
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Тежок инцидент се случил во Маџари, на железничката станица. 17 годишна девојка со изгореници по грбот и нозете била итно донесена во ургентниот центар, откако било пријавено дека добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз. Девојката е во свесна состојба и е на одделението КАРИЛ. Девојката била качена на еден од вагоните на железничката станица Маџари каде дошло до струен удар при што се здобила со повреди. На местото на настанот ...
Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз утре ќе протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица. – Не е исклучена можноста и не е потврдена информацијата дека на тој ден во утринските часови ...
Отец Оливер Петровски е Маж на годината во ибор на социјалните медиуми за 2022 година, при официјалниот избор на “Мажи на годината“ во Македонија. Според гласањето на официјалната Фејсбук страница на настанот, Отец Оливер Петровски освои најмногу гласови и со тоа заслужено ја добива оваа награда. Наградата Маж на годината во избор на социјалните медиуми и дава можност на целокупната јавност да се вклучи директно во овој настан, преку номинирање, ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата. ДКСК утврди дека Барлет Џафери се здобил со право да полага правосуден испит, иако сè уште не бил дипломиран, меѓутоа дека немаат услови за да го докажат тоа. „Од документацијата со која ...
Бугарите сочинуваат 84,6 отсто од населението, втора етничка група се Турците со 8,4, а трета Ромите со 4,4 отсто од оние што се изјасниле на пописот. За време на последниот попис на населението на Бугарија во септември минатата година како Македонци се изјасниле 1.143 лица. Тоа денеска го соопшти Националниот статистички институт на Бугарија соопштувајќи ги податоците за етничката припадност на населението според одговорите на попишаните. Со ...
Денеска (24.11.2022) на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б.(36) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната. Денеска (24.11.2022) на Граничниот премин ...
Двете здрженија на градски превозници за пет години не пријавиле ниту еден продаден билет, а во ЈСП ги пријавувале само изминатите километри или вкупно околу 400 000 километри месечно за што од ЈСП фактурирале соодветна сума на пари, односно по 400 000 евра месечно. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска на прес-конференција излезе со тврдења дека здруженијата на двата приватни јавни градски превозници „Макекспрес“ и „Слобода ...
По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 67-годишник, на 14 ноември, со грубо навредување и со грубо насилство ја загрозил сигурноста на телевизиска екипа која снимала прилог во близина на неговиот дом. Тој најпрвин вербално, а потоа и физички го нападнал снимателот, ...
Самостојниот синдикат на Клинички центар постигна договор за покачување на нето платата за 2.000 денари, а дополнително ќе се исплаќа и ноќен и минат труд, како и додатоци. Ова ќе почне да се применува со февруарската плата во 2023 година. Денеска е постигнат договор со Владата и сите одлуки се во согласност со нивните претходни барања. Покачување на плата ќе добијат медицинските сестри, болничарите, стоматолошките сестри, лаборантите, рендген ...
Напаѓачот е уапсен. Тој е во притвор и е повреден,потврди началникот на полицијата во Колорадо Спрингс Најмалку пет лица загинаа, а 18 други се повредени откако вооружен маж отворил оган во геј клуб во Колорадо Спрингс. Очевидци велат дека во инцидентот биле погодени неколку лица и дека има неколку загинати. Клубот Кју, каде што се случи инцидентот, се рекламира како „ноќен клуб ориентиран кон хомосексуалци и возрасни. Во него се одржуваат ...
Поранешната обвинителка на СЈО, Фатиме Фетаи, испратила мејл декa се повлекува од трката за шеф на Вишото скопско обвинителство. Претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски за „Фокус“ потврдил дела примиле имејл со известување за повлекување на кандидатурата на вишата обвинителка. Тој сепак посочи дека ќе мора да се слушне со обвинителката за да ја потврди веродостојноста на информацијата, односно да се утврди со сигурност ...
Правда, земјоделство, здравство, образование или животна средина -три од овие министерства ќе добие Арбен Таравари како понуда за влез во Влада, брифира за тв 24 висок владин функционер. Дека на маса се овие ресори неофицијално потврдуваат и од Алијанса за Албанците. Според истите информации сите три партии во Владата се откажуваат од по еден ресор. И ако Гаши, според владин функционер решич да го “даде” Беким Сали, Ковачевски и Ахмети се уште ...
Советот на јавни обвинители идната недела треба да донесе одлука со која Русковска ќе биде вратена во нејзиното матично, скопско обвинителство. Но додека се одлучи за нејзнината кариера каде ќе ја продолжи Рускоска изјави дека не размислува на тоа. „Видовте како одам, морам прво тоа да го средам. И веќе треба да одам на преглед, сега на почетокот на декември. Додека не се оперирам, јас лично не размислувам за што ќе правам понатаму. Ова ми е ...
На барање на министерот Сали, поранешната директорка на Детската клиника Аспазија Софијанова и директорот на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев на почеток на месецов поднесоа оставки од функциите. Одлуката на министерот следуваше по увидот на Фондот за здравствено осигурување во неколку клиники, при што во Детската клиника биле утврдени нерегуларности во прераспределба на исплатите во однос на дежурствата и другите ангажмани при формирањето ...
Меѓународниот ден на студентите, македонските студенти ќе го одбележат со студентски марш од Владата до Министерството за образование. Универзитетските студентски собранија на повеќе универзитети во земјава како и движењето „Студентски отпор“ попладне од 17.30 часот ќе го започнат маршот на кој како што велат, ќе побараат државата да одвои повеќе пари за подобрување на условите во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки ...
По американскиот претседател Бајден, попладнево и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека ракетите кои експлодираа на територијата на Полска синоќа, убивајќи двајца цивили, не биле истрелани од Русија, ниту пак се резултат на намерен напад. Според Столтенберг, нема никакви индикации дека Русија подготвува офанзивни воени дејствија против НАТО. Генералниот секретар на Алијансата сепак е првиот високо рангиран западен лидер ...
Поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Владимир Путин, Дмитри Медведев, изјави дека експлозијата на полска територија покажува дека Западот се приближува кон уште една светска војна. -Инцидентот со наводниот „ракетен напад“ на Украина на полска фарма докажува само едно: водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна, напиша Медведев на Твитер. Полскиот претседател Анджеј Дуда претходно изјави дека ...
Според првичните информации кои за агенцијата AP (Associated Press) ги дале тројца американски безбедносни функционери, ракетите кои паднаа во Полска, биле истрелани од украинските сили како обид да урнат руска ракета која што се приближувала кон својата цел на украинска територија. -Украинците истрелале проектили за да се одбранат од рускиот напад кој бил насочен кон енергетската инфраструктура на Украина, истакнале изворите на агенцијата AP. ...
Првата и втората кула на „Џевахир“ од 15:00 часот останаа без напојување на заедничката електрична енергија која се користи за светло во влезовите, лифтови, топла вода, базен, теретана, но и без вода. Станарите се оставени без лифт и на погорните катови се принудени да се качуваат пеш. Според информации на Прес24, ова е вторпат кулите да останат без колективната електрична енергија. Пред околу еден месец струјата била исклучена како ...
Во селото Пржеводов на полската страна на полско-украинската граница попладнето се случила експлозија, а според првичните информации загина две лица. Полските портали објавија дека војската и полицијата се на терен, но причината за експлозијата засега официјално не е позната. Дел од полски медиуми јавија дека експлозијата се случила по пад на проектил. Оваа вест не е официјално потврдена. Неименуван висок американски претставник изјави дека ...
Министерот за економија, Крешник Бектеши пред почетокот на настанот Балкан Експо најави дека од 1 јануари за домаќинствата нема да има поскапување на цената на електрична енергија, а ќе поевтини таа за малите потрошувачи. – Ние носиме одлуки и за заштита на буџетот, зошто тоа е буџетот на секој граѓанин на државата, и граѓаните да бидат снабдувани со електрична енергија. Така ќе биде до крајот на грејната сезона за електричната енергија и ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги повика лидерите на Групата 20 индустриски развиени и земји во развој (Г20) да ги надминат поделбите со цел да придонесат за завршување на војната во Украина. Зеленски, кој се врати од Херсон, град во јужна Украина кој беше вратен под контрола на украинските сили, беше еден од првите што им се обрати на лидерите на самитот преку видео врска. „Убеден сум дека сега е време да се запре уништувачката ...
Под мотото „Стоп за уништување на студентскиот стандард“, младинското движење на студентите „Студентски отпор“ денеска во 16 часот ќе протестира пред Собранието на Македонија. Претставници на студентското движење потоа треба да се сретнат со министерот за образование Јетон Шаќири и со пратениците предлагачи на измените на Законот за студентски стандард. Студенстки отпор“ бара повлекување на предложените измени на Законот за студентски стандард, ...
Силна експлозија одекна денеска попладне во прометна пешачка улица во центарот на Истанбул, пренесуваат турските медиуми, кои додаваат дека има мртви и повредени. Експлозијата се случила нешто по 16 часот по локално време, кога во таа улица имало многу луѓе, пренесе турската телевизија НТВ. Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја на Твитер напиша дека има мртви и повредени, но засега не се знае точниот број. Засега не е позната причината на ...
На утрешната седницата на Советот на јавните обвинители ќе се бира шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје. На огласот се пријавени тројца кандидати и тоа актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми. И Фетаи и Рустеми беа дел од поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО), а потоа беа избрани за виши обвинители. На утрешната седница ќе биде донесена и одлука за именување на новоизбраниот ...
Демократите ја задржаа контролата врз Сенатот, откако стигнаа до неопходните 50 сенаторски места. Актуелната сенаторка на Невада, Кетрин Кортез Масто ќе остане на таа позиција и во следните шест години, објавија американските медиуми, означувајќи ја како победа над противкандидатот Адам Лаксалт. И покрај предноста на Републиканците, пресудно беше броењето на гласовите преку пошта, кои ги фаворизирале демократите. Ваков резултат од Невада им ...
Крузер со околу 800 патници кои се позитивни на ковид-19 пристигна во Сиднеј, Австралија. На бродот за крстарење има вкупно околу 4 600 патници и членови на екипажот што значи дека секој петти е заразен со коронавирусот. Претседателката на австралискиот оператор за крстарење „Карневал Австралија“, Маргарет Фицџералд, вели дека голем број од случаите биле откриени на пола пат од 12-дневното патување. Сите случаи биле асимптоматски или со благи ...
Од МВР велат дека станува збор за училиштата „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“. Четири училишта во Скопје утринава повторно добиле закана за поставени бомби во нивните објекти. Од МВР велат дека станува збор за училиштата „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“. „Денеска во СВР Скопје околу 9:30 часот е пријавено дека на електронската адреса на четири училишта во ...
Во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3 до 4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи, вели министерот за економија. Цените на основните прехранбени производи во наредните 10 дена ќе имаат намалување. Ова особено се однесува на оние основни прехранбени производи кои се наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до ...
денеска повторно учениците се надвор од своите училишта.Причината за тоа е новата дојава за бомби во четири средни училишта.Досега дојавите за бомби беа после 14 часот кога учениците беа втора смена, а сега тоа се случи рано изутрина кога истите тие ученици беа прва смена. На електронските адреси на две средни училишта во 9 и 30 часот е упатена закана за поставена експлозивна направа, а истиот заканувачки мејл е пратен и на уште две средни ...