Во Медиотеката на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, во знакот на розовата боја, утре со почеток во 14:00 часот, ќе се одржи едукативен настан посветен на подигнување на свеста за ракот на дојката кој доколку се дијагностицира навремено може успешно да се лекува. Настанот ќе обедини жени, здравствени работници и граѓани околу една заедничка порака и преку предавањата од Проф. д-р Тања Петровска и Проф. д-р Јасмина Чабуковска – ...

„Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) и на стабилна и сува воздушна маса до самиот крај на оваа недела времето во Македонија ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Утрата и понатаму ќе бидат релативно ладни и со услови за појава на магла или на ниска облачност по котлините и по речните долини. Минималните утрински температури ќе се спуштаат во ...

Двете приведувања се случиле во вчерашниот ден, во попладневните часови. Првото, во 15:10 часот кога полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино го привеле Е.Ј.(18) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејниот дом агресивно се однесувал кон неговите родители. -При преземање мерки од страна на полициските службеници , кај него биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во ...

Зголемен е интересот за вакцинација против сезонски грип во Велес. Од почетокот на имунизацијата, поточно од 16 октомври годинава, па сѐ до денес, 29 октомври, во Центарот за јавно здравје Велес се аплицирани вкупно 1.400 вакцини. Според податоците од Центарот, дневно се аплицираат околу 240 вакцини и термините за вакцинација се веќе пополнети до 6 ноември. Граѓаните се пријавуваат преку vakcinacija.mk, а потоа доаѓаат на закажаните термини ...

Во знак на сеќавање и почит кон велешанецот Зоран Љутков, основач и сопственик на семејната компанија „Пододекор“, денеска во Велес свечено беше отворено новото детско игралиште „Зоки Поки“. Игралиштето се наоѓа кај Железничката станица и претставува целосно уреден простор опремен со современи реквизити за најмладите. Целата донација е овозможена од компанијата „Пододекор“, како потсетник на човекот чија добрина и насмевка оставија длабока ...

Сектор за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против А.З.(45) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. -На 9 февруари годинава, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, ловечки карабин, два пиштола, 146 куршума, 21 ловечки ...

Со реализирани 27 крводарителски акции и остварени 3.839 крводарувања, во кои се внесени и самоиницијативните дарувања на крводарителите во Одделение за Трансфузиологија во Општа болница Велес, Општинската организација на Црвен крст Велес добитник е на јубилејно Признание за исполнет план за крводарување за 2024 година. Како и во изминатите така и минатата година Годишниот план не само што е остварен туку е и двојно повеќе остварен или ...

Под влијание на Антициклон,поле со висок воздушен притисок, распространет над поголем дел од Европскиот Континент и над Македонија се до крајот на овој месец како и во првите денови од месец ноември во државава времето ќе биде стабилно, суво и сончево со повремена мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Наутро и во претпладневните часови по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за ...

Со пет театарски претстави кои ќе ја оживеат античката драма на сцената на Народниот театар „Јордан Х.К. Џинот“, оваа година ќе се одржи 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Фестивалот, кој претставува една од најзначајните културни манифестации во Велес и пошироко, ќе трае од 29 октомври до 5 ноември. Од Велешкиот театар известуваат дека свеченото отворање ќе се одржи на 29 октомври, среда, со претставата ...

Настанот по кој што постапиле полициските службеници се случил вчера, во 15:30 часот, во здравствена установа во Велес. „Полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.П.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 55-годишна велешанка дека на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал ѝ се заканил со остар предмет како и дека со средство за чистење ...

Полициски службеници, вчера, доцна попладне, во Сектор за внатрешни работи Велес постапиле по пријава на Основен суд Велес и извршиле службен разговор со Д.О.(52) од Велес поради упатени закани кон судијка од претходно донесена пресуда, во нејзино отсуство. „Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, “ соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес. Убавка Јаневска ...

Млади дипломирани архитекти, од кои една докторант и останатите магистри, преку 3Д модели, макети, фотографии, технички цртежи и податоци поврзани со 13 од вкупно 21 градежни објекти за домување или кули, десеттина стари велешки куќи и Градската саат кула ја претставија архитектонската приказна на градот Велес. Тимот на свеченото отворање на изложбата „Вертикални форми на населување“ во Ликовен салон, вчера вечер, презентира резултати на ...

„Пред нас е брз влажен и поладен воздушен бран од северозапад. Денес во претпладневните и во раните попладневни часови во Македонија времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд а поради падот на температурите во северозападните и во северните високи планински предели (над 1800/1900 метри надморска височина) ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 73,5 денари за ...

Донацијата во „Книги за непознато другарче“ од Клуб на писатели „Кочо Рацин“, Градска библиотека „Гоце Делчев“ во која учествуваа ученици и нивни родители од Велес стигна во Викториското училиште за јазици (VSL Keilor Downs) во Мелбурн, Австралија. Пред три дена пакетот тежок 10 килограми со книги од македонски автори, писатели и поети, разделен е на ученици од 1 во до 4 то одделение којшто се Македонци и го учат македонскиот јазик во ова ...

Со поделбата на големата пита на овогодинешната „Велешка питијада 2025“ биле собрани вкупно 12.053 денари. Од Велешкиот Црвен крст информираат дека со овие средства се набавиле 12 хуманитарни пакети со основни прехранбени производи кои викендов биле поделени на семејства и лица кои живеат во социјален ризик. – Хуманитарната помош е „Од граѓаните за граѓаните“. Велешани донираа и повторно покажаа хуманост и солидарност, што ни овозможува да ...

Полициските службеници од СВР Велес и ОВР Неготино привеле двајца возачи за управување возило под дејство на алкохол. Педесет и четири годишниот кавадарчанец Ѓ.С бил запран утрото во 10:00 часот на улица „Маршал Ттио“ во Неготино и при контрола било констатирано дека тој го управувал возилото „фолксваген кеди“ под дејство на алкохолм поточно со 1,90 промили алкохол во крвта. Неколку часа подоцна, поточно во 16:40 часот, на регионалниот пат ...

Четириесет и осум годишната Б.Н од Чешка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што вчера се случила помеѓу патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Т.(33) од Велес и мотоцикл „хонда“, управуван од повредената жена на регионалниот пат село Богомила–крстосница за село Извор, во општина Чашка. Странската државјанка е пренесена во Општа болница Велес. -Пациентката примена е ургентно и направени ...

Ученичките Ивана Стојановска, Стефанија Бојковска и Лорета Лазаревска од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“, под менторство на професорката Кристина Пачукова го освоија првото место за најдобар специјалитет на гастрономската манифестација „Компиријада 2025“ која се одржа во Кратово. Ученичките го претставија градот Велес во најдобро светло, подготвувајќи неколку кулинарски специјалитети чија основна состојка беше компирот – главниот мотив на ...

Осум нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. Прочитајте ги неговите најнови мисли исполнети со духовитост и остроумна опсервација на секојдневието. -Дури и најмалиот зрак светлина, ја менува сенката на денот. -Во желбата и обидот да го зголемат своето банкарско салдо, некои ново-стари, алчни градоначалници, ќе вложат голем труд и драгоцено време, да си ја доосиромашат…општината. -Парламентот е најскапиот театар: билетите ги ...

„Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на силен циклонски систем со центар над Џенова и истиот условува, во утринските часови на денешниот ден да имаме обилни врнежи насекаде додека најобилни количини на дожд врнат во западните предели на државата. Повремено дува засилен до силен ветер од западен и од југозападен правец кој е најизразен во западните предели каде има и локална појава на грмежи. Врнежите ќе продолжат во текот на ...

Православната црква и верници денеска го чествува празникот Петковден. Тоа е светителски празник којшто се празнува секогаш на истиот датум, а денот од седмицата секоја година се менува. Празникот е секогаш на 27 октомври или 14 октомври, по стар стил. Света Петка Параскева цели 10 века има силно развиен култ и слава кај нас и кај сите народи на Балканот, бидејќи таа е од овие простори и нејзините мошти се пренесувани низ Бугарија, Србија и ...

Зимскиот распоред на летови за 2025/26 година стапува во сила викендов. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании, информираа за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми. ...

Полициски службеници од ОВР Неготино, вчера, го лишеле од слобода триесет и осум годишниот Б.П од Неготино. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци во која биле пронајдени и одземени 120 грама амфетамин спакуван во повеќе различни пакувања, марихуана како и предмети со остатоци од масло од ...

Десет нови Издумани Крлевизми од афористичарот Атанас Крлевски. Овој петок кратки, остри и духовити афоризми со кои сќе Ви поттикне насмевките и размислување. -Мозокот на овцата постојано е на пасење. -Овцата ја седнаа во фотелја и… боде како да е овен! -Од село дојдоа како овци, а во град станаа волци! -Во бракот бев јагне, ама излегов овца. Таа си фатила овен. -Имам смарт овци. Ги молзам со лозинка. -Овците ги уништивме. Ќе не јаде волкот. ...

„Под влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од Македонија, во државата, продолжува периодот на многу променливо време со температури над просекот за овој период од годината и тоа поради силното јужно и југозападно струење на висина кое условува прилив на топол воздух од југозапад. Ќе имаме и повремени локални врнежи од дожд кои на повеќе места локално ќе бидат пообилни и проследени со појава на грмежи, во понеделник ...

Првиот напад се случил вчера попладне, во 15:20 часот, во велешко село кога била нападната 58 годишна жена од својот четири години постар сопруг. Полициски службеници постапиле по пријава за нападот што се случил во семејниот дом каде напаѓачот употребил тврд предмет и физички ја нападнал сопругата. Во вториот напад физички нападната е 32 годишна Велешанка од 24 години постар невенчан сопруг кого таа го пријавила во Полициска станица ноќва, ...

Архитектонската приказна за Велес ќе оживее во Ликовнен салон, во понеделник, на 27 октомври, преку изложбата „Вертикални форми на населување“. Поставката ја претставува приказната за градот преку неговите височини – од старите велешки куќи што се качуваат по ридовите, до станбените кули кои го обележаа модерното доба. Изложбата ги обединува различните периоди и стилови на домување во Велес, прикажувајќи макети, фотографии и кратки ...

Во последните години, зборот тантрум сè почесто го слушаме во разговори меѓу родители, воспитувачи и наставници. Обично се изговара со воздишка или со доза на вина: „Пак имаше тантрум во продавница“, „Се фрли на под во градинка“, „Не можам да го смирам“. Од друга страна, често слушаме и за предизвикувачко однесување кога детето намерно протестира или покажува отпор. Но во реалноста, овие две појави не се исто нешто. Иако понекогаш изгледаат ...

Во август 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45.310 денари, соопштија од Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец е 68.180 денари. Оттаму додаваат дека во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 10,3 %. „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1009
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
7.72
65%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
93%
1000
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
6.69
87%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.26
92%
1014
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1000
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
6.17
79%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
34%
1001
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1000
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
91%
1014
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
71%
1015
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.06

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Злато

159322.70

Кобалт

64.04

Сребро

3663.67

Калај

49.78

Паладиум

56617.46

Цинк

3.37

Родиум

339190.38

Бакар

12.10

Иридиум

221848.72