Психолошките особини, карактерот како и темпераментот на личноста влијаат врз постоењето на различни видови на лаги. На многумина ни е добро позната максимата која е стара колку и Библијата: “Кој е нечесен во малку, тој е нечесен и во многу“. Ова укажува дека во основа, често пати малите лаги водат кон поголеми. Кога ќе се забележат дури и мали пропусти во интегритетот на една личност, неспорно е дека таа во иднина е склона да прави неетични ...

На трансакциските сметки на педесетте работници во фабриката за шински возила „Колска“ денеска во 15:30 часот стигна прилив. Ним им е исплатена декемвриската плата. Претседателот на синдикалната организација на ССМ, Тони Арсовски ја сподели веста со новинарите. „Плата земавме. Го ставаме штрајкот во мирување и се надеваме дека ќе има поместување на работите во наша полза,“ додаде Арсовски. Исполнетото барање за добивање на плата значи дека ...

На местото, спој на улиците „Благој Ѓорев“ и „Партение Зографски“, на коешто се појави пропаѓање и свлекување на земја изведена е канализациска шахта. Во неа е приклучен крак на фекална канализација. Така е решен проблемот којшто одеднаш се појави во длабочината на коловозот и според проценката на граѓаните изнесуваше околку два метри, на крајот на минатата година, поточно на 26 декември. Од Општина Велес денеска одговорија на прашањето на ...

Денешниот ден на наставниците и учениците во Велес започна со лажни дојави за поставени бомби во основните и средни училишта. За наводно поставените експлозивни направи дознаа и родителите на учениците. Тоа внесе вознемиреност кај нив и граѓаните на Велес. Од Сектор за внатрешни работи Велес до граѓаните е испратено следново соопштение за јавност: „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за ...

Денешните афоризми за заедницата на читатели на Дума.мк на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски гласат”: „Ама каков политичар!? Тој е само козметичар на стварноста.“ „Полтрон? Како тоа гордо ползи.“ „Каде нема сатира, има нешто труло во државата Данска.“ „Кога зад магарето се крева прашина, мисли дека е добар коњ.“ „Постојано да се напаѓа е погрешна тактика. Некои играат зад грб.“ „Каде е ѓаволот? Во луѓeто!“ „Писмен е овој народ. Не треба ...

Несватливо е да се води „борба“ со минималната синдикална потрошувачка кошничка, која не покажува како граѓаните можат да преживеат туку на креаорите на политики и на работодавачите им покажува дека не се живее со остварена минимална плата или нешто повисока од 22 илјади денари, рече меѓу другото претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов одговарајќи на прашањето на Дума.мк дали по неколку децениска формирана ...

Супермаркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, а главната ценовна моќ е во рацете на добавувачите и производителите, кои уживаат значително повисоки профити, додека супермаркетите работат со минимални маржи, покажала анализата на Сојузот на стопански комори на Македонија. „Супермаркетите работат со просечна профитна маржа од само 0,83%, а производителите и дистрибутерите во просек остваруваат 4,32%. Некои добавувачи имаат профитни ...

Никола Данев живее и работи во САД и со години е дел од американскиот систем за противпожарна заштита како волонтер. Почнал како обичен пожарникар, а денес е командир на единица во сојузната држава Њујорк. Известува: Мики Трајковски Македонецот, Никола Данев, кој живее и работи во САД, подолго време е дел од системот за противпожарна заштита во американската сојузна држава Њујорк. Волонтерската кариера ја започнал на универзитетот „Колумбија“, ...

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, рано утринава, во 01:20 часот го привеле С.Г.(39) од Велес затоа што на улица „Славко Горгиев Сватот“ во Велес го нарушил јавниот ред и мир. -Тој агресивно се однесувал а скршил и стакло од влезна врата во зграда. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес. Стефани Манева Сподели: ...

Стари проблеми и со нова Влада и нов управител на фабриката за шински возила „Колска“ во Велес. Преполовениот број на моментално вработени повторно е без плата, здравствено и пензиско осигурување. Педесеттината работници, утрово, пред влезната капија на фабриката застанаа за да побараат декемвриска плата, платени придонеси и регрес за годишен одмор за двете изминати години коишто законски им следува но никако да го добијат. Претседателот на ...

Пригодната свечена програма ја отвори директорката Снежана Бошевска која на денешниот настан посветен и на 153 годишнина од раѓањето на патронот рече дека е повод да се соопштат постигнатите резултати во уште една успешна година на работењето на институцијата со реализација на голем број проекти и збогатување на библиотечниот фонд со над 2.000 книги. Во медијотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ ученици на ООУ „Блаже Конески“ читаа ...

По повод 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан, Гоце Делчев, денеска, во Велес, се одржа Семакедонски Собир со тематска конференција. Почеток на Семакедонскиот собир го означи интонирањето на македонската химна. Присутните исто така присуствуваа и на тематската конференција „Влијанието на Преспанскиот договор со Р. Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Р. Бугарија врз нацоналните права на ...

Велешанецот Никола Петровски четврта година безуспешно се обидува да им докаже на институциите,локални и национални, дека од оџак на сосед излегува чад којшто го труе неговото дете и семејство. Петровски повеќе пати телефонски интервенирал и барал од Општина Велес инспекциски увид и се обратил до Државен инспекторат за заштита на животна средина. Овој велешанец тврди дека чадот што излегува од оџакот, којшто се наоѓа на висина на неговиот ...

Со новите седум афоризми, на почетокот на февруари, читателите на Дума.мк ги поздравува афористичарот Никола Бошков Коки. „За добрата МАЧКА, секој месец е Февруари.“ „Зад затворени врати комуницираат само оние политичари, кои на отворените јавни дебати не умеат уста да отворат.“ „Најлесно е да си МАЧОР во февруари – талкаш цела ноќ по МАЧКИ, а дома за спиење доаѓаш рано наутро.“ „Сите доктори не го започнуваат прегледот со соблекување на ...

Од вечерва на полноќ поевтинуваат горивата одлучи денес Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ. Според Одлуката малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит. и ќе се продава по цена од 79,00 ден/литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит и ќе се продава по цена од 81,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се ...

Меѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните јавни обвинителства, реализирана е во текот на вчерашниот ден, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, која делувала на териториите на повеќе држави. Меѓу 10 лишени од слобода едно лице е од Велес. „Во периодот од крајот на 2023 година до февруари 2025 ...

Во изминатите пет и во денешниот шестти ден концентрации на опасните ПМ 10 честички во воздухот во градот покажуваат дека се над максимално дозволените. Ова се податоци од државниот мониторинг за Квалитет на воздух кои се регистрираат на мерното место во Нова Населба, поточно ги регистрира мерната станица поставена во дворот на детската градинка во близина на „Багремче“. Во моментов во новиот дел на градот концентрациите на ПМ 10 честичките се ...

Мајка на маж на 40 годишна возраст,лице со ментална попреченост, освен туѓа нега не користела друг вид на државна помош затоа што од државни административни работници и било кажано дека семејната земјоделска фирма и сопругот како директор биле пречка нивниот син да ги користи. Сестра на лице со попреченост неможе да го придружува на бесплатна бањска 21 дневна рехабилитација бидејќи комисиската потврда не ја признаваат бањите и од неа бараат да ...

Експертски тим на Градежен факултет на УКИМ денеска повторно вршеше испитувања на главните носачи кои го држат коловозот на мостот кај Башино Село. Се прегледуваа здравите, се набљудуваа и фотографираа разјадените и кородирани делови од носачите во делот што се наоѓа над водите на река Вардар. Станува збор за вкупно 170 главни носачи – цементни греди, распоредени во 17 полиња од по 10. Сите тие се дел од распони од по 10 метри на мостовската ...

Во кругот на фабрика во село Дуброво, неготинско, вчера попладне, околу 14:55 часот се случила несреќа кога со работна машина, вилушкар, управувана од З.Б.(51) од Неготино, бил удрен вработениот Б.И.(26) од Неготино. Дваесет и шест годишниот работник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Кавадарци. Портпаролката на Сектор за внатрешни работи Велес, Биљана Ѓаковска информираше дека несреќата била пријавена во ...

Остана и дневната количина на леб, којашто вообичаено се троши, на рафтовите во маркетите во централното градско подрачје во Велес. Граѓаните денеска освен по некоја векна леб, пакување на млеко и јогурт не купувале други прехрамбени производи. Наместо вообичаената глетка во петок, поради пазарниот ден во градот, кога долго се чека ред на каса по пазарувањето на велешани и на жителите од населените места во општината продавниците и маркетите беа ...

За да се утврди дали има прекршување на законите во однос на цените Премиерот Христијан Мицковски најави контроли во маркетите и во други трговски објекти. Ваквата најава на премиерот доаѓа по најавите на социјалните мрежи за бојкот на супермаркетите поради високите цени. „Знаете дека за време на завчерашната прес-конференција, на самата иста прес-конференција беа потенцирани два ланци на маркети кои што, од страна на ваши колеги, кои што ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува загриженост во врска со вчерашниот избор на предлог кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) во собраниската Комисија за избори и именувања. „Загрижува фактот што дел од избраните кандидати на кои им беше дадена можност да учествуваат на јавната расправа не ги исполнуваат ниту формалните услови според објавениот оглас. Воедно ...

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера претпладне, во 10:10 часот го лишиле од слобода А.К.(21) од село Бузалково, велешко, постапувајќи по претходна пријава дека, поради незадоволство од резултат од полагање на возачки испит, се заканувал на Д.Р.(62) од Прилеп, претседател на испитна комисија и на М.К. од Кавадарци, испитувач во испитниот центар. – А.К. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот ...

Спомен Костурница ќе се доосветли. Со проект на Европска Унија ќе се осветлат и двата Јавори во центарот на Велес. Во вечерните часови, под слапови од светлина ќе бидат и сите спомен куќи под надлежност на Народен Музеј Велес заедно со Мало Мовче, кула на Градски Саат и Соборна црква „Свети Пантелејмон“. Ова, денеска, пред членовите на Совет на Општина Велес го соопшти градоначалникот Марко Колев одговарајќи на прашања од нив на 60 седница на ...

Енормното загадување на воздухот во Велес и оваа зима го евидентира само една мерна станица на државниот мониторинг систем поставена во новиот дел на градот, во двор на детска градинка и покрај дел од главната улица „Благој Ѓорев“. Точната локација е популарно наречена „Багремче“ под населба Тунел и спроти населба Керамидна. Оваа мерна станица мери два од вкупно шестте параметри чии вредности го даваат крајниот резултат за загадувањето или ...

На социјалните мрежи, деновиве, се шири повик за бојкот и на маркетите во Македонија, во петок, на 31 јануари, по примерот во Хрватска и останатите земји во регионот. Неформалната фејсбук група „Бојкот – Стоп за вискоите цени на храната!“ во повикот пишува: „Стоп за високите цени на храната по маркетите, стоп за огромниот профит на поединци врз грбот на народот. Да се здружиме сите заедно бидејќи нема кој да не заштити“, пишува во повикот. Со ...

Сојузот на дијабетичари на Македонија бара веќе да не се одлага примената на сензори од видот „CGM systems“ за лицата со дијабетес од страна на Министерството за здравство. Барањето е оправдано затоа што се заснова на добри практики насекаде во светот освен во Македонија и во Косово, вели во разговорот претседателот на Сојузот, Димче Велев. Според Сојузот, набавката на овој вид на софистицирани сензори за 4000 лица со дијабет во Македонија, ...

Основен суд Велес, преку веб страницата, извести дека поведена е претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка со постапка за Реорганизација по изготвен План за реорганизација над должникот Друштво Фабрика на шински возила ВЕЛЕС ДООЕЛ Велес, со седиште на ул.Алексо Демниевски-Бауман бр.69. Рочиштето за одлучување за предлогот и гласање за планот за реорганизација изготвен од должникот закажано е на ден 19 март ...

Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, утре вечер, 29 јануари, ќе се оддржи акустична промоција на новиот албум на Горан Таневски “ASCEND”. Горан Таневски по објавувањето на сингловите „Wish a man“ и „Среќен ден“ го објави албумот „Ascend“, кој е веќе достапен на стрим сервисите. Неодамнешниот соло проект на Таневски, „ASCEND“, го означува првиот албум од трилогијата “Среќен сум дури и без себе” , одраз на ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
31%
1014
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
4.63
32%
1019
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
39%
1020
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
7.72
28%
1015
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
4.43
25%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
44%
1020
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
5.14
33%
1013
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
6.69
35%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.63
29%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.63
47%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
6.17
29%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
10.29
61%
1013
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60