Кучето што се качи на бина кај министерката Славјанка остана кај неа вдомено

Ширете љубов, а не омраза и лаги, затоа што тоа што го ширите тоа ќе ви се врати 💖 Дона беше моето прво куче, кога имав 3 години, потоа миленичиња ми беа Доли, Ава, Аба, Коки…а сега Стела 🌟 – напиша министерката на ФБ.

Несекојдневен настан се случи во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” во Скопје. Додека свој говор имаше министерката за одбрана Славјанка Петровска, мало улично кученце се качи на бината срамежливо барајќи вода.

Истото кученце дефилираше и додека им честитаа на новите потпоручници и офицери во Армијата, со што ова кученце ги освои срцата на сите присутни. Пред присутните министерката Петровска соопшти дека кученцето ќе го однесе на ветеринар, а потоа и ќе го вдоми кученцето, кое ќе биде нов чувар во Министерството за одбрана.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Загина пеачот Шабан Шаулиќ

Шабан Шаулиќ, загинал во тешка сообраќајна несреќа во Германија, јавуваат српските медиуми. Според медиумите, Шаулиќ настрадал во северозападниот…