Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
По долга и тешка борба за неговиот живот, срцето на Гоце Тодоровски престана да чука. Тажната вест ја соопшти неговата ќерка Сашенка Тодоровска, која со потресни зборови се прости од својот татко. „Лесна ти земја, татко мој… Душата не умира, а телото беше премногу истрошено. Сега летај со ангелите“, напиша таа, откривајќи дека лекарите направиле сè за да го спасат, но неговото срце не издржало. Со неговото заминување, Македонија не изгуби ...
Дваесет и четиригодишен жител на скопско село во општина Петровец е приведен под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, инцидентот се случил на 25 јули околу 18:50 часот. Осомничениот, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата мајка и ја влечел околу 20 ...
Петмина планинари од Зеница загинаа додека се искачувале на планината Елбрус во Русија. Според медиумите од БиХ, жртвите биле докторката Мелиха Чаушевиќ, Алма и Денис Окановиќ, Алмир Кривдиќ и Нермин Талам. Двајца членови на експедицијата, Харис Адиловиќ и Кемал Видимлиќ, ја преживеале несреќата. Босанските медиуми ја објавија и последната изјава на еден од паднатите планинари пред да замине на искачувањето. Заедно со фотографиите од ...
Технички исправна вода за користење се очекува да добијат жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден, потврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела. Според неговите изјави, иако управувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, Владата веднаш се вклучила на терен преку обезбедување хуманитарни донации во флаширана вода и со ангажирање стручни ...
Извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за анализите на водата во Гостивар, според неофицијални информации до кои дојде КУРИР, покажува дека во два од четирите испитани примероци се пронајдени фекални колиформни бактерии, додека во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор. Доколку овие информации бидат официјално потврдени од надлежните институции, тие би можеле да укажуваат на сериозни пропусти во управувањето со ...
Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење. Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното ...
Град Скопје доби пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар, информираше Орце Ѓорѓиевски. На терен веднаш излегле инспекциските служби на Градот, а известени се и инспекторите од Министерството за животна средина. За детектирање на причинителот на оваа појава, градските инспекциски служби активирале и дрон. Екипи од ЈП „Водовод и канализација“ веќе зеле примероци од водата за брза анализа и утврдување на ...
Охрид повторно ја доби битката со времето, но не и со проблемите. Со поддршка од мнозинството земји-членки на Комитетот на УНЕСКО, донесена е одлука на регионот да му се даде рок од пет години, до 2031 година, за спроведување на клучните корективни мерки.Сепак, и покрај укажаната доверба, извештајот од Бусан испраќа сериозни забелешки. Експертите на УНЕСКО оценуваат дека напредокот во изминативе години е ограничен. Главните критики и понатаму ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. А за него е доставен и предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд. Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствената сопруга на која на 20 јули, при вршење семејно насилство, сериозно и се заканил пред да даде исказ во обвинителството во врска со ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, која престојува во прва, историска официјална посета на нашата држава. По протоколарната церемонија и тет-а-тет средбата меѓу двете претседателки, се одржа и официјалниот пленарен состанок на македонската и индиската делегација, објави 4news.mk Фолкус на економијата, ...
Тројцата осомничени раководни лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар денеска беа спроведени во Основното јавно обвинителство – Гостивар на распит, во рамки на истрагата за контаминацијата на водоводниот систем и епидемијата на стомачни инфекции во градот. Осомничени се вршителката на должност директор на ЈП „Комуналец“ Артана Асани, техничкиот раководител на Секторот за технички работи Леон Нуредини и раководителот на Одделението за водовод, ...
Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат мерките до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. До официјално укинување ...
Во врска со загадувањето на водата во Гостивар, од Секторот за внатрешни Тетово денеска соопштија дека постојат основи на сомневање дека активности на Јавното претпријатие „Водовод“ и на Општина Гостивар довеле до загрозување на здравјето на граѓаните на градот. Според СВР Тетово, постојат сомневањата дека Јавното претпријатие „Водовод“ во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се ...
Јавното обвинителство ќе одлучи дали ќе ја обжали ослободителната пресуда за предметот „Талир 2“ дури откако ќе ја добие и детално ќе ја анализира писмената верзија на судската одлука, рече државниот јавен обвинител Ненад Савески. Во одговор на новинарско прашање зошто Обвинителство не најави жалба, како што е практика при сите ослободителни пресуди, рече оти тој не бил лично присутен на усното образложение во судницата. „Не можам да ви ...
Откако денеска во полицискиот билтен се најде информација дека Британец бил уапсен поради попречување на службени дејствија на инспектори на Управата за јавни приходи, ТВ „Стар“ објави дека станувало збор за сопругот на Стојна Димитровска Боотх. Во нивната објава се вели дека тој со камења нападнал даночни контролори кај „Куклица“. Сопругот на Стојна Димитровска Боотх, која со својот татко Милош Димитровски се поврзува со спорот околу ...
Денеска во Кривичниот суд беше изречена ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски, кој беше обвинет во ,,Талир 2″, за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела Алексовска-Стојановска рече дека ослободителната пресуда е резултат на измените на Кривичниот законик од 2023 година, бидејќи тие навидум минорни измени на Кривичниот законик, всушност, многу влијаеле на битието на кривичното дело. ...
Електричен тротинет од денеска не смеат да управуваат малолетни лица, согласно новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од денеска, со ова превозно средство ќе смее да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашната старосна граница од 14 години. На велосипедските патеки и ленти максималната дозволена брзина е 20 километри на час, а на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од ...
Ново вознемирувачко видео од физичко насилство меѓу малолетници пристигна од Куманово. На снимката се гледа како три девојки брутално тепаат едно девојче, влечејќи го за коса, удирајќи го со шлаканици и клоци, а во еден момент го фрлаат во ѕид. Според достапните информации, инцидентот се случил пред околу еден месец, а видеото првично било објавено на „Снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“. Жртвата вчера се обидела да го ...
Конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски во судскиот предмет „Плацеви на Водно“, ќе се продаваат на лицитации закажани на 29. јули во 9, 11 и 13 часот, објави Агенцијата за управување со одземен имот. Според огласот, сите станови кои се на иста адреса на Водно, имаат 200, 199 и 155 кавдарти. Сите имаат големи тераси, а во едниот има и џакузи. Почетната цена за првиот стан е 52,3 милиони денари, или 850.000 евра. Вториот е ...
САД воведоа нови санкции врз Иран, насочени кон главниот финансиер на новиот врховен водач на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, како и кон уште 13 други лица. Санкциите доаѓаат откако Иран продолжи со нападите врз танкери во Ормутскиот теснец. Мерките се насочени и кон иранскиот банкар и бизнисмен Али Ансари, со седиште во Дубаи, како и кон неколку компании и менувачници кои, според САД, помогнале во префрлање средства до санкционирани ирански ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Македонија е најнапредна земја во спроведување на реформите. Тој кажа дека чувствува одговорност исклучиво пред граѓаните, кои ја даваат поддршката на владините политики и испорачување на она што еветено. „Ние сме најпредната држава во регионот во спроведување на реформи. Промена на Уставот и прифаќање на она што го прифати минатата Влада, според мене, не е реформа. Ставот наш е јасен и прецизен. ...
Легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски е во болница, објавија негови фанови. Додека пеш се враќал кон дома, поради силното сонце му се слошило. При падот се здобил со повреда, по што неговата здравствена состојба дополнително се искомплицирала. Од неговата ќерка Сашенка дознаваме дека моментално е во стабилна состојба. Иако неговиот имунитет е ослабен, состојбата на нашиот легендарен актер од ден на ден се подобрува. Таа секојдневно го ...
Лидерите на државите што присуствуваа на самитот на НАТО во Анкара на заминување добија необичен подарок од турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. На сите тој им даде по еден пиштол на кој е гравирано нивното име, сет за негово чистење и кутија со боева муниција. Пиштолите револвери се од турско производство, марка „сарсилмаз СР 38“. Премиерот на Канада Марк Карни, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фрифдрих Мерц, ...
Првото рочиште со кое денеска во кумановскиот Основен суд почна судскиот процес против 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обиди за убиства на жени, се одложи. Причината беше одбивањето на обвинетиот да се изјасни по обвинението и во однос на тоа дали признава или отфрла вина, по што неговиот бранител го откажа полномошното. На рочиштето денеска воведен збор даде само јавниот обвинител Љубомир ...
Досегашната в.д. претседателка на Кривичниот суд, Даниела Димовска, е избрана да го менаџира судот. Со 11 гласа „за“, Судскиот совет ја избра судијката Димовска за нова претседателка, таа доби и четири гласа „за“ при гласањето според Бадентеровото начело. „Констатирам дека Советот донесе одлука со која Даниела Димовска се избира за претседател на Основниот кривичен суд – Скопје“, ја прогласи за избрана од мнозинството членови, претседателот ...
Лекот „Фостер“, кој се наоѓа на позитивната листа на лекови, повторно ќе биде достапен за пациентите без доплата, соопшти Министерството за здравство. Од ресорното министерство информираат дека компанијата што е носител на одобрението за ставање во промет ги известила дека лекот во најскоро време повторно ќе биде достапен во аптеките. „Министерството за здравство е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на ...
Масивен руски ракетен и беспилотен авионски напад врз Киев и неговата околина во текот на ноќта уби најмалку 14 лица, а 34 се повредени. Нападот се случи само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека е неизбежен уште еден голем напад врз главниот град, објави „Киев Индепендент“. Официјалните лица изјавија дека најмалку 13 лица се убиени, а 24 се повредени во самиот Киев. Уште едно лице е убиено, а десет се ...
Облак од чад создаден од големиот пожар во индустриската зона Ореокастро кај Солун, носен од силниот ветер, се прошири низ Грција и стигна до западните делови на Атика и Коринтија на Пелопонез. Најголемите концентрации на чад и штетни честички биле регистрирани над Солун и Термајкоскиот Залив. При движењето преку Тесалија и централна Грција, облакот постепено се разредувал, па во јужните региони предизвикал главно заматување на атмосферата, ...
Возачите кои транзитираат низ Македонија ќе бидат опфатени во системот „Безбеден град“, но додека не се надгради системот, казни нема да стигнуваат. Дотогаш оние возачи кои возат брзо по македонските автопати со возила со странски сообраќајни таблички, ќе бидат казнувани само од полициските службеници „пресретнувачи“ кои според МВР се во континуитет присутни на коридорите 8 и 10. „Во врска со возилата за кои прашувате т.н. „пресретнувачи“, ве ...
Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје. Како што информираат од МВР, двајцата скопјани биле уапсени поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што вчера околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на булевар „Македонија“ во Скопје. Притоа, еден пожарникар ...