
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на сенароден протест кој ќе се случи утре во 19 часот на платото пред Владата. Тој вели дека францускиот предлог е срам и предавство и ги задоволува сите бугарски барања Никогаш нема да прифатиме предлог кој е ултиматум и диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако час претходно Владата го објави ...
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да се одржи 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на парламентот Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот. Претседателот на ...
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65.8%. Kонстатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи. Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 27.06.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,460%, кај дизелот намалување во просек за 2,480%, кај екстра лесното масло ...
Не треба да има предвремени парламентарни избори. Во однос на националните интереси на сите граѓани на Република Македонија, ние во моментов имаме Влада која се грижи за националните интереси, за достоинството на сите граѓани без оглед на тоа од која етничка, верска и национална припадност доаѓаат, истакна премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашање на пратеникот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ. Истото, посочи Ковачевски, тоа се ...
Полицијата во Лесковец објави дека истражувајќи го самоубиството на 38-годишна жена од Велики Трњан кај Лесковац, открила тело на маж забетонирано во столб на куќата. Телото е дадено обдукција и истрагата е во тек, но медиумите јавуваат дека неофицијално се работи за сопругот на сега починатата жена, за кого се верувало дека е на работа во странство. Сомневањата се дека таа го убила заедно со својот љубовник пред три години и го забетонирала. ...
За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Како што рече Бислимовски, ако не беа воведени блоковите, оваа цена ќе беше зголемена за 17,74 проценти. Во зависност од блоковите, во зима 59,9 отсто од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 проценти, додека 35,5 отсто ќе имаат зголемени сметки од 6,6 до ...
Можно е поскапување и на евтината струја. Денеска а РКЕ наместо една просечна, ќе објави четири цени, за секој тарифен блок посебно. Она што се знае е дека цените за потрошувачката на киловатите, во сите блокови ќе бидат зголемени. Но најголемо поскапување ќе има за последниот, четвртиот блок кое се очекува да биде и повеќе од 140 отсто. На овие граѓани електрична енергија ќе им се фактуира по цени, слични како на отворен пазар. Речиси сите ...
Отсечена човечка глава е пронајдена вчера пред зградата на судот во западниот германски град Бон. „Случајни минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од телото се наоѓа пред влезот на судот“, изјави портпаролот на полицијата. „Набргу потоа, дознавме дека се работи за човечка глава“, рече тој. Торзо за кое се претпоставува дека е од истото тело било пронајдено во близина на брегот на реката Рајна, недалеку од ...
Најмалку 46 тела се пронајдени во приколка на напуштен камион на периферијата на Сан Антонио, Тексас. Од противпожарната служба соопштија дека 16 луѓе, меѓу кои четири деца, се пренесени во болница. Преживеаните имале температура и страдале од топлотен удар и исцрпеност. Камионот бил пронајден покрај пруга во оддалечена област на јужната периферија на градот. Сан Антонио се наоѓа на 250 километри од границата меѓу САД и Мексико и е главна ...
Од следниот месец домаќинствата и малите потрошувачи ќе бидат поделени во четири тарифни блокови според потрошувачката на електрична енергија. Регулаторна го објави новиот модел. Првиот е за домаќинства кои трошат малку, односно од нула до 210 киловат часови месечно. Вториот блок е од 210 до 630, третиот од 630 до 1.050 потрошени киловат часови. Последниот четврт блок за тарифирање се домаќинства кои трошат најмногу, односно над 1.050 киловати. ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 јуни во вечерните часови, во семејниот дом на улицата „Дебарца“ во Скопје, осомничениот при вршење семејно насилство со умисла тешко телесно ја повредил својата 70-годишна мајка, велат од Обвинителството. -Тој најпрвин започнал вербална расправија, а ...
Петков рано изутрината пристигна во зградата на Министерскиот совет, придружуван од обезбедувањето, без коментар. Владата падна по гласањето за недоверба на 22-ри јуни. За недоверба изгласаа 123 пратеници, против беа 116. Воздржани немаше. Гласањето го поднесе ГЕРБ поради економските неуспеси на владата. Шефот на државата ќе ги започне консултациите со пратеничките групи за врачување на мандатот за формирање нова влада откако премиерот ќе ...
Четириесет годишна скопјанка го загуби вчеравечер животот во сообраќајната несреќа која се случи кај Радишани. Од МВР денеска информираат дека несреќата кај нив била пријавена околу 21 часот. -На обиколница „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(49) од с.Горно Нерези, скопско и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ...
Најмалку четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а повеќе од 300 се повредени откако се урна трибина за време на борба со бикови во централна Колумбија. На видеото се гледа како трикатна дрвена трибина полна со гледачи се урива на стадионот во Ел Еспинал, департманот Толима. Биковите продолжија да трчаат низ арената додека луѓето се обидуваа да се спасат. За време на традиционалната манифестација на коралеја, публиката трча во арената за да ...
Бугарското МНР е подготвено да продолжи со потпишувањето на Протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство, откако Народното собрание на Бугарија претходно даде зелено светло за предлогот на француското претседателство за почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Министерство за надворешни работи на Бугарија соопшти дека е подготвено да продолжи со потпишувањето на Протоколот, согласно член 12 од Договорот за ...
Неколку часа по полноќ на локалниот пат од Чачак кон селото Јанчиќи се случила страшна сообраќајна несреќа во која според првите информации од терен животот го загубиле четворица млади момчиња. – Најверојатно се враќале од забава и возачот изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот. Сите загинаа. Ова е вистинска трагедија, тоа се само млади. Сите беа на 18 или 19 години – изјави за медиумите еден од жителите на селото Јанчиќи, кој ...
Најмалку пет лица се повредени денеска во Киев кога проектил погоди станбена зграда во централниот дел на градот, соопшти началникот на украинската полиција Игор Клименко. Претходно денеска беше соопштено дека во Киев е погодена зграда на девет катови. Украинските власти нагласија дека станува збор за руски ракетен напад, а градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко го опиша нападот како обид да се заплаши Украина во пресрет на самитот на НАТО. Се ...
Велика Британија, САД, Канада и Јапонија ќе забранат увоз на руско злато како дел од новите санкции против Москва, како одговор на инвазијата на Украина, објави Даунинг стрит на првиот ден од самитот на Г7. „Овие мерки директно ќе ги погодат руските олигарси и ќе го таргетираат центарот на воената машина (на рускиот претседател Владимир) Путин“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон. Британскиот премиер денеска се среќава со лидерите на Г7 на ...
Спасувачите со голи раце пребаруваат по селата во источен Авганистан уништени во вчерашниот земјотрес со магнитуда од 6,1 степен, во кој загинаа над 1.000 луѓе, а повеќе од 1.500 се повредени. Талибанските власти побараа помош од меѓународната заедница, додека спасувачките напори се попречени од силниот дожд и недостигот на ресурси. Очевидците велат дека селата и патиштата околу епицентарот на земјотресот се целосно уништени. Тој бил 44 ...
Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков падна со гласање за недоверба, пренесоа светските агенции. Ова ќе ја фрли земјата во политички хаос поради војната во Украина и зголемената инфлација, забележува Ројтерс. Владата на Петков падна со 123 гласови „за“ наспроти 116-те пратеници кои беа „против“. До ваква разврска дојде откако владејачката коалиција го загуби своето мнозинство поради споровите околу буџетските трошоци и прашањето дали ...
Со посебен авионски лет од Велика Британија синоќа се трансферирани во Тирана 23 албански осуденици, во согласност со договорот меѓу двете земји за трансфер на затвореници. Меѓу нив најмногу се лица осудени за шверц со дрога, останатите се за киднапирање, силување и еден за педофилија. Само еден е без дозвола за престој во Велика Британија. – Овие лица се одговорни за повеќе грозоморни злосторства, вклучувајќи силувања, насилен криминал и ...
Две лица загинаа во пукање во ноќен клуб во норвешката престолнина Осло, соопшти полицијата рано утринава. Полицијата на Твитер објави дека неколку лица се повредени, а осомничениот бил приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот. Сите индиции се дека сторителот дејствувал сам, изјави портпаролот на полицијата Торе Барстад подоцна за „НРK“. Три лица се тешко повредени, а на 19 им била укажана лекарска помош. „НРК“ објави дека ...
Прогнозите од петокот се остваруваат, дневните броеви на нови случаи започнуваат да растат. Околу ова прашање не останува многу простор за дискусија, односно шпекулирање (како што велат нашите здравствени власти), бидејќи сите индикатори покажуваат во една насока – нагоре, пишува проф. Дејан Трајковски во најновата анализа. „На првиот дијаграм седумдневната подвижна средина решително завртува нагоре. Веќе можеме да го лоцираме датумот на долот ...
Премиерот Димитар Ковачевски го отфрли „францускиот предлог“, ваков каков што е во моментот, за одблокирање на евроинтеграциите. Тој по Самитот ЕУ- Западен Балкан рече дека земјава направила сè, сега ЕУ е на потег. Албанскиот премеир Еди Рама, чија земја, исто така е заложник на бугарското вето, рече дека земјите од регионот ќе продолжат на патот кон ЕУ, надевајќи се дека во наредниот век ќе бидат членки. Срскиот претседател Александар Вучиќ ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи со свое објаснување за отфрлање на францускиот предлог. -Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да ...
Народното собрание на Бугарија денеска го одобри францускиот предлог за Северна Македонија. За гласаа 170 пратеници, 37 беа против, а 21 воздржани. Усвоениот документ што го предложи лидерот на Демократска Бугарија Христо Иванов, и дава зелено светло на Владата во оставка на Кирил Петков да ги одобри преговарачка рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на сложените односи меѓу Бугарија и Северна ...
ЕСМ понуди околу 20 отсто повисока цена на тендерот на ЕВН Хоум. Односно, произведената електрична енергија наместо 41 евро, во следните шест месеци ЕВН ќе плаќа 48 евра за мегават час. Од ЕСМ велат дека тие ќе ја покријат целосната побарувачка од ЕВН ХОУМ, односно ќе обезбедат 100 отсто од потребите на струја. -АД ЕСМ како најповолен единствен понудувач на тендерот му понуди на ЕВН ХОУМ купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра ...
Со свое видување на актуелните прашања поврзани со источниот сосед, на Фејсбук реагира академик Катица Ќулакова. “Потсетник: Ако една држава покажува историски, културни и јазични аспирации спрема историското, културното и јазичното наследство на друга држава, тоа значи дека таа има територијални аспирации. Културно-историските аспирации се другото лице на територијалните аспирации. Негацијата на идентитетот на едно културно-историско наследство ...
Во земјотресот во пограничната област меѓу Авганистан и Пакистан се јавува дека загинале над 250 луѓе, а стотици се повредени. Распоредувањето на спасувачите во оддалечените планински региони се одвива тешко. Според досегашните информации од локалните власти во погодените области во Авганистан, најмалку 255 луѓе загинале во силниот земјотрес почувствуван авганистанско-пакистанскиот пограничен регион. Уште најмалку 155 лица се повредени во ...