
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Експлозија во северниот дел на анектираниот полуостров Крим уништи руски проектили кои биле превезувани со воз, објави украинското министерство за одбрана. Проруските власти во градот Џанкој кажаа дека областа била нападната со дронови. Иако ги потврди експлозиите, Украина, како и во претходните слични случаи, не презеде одговорност за нив. „Овие експлозии го продолжуваат процесот на демилитаризација на Русија и го подготвуваат украинскиот ...
Минатиот месец директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека Бирото проценило оти ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан – градот од каде што вирусот започна да се шири, по што прерасна во глобална пандемија Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се бара од директорката на Националната разузнавачка служба да ги декласифицира документите поврзани со потеклото на ковид-19, објави ...
Во сообраќајната несреќа која вчера се случи во близина на Врање, животот го загуби 25-годишен македонски државјанин, пренесуваат српските медиуми. Според досегашните информации, момчето и неговите пријатели биле во кафеана во Врање и си тргнале кон Македонија. Но, набрзо им текнало дека заборавиле мобилен телефон во кафеаната, по што решиле да се вратат назад кон Врање. Тогаш со автомобилот удриле во насип покрај патот, при што 25-годишното ...
Вечерва во 22:24 часот почнува пролетта и ќе трае 92 дена, односно до 21 јуни кога ќе започне летото. Паралелно со започнувањето на пролетта во земјите од северната земјина полутопка, во земјите од јужната хемисфера, пак, денеска почнува есента. Сонцето во Скопје денеска изгреа во 5:38 часот, а ќе зајде во 17:46 часот. Денот ќе трае 12 часа и 8 минути. Денешниот ден е познат и по името пролетна рамноденица – и денот и ноќта траат по 12 часа. Во ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград изјави дека не го потпишал Имплементациониот анекс на Договорот за патот кон нормализација на односите на Косово и Србија од неколку причини, меѓу кои е и желбата да не прави меѓународно-правни договори со Приштина. „Не потпишав поради неколку работи. Србија е меѓународно-правно призната држава, а она што тие го нарекуваат Република Косово, за мене не е. Поради тоа не сакам да правам ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во 11 часот ќе и се обрати на јавноста со цел да го покаже и објасни планот за имплементација, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ синоќа по повеќе од 13 часа разговори изјави дека во Охрид е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат дел од преговарачката рамка и дека не потпишал ништо на разговорите со претставниците на ЕУ и САД и косовскиот премиер Албин Курти. ...
Рускиот претседател Владимир Путин во текот на ноќта го посети окупираниот украински град Мариупол, кој руската армија прво го уништи, а потоа го освои минатата година. Руската телевизија објави неколку видеа на кои се гледа како Путин вози автомобил низ улиците на Мариупол. Руските медиуми објавија дека Путин во неколку наврати го запрел автомобилот и излегол од него за да разговара со жителите. Макс Седон, шеф на московското биро на Фајненшл ...
Неопходна е зголемена свесност преку обуки и развивање на вештини на јавната администрација во поголема заштита од сајбер нападите. Ова беше генералниот заклучок за кој говореа претставници на повеќе домашни и меѓународни институции на денешната меѓународна конференција за сајбер интегритет, која се случува доаѓа во време кога голем дел од институциите се подложни на вакви напади. Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, ...
Наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ во Лисиче, општина Аеродром е осомничена дека е вмешана во продажба на дрога, дознава МКД.мк од свои извори. Вчера Министерството за внатрешни работи во голема полициска акција приведе неколку лица, дилери на дрога, а меѓу нив е и наставничката. Според првичните информации, се работи за продажба на амфетамин. Официјални детали од МВР за оваа голема акција ќе следуваат подоцна. извор: ...
Велешанецот кој пијан и со огромна брзина удри мајка и ќерка на пешачки премин во Велес, при што 11 годишната Магдалена почина, е осуден на вкупно 18 години казна затвор. „Обвинетиот безобзирно го напуштил местото на несреќата, се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случило со оштетените. Самото пријавување судот не го зема како олеснителна околност. Двапати е казнуван за возење во алкохолизирана состојба. Признавањето на вината не ...
Признавам вина и му се извинувам и на семејството и на јавноста. Ова се зборовите пред велешкиот суд на 30 годишниот Ангелче Николов, кој на 17 декември лани, возејќи пијан, на пешачки премин ја усмрти 11 годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка. На денешното прво рочиште, Николов кажа дека е свесен за последиците од признанието, дека ќе добие затворска казна и дека ќе треба да плати отштета и трошоци. Со признанието на вина, ...
„Сум била воздржана, но повеќе самата актуелна состојба со животот и здравјето на Бојан тоа не ми го дозволуваат, бидејќи врз него ќе биде извршена операција тотална гастректомија, односно целосно отстранување на витален орган желудник, со што ќе настапи траен инвалидитет на мојот син Бојан. Од тие причини со целиот мој морален и професионален дигнитет и се обраќам на јавноста преку ова јавно соопштение и немам за цел да предизвикам чувство на ...
Велешанец загина во пожар кој избувна синоќа околу 3:45 часот, во неговата куќа на улица “Коле Цветков” во велешката населба Црна Џамија. Според првичните информации загинал сопственикот на куќата, на возраст од околу 58 години. Спoред се уште непотврдени информации, трагедијата можела да биде уште поголена, откако по избувнувањето на пожарот од силниот чад се задушил и братот на починатиот, кој прв стигнал на помош. Сепак, лекарите од итната ...
Денеска завршува обврската за поседување на зимска опрема во возилата. Обврската стапи на сила на 15 ноември минатата година. Обврската е пропишана во член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде во став 1 е наведено дека моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Казните за непоседување зимска ...
За убиството на 16-годишното момче што се случи во декември 2022 година Основниот суд Тетово денеска изрече казна затвор од десет години за 17-годишната девојка, информираа од канцеларијата за односи со јавност на тетовскиот суд. Девојката од тетовското село Рогле е осудена за кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. – Основниот суд Тетово денеска донесе пресуда за настанот случен на ден 21.12.2022 на место викано ...
Кина повторно ќе ги отвори границите за странски туристи за прв пат од избувнувањето на пандемијата „Ковид-19“ пред три години, дозволувајќи им на сите категории визи да се издаваат од среда. Укинувањето на оваа мерка за прекугранична контрола, воведена за заштита од Ковид-19, доаѓа откако кинеските власти прогласија победа над вирусот минатиот месец, пренесува Ројтерс. Во 2019 година, приходите од меѓународниот туризам сочинуваа само 0,9 отсто ...
Научно-фантастичната акција „„Сè во исто време“ е апсолутен победник на овогодинешните Оскари со седум златни статуетки, меѓу кои и онаа за најдобар филм. Награден е во категориите најдобар филм, режија и оригинално сценарио (Даниел Кван и Даниел Шајнерт), главна актерка (Мишел Јео) и споредна женска улога (Џејми Ли Кертис), споредна машка улога (Ке Хуи Кван) и најдобра монтажа. Церемонијата на овогодинешните Оскари ја одбележа и големото ...
Две лица со тешки телесни повреди се пренесени на Ургентен, откако пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 ги пресретнале на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале, јавува „Инфомакс.мк“ Двајцата повредени се припадници на МВР и тоа во специјалните единици на полицијата. Според информациите на Инфомакс, во нападот користено било и огнено оружје, но за среќа нема починати од ...
Со Фб статус мајката на момчето од скопската гимназија Корчагин кое пред неколку месеци се самоуби отвори вистини кои до сега сите ги молчеа. Во продолжение го пренесуваме статусот. НЕПРОСТЕНО! Празнина голема во душата и срцето на мајка што го изгубила највредното нешто во животот, свото дете. 179 дена од смрта на мојот син. Тага, болка и неверување дека повеке го нема. Отиде да го земе свидетелството и не се врати. Инспектори, Обвинители! ...
Патниците кои ja преживеаја тешката несреќа во која се судрија два воза во близина на грчкиот град Лариса сведочат дека слушнале силен удар, а потоа вагоните почнале да се превртуваат. Како што рекоа, околу нив имало пламени јазици од сите страни, а некои се спасиле скокајќи од вагонот од голема височина. „Слушнавме силен тресок. Следните 10 секунди беа пекол. Се превртувавме во вагонот додека композицијата не запре и конечно паднавме. Потоа ...
И по неколку дена се уште нема никакви информации за исчезнатиот скопјанец, Самоил Костадиновски, на кого вујко му е политичарот Љубе Бошкоски, односно Самоил е дете од брат на неговата сопруга Виолета. Таа во изјава за ММС.мк изјави дека наводно Костадин од еден автомобил бил префрлен во украдено возило кај чешката амбасада. – Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од ...
Утринава ширум Украина беа пријавени десетици воздушни напади на руските сили. Киев утрово го разбудиле експлозии и детонации, а слична е ситуацијата и во Харков, како што потврдија градоначалниците на двата града. Градоначалникот на Киев извести дека Русија го нападна Киев во последните неколку напади врз Украина. – Експлозии во главниот град – напиша на Телеграм градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Кличко изјави дека двајца повредени во ...
На ден 07.03.2023 на ЈЗУ УК за ГЕХ Скопје, на осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13, му беше напревена Горнодигестивна ендоскопија, Гастроскопија , при која инвестигација, во наодот од истата е констатирано крајно и алармантно влошување на здравствената состојба на Бојан Јовановски, со предлог за оперативен третман тотална гастректомија со езофаго-јејуно анастомоза, односно целосно отстранување на витален орган желудник, бидејќи врз ...
Едно лице почина откако со автомобил удрило во столб од наплатна станица „Романовце”, соопштија денеска и СВР Куманово и РЦУК Куманово. Пожарот го изгасила екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица. И РЦУК Куманово пренесе информација дека кумановската противпожарна единица интервенирала со едно возило и четворица пожарникари. Од Итна помош Куманово посочија дека интервенирале, но возачот ...
Сега веќе владејачката партија Алијанса за Албанците направи избор на директори на институции коишто ќе му ги предложи на премиерот Димитар Ковачевски. Информациите се дека за директор на МЕПСО ќе биде предложен пратеникот Сурија Рашиди, а за Македонски пошти советничката на Град Скопје, Бујаре Абази. Со Фондот за пензиско осигурување би требало да раководи Арсим Хасани, а на директорската позиција во болницата во Тетово, според АА, треба да ...
Четири деца на возраст од шест месеци до пет години се задушиле од чад во населбата Јалија во Нови Пазар, кога избувнал пожар во станот на првиот кат од зградата. Според неофицијални информации, четири деца биле пронајдени мртви во станот. Таткото на повредените деца е тешко повреден, со изгореници од втор, трет и четврти степен на 45 проценти од површината на телото. Во тешка состојба е и повредената мајка – 18 отсто од телото има изгореници од ...
Објавени се разговори меѓу шефот на станицата во Лариса и машиновозачот на патничкиот воз Intercity 62, кој во вторникот вечерта се судри со товарен воз во близина на тој град. Во несреќата загинаа најмалку 47 лица, а повеќе од 80 се повредени. Според последните информации, спасувачите од вагонот извлекле уште три тела. Машиновозачот не внимавал на црвеното светло пред него, бидејќи сигнализацијата не функционирала подолго време. Згора на тоа, ...
За предметот против Жан Митрев кој ОЈО Скопје го отвори по документарецот „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) емитуван во јули лани, обвинителката е убедена дека има доволно докази за ја докаже вината на обвинетиот и болницата Обвинителството нема намера да го блокира работењето на болницата „Жан Митрев”, вели обвинителката Искра Хаџивасилева од ОЈО Скопје за блокираните сметки на клиниката откако оттаму утрово се ...
КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: КРИВИЧЕН СУД ЈА ДОНЕСЕ ПРЕСУДАТА БЕЗ СУДЕЊЕ, СУДИКАТА ЛИДИЈА ПЕТРОВСКА ДОНЕСЕ РЕШЕНИЕ СО КОЕ НАШАТА БОЛНИЦАТА ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕ СО РАБОТА Клиниката Жан Митрев сака да ја информира јавноста дека на еден ден пред да отпочне судскиот процес, од страна на Кривичниот суд е донесено решение за определување на предлог мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата. Укажуваме дека со донесените мерки целосно се ...
Бугарските власти сѐ уште не одговориле на барањето од охридското Основно јавно обвинителство да ја добие адресата на која престојува охриѓанецот Христијан Пендиков за да може да го повикаат на распит за случајот со неговото претепување. „Основното јавно обвинителство Охрид, преку инструментот за меѓународна правна помош, упати барање до бугарските власти за да ја обезбеди адресата на која престојува оштетениот. Одговорот на барањето сѐ уште се ...