
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Сојузот на синдикати на Македонија за утре најави генерален штрајк во јавниот сектор бидејќи, како што нагласуваат оттаму, не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година. На седница на Комисијата за финансирање и буџет вчера не помина амандманот на ССМ на ребалансот на Буџетот со кој требаше да се обезбедат средства ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, максималната ќе достигне од 28 до 36 степени, а УВ индексот 9. Како што соопшти УХМР, во Скопје, сончево и топло, ...
Сообраќајна несреќа во која настрада млада велосипедистка се случи вечерва на булеварот Митропoлит Теодосиј Гологанов во близина на поранешната фабрика „Алумина“. Според првичните информации велосипедската поминувала на велосипедска патека кога во неa удрил возач со моторно возило „БМВ“. Очевидци на терен за Скопје Инфо сведочат за страшна сообраќајна незгода и додаваат дека од силниот удар патиките на девојката биле на десетина метри од ...
Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) цената на бензините ќе се намали за 1,5 денари, а цената на дизелот ќе се зголеми за 0,5 денари, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Новите цени на нафтените деривати, како што кажа, се должат на фактот што во текот на изминатата недела за речиси два денари се зголеми курсот на доларот и достигна над 59 денари за еден долар. -Курсот на доларот прави ...
Францускиот предлог не нè носи кон членство во ЕУ. Ние сакаме да ги почнеме преговорите или сакаме да ги завршиме преговорите и да влеземе во членство, затоа што не носи во едно тесно сокаче што е исклучително комплицирано, обременето со барањата на Бугарија, при што се прават преседани и за други држави кандидати што ќе следат после нас, оценува поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и екс шеф на дипломатијата Никола Димитров. Тој во изјава ...
Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна тајно зела околу 20.000 евра од сефот на нејзиниот татко за да му купи автомобил на своето момче. Кога пејачот видел дека му недостига голема сума пари повикал полиција, па преплашената девојка признала се и ги вратила парите, дознава Курир. Оваа драма се одвивала неколку месеци. Уна е вљубена во своето момче, па сакала да го изненади со повеќе од вреден подарок. Затоа пред неколку месеци од сефот на нејзиниот татко ...
Коалицијата „Заедно“ на претседателот на Франција, Емануел Макрон, освои 38,48 отсто од гласовите, односно 245 места во Собранието, покажуваат резултатите од вториот круг од парламентарните избори во Франција, објави утринава „Ројтерс“. Тоа е најмалото мнозинство во историјата на Петтата република, која ќе се соочи со 131 пратеник од левичарската коалиција NUPES на Жан-Лук Меланшон, пренесува „Ројтерс“. Коалицијата „Заедно“ на претседателот на ...
ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија! И за Македонците! И за Албанците! И за Турците! И за Србите, Власите и Бошњаците, Ромите, Египќаните и сите останати! Тука сме за сите ограбени, понижени и обесчестени граѓани на Македонија! Им подаваме рака на сите! Придружете ни се во нашата борба за нашата мајка Македонија, кажа претседателот проф.др. Христијан Мицкоски на вчерашниот протест пред владата по мотото – Премногу е! Тој потенцира дека ни е потребно е ...
Напуштени црвени линии и дипломатски дебакл, обвинува поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров по објавувањето на францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ. „Не знам што е пострашно, да им верувам на нашиве дека го немаат предлогот или да не им верувам. Ако не се во тек со предлог што се однесува на македонските маки со Бугарија, тогаш тоа е признание дека не си ја работеле работата ...
Пејачот Ламбе Алабаковски на социјалните мрежи се заблагодари за поддршкаѕта која му ја дадоа граѓаните. Против него се води постапка за палењето на контроверзниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Алабаковски се заблагодари за поддршката која ја доби и од народот и од многу јавни личности, а и преку протестот во Битола. „Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата!, пишува тој. ...
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 109,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 111,5, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 113,5, Екстра ...
Србија го регистрира првиот случај на заболен со мајмунски сипаници, објави Институтот за јавно здравје „Батут“. „Случајот дијагностички е препознаен и дадена е терапија. Лабораториската дијагностика е направена на Институт за вирусологија, вакцини и серум ‘Торлак’“, пишува во соопштението од Институтот. Станува збор за лице што дошло во Србија од странство. Од Институтот додаваат и дека е извршено епидемиолошко испитување и преземени се сите ...
Пратениците од бугарската партија Преродба кои ја напуштаа зградата на Народното собрание, и која се смета за проруската партија во Бугарија , на влезот ги пречека група демонстранти кои се обидоа да се судрат со нив. Полицијата мораше да ги изнесе од зградата на бугарскиот парламент по завршувањето на работниот ден, јави дописникот на МИА од Софија. Обезбедени од тесен кордон, пратениците од Преродба беа упатени кон централната улица, а ...
Кога ќе се потрошат резервите, Кока-Кола или други брендови на компанијата повеќе нема да се произведуваат и продаваат во Русија, соопштено е од компанијата. Американската компанија Coca-Cola објави дека го запира производството и продажбата на своите пијалоци во Русија. „Кога ќе се потрошат резервите на компанијата, Кока-Кола повеќе нема да се произведува и продава од Кока-Кола или други брендови на компанијата во Русија“, се вели во ...
Додека се чека официјално да биде објавен предлогот на Франција за тргање на бугарското вето, медиумите во Бугарија почнаа со објавување детали од истиот. Предлогот, кој прво ќе стигне во Софија, според бугарскиот портал Медиапул е Бугарија да го тргне ветото, а ЕУ да гарантира дека Македонија ќе ги исполни бугарските барања. -Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Северна ...
Францускиот предлог за кревање на ветото на Македонија денеска од Париз патува до сите 27 земји членки вклучително и до Бугарија. Веста за последниот обид на Макрон во последен момент да направи пробив за почеток на преговорите за земјава пред јунскиот самит, ја објавуваат неколку бугарски медиуми. Според агенцијата БГНЕС, која се повикува на извори од вчерашната владина седница, самиот Петков се пофалил дека лично Макрон и Шолц стоеле цврсто ...
Премиерот на Бугарија – Кирил Петков денеска до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Република Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската унија. Ова го сподели самиот Петков пред своите најблиски соработници, јавија бугарските медиуми. Петков се пофалил дека е „детално запознаен со шемата како ќе се случи сето ова“: „В четврток официјално ќе биде испратен до сите земји-членки ...
На сите граѓани, домаќинства и компании во државата ќе им виде овозможено да произведуваат електрична енергија од обновливи извори на покривите на своите домови, а произведената енергија да ја користат за сопствена потрошувачка. Вишокот од произведената електрична енергија, пак, ќе може да му ја продаваат на откупувачот или дистрибутерот на електрична енергија. Ова денеска го најави министерот за економија Крешник Бектеши кој кажа дека ги ...
„Мајкрософт” ја исклучува својата програма „Интернет експлорер” по 27 години. Од денеска, „Мајкрософт” ќе престане да обезбедува техничка поддршка за најновата верзија на прелистувачот, „Интернет експлорер 11″. Компанијата пред повеќе од една година објави дека „Експлорер“ ќе биде отстранет од повеќето верзии на оперативниот систем Виндоус 10. Не беше вклучен ниту во нејзината надградба на Виндоус 11, објавена минатата година. „Интернет ...
Во Општина Карбинци, Штипско, биле пронајдени и одземени околу 15 500 стебла со марихуана, чија пазарна вредност е процената на повеќе од пет милиони евра, соопштија од МВР. Растенијата со канабис биле пронајдени кај три лица на пет локации во Карбинци. „Во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, и со претходно обезбедени наредби за претрес на дом и други простории од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на 5 локации во село ...
На предлог на Министерството за економија, Владата на Македонија на денешната седница донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција пред Владата. Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која започнувајќи од утре, заклучно со 30 ...
„Сакаме да им олесниме на граѓаните да имаат рамномерни трошоци за електрична енергија“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски по работниот состанок со Народниот правобранител Насер Зибери. „Две независни институции соработуваа за олеснување на проблемите на граѓаните народниот правобранител и Регулаторна комисија. Операторот на електро дистрибуција пристапи кон промени, најмалку четири пати ...
Ненси Кремптон – Брофи, авторка на есејот „Како да го убиеш сопругот“, е осудена на доживотен затвор поради убиство на нејзиниот сопатник, јави Си-Ен-Ен. Таа е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг, готвачот Даниел Брофи, кој беше убиен во училиштето каде што држеше часови за готвење во јуни 2018 година. Според судски документи, обвинители изјавија дека во 63-годишниот Брофи било пукано двапати, еднаш во грб, додека стоел покрај мијалник и ...
Од октомври БЕГ повеќе нема да ги грее скопјани. Регуалторна комисија, отпочна постапка за одземање на трите лиценци на компаниијата. Откако ќе бидат одземени, државата треба да распише тендер за избор на нов вршител на дејноста. Првиот човек на РКЕ Бислимовски очекува дека целата постапка ќе заврши пред почетокот на новата герјна сезона. Уверува дека ниту граѓаните ниту индустирјата нема да останат без греење. Додека не се избере нова ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 3,00 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 111,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 113,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50 денари за литар. За 2,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе чини 105 денари. Се зголемува цената и на ...
Во ливада во атарот на селото Конопница, Крива Паланка, вчера попладне бил пронајден дел од човечки труп, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. – Вчера попладне, околу 17 часот и 24 минути во полициската станица, одделение за внатрешни работи Крива Паланка, било пријавено дело во ливада во Конопница пронајдени се облека и дел од човечки труп. За настанот веднаш бил известен јавен обвинител и увид извршила екипа на ОВР Крива ...
Среќа во несреќа е што во градинката „Мајски цвет“ (Карпош, Тафталиџе2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски. -Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и ...
Медиумите со децении се обидуваат да дознаат што е можно повеќе за мистериозниот приватен живот на рускиот претседател Владимир Путин. Во бројни написи се спомнуваат љубовници, шпионски агенти, поранешни сопруги, ќерки, а овој пат и синови. Во написот на новинарот Вил Стјуарт за „Дејли мејл“ се наведува дека Владимир Путин има два сина. Првиот го добил во 2015 година, а вториот во 2019 година. Едниот е роден во Швајцарија, другиот во Москва. ...
После големи искушенија со ветар и бранови, Марко Пејчиновски вчера влезе во водите на Охридското Езето кај Радожда, попладнево пристигна на Охридското пристаниште. Делницата долга 14 километри тој ја мина за 5:25:09 часа. Охридскиот херој Марко Пејчиновски ова лето пред себе постави цел 10 пати на разни далечени да го преплива Охридското Езеро. До крајот на јуни Марко ќе плива уште две делници. На 18 јуни Радожда – Градиште во должина од 18 ...
Бегалците од Украина се жалат на условите во Македонија. Тие велат дека нивниот третман е како да се туристи, а не според меѓународните конвенции. Тие денеска во Скопје повторно протестираа против руските злосторства во нивната земја, пренесува Алсат-М. Претседателот на Здружението на Украинци во Македонија, Александар Урбанович вели дека бегалците овде не уживаат ниту едно од нивните основни права. -Дозволени се само како туристи повеќе од 90 ...