
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Апелацискиот суд во Скопје неразумно долго, без да наведе причини, ги чувал предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ во кои обвинет е ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, но и случајот „Транспортер“ за ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, а пропусти има и во случајот „Алфа“ за убиството на полицаецот кај ПМФ. Ова се дел од заклучоците донесени на денешната седница на Судскиот совет по направената ревизија во Апелација. Работна група од ...
Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески започна со издржување на затворска казна за случајот „Транспортер“. Тој синоќа бил спроведен во затворот во Прилеп. Талески помина три години во домашен притвор, а во меѓувреме земаше плата од Битолскиот народен театар каде е вработен како актер. Случајот за кој е осуден тој и уште 20 лица се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинителен акт против докторот Жан Митрев, сопственик на истоимената клиника, за кривичното дело измама (член 247, став 4 од Кривичниот законик), а поврзано со лекувањето ковид-пациенти со методот хемофилтрација. Обвинителен предлог за измама има и за клиниката како правно лице. За кривичното дело за кое е осомничен Митрев предвидена е затворска казна од 1 до 10 години, додека на клиниката и се ...
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот, на 7 јануари, се сретнал со оштетениот во раните утрински часови, по што се упатиле во казино во селото Желино. Во казиното му побарал 50 евра на оштетениот, кои веднаш ги потрошил. ...
Попладне, најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени. Во Скопје, претпладне со појава на магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Минималната ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски вели дека Русија зборува за прекин на огнот бидејќи сака да го искористи како фронт за да го запре напредувањето на Украина во источниот регион Донбас и да испорача повеќе луѓе и опрема. „Тие сега сакаат да го искористат Божиќ како покритие, иако накратко, за да го запрат напредувањето на нашите момци во Донбас и да ја доближат опремата, муницијата и мобилизираните трупи до нашите позиции“,рече ...
Десет лица се повредени во сообраќајна несреќа која денеска се случи на железничкиот премин кај фабриката „Порцеланка“ во Велес, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Повредените се пренесени во Општата болница во Велес каде им се укажува лекарска помош. До несреќата дошло откако на железничкиот премин кај фабриката „Порцеланка“ се судриле воз на „Македонски железници“ и такси возило – комбе. Комбето кое било управувано од ...
Српскиот новинар Владан Радосављевиќ почина, а неговата сопруга Олга е тешко повредена откако биле нападнати од глутница кучиња во близина на нивната викендица кај Голема Иванча. Радосављевиќ и неговата сопруга Олга се движеле покрај дворот од кој, според полицискиот извештај, низ отворената ограда истрчале три кучиња и ги нападнале. Кучињата се свртеле кон 62-годишниот новинар, кој починал како последица од страшниот напад, додека неговата ...
Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива. Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање. Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали. Не радува тоа што се повеќе ...
Поранешна сопственичка на погребна куќа во Колорадо е осудена на 20 години затвор, откако беше обвинета за продажба на делови од мртви тела. Нејзината мајка е осудена на 15 години. Mеган Хес признала дека е виновна. Таа управувала со погребна куќа и служба за донирање органи од истата зграда во Монтроус, Колорадо. Нејзината мајка, Ширли Кох, исто така се изјаснила за виновна и беше осудена на 15 години затвор. Таа имала задача да ги сецира ...
Хрватска од денеска е членка на Шенген зоната и официјално почнува да го употребува еврото наместо досегашната национална валута – куна. Со влегувањето на Хрватска во најголемата безгранична област во светот, граничните контроли на сите нејзини граници со земјите од ЕУ се укинуваат, додека границите со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора стануваат надворешни граници на ЕУ. За граѓаните од соседните земји кои не се во ЕУ (Србија, Македонија, ...
Една минута по полноќ, точно во 00:01 часот, се роди првото бебе во новата 2023 година на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Бебето е машко, тежи 3 720 грама и е долго 51 сантиметар, информираат од Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете. Од Клиниката на ...
Бенедикт Шеснаесетти, прв папа од Германија по речиси 500 години, кај некои беше омилен, за други – контроверзен. Тој почина денеска (31.12.2022) на 95-годишна возраст во неговиот дом во Ватикан, соопшти Светата столица. Тој беше големиот папа-теолог. Што и да правеше, што и да зборуваше, секогаш заштитнички на ум ги имаше традицијата и учењето на црквата низ вековите. Сепак, теолошките достигнувања не го заштитија од сè покритичкиот поглед кон ...
Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде бесплатно за сите граѓани на РСМ. Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2023 година (недела) и 02.01.2023 година (понеделник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2023 година (вторник) со ...
Апелирам до сите политичари да се воздржат од какви било коментари во однос на работата на Судскиот совет и на тој начин мешајќи се во надлежностите. Да не се коментираат состојби со одлуки донесени од страна на судовите. Ова значи директно влијание врз работата и во надлежностите на Судски совет, а Министерството за правда или извршната власт како предлагач на законите може час поскоро да реагира ако смета дека тоа не е правилно, изјави ...
Дојави за бомби попладнево се упатени на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово, информираат од МВР. -Дo сега, попладнево, e пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат ...
Претседателот Александар Вучиќ синоќа по разговорите со Србите од Косово најави дека денеска во утринските часови ќе започне отстранувањето на барикадите на северот на Косово. Синоќа изгореле кабините на два камиона кои го блокираат влезот во Северна Митровица од правец на Дудин Крш. Камионите биле поставени на барикада на патот што води од Јужна Митровица до Техничкото училиште. Засега нема официјални информации за причината за пожарот. Во ...
Судот во Истанбул во жалбената постапка ја потврди казната доживотен затвор за турскиот бизнисмен и филантроп Осман Кавала, обвинет за обид за уривање на владата, јавува Дојче Веле. Судот ја потврди и 18-годишната затворска казна која беше изречена на крајот на април на уште седуммина обвинети. Кавала беше осуден за „обид за соборување на владата“ на претседателот Реџеп Тајип Ердоган преку финансирање антивладини протести во 2013 година, а ...
Не може стручен соработник да оценува работа на врховен судија, смета Министерот за правда, Никола Тупанчески кој најави законски измени бидејќи се злоупотребува дефиницијата за истакнат правник. Оваа негова реакција која ја кажа на брифинг со новинарите следува откако за претседателка на Судскиот совет беше избрана Весна Дамева којашто никогаш не била судија и последно била стручен соработник во Основниот кривичен суд. Сепак тој неколку пати се ...
Верувам дека довербата на граѓаните во Уставниот суд е зголемена, изјави на денешната завршна прес-конференција претседателката на Судот, Добрила Кацарска. Претставувајќи го работењето на Судот во текот на 2022 година, таа посочи дека годинава се одржани вкупно 42 седници и 130 решени предмети. – Навистина верувам во тоа затоа што и со овие бројки што сега ги кажав покажавме дека и кога сме во неполн состав, односно кога бевме само пет судии ние ...
Одлуката на ЈСП да ја укине мерката за бесплатен автобуски превоз следува откако вчера Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека во главниот град престануваат да важат сите мерки и препораки за надминување на прагот на алармирање за загаденоста на воздухот Од денеска престанува да важи мерката за бесплатен автобуски превоз во Скопје која беше воведена пред два дена поради аерозагадувањето во главниот град. ...
Граничниот премин Мердаре е затворен поради поставување барикади во Србија на околу два километра од оваа граница, соопшти синоќа Националниот центар за гранично управување на Косово. Мердаре – еден од граничните премини со Србија – го користи косовската дијаспора за влез и излез од Косово. Министерството за надворешни работи и дијаспора (МПЈД) преку објава на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека „српските криминални групи го блокираа ...
Дали се чувствува манипулиран од ДУИ со оглед на тоа што му беше ветено дека ќе стане премиер, а заврши на функцијата народен правобранител, Насер Зибери рече дека му биле понудени многу функции, како за вицепремиер, министер за правда. , и многу други, но негова одлука беше да не биде вклучен во извршната власт. Овие коментари Зибери ги направи вечерва во своето гостување во Програма 200, на Алсат М. Затоа мислам дека во дадените околности не ...
Во Кривичниот суд-Тетово, во придружба на полицијата беше спроведена 17-годишната девојка осомничена за убиството на 16-годишниот Б.С. од Ново Село. Таа сведочеше пред судијата, отфрлувајќи ги обвиненијата за убиство. „За време на распитот девојката го негираше делото и рече дека се вмешани две други лица, кои не ги идентификуваше. Малолетничката негираше каква било вмешаност или дејствие што ги предизвикало смртните последици врз малолетникот ...
Покрај другите, во учебникот по албански јазик за петто одделение е наведена и кратенката за владејачката партија ДУИ. Од МОН најавија одговор во текот на денот, додека од опозициските партии од албанскиот блок побараа повлекување на учебникот, но и повлекување на министерот Јетон Шаќири од функцијата По неколкунеделните реакции во јавноста за грешките кои се најдоа во новите учебници за основно образование, почнаа реакции и за новиот учебник по ...
Национална комисија за учебници: Законска обврска на комисијата е разгледување на стручните мислења доставени од рецензентски комисии и Бирото за развој на образование или Центарот за средно стручно образование, а не стручно вреднување на учебниците. Националната комисија за учебници, работи во состав од 17 члена, кои имаат задача да ги разгледаат стручните мислења од надлежните тела и по нив да донесат одлука за добиена највисока оценка за ...
Пет притвори, еден домашен притвор и едно одземање на патна исправа се изречени од Кривичниот суд за уапсените на граничниот премин „Табановце“ поради примање поткуп. Сите осомничени беа задржани во станица 24 часа, по што по барање на обвинител беа спроведени во суд каде се бараа мерки за обезбедување присуство. Станува збор за полициски службеници кои извршувале работи на граничниот премин. Два од одредените притвори за по 30 дена, а тоа се за ...
Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната комисиска седница на чиј дневен ред како единствена точка е информацијата за превземени мерки и активности во врска со лажните дојави за поставени експлозивни направи, поради тоа што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Комисијата, Миле Талевски побараа седницата да биде затворена за јавноста. Пратеникот од ...
Премиерот Димитар Ковачевски му порача на лидерот на Движењето Беса, Билал Касами да не се обидува поддршката за уставни измени да ја условува со барање за предвремени избори затоа што тој не функционира под уцени, а изборите ќе се случат во редовниот термин во 2024 година. – Не функционирам под уцени, изборите ќе бидат во 2024 година, а прашањето за уставни измени е сериозно и државничко прашање затоа што е заокружување на процесот на отворањр ...
Во големата вчерашна акција на граничниот премин Табановце на македонско-српската граница, вчера биле уапсени еден командир, заменик командир и осумина полицајци, јавуваат домашните медиуми. Иако МВР официјално се чека да излезе со соопштение за настанот, дел од медиумите велат дека претреси имало и во домовите на командирот и заменик командирот. Според неофицијални информации, специјалците кои вршеле претрес пронашле пари во кутии од цигари. ...