекот за овој период од годината па така најладно до 8 часот утрово беше во Берово со измерена температура од -2 степени. На табелата можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија до 8 часот по градови и места и тоа на мерните станици на УХМР. -Да ...
Кандидатот за втор градоначалнички мандат Марко Колев пред партиското седиште на ОК на ВМРО ДПМНЕ се обрати, вечерва, пред Велешани кои дојдоа да ја прослават победата во првиот круг на Локалните избори 2025. Колев рече дека победата е историски резултат, убедлива, со над 10.000 гласови разлика, стабилно мнозинство во Совет на Општина Велес и порача дека Велес е во сигурни раце. Колев додаде: Видео материјал на Радио Голди Носителот на Листа ...
Општинската Изборна комисија Велес излезе со податоци како пресек на излезност до 18:30 часот. Според овие податоци во Општина Велес излегле и гласале 17.965 избирачи на 83 избирачки места од вкупно запишани 44.950 граѓани со право на глас. Државната изборна комисија само што ги ажурираше податоците за излезноста на граѓаните со право на глас до 17 часот во останатите општини и тоа: Во Општина Чашка гласале 4.019 избирачи на 30 избирачки ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии, и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места. Професионалното, навремено и точно информирање на јавноста за текот на изборниот процес е од суштинско значење за довербата во изборите. До ЗНМ утрово беа ...
На сајтот на Државната изборна комисија само што се ажурирани податоците за за излезноста на граѓаните со право на глас до 15 часот. Според овие податоци: Во Општина Велес излегле и гласале 12.344 избирачи на 83 избирачки места од вкупно запишани 44.950 граѓани со право на глас. Во Општина Чашка гласале 3.264 избирачи на 30 избирачки места од вкупно 6.141 граѓани со право на глас. Во Општина Градско гласале 1.126 гласачи на 11 избирачки места ...
Шеесет и три годишниот М.С од Велес бил утрово пронајден починат во атар на село Иванковци, велешко, кај место викано „Бабиште“. Пријавата за пронајдениот починат Велешанец во Сектор за внатрешни работи Велес евидентирана била во 08:00 часот. -Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на ...
Излезноста на гласачите на денешното гласање за локалните избори во општина Велес до 9:00 часот изнесува 1.416 или 3,16 % од вкупно 44.950 гласачи кои гласаат на 83 избирачки места, соопшти Општинската изборна комисија. Во текот на вчерашниот ден своето право на избор го искористиле 66 од пријавени 69 болни и немоќни лица како и 22 граѓани од пријавени 29 кои издржуваат казна затвор во Одделението на КПУ Идризово во Долно Оризари. Убавка ...
По претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на добиена судска наредба од Основен суд Велес, утрово, во 08:00 часот, полициски службеници на Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршија претрес во домот на Г.П.(59) од село Согле, општина Чашка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“ по член 162 од КЗ. „При претресот се пронајдени и одземени 60 банкноти од 2 000 денари и еден мобилен ...
Во Општинска изборна комисија Велес се подигнува изборниот материјал од страна на Избирачките одбори за утрешното гласање на осмите Локални избори во Македонија. Постапката на подигнување е започната од 7:00 часот и тече без проблеми, соопшти Ребека Бајдевска Ѓошева Таа додаде дека во текот на денешниот ден, сабота, 18 октомври, својот глас ќе можат да го дадат 69 болни и немоќни лица, во домашни услови, лицата кои издржуваат казна затвор во ...
„Викенд температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината поточно утринските ќе се спуштаат во интервал од 4 до 12 степени додека дневните ќе се искачуваат во интервал од 11 до 19 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Викендов времето во Македонија ќе биде ладно и претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и со намалување на облачноста во попладневните часови на утрешниот ден, недела, 19 октомври. ...
Одрон од карпа, тежок неколку тони, падна и се распрсна на повеќе помали и поголеми парчиња, вчера, доцна попладне, на улица „Димко Најдов“ во Велес. Одронот најверојатно последица е на големата наврната количина на дожд. Нема повредени граѓани на фрекфентната улица во месноста Долни Дуќани, на јужниот излез на Велес , кој е дел од регионалниот пат R-1102 иако во времето на одронување имало фрекфенција на пешаци и автомобили. Одронот пријавен ...
Летното сметање на времето завршува в недела, на 26 октомври 2025 година, и почнува зимското сметање. Ноќта, саботата спрема неделата, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот ...
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера вечер, во 21:00 часот го приведоа М.Т.(44) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. -Еден час и 20 минути претходно приведен е и Н.Д.(33) од Велес, баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено ...
Дванаесет нови издумани Крлевизми за книгата. Овој дождлив петок прочитајте ги… и дозволете им да ве насмеат, замислат или потсетат на некоја ваша вистина облечена во апсурд. -Книгата се помалку се чита. Се повеќе се раѓаат сезнајковци. -Да читам во редови ме научи училиштето. Да читам меѓу редови ме научи животот. -Денес ако не те читаат, значи си добар писател. -Купува книги. Заради декорот во станот. -Најубавата книга која не сум ја ...