Капетанот на бродот што утринава пред 3 часот удри во сплитското пристаништето а потоа и потона е приведен. Во тек е истрагата на капетанијата на пристаништата, а капетанот на бродот бил приведен во службените простории на полицијата поради тоа што е констатирано дека бил во алкохолизирана состојба и поради тоа е осомничен за кривичното дело загрозување на посебни видови сообраќај. Сплитската полиција извести дека околу 02:30 часот утринава во ...

„Веруваше дека може и успеа“ – стои во описот до видеото во кое се гледа како по долга 9-месечна борба со леукемијата 3-годишната Дарија Чулевиќ од Скопје конечно ја напушти Детската клиника. Кога гледаме дека некое детенце успеало да се избори и да го победи ракот, тогаш срцето ни е полно. Малата Дарија од Скопје на само 3 години заедно со своето семејство ја водеше најтешката битка за животот и успеа да победи. За време на долгата 9-месечна ...

Околу 20 автомобили утринава се испокршени и уништени во катна гаража позади трговскиот центар „Буњаковец“, дознава „Фокус“. Според фотографиите со кои располагаме, автомобилите во катната гаража се со скршени стакла, скршени предни и задни шофершајбни, уништени врати… е уште официјално не е позната причината – што точно се случило, но од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ го потврдија случајот. „На 22.07 во 07.25часот во СВР Скопје ...

Две лица се приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Петар Ристески, кое во пожар целосно изгоре вчера во раните утрински часови. Едното лице е од прилепското село Ново Лагово на возраст од 41 година, а другото лице е од Прилеп на возраст од 31 година. Според јавниот обвинител од прилепското основно јавно обвинителство Маријана Илиеска, на едно од двете лица, 31-годишниот прилепчанец му е определен притвор до осум дена поради ...

УНЕСКО го избра Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година, како прв француски град со таа титула, што почна да се одредува од 2001 година, пренесе Бета. Во соопштението на УНЕСКО се вели дека биле „импресионирани” од акцентот што Стразбур го става на книгата како средство за справување со предизвиците на социјалната кохезија и климатските промени. Годината на славење ќе почне на 23 април 2024 година, Светскиот ден на книгата и ...

Пред десетина дена Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, осуден на три години затвор за случајот „Империја“, поднел барање за да стане жител на Охрид. Претходно истото го направил и бизнисменот Јордан Камчев, кој затворската казна ја издржува во отворениот затвор во Струга. Затворот во Струга е еден од затворите во Македонија каде казната се издржува само со преспивање во затворските одделенија. Во Струга казната затвор ја издржува и Зоран ...

Европската унија е подготвена да одмрзне дел од средствата што ги поседуваат руските банки под санкции за да дозволи трансакции за трговија со храна и ѓубрива, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на нацрт-документот. Покрај тоа, Брисел наводно има намера да го олесни извозот на храна од руските пристаништа, кои се суспендирани поради санкциите на Западот. Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, во 2021 година Русија и ...

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во просториите на директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, потврдија з „Фокус“ од Обвинителството. Оттаму кратко велат дека постапуваат по кривична пријава што била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани. Муареми е недостапен за коментар. Иако тој е дел од предистражна постапка на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал по кривична ...

Истражувачката сторија на Истражувачката репортеска лаобораторија ја потресе јавноста со шокантни откријита за тоа како пациенти во позната приватна клиника биле испористени за спориведување екпсерименти. Во сторијата зборуваат роднини на починат пациент кои ја отвораат приказната за екпериментално , но и дебело наплатена медицинска услуга под превезот одлично лечи болни од Ковид. Збоурва и сопственикот на клиниката , но не дава објаснувања кои ...

Повеќе од 60 вработени во Јавното обвинителство и во Државната безбедност останале во окупираните територии и работат против интересите на Украина Украинскиот претседател, Володимир Зеленски доцна синоќа издаде наредба за разрешување на шефот на Државната безбедност и главната обвинителка во земјата. Тој во видео обраќање на социјалните мрежи објави дека повеќе од 60 вработени во Јавното обвинителство и во Државната безбедност останале во ...

Утре во Брисел ќе се одржи првата Меѓувладина конференција со Европската Унија. Премиерот Димитар Ковачевски на македонски јазик ќе ја прочита отворачката изјава, а веднаш потоа, според тврдењата на шефот на дипломатијата, Бујар Османи, ќе почне скрининг процесот кој ќе трае година и половина. По завршување на скринингот предвидена и втора Меѓувладина конференција на која треба да се комплетира фазата за отворање на преговорите, меѓутоа, ...

Состанокот во Софија и потпишувањето на протоколот денеска следуваат откако вчера Собранието на Северна Македонија ги изгласа заклучоците за францускиот предлог, а Владата потоа одлучи да го прифати предлогот. Во вторник (19 јули), пак, предвидено е одржување на првата меѓувладина конференција на земјава со ЕУ Во Софија денеска треба да се одржи состанок на мешовитата меѓувладина комисија на Северна Македонија и Бугарија, а министрите за ...

На 15.07.2022 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Штип-НК за КР Кочани до Основно jавно oбвинителство Кочани поднесоа кривична пријава против правeн субјект од Кочани и С.В.К. (39) од Р.Бугарија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични ...

Од удар на гром во Мал Триглав вчера биле повредени 18 планинари, од кои двајца потешко, информираат од полициската управа во Крањ. Како што пренесува Глас Истре, во 20 часот и 30 минути полициски хеликоптер и спасувачи префрлиле двајца тешко повредени планинари од Кредарица до КБЦ Љубљана. Според првичните информации, нивните животи не се во опасност. Останатите планинари се полесно повредени и тие остануваат во Кредарица под лекарски надзор. ...

„Јас, Димитар Ковачевски сум Македонец од раѓање. Ниту една хартија не може да ми го одземе мојот идентитет. Немам дилема и знам дека со продолжување на европскиот пат можам да станам подостоинствен Македонец. Планирам да живеам во земјата и да помогнам и како граѓанин, но и да ја исполнам обврската државата да биде подобра за сите граѓани. Со прифаќањето на предлог-преговарачката рамка остануваме на вистинскиот пат кон ЕУ“, порача премиерот ...

Службените телефонски броеви на пратениците од владејачката коалиција осамнаа на Твитер, со повик до граѓаните : „Порачајте им да не го предаваат македонскиот народ“. Ваквата објава на приватен профил на еден од корисниците се случува во пресрет на утрешната собраниска седница на која што треба да се разгледува францускиот предлог со кој треба да се тргне бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ. Од скопското обвинителство велат дека ги ...

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов ги објави предлог-заклучоците за францускиот предлог, кои ги предлага до Собранието на Република Македонија. Предлог-заклучоците ви ги пренесуваме во целост: 1. Собранието на Република Македонија, поаѓајќи од стратешките и националните интереси за членство на Република Македонија во ЕУ, ја охрабрува Владата на Република Македонија, да ги продолжи разговорите со Европската Унија со цел да се ...

Од петок во недела ќе се одржи 48. издание на Галичката свадба. Илчо Димитров и Елена Дураковска годинава се зет и невеста. Од Месната заедница го објавија куќниот ред. Оттаму апелираат заради непречено и безбедно одржување на Галичка свадба, сите да се придржуваат до правилата и да помогнат во непречено и беспрекорно организирање на настанот. -1. Одлагање отпад: – Сите контејнери и кафези за одлагање отпад ќе се дислоцираат на паркингот позади ...

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ќе се обрати пред пратениците, само половина час пред седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог. Седницата е закажана за во четврток. Нејзината посета беше најавена како можна пред неколку дена, како обид на ЕУ да го убеди Скопје да направи чкеор напред во евроинтеграцискиот процес. Во меѓувреме пратениците конечно добија три од четирите документи кои се поврзани со информацијата за ...

Собраниските служби ги подготвија предлог заклучоците за владината информација за францускиот предлог. Според она што го подготвува собраниското мнозинство, оваа информација треба лесно да помине на сѐ уште незакажаната пленарна собраниска седница, со што македонската влада добива задача како да се однесува, но не и да се промени преговарачката рамка. Рокот да се заврши целата процедура е 22 јули кога почнуваат летните одмори во Европската ...

Францускиот претседател Емануел Макрон е под притисок да ги објасни своите врски со такси апликацијата Убер во периодот додека бил министер за економија. Во периодот од 2014 до 2016 додека бил министер за економија, Емануел Макрон одржал серија непријавени состаноци со првите луѓе на Убер. Францускиот весник „Л’Монд“ пишува дека Макрон постигнал „таен“ договор со Убер за регулирање на услугите на компанијата на директна штета на постојните ...

Продолжува спасувачката акција и потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин во Посиди, на првиот крак на Халкидики, откако вчера и завчера беа пронајдени живи неговите двајца пријатели. – Со првото светло на денот продолжи потрагата на копно и море на Халкидики по 28-годишниот млад човек кој се води како исчезнат. Момче кое, како што открија неговите двајца спасени другари, не знае добро да плива и влегло во морето во саботата попладне, ...

Еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и е во релативно добра здравствена состојба, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина извори од крајбрежната служба на Грција. Според истите информации на МИА, станува збор за 30- годишен државјани на Северна Македонија, кој по над 17 часа од исчезнувањето е пронајден од товарен брод што пловел во близина во морскиот дел југозападно од Касандра. Акцијата и потрагата на ...

Потрагата по исчезнатите момчиња на Халкидики продолжува, а во акцијата учествуваат бродови на крајбрежната служба, како и останати приватни чамци, но и еден хеликоптер. Вчерашната акција не даде резултат, односно немаше трага од двете исчезнати момчиња, додека едно момче од Македонија беше спасено и испратено во болница. Грчкиот медиум „Ворија“ објави дека на еден од бродовите со кои се врши потрагата по исчезнатите се наоѓаат татко и брат на ...

По роденденска прослава тројца македонски туристи скокнале во морето, по што двајца од нив биле однесени од брановите во областа Посиди на првиот крак Касандра на Халкидики. Во тек е голема потрага со хеликоптери и бродови, јавуваат грчките медиуми. Екатимерини јавува дека туристите исчезнале од плажата „Мити“. Крајбрежната стража била информирана од капачи кои виделе како тројцата млади момчиња биле однесени од морската струја. Крајбрежната ...

Почина Проф. Др. Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија. „Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов. Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20години. Вечна му слава!“ информираат од ...

Главниот извршен директор на Тесла и најбогатиот човек на светот Илон Маск во петокот на 8 јули изјави дека го раскинува договорот за купување на Твитер вреден 44 милијарди долари, бидејќи компанијата не дала информации за лажните сметки. Акциите на Твитер во петокот паднаа за 5 отсто на 36,81 долари, што е многу помалку од 54,20 долари колку што во април понуди Маск да ги плати. Во меѓувреме, акциите на Тесла се зголемија за 2,5 отсто, односно ...

Главната обвинителка на Обвинителството за спречување организиран криминал и корупција, Вилма Русковска изјава дека во тек е спогодбата за осомничениот во случајот „Империја“, Сашо Мијалков. Таа во изјава за МИА вели дека Обвинителството наскоро ќе објави детали за спогодбата. Телма објави дека Мијалков признал вина и се спогодил со Обвинителството на Русковска да добие три години затвори и да му биде конфискуван имот во висина од 36 милиони ...

Позната инфлуeнсерка од Северна Македонија и ќерка на политичар од соседната земја е едно од уапсените лица на Миконос за учество во злосторничка организација која продавала кокаин и екстази на грчкиот остров Миконос, пишува грчкиот весник „Прототема“. Девојката која уште е опишана и како русокоса со многу следбеници на Инстаграм и чија мајка е правник/адвокат, оперирала заедно со уште двајца македонски државјани и еден познат либански ди-џеј. ...

По инцидентите на протестите против францускиот предлог за кревање на бугарското вето во Скопје, расте притисокот за одговорност. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска порача дека не може да се бара оставки и одговорност од некој којшто спречил инциденти во главниот град. Полицијата е таа која спречи инцидент, вели Спасовски во врска со синоќешните инциденти кога едно лице впери пиштол, а други фрлаа со предмети кон граѓаните ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
38%
1018
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
6.17
31%
1018
weather icon

Загреб

33ᴼ / 30ᴼ
3.09
37%
1019
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.81
29%
1019
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.27
23%
1019
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
1.03
57%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
9.26
49%
1014
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
40%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.54
31%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
3.09
32%
1019
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 30ᴼ
1.54
36%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
13.38
42%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052