
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Основниот суд во Приштина го отфрли обвинителниот акт против петмината осомничени, Е.Р. и Ш.К, како и против тројца малолетници вмешани во силување на 11-годишно девојче во август минатата година. Одлуката ја донел судијата Аднан Исуфи, наведувајќи дека обвинението, односно предлогот во шест точки е нецелосен, објави „Рeпортери“, повикувајќи се на „Заклетвата за правда“. Во одлуката се наведува дека судот при разгледување на обвинителниот акт е ...
Владата денеска без одлука за забрана за влез на бугарски политичари кои го негираат македонскиот народ. Шефот на бугарската дипломатија не дојде во Парламентот во Софија да го образложи претепувањето на бугарскиот државјанин Пендиков во Охрид. Американската амбасадорка Агелер повика на смиреност. Министерството за внатрешни работи треба да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од надлежните ...
На 23.01 2023 од страна на полициски службеници од СВР Струмица во содејство и координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал лишен е од слобода П.И.(25) од Струмица. Тој се сомничи дека на 20.01.2023, откако побарал и не добил пари од М.Б.(83) од Струмица, со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од здобиените повреди таа починала. Потоа П.И. одзел пари и предмети од домот на М.Б., од кои дел биле ...
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски денеска се јави со реакција на вчерашната изјава на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на непожелни личности и забрана за влез во Македонија. – Македонија била и е бугарска! С. Македонија е друга работа. Заслугата тука е на Тито. Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината, објави европратеникот Џамбаски на својот профил на Фејсбук. Токму Џамбаски неодамна среде Скопје ја ...
Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко (33) денеска поднесе оставка, но не ја наведе причината зошто побара од претседателот Володимир Зеленски да го разреши од должноста, пренесоа агенциите. „Му благодарам на претседателот на Украина Володимир Зеленски за довербата и можноста да правам добри дела секој ден и секоја минута“, рече Тимошенко. Медиумите во Украина пишуваат дека Тимошенко би можел да биде опфатен со ...
Директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски е разрешен од својата функција. Ваквата куса информација без дополнителни објаснувања преку писмено соопштение попладнево ја објави владиниот прес-центар во врска со одлуките донесени на денешната редовна седница на Владата. Информацијата за разрешувањето на првиот човек на Управата за извршување санкции следува еден ден откако премиерот Димитар Ковачевски на вчерашната ...
Цементарница УСЈЕ АД Скопје целосно ги отфрла неоснованите обвинувања, чија цел е дефокусирање на јавноста. За жал ваквиот однос не води кон решавање на отворените прашања. Во интерес на точно и вистинито информирање уште еднаш повторуваме дека при вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3. и 4. јануари 2023 година, во присуство на инспектори од Град Скопје, потврдено е дека емисиите од ...
Владиката Петар предизвика жестока реакција од Братството на Бигорскиот манастир откако во своето синоќешно гостување на ТВ Сонце ги нарече парацрквена структура предводена од епископот Партениј. Тие во текст на веб страницата на манастирот објавен вечерва под наслов Апел , изјавите и ставовите на Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар ги окаракатеризираа како клевети, неосновани тврдења и ...
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление, а централните манифестации, традиоционално ќе се одржат во Скопје и Охрид со осветување на водите на реката Вардар и Охридското езеро со положување на крстот во нив. Празникот се одбележува од вториот век, а уште се нарекува и Водици поради големиот водосвет што го врши црквата на овој ден. Според христијанското предание, на овој ден се одбележува крштевањето на Исус Христос од ...
Денеска во 12.00 часот пред зградата на Европската комисија во Софија ќе се одржи протест за поддршка на македонскиот државјанин Христијан Пендиков кој беше претепан во Охрид. „Правда за Христијан од Охрид! НЕ за дискриминацијата на Бугарите“, е мотото на протестот. „Настанот е строго неполитички и непартиски. Секој е добредојден како обичен граѓанин“, објавија на Фејсбук организаторите на протестот во знак на сочувство со Христијан и против ...
Неформалната активистка за заштита на кучињата скитници од Струга, Нела Стојанова е најновата жртва на напад од агресивни кучиња. Денеска околу 17ч пред мезе бар БараБар во Струга беше нападната 31 годишна девојка. Ја нападнале 6 кучиња скитници од кои две ја каснале, а едно ја вознемирило скокајќи врз неа. Едното куче ја каснало за левата нога нанесувајќи и длабоки, видливи рани со видливо крварење, а второто ја каснало за десната рака, исто ...
Сашо Мијалков осуден на 2 години да случајот Титаник 2, а Мендух Тачи е осуден на 2 годни затвор.Осудени се Влатко Сајковски 2 години, Само Срцев 2години , Бедредин Ибраими 2 години и Анета Стефановска 2 години. Ова ќе биде втора првостепена пресуда за „Титаник 2″, откако Кривичниот суд во 2019 година ги осуди обвинетите, но во декември истата година, Апелациониот суд поради суштествени повреди на постапката ја укина пресудата и случајот го ...
Осумдесет и три годишната старица М.Б., која пред три дена беше пронајдена мртва во својот дом на улицата „Димитар Цветинов“ била убиена. Првичните информации од ОЈО Струмица по извршената обдукција покажале дека причина за смртта е надоврешна сила, односно таа била задавена или задушена. Од струмичкото Oбвинителство не соопштуваат повеќе детали во интерес на истрагата. Додаваат дека интензивно се работи на расчистување на случајот и откривање ...
Во интервјуто за бугарската „БТВ“ министерот за надворешни работи, Бујар Османи истакна дека истрагата ќе покаже дали Христијан Пендиков во Охрид бил нападнат поради тоа што се чувствувал како Бугарин, а полицијата ќе одговори на деталите околу жалбата на Христијан во СВР Охрид поради наводни закани три дена пред да биде претепан. – Се видов и со мајката на Христијан и и посакав брзо закрепнување на синот, но исто така и жалење за инцидентот. ...
Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“. -Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година, соопшти ИЗЈ. ИЗЈ додава дека 32 примерока се позитивни на SARS-CoV-2, а селектираните примероци биле од месеците ...
Веќе три години Тефик Абдили од село Боговиње ја бара својата ќерка. Таа излегла од дома на 7 јануари 2020 година кога имала 19 години, земајќи го со себе само пасошот. Еден ден по излегувањето од дома, според зборовите на нејзиниот татко, таа го исклучила телефонот и од тој ден нема никаква трага. Случајот го пријавил и во полиција, но нема резултати. „Случајот го пријавив и во полиција, но немам повратни информации дали е жива или мртва. Затоа ...
Секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид бил претепан, јавија бугарските медиуми, а случајот го потврди и македонското МВР. -Тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во културниот центар. Веднаш ги известив бугарското и македонското МНР. Контактирав со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи и ...
На 81-годишна возраст почина познатиот американскиот рок кантавтор Дејвид Крозби. Информацијата за неговата смрт, во изјава за американски медиум ја потврдила неговата сопруга. „По долго боледување почина нашиот сакан Дејвид Крозби. Иако тој повеќе не е со нас, неговата хуманост ќе продолжи да не водат и инспирира. Неговото наследство ќе продолжи да живее преку неговата легендарна музика“,изјавила сопругата на Крозби за американски медиум. ...
Во хеликоптерска несреќа денес пред главниот град на Украина загинаа најмалку 15 лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Денис Монастирски. Официјални лица рекоа дека несреќата се случила во близина на градинка во Бровари, предградие источно од Киев, каде што девет од загинатите биле во хеликоптерот кога се урнал. Засега не е јасно што ја предизвикало несреќата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Телеграм рече дека ...
На социјалната мрежа Твитер се појави видео снимка од последните моменти во авионот што се урна во Непал, направена со мобилен телефон од патник во авионот. Во падот на патничкиот авион со 72 лица во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат како исчезнати, соопштија властите, завршувајќи ја потрагата по исчезнатите. Авион ATR72 на Јети ерлајнс падна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара. Еден од патниците ...
Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, јави италијанската новинска агенција АНСА. Денаро, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо. Прекарот го добил од истоимениот италијански лик од стрипови. Тој се смета за еден од новите водачи на Коза Ностра по апсењето на Бернардо Провенцано на 11 април 2006 година и апсењето на Салваторе Ло Пиколо во ноември 2007 година. ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи кој денеска е во својата прва посета на Украина во улога на претседавач со ОБСЕ, утринава по пристигнувањето во земјата се упати во градот Бородјанка во Киевската Област кој е силно погоден од воените дејствија. Движејќи се меѓу урнатините и уништените станбени згради, Османи од украинскиот град уште еднаш ја осуди руската инвазија на Украина додавајќи дека не постои оправдување за континуираниот ...
На командирот од „Идризово“ Срѓан Димитриевски, во чија смена беше спроводот на затвореникот кој избега, му е одреден притвор во времетраење од осум дена и тој е однесен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Освен него, притвор им е одреден и на двајца од четворицата полицајци. Утринава тие се спроведени во затворот. Кривичниот суд смета дека командирот и полицајците можат да избегаат, а бидејќи постојат индиции кои укажуваат дека му помогнале ...
На ден 12.01.2023 година, околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар ,,Мајка Тереза “поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка ,, ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот. Припадник на затворската полиција е ранет, а затвореник во „Идризово“ е во бегство. Ова е резултат ...
Во интерес на правилно и точно информирање на јавноста, ги отфрламе неоснованите ставови изнесени во јавноста од страна на градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска. Имено, вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3. и 4. јануари 2023 година, во присуство и на инспектори од Град Скопје, потврди дека емисиите од производниот процес во Цементарница Усје се пониски од дозволените гранични ...
Убиецот на мајката и бабата во Скопје веројатно е психички болен. Откако ги извршил двете убиство во неговиот стан на улицата „Рузвелтова“, отишол во болница каде побарал да биде уапсен. На лекарите им рекол дека убиството го извршил од семејни причини и оти заслужува да оди во затвор. Лекарите ја известиле полицијата и веднаш бил уапсен. Двете тела на жртвите, едната на 60, а другата на 80 години, се испратени на обдукција. Од Јавното ...
Убиецот на мајката и бабата во Скопје веројатно е психички болен. Откако ги извршил двете убиство во неговиот стан на улицата „Рузвелтова“, отишол во болница каде побарал да биде уапсен. На лекарите им рекол дека убиството го извршил од семејни причини и оти заслужува да оди во затвор. Лекарите ја известиле полицијата и веднаш бил уапсен. Двете тела на жртвите, едната на 60, а другата на 80 години, се испратени на обдукција. Од Јавното ...
Не престануваат реакциите во јавноста по смртта на легендарната македонска актерка Катерина Крстева која почина пред два дена. Откако актерот Гоце Тодоровски, инаку нејзин колега од култното радиошоу „Хихирику“, откри дека славната Мара Попара имала исклучително тежок живот пред да замине на оној свет, блиски пријатели на семејството открија дека Крстева умрела во најголеми маки откако пред само неколку месеци ѝ починало единственото чедо-синот ...
Сите летови низ САД беа откажани, откако Федералната управа за авијација соопшти дека има прекин на компјутерскиот систем. Сите летови кон САД беа приземјени по инцидентот, изјави за NBC News извор запознаен со ситуацијата. „Техничарите моментално работат на обновување на системот и во моментов нема проценка за обновување на услугата“, се вели во соопштението. FAA работи на обновување на својот систем и се вршат конечни проверки за валидација. ...
Одбраната на осудениот поранешен прв цариник Драган Даравелски побара повторување на судската постапка по неговото вчерашно апсење на граничниот премин Табановце. Оваа информација ја потврди Основниот суд Скопје 1. Даравелски беше осуден со правосилна пресуда во мај 2007 година беше осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања, која пресуда е потврдена и правосилна од Апелациониот суд Скопје од март 2008 година. ...