
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Дојави за поставени бомби простигнале утринава на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово и Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Дo сега во СВР Битола, СВР Скопје и СВР Тетово e пријавено дека на електронските адреси на училишта во Битола (до сега едно училиште), Тетово (до сега две училишта) и Скопје (до сега седум училишта) е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, ...
Најмалку 38 лица смртни случаи се поврзани со снежната арктичка бура со многу ниски температури која ги зафати САД и Канада. Според властите, 34 лица загинале во САД, најголемиот дел од нив во Бафало во сојузната држава Њујорк, додека четири жртви се случиле во Канада кога автобус се превртел на замрзнат пат. Оваа снежна бура, која е една од најголемите во поновата историја, се протега од Канада па се` до реката Рио Гранде на југот на САД. ...
Пред повеќе од половина час одекна рафал од огнено оружје и најмалку една детонација во поширокото подрачје на Зубин Поток. Наводно, специјалците на Албин Курти се обиделе насилно да отстранат една од барикадите, пишуваат српските медиуми. Според Новости, во 19 часот и 45 минути дошло до рафален оган и вооружени тепачки во Зубин Поток. Како што пренесуваат медиумите, генералот Мојсиловиќ веднаш по средбата со српскиот претседател Александар ...
Вечерва за влез во Македонија на граничниот премин Табановце се чека и по повеќе од три часа. На преминот се излезени голем број незадоволни патници, но и полицајци и цариници. Во тек е полициска акција во која се приведуваат полицајци и цариници, а нивните колеги се излезени во нивна одбрана. МВР за утре најавува повеќе детали. Вечерва за влез во Македонија на граничниот премин Табановце се чека и по повеќе од три часа. На преминот се излезени ...
Повеќе од 50 лица се хоспитализирани во Ниш и Пирот со симптоми на труење со амонијак, откако товарен воз што го превезувал овој гас излета од шините кај Пирот. Седум лица се згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, соопштија од установата, пренесе „Би-би-си“ на српски јазик. „На одделението за реанимација има четворица пациенти, а на токсикологија двајца пациенти. Сите се со стабилни витални параметри со надразнувачки симптоми и ...
Веб-страницата „IQair.com“ секојдневно ги објавува најзагадените градови во светот, а Скопје и денеска се наоѓа во топ-10. Откако вчера Скопје се најде на третата позиција на најзагадени градови во светот, утринава повторно ситуацијата во главниот град на Македонија е алармантна и според веб-страницата се измерени 170 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички. Во топ-10 листата најзагадени градови нема ниту еден друг град од Балканот. Вчера од ...
Комитетот кој го истражуваше нападот на американскиот Конгрес од 6 јануари 2021 го објави својот финален извештај, во кој го обвини Доналд Трамп за повеќекратен заговор да се поништи неговиот изборен пораз. Тој ја префрли целата вина за крвавиот упад во Конгресот исклучиво на Трамп и предложи да му се забрани извршување јавни функции во иднина. Во изминатите 18 месеци, комитетот одржа десет јавни сослушувања, од кои некои беа пренесувани во живо ...
Голем дел од САД беше зафатен од многу студена воздушна маса од Арктикот, а поради бурните ветришта и снежните виулици откажани се повеќе од 4.500 летови на аеродромите низ земјата. Во поголем дел од земјат е издаден црвен метео аларм, а се очекува снегот да предизвика големи проблеми во сообраќајот во текот на претстојниот викенд. Американската автомобилска асоцијација проценува дека 112,7 милиони луѓе планирале да патуваат за време на ...
Поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков денеска не беше спроведен на судење од затворот во Струга, со што се доведува во прашање епилогот на судењето за случајот „Титаник 2“, за злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија. Во предметот се обвинети и лидерот на ДПА, Мендух Тачи и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Но, делото за кое се гони Мијалков – „примање награда ...
Против гинеколошкото одделение на Општата болница во Пеќ, Косово е покрената истрага, откако било откриено дека некој од одделението по грешка го ставил телото на мртво бебе во машина за перење. Телото на детето било извадено од машината за перење на парчиња, пишува Косово-онлајн. Случајот го потврди и косовската полиција, која соопшти дека истрагата ја водат Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат. „За случајот што се случи во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски – чиј медиумски талент и цврста решителност му помогнаа да го собере светот за каузата на Украина – слета со американски воен авион во воздухопловната база Ендрјус по патувањето организирано во тајност од безбедносни причини. Пратениците го споредија неговото патување со божиќното појавување на Винстон Черчил во Капитол во 1941 година, неколку дена откако јапонскиот напад на Перл Харбор ги втурна САД во ...
Српската премиерка Ана Брнабиќ синоќа на својот Твитер профил му одговори на германскиот амбасадор во Приштина, Јорн Роде. Таа саркастично го праша доколку тој „е загрижен за тоа дали Дедо Мраз ќе успее да дојде до неговата куќа“. „Навистина се безобразни изјавите на амбасадорот на толку многу нивоа. Прво, денес изјавивте дека мора да се отстранат барикадите, па дури и се осмеливте да дадете рокови (до Божиќ). „Амбасадоре, појаснете: Ваш Божиќ ...
Ќе направиме се што е во наша надлежност да нема драстично зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, а ќе има намалување за малите потрошувачи – за микро и малите компании, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Намалување на цената за малите потрошувачи ќе има заради тоа што веќе се стабилизираат цените за електрична енергија и за природен гас на светските берзи. Тоа дозволува ние да можеме да ...
Скопска Апелација ја намали казната на експолицаецот Александар Костовски обвинет за трговија со малолетничка и за силување на нејзиниот брат, потврдуваат од второстепниот суд за „А1он“. Откако Костовски во Кривичен суд доби 18 години затвор, Апелација му намали две години и сега е осуден на 16 години затвор. Од Апелација суд за „А1он“ посочуваат дека ја намалиле казната ценејќи ги олеснувачките околности. Воедно, судиите од Апелација ја ...
Текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ, син на покојната Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Фута Радуловиќ, ненадејно починал денеска, дознаваат српските медиуми. Според нивните сознанија Лаќа починал во Израел, а неговото безживотно тело било пронајдено на улица. Како што изјави за ПИНК извор близок до семејството, се сомнева дека причина за смртта е предозирање со недозволени супстанци. Марина Туцаковиќ, мајката на Лаќа, почина во ...
Поранешната секретарка на нацистичкиот концентрационен логор, сега 97-годишна, е прогласена за виновна за повеќе од 10.500 точки од обвинението за помагање и поттикнување убиство и беше осудена на условна казна од две години, одлучи денеска германскиот суд. Таканаречената „секретарка на злото“ имала само 18 години кога отишла да работи кај командантот на логорот Штутхоф, каде загинале повеќе од 60 илјади луѓе. На Ирмгард Фурхнер ѝ се суди повеќе ...
Судскиот совет донесе одлука работна група да биде испратена во Апелациониот суд во Скопје за да ја провери постапката околу предметот Таргет- тврдина. Советот може да провери детали околу времетрањето на постапката но не и да се меша во одлуката. Ќе се проверува, како што беше истакнато на денешната итна седница, дали по предметот постапувал судија кој исполнил услови за пензија. Советот одржа итна седница по објавата и реакциите на јавноста ...
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева за денеска попладне свика итна седница на Судскиот совет за постапувањето на Апелацискиот суд Скопје во случајот „Таргет-Тврдина“ откако во петокот од второстепениот суд објавија дека ја укинале осудителната пресуда и случајот го вратиле на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. Покрај за „Таргет-Тврдина“, како што е објавено, се очекува Судскиот совет да расправа за постапувањето на ...
Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес. Според првичните сознанија на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес, детето заедно со мајката се наоѓале на крајот од пешачки премин за да се качат на тротоарот кога наишол автомобил со голема брзина и удрил во нив. Возачот воопшто не запрел туку продолжил да вози брзо и избегал. „Од ударот, мајката паднала на ...
Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, на 16 декември урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше), соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На патниот правец крак Маврово – Маврови Анови, поради појава на магла, видливоста беше намалена до 10 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...
Апелациониот суд денеска информираше дека ја укинале првостепената пресуда за случајот со масовното незаконско прислушување во УБК, односно случајот „Трагет и Тврдина“. – Апелациониот суд Скопје при разгледување на првостепената пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена ...
Нова серија дојави за бомби утрово е испратена до повеќе места во Скопје, меѓу кои и хотелот „Александар Палас“ каде во 10 часот требаше да започне годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија. По дојавата, конференцијата се откажа, а на истата беше предвидено да се појави и премиерот Димитар Ковачевски кој требаше да има воведно обраќање. Покрај премиерот, на настанот беше најавено присуство и на министрите за економија и ...
Синоќа Твитер ги суспендираше сметките на неколку истакнати новинари кои неодамна пишуваа за неговиот нов сопственик Илон Маск, а милијардерот со твит одговори дека правилата за забрана за објавување лични податоци важат за сите, вклучително и за новинарите. Сметките на репортерот на Тајмс, Рајан Мек, новинарот на Пост, Дру Харвел, новинарот на Си-Ен-Ен, Дони О’Саливан и новинарот на Машебл, Мет Бајндер беа суспендирани. Суспендирана е и ...
Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува виновен за делото кое му се става на товар. Од друга страна, обвинителката Катерина Коларевиќ изјави дека со материјалните и вербални докази, како и вешт наод, ќе го докажат товарот. Според обвинението, Зеќири, како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат ...
Дојави за поставени бомби пристигнале утринава во неколку скопски училишта, потврдуваат од МВР. Дојави за бомби, според сознанија, пристигнале во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Браќа Миладиновци“, „Александар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ во населбите Аеродром и Ново Лисиче. Полицијата прави антитерористички проверки. Евакуирани се и учениците од гимназијата „Георги Димитров“. Во ова училиште и вчера имаше дојава за бомба. Вчера имаше ...
– Советот на Град Скопје, на денешната 21 седница, со 22 гласа за донесе заклучок за задолжување на градоначалничката Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје да достават информации за јавниот градски превоз во рок од седум дена. Според заклучокот, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и ЈСП, до Советот на Град Скопје, во рок од седум дена да достават информација за актуелната состојба во јавниот градски превоз, ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гевгелија отвори истрага за обид за убиство во која е осомничено едно лице кое повеќепати со нож го избол својот очув. Настанот се случил пред два дена, на 12 декември, кога осомничениот влегол во домот на очувот. Мал прозорец од домот бил отворен, па осомничениот преку него со рака успеал да ја отворил влезната врата и да влезе. По кратка расправија, според ОЈО Гевгелија, повеќе пати го избол со нож. „Притоа ...
Од скалите под Камени мост машко лице утрово скокнало во реката Вардар, а по преземените мерки е извадено живо, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Утрово околу 8:30 часот е пријавено дека од скалите под Камен мост машко лице скокнало во реката Вардар. Веднаш по добиената пријава се преземени мерки од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Бригада за противпожарна заштита Скопје, и лицето е извадено живо, велат од МВР. ...
Премиерот Димитар Ковачевски рече дека под уцена нема да преговара со превозниците, кои преку соопштение побараа средба со него, додавајќи дека ако не ги прими би можело да ги радикализираат протестите во главниот град. „Јас сум човек кој ќе се сретне со сите со коишто треба, но не под притисок и не под уцена. Прво што треба да направат е да ги ослободат улиците и да им ги вратат на граѓаните и на градот Скопје чијашто сопственост се тие улици. ...
Некои навивачи покажуваат симптоми ја „камила грип“, потенцијално смртоносна инфекција на која предупредува британската Агенција за здравствена безбедност. На љубителите на фудбалот, кои масовно се враќаат од Мундијалот во Катар, им се препорачува да внимаваат на знаците на „камила грипот“, кој може да биде фатален. Симптомите на овој грип вклучуваат покачена телесна температура, кашлица и повраќање. „Камила грипот“, познат и како Блискоисточен ...