
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Парно греењето во Скопје поскапува за 14,18% за 55 илјади домаќинства. Приклучените на железарското парно ќе добијат за 15 и пол проценти повисоки сметки, додека за оние на топланата Скопје Север, поскапувањето е најголемо, односно 16,31%. Тоа во пракса значи дека ако сега за 50 метри квадратни станбена површина се плаќа 1.800 денари, од следниот месец ќе требаат плус 250 денари, па сметката ќе достигне 2.050 денари. Топланите побарале уште ...
Поради основано сомневање дека директорот на Управата за финасиска полиција сторило кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања, како и кривично дело „насилство“, Основното јавно обвинителство поднело кривична пријава против директорот Арафат Муареми, ексклузивно дознава НетПрес кој има увид во соодветите документи. Неофицијално, Муареми во јавноста се споменува како дел од случаи за кои се води постапка во Јавното ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42%. Според одлуката се намалува цената на дизелот за 2 денари, а бензините и маслото за домаќинство не се менуваат. Од вечер на полноќ новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 94 денари/литар, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава по 95,5 денари/литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР ...
Во вторник навечер свечено беше отворен Пељешкиот мост, еден од најважните инфраструктурни проекти што ќе го поврзе југот на Хрватска со остатокот од земјата. Свеченото отворање беше одбележано во текот на целиот ден со програма што се одвиваше од двете страни на мостот – на одморалиштата на Бријест и Комарна. Главното отворање започна во 20 часот и 15 минути, а кулминираше околу 22 часот кога хрватскиот суперавтомобил моделот „Невера“ на ...
Седум од осум обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог, денеска признаа вина пред Кривичниот суд. На седуммината кои признаа вина, Судот им изрече условни двегодишни затворски казни, доколку во следните четири години сторат кривично дело. Обвинетите се на возраст од 18 до 36 години, од кои тројца се средношколци и имаат по 18 години, а еден 19 години. Тие беа обвиенети за учество во толпа и дека ...
Во земјава активни се два пожари, меѓу струмичките села Требичино и Василево и во Тетово, каде гори депонијата. На терен се излезени екипи на Територијалната противпожарна единица – Тетово (ТППЕ), кои вршат гаснење. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот во Струмичко е на непристапен терен, карпесто-ритчест, а гори нискостеблеста мешана шума и висока трева. Пожарот е од вчера во доцните попладневни часови, а активно е ...
Такси – превозот во Скопје сепак ќе поскапи. Пред Советот на Град Скопје денеска повторно се најде Предлогот за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје и овој пат таа доби „зелено“ светло од советниците. Советот за сообраќај на Град Скопје уште на предложи три тарифи за наплата на услугите во скопските такси – возила, кои веќе биле усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални ...
Данската биотехнолошка компанија Баварски нордик (БН) објави дека Европската комисија дозволила нејзината вакцина Имванекс да се продава за заштита од мајмунски сипаници, како што препорача Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела. Ден претходно, Светската здравствена организација (СЗО) издаде сериозно предупредување, прогласувајќи го брзото ширење на мајмунските сипаници за глобална здравствена вонредна состојба. „ Достапноста на ...
До среда подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност со максимални температури до 40 степени, информираат од УХМР. На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. На предлог на Министерството за здравство, Владата во петок ја измени Одлуката во врска со ...
Капетанот на бродот што утринава пред 3 часот удри во сплитското пристаништето а потоа и потона е приведен. Во тек е истрагата на капетанијата на пристаништата, а капетанот на бродот бил приведен во службените простории на полицијата поради тоа што е констатирано дека бил во алкохолизирана состојба и поради тоа е осомничен за кривичното дело загрозување на посебни видови сообраќај. Сплитската полиција извести дека околу 02:30 часот утринава во ...
„Веруваше дека може и успеа“ – стои во описот до видеото во кое се гледа како по долга 9-месечна борба со леукемијата 3-годишната Дарија Чулевиќ од Скопје конечно ја напушти Детската клиника. Кога гледаме дека некое детенце успеало да се избори и да го победи ракот, тогаш срцето ни е полно. Малата Дарија од Скопје на само 3 години заедно со своето семејство ја водеше најтешката битка за животот и успеа да победи. За време на долгата 9-месечна ...
Околу 20 автомобили утринава се испокршени и уништени во катна гаража позади трговскиот центар „Буњаковец“, дознава „Фокус“. Според фотографиите со кои располагаме, автомобилите во катната гаража се со скршени стакла, скршени предни и задни шофершајбни, уништени врати… е уште официјално не е позната причината – што точно се случило, но од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ го потврдија случајот. „На 22.07 во 07.25часот во СВР Скопје ...
Две лица се приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Петар Ристески, кое во пожар целосно изгоре вчера во раните утрински часови. Едното лице е од прилепското село Ново Лагово на возраст од 41 година, а другото лице е од Прилеп на возраст од 31 година. Според јавниот обвинител од прилепското основно јавно обвинителство Маријана Илиеска, на едно од двете лица, 31-годишниот прилепчанец му е определен притвор до осум дена поради ...
УНЕСКО го избра Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година, како прв француски град со таа титула, што почна да се одредува од 2001 година, пренесе Бета. Во соопштението на УНЕСКО се вели дека биле „импресионирани” од акцентот што Стразбур го става на книгата како средство за справување со предизвиците на социјалната кохезија и климатските промени. Годината на славење ќе почне на 23 април 2024 година, Светскиот ден на книгата и ...
Пред десетина дена Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, осуден на три години затвор за случајот „Империја“, поднел барање за да стане жител на Охрид. Претходно истото го направил и бизнисменот Јордан Камчев, кој затворската казна ја издржува во отворениот затвор во Струга. Затворот во Струга е еден од затворите во Македонија каде казната се издржува само со преспивање во затворските одделенија. Во Струга казната затвор ја издржува и Зоран ...
Европската унија е подготвена да одмрзне дел од средствата што ги поседуваат руските банки под санкции за да дозволи трансакции за трговија со храна и ѓубрива, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на нацрт-документот. Покрај тоа, Брисел наводно има намера да го олесни извозот на храна од руските пристаништа, кои се суспендирани поради санкциите на Западот. Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, во 2021 година Русија и ...
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во просториите на директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, потврдија з „Фокус“ од Обвинителството. Оттаму кратко велат дека постапуваат по кривична пријава што била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани. Муареми е недостапен за коментар. Иако тој е дел од предистражна постапка на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал по кривична ...
Истражувачката сторија на Истражувачката репортеска лаобораторија ја потресе јавноста со шокантни откријита за тоа како пациенти во позната приватна клиника биле испористени за спориведување екпсерименти. Во сторијата зборуваат роднини на починат пациент кои ја отвораат приказната за екпериментално , но и дебело наплатена медицинска услуга под превезот одлично лечи болни од Ковид. Збоурва и сопственикот на клиниката , но не дава објаснувања кои ...
Повеќе од 60 вработени во Јавното обвинителство и во Државната безбедност останале во окупираните територии и работат против интересите на Украина Украинскиот претседател, Володимир Зеленски доцна синоќа издаде наредба за разрешување на шефот на Државната безбедност и главната обвинителка во земјата. Тој во видео обраќање на социјалните мрежи објави дека повеќе од 60 вработени во Јавното обвинителство и во Државната безбедност останале во ...
Утре во Брисел ќе се одржи првата Меѓувладина конференција со Европската Унија. Премиерот Димитар Ковачевски на македонски јазик ќе ја прочита отворачката изјава, а веднаш потоа, според тврдењата на шефот на дипломатијата, Бујар Османи, ќе почне скрининг процесот кој ќе трае година и половина. По завршување на скринингот предвидена и втора Меѓувладина конференција на која треба да се комплетира фазата за отворање на преговорите, меѓутоа, ...
Состанокот во Софија и потпишувањето на протоколот денеска следуваат откако вчера Собранието на Северна Македонија ги изгласа заклучоците за францускиот предлог, а Владата потоа одлучи да го прифати предлогот. Во вторник (19 јули), пак, предвидено е одржување на првата меѓувладина конференција на земјава со ЕУ Во Софија денеска треба да се одржи состанок на мешовитата меѓувладина комисија на Северна Македонија и Бугарија, а министрите за ...
На 15.07.2022 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Штип-НК за КР Кочани до Основно jавно oбвинителство Кочани поднесоа кривична пријава против правeн субјект од Кочани и С.В.К. (39) од Р.Бугарија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични ...
Од удар на гром во Мал Триглав вчера биле повредени 18 планинари, од кои двајца потешко, информираат од полициската управа во Крањ. Како што пренесува Глас Истре, во 20 часот и 30 минути полициски хеликоптер и спасувачи префрлиле двајца тешко повредени планинари од Кредарица до КБЦ Љубљана. Според првичните информации, нивните животи не се во опасност. Останатите планинари се полесно повредени и тие остануваат во Кредарица под лекарски надзор. ...
„Јас, Димитар Ковачевски сум Македонец од раѓање. Ниту една хартија не може да ми го одземе мојот идентитет. Немам дилема и знам дека со продолжување на европскиот пат можам да станам подостоинствен Македонец. Планирам да живеам во земјата и да помогнам и како граѓанин, но и да ја исполнам обврската државата да биде подобра за сите граѓани. Со прифаќањето на предлог-преговарачката рамка остануваме на вистинскиот пат кон ЕУ“, порача премиерот ...
Службените телефонски броеви на пратениците од владејачката коалиција осамнаа на Твитер, со повик до граѓаните : „Порачајте им да не го предаваат македонскиот народ“. Ваквата објава на приватен профил на еден од корисниците се случува во пресрет на утрешната собраниска седница на која што треба да се разгледува францускиот предлог со кој треба да се тргне бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ. Од скопското обвинителство велат дека ги ...
Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов ги објави предлог-заклучоците за францускиот предлог, кои ги предлага до Собранието на Република Македонија. Предлог-заклучоците ви ги пренесуваме во целост: 1. Собранието на Република Македонија, поаѓајќи од стратешките и националните интереси за членство на Република Македонија во ЕУ, ја охрабрува Владата на Република Македонија, да ги продолжи разговорите со Европската Унија со цел да се ...
Од петок во недела ќе се одржи 48. издание на Галичката свадба. Илчо Димитров и Елена Дураковска годинава се зет и невеста. Од Месната заедница го објавија куќниот ред. Оттаму апелираат заради непречено и безбедно одржување на Галичка свадба, сите да се придржуваат до правилата и да помогнат во непречено и беспрекорно организирање на настанот. -1. Одлагање отпад: – Сите контејнери и кафези за одлагање отпад ќе се дислоцираат на паркингот позади ...
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ќе се обрати пред пратениците, само половина час пред седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог. Седницата е закажана за во четврток. Нејзината посета беше најавена како можна пред неколку дена, како обид на ЕУ да го убеди Скопје да направи чкеор напред во евроинтеграцискиот процес. Во меѓувреме пратениците конечно добија три од четирите документи кои се поврзани со информацијата за ...
Собраниските служби ги подготвија предлог заклучоците за владината информација за францускиот предлог. Според она што го подготвува собраниското мнозинство, оваа информација треба лесно да помине на сѐ уште незакажаната пленарна собраниска седница, со што македонската влада добива задача како да се однесува, но не и да се промени преговарачката рамка. Рокот да се заврши целата процедура е 22 јули кога почнуваат летните одмори во Европската ...
Францускиот претседател Емануел Макрон е под притисок да ги објасни своите врски со такси апликацијата Убер во периодот додека бил министер за економија. Во периодот од 2014 до 2016 додека бил министер за економија, Емануел Макрон одржал серија непријавени состаноци со првите луѓе на Убер. Францускиот весник „Л’Монд“ пишува дека Макрон постигнал „таен“ договор со Убер за регулирање на услугите на компанијата на директна штета на постојните ...