
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Најмалку 16 лица загинаа, а 22 се повредени во двојна несреќа во близина на градот Газиантеп во јужна Турција, соопштија во саботата локалните власти. Меѓу загинатите има тројца пожарникари, четворица вработени во итната помош и двајца новинари, објави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул. Спасувачките служби прво пристигнале на главниот пат на местото на несреќата на минибус, а потоа на нив налетал патнички автобус. Автобусот се превртел и се ...
Невреме со грмотевици и поројни дождови попладнево пред 17 часот го зафати Пелагонискиот регион, продолжувајќи кон Велес и Градско. Од Центарот за управување со кризи информираат дека невремето е проследено со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер. На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани бил регистриран удар на ветер од 150 километри на час. ЦУК извести дека на подрачјето на Велес од страна на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и екипа на ОВР Неготино извршија увид на лице место на патот Неготино-Дисан, каде денеска, при преземање работни активности на бандера за електрична енергија, по пад од корпа на висина од 5 метри, почина 61-годишен работник од Неготино. На увидот беше присутен и инспектор од Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика кој ќе изврши анализа на работното ...
Пратениците на Собранието на Црна Гора на вонредна седница синоќа го изгласаа предлогот за недоверба на Владата предводена од Дритан Абазовиќ, по поднесената иницијатива од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ Гласале 51 пратеник, од кои 50 биле за пад на владата, а еден против. Покрај подносителите на барањето за недоверба (ДПС, СД, СДП, ЛП, ДУА), за пад на Владата гласаа и пратениците на Демократската партија, ...
Обвинителката Вилма Русковска денеска ја поднесе жалбата за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Таа не сакаше да открие детали од истата, бидејќи, како што рече, со жалбата прво треба да се запознаат членовите на Советот. -Со жалбата ги побивам наводите во решението. Не сум прашала за која кривична пријава се однесува суспензијата, но сметам дека се однесува на пријавата која Муареми ја поднесе против мене. Господинот Муареми ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 8. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со ...
По објавените решенија на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања усвоени во 2018 и 2019 година во јавноста излегоа реакции во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа, а оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика ...
Истрагата за најголемото злосторство во поновата историја на Црна Гора сè уште трае, но засега нема индиции зошто Вук Бориловиќ (34) од Цетиње во петокот земал ловечка карабина и извршил масакр во селото Медовина, убивајќи десет лица, меѓу кои и две момчиња. Соговорници на „Новости“ од полицијата наведуваат дека на тоа прашање не можела да одговори ниту сопругата на Бориловиќ. – Таа беше сослушана во првите часови од истрагата. Таа објасни дека ...
Со брза реакција на полицијата пронајдено одземено дете во Скопје, приведена сторителката Денеска (16.08.2022) полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, спореед пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје. Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица. ...
Дедото на момчињата убиени во масакрот во Цетиње зборувал за српските медиуми. „Не ми ги уби само внуците и снаата, туку сите нас“, низ солзи раскажува Перо Мартиновиќ, дедото на Марко (8) и Машан (11), убиени на Цетиње од Вук Бориловиќ (34) при крвавиот поход минатиот петок. „На моите внуци им пукал во главите со карабин. На сите им пукаше во глава. Барем да ни оставеше едно дете“, изјавил дедото за Курир по погребот на внуците и снаата Наташа ...
Државниот обвинител Љубомир Јовески поведе предлог за дисциплинска постапка и привремено ја суспендира шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. За двете нејзини колешки Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева, пак, поведе дисциплинска постапка. Како причина за суспендирањето се наведува „тешка дисциплинска повреда“, а поводот е претресот во Финансиската полиција. Русковска ја потврди ...
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми вели дека се повлекува од позицијата, со цел да нема сомнеж за било какво влијание врз предметот кој се води во Обвинителството. -Имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител ...
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков пред да оди на издржување на затворската казна стана дедо. Вчера сопругата на неговиот постар син, Јордан Мијалков, Анастасија родила женско бебе. Веста дека Мијалкови добиле принова беше обајвена на социјалните мрежи, а веста ја сподели сестрата на Анастасија, Александра, партнерка на актерот Атанас Атанасовски, со кој има две деца. Мијалков го нема на ...
Препораките за заедничко одбележување на историски личности не ги допираат идентитеските прашања, треба да се разграничуваат сегашните и идентите во средниот век, ние не навлеговме во идентитетот на цар Самоил и не може сите фактографски податоци да ги вметнеме во текстовите, порача копретседателот на историската комисија, Драги Ѓоргиев во интервју за Сител. Тој, како што рече, има повеќе толкувања, но во светската медијавистика за цар Самоил ...
Две лица се полесно повредени во серија експлозии предизвикани од пожар што зафатил складиште за муниција во близина на населеното место Мајско во областа Џанкој на полуостровот Крим. Руското Министерство за одбрана потврди дека пожар избувнал во магацин за муниција, по што дошло до детонации. „Според информациите од лице место, засега нема сериозно повредени“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана, посочувајќи дека се ...
Фамилијата Бориловиќ со години редовно одат во црква, а секој Бадник носат елка пред манастирот. Вук редовно учествуваше на овие церемонии. Каде му е душата, какво зло му влезе, зошто ги уби неговите соседи и две деца, прашуваат очајните жители на Цетиње. Вук Бориловиќ (34) од Цетиње, Црна Гора, кој во петокот уби 10 лица, меѓу кои две деца, а рани шест лица, пред да го изврши страшното злосторство отишол во црква и му се помолил на Бога, ...
Експертите за безбедност на патиштата коментираа дека покрај тоа што возачот на автобусот изгубил контрола над возилото, го прекршил бугарскиот закон затоа што од фестивалот во Сончев Брег во Србија отпатувал за да земе деца навечер и ноќе, што не е дозволено. Возачот на српскиот автобус кој се преврте во Стара Загора во Бугарија е приведен и му е наредено да не ја напушта Бугарија, изјави за МИА во Софија портапорлката на главниот обвинител на ...
Познатиот писател Салман Ружди е тргнат од респиратор и повторно може да зборува, откако во петокот беше нападнат и тешко повреден со нож на еден настан во Њујорк. Лицето обвинето за напад со нож над светски познатиот писател, 24-годишниот Хади Матар, се изјасни пред судот дека не е виновен за напад и за обид за убиство. Меѓутоа, обвинителот оцени дека во прашање е „однапред планиран напад со умисла“, поради што авторот на „Сатански стхови“ ...
Банатскиот владика Никанор во скандалозен јавен говор практично „ја проколна“ премиерката Ана Брнабиќ, но и сите кои ќе учествуваат на EuroPride во септември во Белград. Тој изјави и дека би „употребил оружје“ против учесниците на Парадата на гордоста, пренесе Нова.рс. Никанор ја нарече Ана Брнабиќ „ќерка и внука на српските касапи“, а ги повика свештенството и народот да се побунат против геј парадата, тврдејќи дека тој лично би употребил ...
Црногорските медиуми објавија фотографија од Ненад Нено Калуѓеровиќ, кој го уби Вук Бориловиќ и го запре масакрот во Цетиње. На социјалните мрежи граѓаните на Црна Гора го слават како херој кој спречи бројот на жртвите да биде уште поголем. Тој нема да одговара за убиството. Бориловиќ околу 16 часот уби 11 лица, а рани уште четворица, од кои тројца се во животна опасност. Јавната обвинителка Андријана Настиќ изјави дека во Цетиње загинале девет ...
На социјалните мрежи битолчанка објави шокантна сторија како мајка и два дена се борела за здрив и два дена барале помош во битолската болница. Исходот е инфаркт кој според сведоштвото докторите не го препознале и не превзеле соодветни мерки. Сведоштвото го пренеуваме во целот – идентитетот познат на редакцијата Болницата- штала во Битола е невидено нешто. Невидено. Синоќа бевме со мајка ми на ургенто во Битолсата болница , ја прегледаа и ...
Ердован Шабаноски (Прилеп, 24 октомври 1980 – на автопатот Скопје – Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител со ромско потелко, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје – Тетово во масакрот кај Карпалак. Ердован Шабаноски е роден на 24 октовмри 1980 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Сестрата на Ердован беше мажена за Веби ...
Денеска околу 7 часот во пожар кој избувнал во куќа во Стар Дојран и зафатил еден спрат и покривот, загинала жена. Настанот го потврдија од СВР Струмица, каде пожарот бил пријавен во 07:20 часот. -Пожарот избувнал во куќа на улицата „Маршал Тито“ во Стар Дојран. Бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице, соопштија од СВР Струмица. Според информациите од Доброволното ...
Вук Бориловиќ(34) кој уби 11 лица и повреди шестмина во Цетиње до скоро се лечел во психијатриска установа, а масакрот го извршил по кавга со своите потстанари за неплатена кирија, пишува српски Телеграф. Тој се расправал со жената потстанар да му ги плати сметките, а негде околу 16 часот во куќата пристигнал семеен пријател. Бориловиќ најпрвин посегнал по животот на пријателот со својата ловечка пушка, а потоа излегол на улица и продолжил да ...
Во Обвинителството е повикан д-р Жан Митрев кој е на распит кај обвинителот Гаврил Бубевски кој го води предметот, објави Фактор. -Жан Митрев е повикан на распит во обвинителството на распит за одредени околности за предметот кој го води обвинителството, односно ОЈО Скопје по допрен глас од јавноста, потврдиле од Обвинителството. Како што е познато, обвинителството отвори предмет, по емисијата Нечиста крв за наводни неправилности во таа приватна ...
Русија и Украина не престануваат меѓусебно да се обвинуваат за ракетирање на нуклеарката во Запорожје, а на социјалните мрежи се гледаат снимки од најголемата електрана во Европа. На снимките се гледа облак од чад кој доаѓа токму од нуклеарката. Ројтерс пишува дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предложил областа до електраната да се прогласи за демилитиризарана зона. Украинската агенција која ги управува четирите електрани во ...
Русија е обвинета дека ја користела нуклеарната централа како штит додека од неа истрелала проектили на блиските локации, пишуваат медиумите во регионот. Двајца работници за Би-Би-Си изјавиле дека секојдневно добиваат закани за киднапирање и дека стравуваат од радиоактивна контаминација на поширокиот регион и од нуклеарна катастрофа. Никопоље, град под украинска контрола, е одделен од нуклеарната централа со околу 15 километри од реката Днепар. ...
Претресот во Палм Бич на Флорида е една од бројните истраги со кои се соочува поранешниот претседател на САД уште од неговиот престој во Белата куќа. Против него се води и посебна истрага поради неуспешниот обид на неговите поддржувачи да го променат исходот на последните претседателски избори со наводно внесување на лажен попис на гласачи Агентите на ФБИ барале документи поврзани со нуклеарно оружје за време на претресот на домот на поранешниот ...
Триесет и пет мигранти од вкупно 49 се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија на клучката за село Марвинци откако камион „сканија“ со скопски регистарски, таблички, во кој се превезувале мигрантите, излетал од патот. Според информациите од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, еден од мигрантите е со потешки повреди, а останатите имале полесни повреди. -Според кажувањата на ...
Како што пренесува британски Телеграф, во автомобилите кои создале голема гужва има руски цивили кои решиле да побегнат од полуостровот по огромните експлозии во вторникот во руската воена воздухопловна база Саки на западот на Крим. Според сателитските снимки, најмалку осум воени авиони биле уништени во експлозијата што се случи во вторникот во руската воздушна база. Тоа е воздушна база на Крим. Причината за експлозијата се уште не е позната. ...