Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја потресе Италија. Епицентарот на земјотресот бил во Марке, но бил почувствуван и во Рим, Фиренца, Болоња и северна Италија. Земјотресот е регистриран на 66 километри источно од Римини, на длабочина од 10 километри. Според хрватските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска. Корисниците на апликацијата ЕМСЦ од Хрватска известуваат дека добар дел од Истра и централниот Јадран ...

Во денешната прва изјава за јавноста наследникот на Вилма Русковска, Ислам Абази новиот шеф на ЈО за организиран криминал изјави дека иако се од исто село нема лични контакти со Али Ахмети но и со никој друг ДУИ. Медиумот на албански јазик Pamfleti веднаш го демантираше Абази објавувајќи фотографија на која се гледа дека тој е фотографиран со Невзат Бејта е поранешен градиначалник на Гостивар од ДУИ и потпретседател на ДУИ. Ислам Абази на лов со ...

Новоизбраниот Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази прашан дали е точно дека е во блиски релации со ДУИ, Абази рече дека јавнообвинителската функција е неспоива со вршење на друга јавна функција или членување во политичка партија. – Никогаш не сум бил или пак сум член на некоја политичка партија. Ниту пак во моето досегашно работење сум оставил впечаток дека имам ...

Нови тензии, навреди и препукувања на релација претседател на Советот на град Скопје, Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска на денешната 19-та седница на Советот на град Скопје. -Заради недолично однесување и навреди кон претседателот на Советот на град Скопје ѝ одзедов збор на градоначалничката Арсовска, изјави Славески. По ова Арсовска стана и се доближи во говорницата во градското Собрание. -Вашиот капацитет е еднаков на нула, ...

За Ислам Абази нема никакви податоци на сајтот на Вишото јавно обвинителство Гостивар коешто го водеше до денеска. Стои дека е раководител на Обвинителството и нема други детали. Станува збор за обвинител родум од Зајас, родното место на Али Ахмети, лидерот на ДУИ. Според првичните информации Абази победил со 66 обвинителски гласови и сега е избран да го води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. За Абази нема ниту ...

Како што веќе се зборува по естрадата, една од нашите најголеми музички ѕвезди Тамара Тодевска се разведува од својот сопруг. Иако за оваа информација се шпекулираше подолго време, тимот на „Убавина и здравје“ ја потврди оваа вест. Имено, дознаваме дека Тамара и Мачка се одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца. Тамара сметала дека е добро децата да одржуваат добра ...

Пред малку во Советот на јавни обвинители пристигна Вилма Русковска, поранешен шеф на Обвинителството за гонење криминал и корупција . Таа дојде да гласа за шефовското место за кое конкурира. Ако овие избори не бидат фер кога гласаат обвинители што да очекуваме од другите избори. Ако изгубам ќе признаам пораз. Очекувам да победам односно правдата да победи. Очекувам ако не сум избрана колегите да продолжат каде што застанав, голема е ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се надева оти САД ќе одлучат КФОР и ЕУЛЕКС да ги вршат полициските работи на северот на Косово, по одлуката на Србите да ги напуштат институциите. -Мислам дека тоа може да придонесе за мирот. Ако (Американците) мислат тоа да го прават Албанците, а тоа не е во согласност со Бриселскиот договор и волјата на народот, стравувам дека тоа ќе води кон катастрофа – изјави Вучиќ. КФОР ги претставува ...

Твитер трајно ќе ги отстранува корисниците кои имитираат автентични профили на платформата, открива новиот сопственик Илон Маск. „Во иднина, секој Твитер-профил кој ќе се занимава со имитирање на некого, без јасно да се наведе ‘пародија’ ќе биде трајно суспендиран. Претходно издававме предупредување пред отстранувањето, но сега кога воведуваме широка верификација, и нема да има предупредување“, твитна Маск. Илон Маск исто така рече дека каква ...

Министри од Владата, сопруги на министри, поранешни министри, поранешен премиер, членови на опозицијата, бизнисмени и новинари биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, објави грчкиот весник „Документо“, јави дописничката на МИА од Атина. Како што пишува весникот изворот на листата се „две личности кои имале важна улога во следењето и освен листата, ги знаат и методите и планот“, а „Документо“ објави листа со 33 лица ...

На 06.11.2022 во 01.07 часот било пријавено дека околу 00.15 часот товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија–Скопје, во близина на с.Миравци, удрил во лице кое лежело на пругата. -Од страна на полициски службеници било излезено на местото и било утврдено дека станува збор за 30-годишно лице мигрант. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија, информира МВР. По наредба на Јавен обвинител телото е ...

Не само што се фаќаат за глава сега во Брисел, туку не можат да веруваат дека некој во оваа ситуација, навистина, мисли дека Косово ќе помине, тврди шефот на српската дипломатија Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека српските власти „од пријатели од ЕУ” добиле информација дека Косово во декември ќе поднесе барање за членство во Европската Унија. „Пред два-три дена добивме информација од нашите пријатели од Европската Унија дека ...

Комерцијален авион на компанијата „Precision Air“ се урна во езерото Викторија во Танзанија, а во тек е спасувачка операција, јавуваат медиумите. Портпаролката на авиокомпанијата ја соопшти информацијата за соборениот авион и истакна дека инцидентот се случил во близина на аеродромот Букоба. „TBC“ соопшти дека досега се спасени 15 лица, но не се знае колку патници имало во авионот на „Precision Air“ , ниту дали има загинати. Авионот, кој полетал ...

Твитер отпушти 50 отсто од своите вработени, објави компанијата, наведувајќи дека тоа нема да влијае на квалитетот на умереноста на содржината на таа социјална мрежа. Директорот за безбедност и интегритет на Твитер, Џоел Рот, рече дека 15 отсто од вработените во неговиот оддел, кој е одговорен за спречување на ширење на дезинформации и штетна содржина, се отпуштени за да ги смират корисниците и огласувачите по преземањето на компанијата од ...

Ученици и вработениот наставен кадар од четири училишта по дојава за поставена бомба попладнево се евакуирани. Од министерството за внатрешни работи велат дека денеска околу 14 часот пристинале на маил адреси закани за поставена бомба во четири училишта. „Веднаш по добиената пријава од полициските службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистувања на ...

Медицинската сестра Аурона Пелај од Косово која вчера тепаше стара жена во дом за стари лица беше приведена од полицијата, по што објави статус на Фејсбук. „Здраво, јас се викам Аурона Пелај, полицијат ми дозволи да го напишам ова писмо и јавно да се извинам за грозниот потег што го направив вчера. Сите прават грешки. Му се извинувам на семјството и на сите Албанци“, напиша Пелај. Старата жена беше малтретирана од Пелај и уште неколку медицински ...

На митинг во американската сојузна држава Ајова, Доналд Трамп ја објави својата кандидатура за претседател на САД. Тој пред присутните на митингот во Сју Сити синоќа рече дека „многу, многу, многу е веројатно“ дека ќе се кандидира повторно во 2024 година. „За нашата земја да биде успешна, безбедна и славна. Многу, многу, многу веројатно ќе го направам тоа повторно“, рече Трамп пред поддржувачите. Трамп говореше на првиот од четирите митинзи во ...

Напади на руските сили беа пријавени денеска низ големи области на Украина, при што силното гранатирање во бројни региони ја оштети инфраструктурата, вклучително и снабдувањето со електрична енергија на најголемата нуклеарна централа во Европа, соопштија украинските власти. Нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина повторно е исклучена од електричната мрежа откако руското гранатирање ги оштети преостанатите високонапонски водови, оставајќи ...

Откако вчера на барање на министерот за здравство, Беким Сали, оставки поднесоа директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија, денеска се назначени нови директори. Како што дознава „Фокус“, за нова директорка на Детската клиника е назначена д-р Стојка Нацева Фуштиќ, а на чело на Клиниката за онкологија застанува д-р Виолета Клисарова. Оставките пак вчера ги доставија ...

Министерот за здравство Беким Сали денеска го разреши од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди, информираат од Министерството за здравство. – Организацискиот директор на оваа Клиника се разрешува од функцијата пред истекот на времето за кое е именуван, поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа Клиника. Контролата е спроведена од Фондот за ...

Полициски службеници од СВР Скопје денеска (02.11.2022) го приведоа Н.Н. од Скопје, поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училишта во Скопје,дознава Centar.mk. Во координација со надлежното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на случајот. Инаку Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста и дека завршија антитерористичките проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на ...

ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати лидерска средба доколку на неа се разговара за актуелните проблеми на граѓаните, а не за промена на Уставот, за што партискиот став е непроменет дека под овие околности нема уставни измени, изјави денеска претседателот на партијата Христијан Мицкоски. – Покана се уште немаме добиено, не го знаеме форматот на таа лидерска средба, не ја знаеме содржината и темите на кои што би се разговарало, но мојот совет до Владата и до ...

Поради влошување на здравствената состојба, Бојан Јовановски, е задржан на лекување во болницата за хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Тој во болницата бил донесен од затворот „Идризово“, а поради лошата состојба е одлучено да остане на болничко лекување. Информацијата ја потврди адвокатот на Боки 13, Владимир Туфегџиќ. -Заради сериозноста на неговата здравствена состојба, лекарите специјалисти од областа одлучија итно да биде задржан на ...

Во Косово вчера стапи на сила одлуката на косовската Влада за замена на регистарските таблички на возилата на косовските граѓани регистрирани во Србија со оние кои се пропишани со законите на Република Косово, што повторно ја вжешти ситуацијата во регионов. Од Европската унија изјавија дека Косово има право да бара промена на српските со косовски регистарски таблички за сопствениците на возилата во Косово, но порачаа дека тоа треба да биде ...

Косовски државјанин се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно се однесувал кон патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје, пренесува СДК.мк. „Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно однесување. Се работи на расчистување на случајот“, изјавиле од Министерството за внатрешни работи за порталот. Мажот бил веднаш приведен по ...

„Претседателот на Србија (Александар Вучиќ) како врховен командант издаде наредба Војската на Србија да биде во готовност, да го крене нивото на готовност на она ниво да може да одговори на секоја задача. Србија е сериозна држава, презема одговорност за сите можни проблеми“, кажа Вучевиќ. „Не би кажал дека ова е решено, со (косовскиот премиер Аљбин) Курти не можете да бидете на чисто бидејќи никогаш не се знае. Утринава ја издале првата опомена ...

Поранешниот светски шампион во шах Анатолиј Карпов е тешко повреден и се наоѓа во вештачка кома. Оваа информација ја објави Telegram каналот 112, а ја пренесоа бројни медиуми во Русија. Рускиот велемајстор Анатолиј Карпов е хоспитализиран во Москва со сериозна повреда на главата и моментално е на интензивна нега. Брзата помош наводно го однела во болница, кога бил во несвест и во алкохолизирана состојба. Според извештаите, по прегледот лекарите ...

Без вода во Киев останаа 80 отсто од корисниците „поради оштететување на електроенергетски објект во близина на градот“ по денешните руски воени напади, информираше градоначалникот Виталиј Кличко. Тој додаде дека локалните власти работат на тоа што поскоро да се санира дефектот. На жителите на Киев, градоначалникот им порача да се снабдат со вода „од најблиските пумпи и продажни места“. Руските напади погодија критични инфраструктурни објекти во ...

Dota 2 тимот Tundra Esports каде што игра и нашиот Мартин ‘Сакса’ Саздов го освои The International 11 – Dota 2 откако во финалето ги победија Team Secret со резултат од 3-0. Победата на овој турнир му ја доделува на тимот титулата Најдобариот Dota 2 тим во светот и огромна награда за прво место од околу 8.000.000 милиони долари! Тимот Tundra Esports остана непоразен во текот на целата фаза од натпреварувањето, губејќи само четири мапи во ...

На денешната седница на Советот на јавните обвинители не беше избран ниту еден од шестмината пријавени обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. На огласот требаше да се изберат четворица обвинители. Поддршката на членовите не ја добија пријавените кандидати: Арсим Адеми, Милица Гаврилова, Маја Коневска, Верица Беджетска Крстева, Елизабета Јосифовска и Златко Биковски. Обвинителката Милица Гаврилова од 2018 ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
63%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
6.69
49%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
1.03
71%
1018
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
63%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.84
51%
1020
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.72
60%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
78%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
54%
1019
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
56%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
10.29
53%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052