
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Поради продор на посвежа воздушна маса од север, во Македонија следуваат многу попријатни температури на воздухот, како и намалување на интензитетот на топлиот бран од Африка кој овие денови ја зафати нашата држава, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски. „Се ова ќе услови повремено да дува засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во попладневните ...
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес вчера, во 13:10 часот, го лишиле од слобода С.О.(22) од Велес којшто се сомничи дека ја извршил последната кражба на бакарен кабел од железничкиот премин на мост „Гемиџии“ во центарот на Велес. Осомничениот со кражбата ја оневозможил работата на подвижната рампа на железничката пруга Скопје – Гевгелија, која минува низ Велес. „Тој се сомничи дека на железнички патен премин на улица ...
Ања Трајковска, претставник на Организација на жените на Општина Велес е избрана за претседателка и Марко Варналиев преставник на ОСУ „Јовче Тесличков“ за заменик претседател на Локален младински совет на Општина Велес. Локалниот младински совет брои вкупно седум членови со избраните претседател и заменик претседател. Советот има мандат од две години. Во наредните две години, освен Трајковска и Варналиев, членуваат и Марко Ангелов, претставник ...
Еден денар за литар поскапуваат дизел горивото и Екстра лесното масло за горење, од вечерва на полноќ, додека мазутот ќе чини повеќе за 0,624 денари/ килограм. Бензините од 95 и 98 октани остануваат со иста цена како и претходно, одлучи РКЕ на последната седница. Малопродажните цени на нафтените деривати и горива за транспорт ќе изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 74,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 76,50 ...
Понеделнички, афористичарот Никола Бошков Коки, во неговите афоризми и оваа седмица ги опсервира настаните поврзани со политичарите и функционерите, додека од секојдневниот живот ги таргетира жените, спортистките и мажите. Сами проверете дали Коки добро го наострил афористичкото перо: „Покрај толкуте многу силеџии, денес лесно е да се оправда невиноста.“ „Секогаш кога премиерот се враќа дома од некое политичко-туристичко патување, стравувам дека ...
По иницијатива на неформалната група уметници „Сокол Арт“ и во коорганизација со Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, во Галеријата на Дом на култура Кавадарци ќе се оддржи промоција на добитникот на престижната награда „Роман на годината“ за 2024 година. Наградата ја доделува Фондацијата “Славко Јаневски“ и по шести пат доаѓа во Кавадарци веднаш по официјалното доделување на истата во Скопје. Добитник на наградата „Роман на ...
Инжинери на Република Македонија упатија Претставка до Владата и Министерството за транспорт со барање за исклучување на можноста трасата на идната брза железничка пруга да поминува низ просторот резервиран за реализација на проектот „Вардарска долина“. Здружението на оваа стручна фела во Македонија бара да се исклучи трасирање на брза железничка линија низ просторот предвиден за реализација на проектот „Вардарска долина“. Во образложението на ...
Во Македонија од денеска, понеделник, 9 јуни до недела, 15 јуни ќе имаме намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка и породор на посвежа воздушна маса од север која ќе услови пад на температурите на воздухот за 3 до 5 степени како и повремено засилен ветер од северен правец, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски. „Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Во попладневните часови локално ќе има ...
Дојава за пожар во Територијалната против пожарна единица Велес имало претпладнево во 11:10 часот. Двајца пожарникари со едно против пожарно возило веднаш се упатиле кон посочената локација. „Пожарот по пристигнување на лице место затекнат е во почетна фаза и брзо е изгаснат,“ соопштија од Територијалната против пожарна единица Велес. Оттаму апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни со палењето на свеќи на вечните почивалишта на своите ...
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне, во 16:10 часот, го лишиле од слобода Б.Ј.(45) од Велес пријавен од Г.С.(50) од Велес дека со употреба на сила се обидел да ја отвори балконската врата на неговиот дом и откако не успеал од терасата земал кутија со предмети за домаќинство. „Г.С го забележал и задржал Б.Ј до доаѓање на полицските службеници. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР ...
Поради топлотниот бран со високи максимални дневни температури над 30 степени, Институт за јавно здравје апелира на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. Како влијае топлото време на нашето здравје и што треба да направиме? Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, ...
„Денес,недела, 8 јуни, во Македонија топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 37 степени. Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има многу висока вреднот со коефициент 8. Денешниот ден ќе биде и најтоплиот ден ...
Нов кружен тек се гради на регионалниот пат Кавадарци-Росоман за поголема безбедност во сообраќајот. Од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев информираат дека работите се одвиваат интензивно за изградба на овој кружен тек. -Вкупната вредност е од 11 милиони денари со вклучен ддв, финансиран од Владата на Република Македонија, појаснија од кабинетот на Јанчев. Оттаму додадоа дека изведувач на работите е компанијата Градба промет. ...
По повод 80-годишниот јубилеј на основното училиште „Кочо Рацин“ од Нов Дојран, ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес беа дел од свечената програма, одбележана под мотото: „Почит кон минатото – инспирација за иднината“. Настанот се одвиваше во свечена и инспиративна атмосфера, при што гимназијалците од Велес достојно го претставија своето училиште. Особено внимание привлече настапот на учениците Лана Басаров и Кристијан Мартинов, кои со ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 36 степени. Како што информира УХМР, под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ до недела времето ќе биде многу топло. Изолирана појава на нестабилност ќе има и в ...
Огласите од Оперативниот план за вработување 2025 за поддршка на невработени лица ќе бидат објавени во понеделник, најави денеска директорот на Агенцијата за вработување Сељатин Бељули во гостување на ТВ24. „Поддршката е во две категории. Едната е директно вработување преку поддршка за самовработување, основање свој бизнис. Износот за младите до 29 години ќе биде 10.000 евра, додека за лица над 29 години, 7.000 евра. Две лица може да се здружат ...
Росоман се подготвува за едно од најочекуваните културни случувања во регионот – Духовден Фест 2025, што ќе се одржи од 6 до 8 јуни по повод големиот христијански празник Духовден. Манифестацијата носи порака на духовна обнова, заедништво и радост, а годинава во фокусот се големите музички имиња, спортски настани и културни програми. Централниот настан ќе се одржи во сабота, на 7 јуни, кога на сцената ќе настапи една од најпознатите балкански ...
Вториот ден од годинашното издание на Велешките спортски игри помина во вистински спортски и народен дух. Вчера вечер илјадници граѓани го преплавија Градскиот парк, каде што на сите терени истовремено се одвиваа натпревари во различни спортски дисциплини, со публика која со ентузијазам ги следеше секоја акција и резултат. На спортските терени беа застапени фудбалот, кошарката, одбојката на песок кои привлекоа големо внимание кај гледачите. ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Мај 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Јуни 2025 година. Со цел ...
Под мотото „Другарство што не познава граници – заедно чекориме напред“, на сцената на Театарот „Ј. Х. Константинов-Џинот“ се одржа инклузивен настан со учество на деца со и без попреченост од неколку училишта и градинки во Велес. Настанот го организираа учениците и наставниците од ОУ со Ресурсен центар „Маца Овчарова“, во соработка со децата од градинките „Димче Мирчев“, ООУ „Васил Главинов“ и Балетското студио „Анабела“. Преку заедничка песна, ...
По сончево и топло претпладне со летни температури, метеорологот Славчо Попоски известува дека попладнево се очекува развој на нестабилна атмосфера над територијата на Република Македонија. „Во попладневните часови ќе започне формирање на грмотевични конвективни облачни јадра, кои ќе донесат пороен дожд, грмежи, а локално е можно и краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за појава на град“, предупредува Попоски. Граѓаните се советуваат да ...
Од 7 до 17 јуни годинава, Велес ќе биде домаќин на 62. издание на Рациновите средби, под слоганот „Зборот од мугрите – аманет што не згаснува“. На денешната прес-конференција во Општина Велес беше претставена официјалната програма на манифестацијата, која и оваа година нуди богат културен, уметнички и спортски репертоар. Добитниците на Рациновото признание и Почесното Рациново признание за 2025 година сè уште не се избрани и ќе бидат ...
Во големата сала на Општина Велес се одржа стручниот настан на тема „Од идентификација до интервенција: рана развојна проценка во пракса“. Настанот ги собра образовниот, здравствениот и стручниот кадар од Велес, со цел да се разговара за значењето на раната проценка и интервенција кај деца со развојни потешкотии. Преку предавања и дискусии, учесниците имаа можност да разменат искуства, да учат едни од други и да придонесат кон заедничка цел – ...
Со интонирање на македонската химна и химната на Општина Велес во живо изведени од Мики Секуловски, синоќа свечено беа отворени четвртите по ред „Спортски игри Велес“. На годинешното издание учествуваат вкупно 620 натпреварувачи од кои 140 се интернационални спортисти, кои ќе се натпреваруваат во пет спортски дисциплини – фудбал, кошарка, одбојка на песок, тенис и новиот адреналински спорт – тед бол поточмо тенис со нога. Спортскиот директор ...
Со својување на првото место, ученикот Лука Коциќ од деветто одделение, под менторство на наставник Ружица Петрушевска-Николовска, во конкуренција на вкупно 250 учесници од Македонија, на ООУ “Блаже Конески“ Велес му го донесе највисокото можно признание на Државниот натпревар по Биологија . Осмооделенецот Павел Несторовски со менторката Весна Мешкова го освоија третото место во конкуренција на учениците кои се натпреваруваа како осмоодделенци. ...
Во моето лично професионално искуство и практична работа со деца, родители и воспитно-образовни установи, како специјален едукатор и рехабилитатор често се сретнувам со деца кај кои раздвојувањето од родителите претставува вистински предизвик. Плачење, страв, одбивање на училиште, тешкотии во адаптација, сите овие се знаци кои укажуваат на појава која ја среќаваме под името сепарациона анксиозност. Оваа појава не ја гледам како проблем, туку ...
Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во Македонија следува локално дестабилизирање на атмосферата. Во ваква ситуација, деновиве во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски. „Поради загреаната ...
Волонтерите на велешки Црвен крст денеска ја реализираа една од највпечатливите хуманитарни акции во пресрет на крајот на учебната година. Во соработка со хумана сограѓанка од Велес, беа донирани вкупно 180 училишни ранци за ученици од неколку рурални училишта во околината. Донацијата беше наменета за поддршка на учениците кои посетуваат настава во подрачните училишта „Лирија“ во село Бузалково и „Петар Поп Арсов“ во село Извор, како и во ...
Велешани повторно ја уништуваат урбаната опрема низ градот. Екипите на Јавното комунално претпријатие Дервен вчера на терен забележале нови случаи на вандализам и уништување на јавна сопственост. Поточно, целосно е оштетен системот за наводнување кај Спомен костурницата – искршена е една шахта и два електровентили, а украдени се 11 прскалки. Дополнително, делови од системот за наводнување се украдени и во паркот кај Железен мост. По овие ...
Со цел подигнување на јавната свест за важноста на внимателно учество во сообраќајот, од денес започна новата кампања „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“, иницирана од ОКТА во соработка со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Кампањата, која се реализира преку платформата за општествена одговорност „Јас Внимавам“, ќе вклучи низа активности што преку иновативен пристап ќе ...