
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека голем број Украинци се закопани на различни локации во североисточниот дел на земјата, а меѓу нив имало цели семејства и луѓе кои биле мачени. Зеленски за Ројтерс изјави дека истрагата е во тек, која се спроведува со меѓународна помош и дека има докази за, како што тврди, руските воени злосторства во овие области. Тој рече дека досега се пронајдени 450 закопани тела. На прашањето ...
Младиот штипјанец Вили Илјов којшто на 29 август беше примен на бесплатно болничко лекување во Жан Митрев Клиника, денеска си оди дома. Тимот на доктори-специјалисти од клиника Жан Митрев заедно со сестрите и физиотерапевтите по две недели интензивно лекување и третмани, постигнаа значајни резултати во подобрување на клиничката слика на младиот Вили. Тој беше донесен по 40 дневна кома, во животозагрозена состојба, резултат на преживеаната тешка ...
Следната недела, Советот на јавни обвинители ќе објави конкурс за избор на наследникот на Вилма Рускоска, односно за новт шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Изборите ќе се одржат на 31 октомври, а за првпат ќе се организираат по новиот закон, според кој 163 јавни обвинители ќе имаат право да гласаат за еден од пријавените кандидати. Антонио Јолевски, претседател на Советот на јавни обвинители, рече дека ...
Денеска оставка од функцијата в.д. директор на ЈП „Лајка“ поднесе и досегашиот директорот Воислав Димитровски. Тој во својата објуава на фејсбук објаснува дека поради недостиг на поддршка од страна на Град Скопје, претпријатието имало континуирано блокирани сметки и, каснење во исплатата на платите на вработените. Димитровски вели дека го затекнал претпријатието во хаотична состојба без воспоставена структура, со недостаток на соодветен и ...
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека за дисциплинската постапка за шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГК) Вилма Русоска треба да се обезбедат определени докази и за нив да се изјаснат обвинителите опфатени со постапката. -Комисијата за дисциплинска одговорност го разгледа предлогот за покренување дисциплинска постапка и колку што сум информиран по тој предлог донесе решение за ...
Украинските власти велат дека пронашле масовна гробница со 440 тела во североисточниот град Изјум, кој беше одземен од руските сили пред неколку дена, соопштија властите, вклучително и некои луѓе загинати во гранатирање и воздушни напади, пренесува Ројтерс. Агенцијата соопшти дека илјадници руски војници избегале од Изјум минатиот викенд, откако го зазеле градот и го користеле како логистички центар во регионот Харков. Зад себе оставиле големо ...
Утринава околу 9:30 часот патнички воз удрил во автомобил во градот Болфан, на железничкиот патен премин, јавуваат хрватските медиуми. Според информациите, двајца сопатници од автомобилот, 27-годишна жена и четиригодишно момче, загинаа. Во Општата болница Копривница се пренесени уште двајца патници. Информациите се дека во болница биле пренесени 28-годишен возач и четиригодишно девојче, кои лекарите ги реанимирале на пат кон болница и во ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на советнички прашања, побара оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Гледам што зборува шпицниот градоначалник за оставките. Ако сака да зборува за оставки, Мицкоски треба да си почне прво од себе. Мицкоски немој да се закануваш, немој да се криеш, дојди тука во очи кажи ми што имаш, рече Арсовска. Каде е шпицниот градоначалник Мицкоски“, „немој да се криеш“, ...
Стотина вработени со договор на дело ангажирани од разрешениот директор и негови сопартијци, новиот директор на скопски водовод нема да им ги продолжи договорите кои им истекуваат утре. Во водовод коментираат дека наводно се работи за партиски војници на вмро дпмне Ова е епилог од војната на релација градоначалнилката Арсовска со екс директорот Перински и врвот на ВМРО ДПМНЕ, партија која застана зас нејзината кандидатура и и овозмози да седне ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски доживеа сообраќајна несреќа, јавува Би-би-си. Неговиот портпарол, Серхиј Никифоров изјави дека несреќата се случила во Киев, кога патничко возило се судрило со претседателскиот автомобил. Според неговите зборови, Зеленски бил прегледан од лекар и констатирано е дека нема сериозни повреди. Возачот на приватниот автомобил бил прегледан на местото на настанот и пренесен во болница. Никифоров кусо рече ...
Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во недела ќе дува силен северен ветер што ќе услови значително заладување Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен, информираат од Управата за ...
Акционерите во американскиот гигант за социјални медиуми Твитер речиси едногласно го одобрија претходно склучениот договор со Илон Маск за купување на компанијата, јави ДПА. Првично, Маск се согласи во април да го купи Твитер за 44 милијарди долари, а вредноста на неговите акции во моментов е проценета на 32 милијарди долари. Тој се повлече од договорот во јули, тврдејќи дека Твитер не ги исполнил условите. Според адвокатскиот тим на Маск, ...
Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, според најавата од Министерството за надворешни работи, денеска ќе одржи средба. МНР вчера соопшти за средбата споделувајќи информација дека Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја – Скопје, е назначен за нов член на Комисијата. -Љоровски е именуван за нов член на Комисија согласно со ...
Од МВР испратиле известување и до јавен обвинител од ОЈО Скопје и најавуваат кривична пријава за насилство против тројцата приведени Полицијата привела три лица за нападот на градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, кој денеска утрото беше нападнат од неколку лица во неговата канцеларија. „Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од Р.И. дека ...
Го пренесуваме во целост неговиот пост на социјалната мрежа: „Денеска навршуваат точно 8 месеци од моето именување за в.д. директор во ЈП Градски паркинг Скопје. На 13 јануари оваа година беше мојот прв работен ден во ова претпријатие, а денес е мојот последен ден на оваа позиција. Влегов со план и визија, со посветеност, професионализам и со континуирана работна динамика, и сето тоа со цел да им овозможам на сите граѓани подеднаков третман и ...
Познатиот српски композитор Корнелие Ковач почина денеска на 81-годишна возраст во Белград. Легендарниот музичар бил позитивен на коронавирус и бил сместен во ковид болницата во Батајница. Корнелие Ковач беше српски композитор, пијанист, аранжер. Роден е во Ниш во 1942 година, а својата прва композиција „Пусти тротоари“ Ковач ја компонирал веќе на 14-годишна возраст – во 1956 година. Откако бил во многу босански оркестри, тој се приклучи на ...
Тие се обратија во Парламентот од тронот во Вестминстерската сала во Лондон. Кралот Чарлс III. за време на церемонијата во Домот на лордовите се заложи за лојалност и изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета. Црвените и златните тронови на кои седат Чарлс и Камила се разликуваат само во еден, едвај забележлив детал. Престолот на Камила е понизок за неколку сантиметри за да се истакнат нивните улоги. Новиот крал сега почнува обиколка низ ...
Разрешен е Златко Перински, директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер, соопшти Град Скопје. Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомневања на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, ...
Новиот британски крал Чарлс Трети официјално беше прогласен за суверен во Шкотска, Велс и Северна Ирска. Сличен проглас беше објавен вчера во Лондон на раскошна церемонија согласно долгогодишната традиција. Во Белфаст на читањето на прогласот му претходеа ѕвонење на камбаните и свирење со рог. Читањето на прогласот беше проследено со поздрав со 21 истрел и воен оркестар кој ја свиреше химната „Боже чувај го кралот“. Во Велс, третиот баталјон на ...
Првичниот наод од обдукцијата врз телото на починат маж, кое беше пронајдено во семејна куќа во Кавадарци на 8 септември, покажа дека починатиот бил лишен од живот со повеќе убодни рани, а потоа бил запален, соопшти Обвинителството. Со оглед на утврдените факти, Основното јавно обвинителство Кавадарци презема интензивни дејствија за откривање на сторителот или сторителите. Веднаш по пронаоѓањето на телото беше извршен увид на лице место, а сега ...
Иран повторно ја напаѓа Албанија. По нападот на 15 јули, албанските власти објавија дека хакери спонзорирани од Иран го нападнале информацискиот систем за управување со земјата ТИМС кој служи за снимање на влез и излез на граничните точки. Како резултат на нападот, блокирана е работата на граничните точки Какавија, Капштица, Ќафасан, пристаништето Драч и пристаништето Валона. Системот TIMS е веднаш исклучен за да се спречи хакерите да ја ...
чера околу 21:30 кај местото Рајиќ во Хрватска се судрија патнички и товарен воз. Според последните информации од хрватското МВР, во несреќата животот го загубиле три лица, меѓу кои машиновозачот и кондуктерот од патничкиот воз. Повредени се 11 лица, меѓу кои, неофицијално, седум биле странски државјани од Иран. Според првичните информации, патничкиот воз не запрел на знакот за застанување и се движел со брзина од над 100км/ч кога се судрил со ...
Кралицата Елизабета Втора, британскиот монарх со најдолг стаж, почина мирно во четвртокот на 96-годишна возраст во Балморал, соопшти Бакингемската палата. Палатата ја објави нејзината смрт во кратко соопштение, по што следуваше 10-дневна национална жалост и почит за нејзиниот долг живот и рекордно владеење. „Кралицата почина мирно во Балморал попладнево”, се вели во соопштението на Бакингемската палата. „Кралот и кралицата ќе престојуваат во ...
Апелација побара, основниот суд пресуди и ги зеде предвид напаствијата да се разгледаат доказите дали актерката Силвија Стојановска е виновна за производство, дистрибуција и организирање мрежа на продавачи и посредници за запленетите 700 килограми кокаин во Шпанија. Такви докази обвинителството не приложило и наместо 3,6 години затвор како во претходната пресуда, актерката денеска од судечкиот совет доби ослободителна пресуда на повтореното ...
Портпаролот на косовската влада Перпарим Криезиу синоќа потврди дека институциите на Косово во последните два дена имале привремени проблеми со интернет сервисот, како резултат на хакерски напади. Тој рече дека нападот не навлегол во инфраструктурата на државната компјутерска мрежа и дека е идентификувано дека нападот дошол надвор од Косово. .-Тимот од секторот за кибер безбедност на Агенцијата за информатичко општество, во соработка со ...
Премиерот Димитар Ковачевски денеска апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. -Во однос на снабдувањето имам апел. Има одредени домови па и правни лица во кои има енормно висока потрошувачка на струја и тоа е речиси 100-процентно заради копање крипто валути, тоа треба да се прекине зашто таа електрична енергија е субвенционирана од сите граѓани. Субвенцијата која на финалната цена ја плаќаат ...
Економската криза и мерките за нејзино надминување се во фокусот на денешната 17. седница на Советот за безбедност. Седницата почна, а на неа покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши. Седницата се одржува ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека новото икслучување на струјата што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје со националната мрежа ја довело нуклеарната централа чекор поблиску до катастрофа со радијација. Зеленски рече дека за тоа е одговорно новото руско гранатирање. – Уште еднаш, по втор пат, поради руска провокација, станицата Запорожје беше на работ на радијациска катастрофа, рече тој во својата вечерна видео ...
Благица Дончевска , која јавноста ја запозна како фризерката која измами 40 луѓе продавајки им непостоечки станови за што одлежа 8 и пол години затвор повторно активна. Таа деновиве влегува во судница за две дела измама по истата шема. Скопјанка измамила луѓе за пари, со тоа што им ветувала станови, но откако ги земала парите ја снемувало. Според информациите, 39-годишната Благица од јануари до август годинава измамила две лица од Гостивар и ...
Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски денеска пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар. На денешното рочиште тројцата обвинети изјавија дека го разбираат обвинението кое им се става на товар и изјавија дека не се чувствуваат виновни во врска со истото. Воведните зборови ...