Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Пет ученици на уметничкото студио „Супер Старс“ од Велес, вчера вечер, во хорски, дуетски и соло настапи одржаа концерт со наслов „За овој свет“ изведувајќи песни на големата македонска музичка ѕвезда. На концертот, во помен и по повод 18 годишнината од трагичното загинување на Проески, настапија учениците кои учат соло пеење во ова уметничко студио: Славица Андова, Тамара Димовска, Гордана Лазова, Драгана Трајкова и Ѓоре Анѓелов. Според ...
Учениците од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес беа дел од заедничка активност во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, што се одржа во Куманово. Гостувајќи во партнерското училиште ОСТУ „Наце Буѓони“, велешките ученици имаа можност да презентираат дел од своите музички таленти и културни видувања, како и да соработуваат со врсниците од Куманово преку заеднички активности под мотото „Светот низ ...
„Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот до крајот на денов и утре, сабота, 18 октомври, во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои особено во западните и во југозападните предели ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ...
Под мотото “Рака за рака за подобра храна и подобра иднина”, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот кој го организараше Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври- Светски ден на храната. Во рамки на настанот кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесет годишнината од основањето на ООН и ФАО, ...
Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред осумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 18-тиот маратон во чест на Тоше. Маратонот почна од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на ...
На денешната, последна седница на актуелниот состав на Советот на Општина Велес, избран пред четири години, советниците едногласно ги усвоија првите три точки на дневниот ред, поврзани со доделување на годинешните општински награди и признанија. Советот едногласно го изгласа предлогот на Комисијата за образование и млади, со кој Марко Ингилизов, студент на Принстон универзитет во САД, е избран за добитник на признанието „Проф. д-р Ѓорѓи ...
Изложените 34 дела од 30 автори и припаѓаат на една од најрепрезентативните збирки на Музејот на современа уметност во Скопје. Француската колекција опфаќа околу 300 дела од над 150 автори на слики, скулптури и графики, создадени во периодот од 1933 до 1995 година, кои ја прикажуваат тематската и стилска разновидност и виталност на француската уметничка сцена во текот на 20 век. Според кураторот на Музеј на современа уметност Скопје, Благоја ...
Екипата на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ извојува победа на општинскиот турнир во машка одбојка за средношколци, што се одржа во организација на Сојузот на училишен спорт на Велес. Натпреварите вчера беа одиграни во спортската сала при самото училиште, каде што домаќините покажаа одлична игра и доминација. Во финалето, тимот на „Коле Неделковски“ се соочи со екипата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и извојува победа од 2:0 во сетови. Победничката ...
Во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“ кај Неготино се одржа ликовен настан под наслов „Македонски ликовен хепенинг“, на кој учествуваа реномирани уметници од регионот. Настанот беше поддржан од Министерството за култура и туризам, а организатор беше Националната установа Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ од Неготино. Во инспиративната манастирска атмосфера, уметниците создадоа бројни дела, кои ќе бидат презентирани на претстојната изложба во ...
„Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот во текот на денот, четврток, 16 октомври, ќе имаме повремени локални врнежи од дожд, додека во текот на ноќта и утре, петок, 17 октомври, врнежите повремено ќе бидат пообилни и ќе се прошират на најголем дел на територијата на Македонија. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог, над 25 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец ...
Средношколци од сите делови на државата до 26 октомври можат да се пријавуваат за главната награда за најдобрата бизнис идеја во Македонија – „Средношколец милионер“. Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта, кои можат да се пријават самостојно, во пар или во тим до шест члена. Од „Бреинстер“ информираат дека стотици средношколци од сите делови на државата веќе ја пријавиле ...
Претседателот Даниел Јаневски за утре, четврток, 16 октомври, со почеток во 10:00 часот ја закажа 69 седница на Советот на Општина Велес. Седницата е последна на актуелниот состав на советот избран пред четири години. Членовите на советот ќе расправаат по предложен од Јаневски Дневен ред на којшто се наоѓаат вкупно седум точки: 1. Предлог – одука за доделување на награда за настудент „Професор д-р Ѓорги Шоптрајанов” за 2025 година; 2. Предлог ...
Во Сектор за внатрешни работи Велес евидентирани се три одделени случаи на физички напади, два врз малолетници и еден врз жена. Првиот случај бил пријавен во 15:00 часот кога четириесет и пет годишната велешанка Р.К објаснила дека на улица „Христо Татарчев“ во градот, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од шест малолетници. Потоа во 19:45 часот во СВР Велес од страна на 33 годишната П.О било пријавено дека на улица „Вера Циривири“ ...
На големата сцена на велешкиот театар „Ј.Х.К. Џинот“ утревечер премиерно ќе се изведе црната комедија „Мало невино убиство“ од францускиот автор Жан -Пјер Мартинез со почеток во 20:00 часот, додека на 17 и 20 октомври, петок и понеделник ќе бидат изведени и првите две репризи. Режисерот на претставата, Деан Дамјановски, во видео изјава за Дума.мк посочи дека се работи за интригантна, динамична комедија во која ликовите влегуваат од заплет во ...
„Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, од ноќва, среда,15 до петок, 17 октомври, во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои локално и повремено ќе бидат пообилни. Во овој период локално ќе наврне позначително количество на воден талог, над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите повторно ќе бидат во опаѓање, особено ...
Изложбата „Континуитети“ којашто ќе биде отворена, утре вечер, во Ликовен салон Велес составена е од 34 дела поточно избор од графики, скулптури, пастел и темпера, создадени во периодот од 1933 до 1995 година, кои ја прикажуваат тематската и стилска разновидност и виталност на француската уметничка сцена во текот на 20 век. „Делата припаѓаат на француската колекција на Музеј на современата уметност од Скопје. Тие се избор од вкупно 300 дела, ...
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес лишиле од слобода 38 годишен маж од велешко село постапувајќи по претходна пријава. Како што пишува во дневниот билтен велешанецот во својот дом физички ја нападнал неговата малолетна ќерка и се обидел да употреби и дрвен предмет но бил спречен од неговата мајка. -Полициските службеници го лишиле од слобода во 18:05 часот и го привеле во полициска станица. Известен е јавен обвинител и ...
Прекувремената работа и работењето на празници и во недела не го плаќаат 90 отсто од газдите во Македонија. Од Сојузот на синдикати на Македонија потврдуваат дека токму прекувремената работа и работењето на празник и во недела постојано се злоупотребува од работодавачите. Тие велат дека истата мора соодветно да се плати, но дека системот за контрола на работно време е во рацете на работодавачите и на таков начин им се дозволува на компании во ...
По речиси седум месеци поминати на лекување во болница почина Владимир Блажев-Панчо од ДНК, потврдија од приватната болница. Панчо изминатиот период го помина на лекување и се бореше со тешки изгореници на лицето и рацете кои ги здоби во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Првично во пожарот загинаа 62 лица. Панчо зад себе остави два сина, Андреја и Марјан. Со неговото заминување, македонската музика изгуби еден од своите најавтентични и ...
По речиси седум месеци во болница, почина Владимир Блажев-Панчо од ДНК, потврдија од приватната болница „Систина“ во Скопје. каде тој изминатиот период го помина на лекување и каде се бореа со повредите со кои се здоби откако се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК. Во пожарот загинаа и други членови на бендот: клавијатуристот Филип Стевановски, беквокалистката Сара Пројковска, ...
По повод Светскиот ден на менталното здравје, во ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес се одржа врсничка едукација на тема „Ментално здравје“. Настанот беше организиран од страна на Црвен крст Велес. Во текот на едукацијата, учениците активно разговараа за стигмата и предрасудите поврзани со менталното здравје. Тие споделија и корисни совети и начини како секој поединец може подобро да се грижи за своето, но и за менталното здравје на луѓето ...
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од утре, среда, 15 октомври, попладне и навечер и во деновите потоа во Македонија ќе дојде до поголема промена на временската состојба. Ќе имаме зголемена облачност на повеќе места со повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни а ќе дува и слаб до умерен ветер, претежно од северен и од североисточен правец. Во Скопје и околината,исто така, ќе имаме ...
Авионска неексплодирана бомба тешка над 200 кг ја предизвика експлозијата во петокот, 10 октомври, на градилиштето на Подземна катна гаража во Велес. Неактивираната бомбата, од Втората светска војна, се наоѓала на осум метри длабочина, од асфалтот на улица „Гоце Делчев“. Локацијата на која експлодираше кога најверојатно ја потфатила градежната механизација се наоѓа на јужната страна на подземната катна гаража поточно под поранешниот поплочен ...
Учениците од Основното општинско училиште „Петре Поп Арсов“ во селото Извор отсега ќе имаат можност да учат преку практика, благодарение на новоизградениот пластеник во училишниот двор. Со должина од 7 и ширина од 5 метри, опремен со систем за наводнување „капка по капка“, пластеникот претставува дел од проектот „Руралните убавини во Чашка“, финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектот се спроведува од ...
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, на 12 октомври во два различни случаи привеле велешани за семејни расправии. Првиот случај бил пријавен во 15:50 часот по што бил лишен од слобода 52 годишен маж од Велес кој претходно во семејниот дом се заканувал на својата 46 годишна сопруга и се обидел да ја нападне со дрвен предмет. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, тој е задржан во полициска станица, ...
Африм Гаши, претседател на македонското Собрание, над 30 волонтери од САД и од Македонија, членови на Управен одбор и вработени во „Хабитат Македонија“ волонтираа во изградбата на седмата зграда во истоимената населба во Велес. Преку волонтерски градежни активности тие го одбележаа јубилејот „20 години Хабитат Македонија“ и дадоа придонес во изградбата на нови станови наменети за семејства со ниски примања во Велес. Гостите, на почетокот на ...
Заврши годинешната Питијада 2025, манифестација која целиот викенд го направи Велес центар на музичка програма, добро вино и највкусната пита. Илјадници посетители од цела Македонија и странство уживаа во уникатната атмосфера што овој фестивал традиционално ја носи со себе. Велес постави нов гастрономски рекорд – најдолга пита некогаш подготвена во градот, со должина од 4 метри и 30 сантиметри. Зад оваа кулинарска атракција стојат вештите ...
Коки со нови осум афоризми за читателите на Дума.мк. Ова понеделничко утро започнете го со насмевка, уживајте! -Во демократијата сите имаме право на глас, но не сме доволно слушнати. -Премиерот вели дека на овие локални избори, единствено постојат две опции: несомнено мислеше на едната, ПАТРИОТСКАТА-со бугарски корени, бугарска самосвест и бугарски пасоши, и онаа-другата, на луѓето кои во сопствената држава не можат да се наречат Македонци, ...
„Полициските службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, извршиле службен разговор со Д.К.(32) и З.М.(39), двајцата од Градско, во врска со настанот од 08.10.2025 за извршено оштетување на влезна врата и прозор на штаб на политичка партија во Градско. Притоа, тие изјавиле дека оштетувањето го сториле нивните две малолетни деца додека си играле во близина на штабот. За настанот е известен јавен обвинител и Центар за социјални работи ...
-Оваа награда ја доживувам како потврда дека сум на добар пат и дека мојата работа на сцена е забележана. Таа за мене не е само чест, туку и обврска да продолжам да се усовршувам и да вложувам уште повеќе во секоја наредна улога. Верувам дека ваквите признанија се значајни бидејќи отвораат нови можности, носат поголема одговорност и поставуваат повисоки стандарди понатаму во кариерата. Во театарот ништо не се постигнува самостојно – успехот ...