
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Во денешниот ТВ пренос во живо од просториите на еквадорската ТВ станица ТЦ од градот Гвајакил, беа прикажани (вооружени) лица со качулка. Тие ги принудувале вработените да легнат на подот, додека во позадина се слушале истрели и викање. Инцидентот се случи еден ден откако претседателот Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба по бегството од затвор на водачот на озлогласената криминална група.Откако беше прогласена вонредна состојба, беа ...
Утрово најстудено на Попова Шапка каде се измерени -7 степени. По него следуваат -6 Маврови Анови, -4 Крушево, -2 Прилеп, -1 Битола, Тетово, Куманово, Крива Паланка, Штип, Берово. Околу 0 степени во Скопје-Зајчев Рид, Скопје Петровец, Демир Капија, Кавадарци, Охрид, Велес, Виница, 1 степен во Претор, Струмица, 2 во Дојран, Гевгелија. Најмногу дожд со измерени 5 l/m2 во Берово, Демир Капија, 3 l/m2 Крива Паланка, Попова Шапка, Маврови Анови, ...
Утре до Апелација ќе биде поднесена жалба за притворот на таткото на 14 годишната Вања Ѓорчевска, вели за ТВ 24 адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ. Освен жалба за притворот одбарната на таткото на Вања ќе бара и ОЈО да му објасни, зошто неговиот клиент се уште не е повикан на распит. Туфегџиќ е дециден дека од обвинителот ќе бара и инфорамции како снимките на кои тврди е гласот на Ѓорчевски, стигнале во рацете на контроверзниот ...
Во Градската општа болница „8 Септември“ се случил инцидент, откако вработен во болницата нападнат од страна на пациент. Во 19.47 часот од ГОБ „8 Септември“ е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во болницата, потврдија од МВР за МИА. Според пријавеното, напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во ...
СВР Битола поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С.(65) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека на 06.01.2024 извршил кривично дело „убиство“ врз П.Р.(63) од с.Шивец, Кавадарци, со престој во Прилеп, брат на неговата сопруга. Имено, на 06.01.2024 во 17:15 часот било пријавено дека во дворно место, сопственост на В.С. во Прилеп, бил пронајден починат П.Р., со повреда во пределот на главата. Лекар од Итна медицинска помош ...
Кривичниот суд утрово преку соопштение образложи зошто го одбил предлогот на обвинителството за притвор за Беким Незири и уште тројца осомничени за упадот во М-НАВ, на кои во петокот вечер им определи мерки на прерпазливост. Во продолжение целото соопштение. -СВЕСНИ ЗА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ЗА СЛУЧУВАЊАТА ВО М-НАВ, КАКО И РЕАКЦИИТЕ КОИ ПРОЗИЛЕГОА ОД НЕПРАВОСИЛНИТЕ ОДЛУКИ НА СУДОТ, ЈАВНОСТА МОРА ДА ЗНАЕ ДЕКА СУДОТ ПОСТАПУВА ПРЕД СЕ ВРЗ ОСНОВА НА ...
Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен суд Скопје синоќа им изрече мерки за претплазливост на четирите лица осоменичени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а во врска со нападот во зградата на М-НАВ. Меѓу овие лица е и Бекир Незири, поранешен министер за економија од редовите на ДУИ, како и актуелен советник на директорот на М-НАВ. Во соопштението на Кривичен, се наведува дека судија на претходна постапка при ...
Во 7 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации (каменоломи) се случила сообраќајна несреќа. Во неа учествувале две патнички моторни возила:„ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане. „Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале ...
Стотици страници незапечатени документи од тужби поврзани со Џефри Епштајн, кој беше обвинет за сексуално злоставување малолетници, се објавени во јавноста. Но, информациите од објавената документација главно и се веќе познати на јавноста. Тоа е всушност само првиот сет на документи кои ќе бидат отпечатени според судскиот налог од 18 декември. Во наредните недели се очекува да излезат во јавноста и други делови од документацијата. Како што со ...
Заклучно со 31 декември не пристигнало продолжување на банкарска гаранција од избраниот понудувач кој беше избран со одлука на Влада и со самото тоа веќе не е активна понудата, а Владата на седница треба да донесе одлука за поништување на тендерот. – Додека беше активна гаранцијата понудувачот требаше да потпише договор за заедничко вложување, но бидејќи не добивме дополнителни информации од компанијата, банкарската гаранција не важи и не може ...
Судскиот совет незаконски и без образложение ја разрешил Весна Дамева од претседателската функција, пресуди Управниот суд по тужбата на Дамева, а пресудата ја објави интегрално на својата веб-страница. „Судот, имајќи ги во предвид наводите на тужителот изнесени во тужбата, одговорот на тужба, како и со увид во списите на предметот, најде дека: Тужбата е дозволена, со истата се оспорува Одлука на Судскиот совет на РСМ, со која е повредено право ...
Дрин Ахмеди, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети тврди дека пиротехниката која беше најдена во ѓепекот на неговиот џип била купена легално. -Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци, изјави Ахмеди во изјава за порталот „Скопје 1“. Од Обвинителството ...
Во рок од три дена собрани се околу 40,000 евра за Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван, момчето кое мора итно да замине на третман во Турција поради влошување на состојбата со неговата ретка болест. Тој се чувствува подобро од пред два дена, а во болницата каде што е сместен се грижат добро за него. Во моментов се чека опоравување за да се префрли во Турција на лекување. Претходно докторите одбиваа да потпишат трансфер за ...
Директорката на Клиниката за гинекологија Викторија Јовановска најави формирање посебна комисија на гинеколошкото одделение која темелно ќе го разгледа случајот со новороденчето на семејството Дамјановски и ќе ги испита причините како дошло до скршеницата на раката кај бебето. Родителите претходно во изјава за порталот „Скопје1“ тврдеа дека персоналот се обидувал да го прикрие случајот како и дека не им било дозволувано да го видат своето дете. ...
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека повеќе проектили утринава биле упатени кон главниот град Киев, набргу откако националните воздушни тревоги беа подигнати поради закана од руски бомбардери. Украинските вооружени сили објавија дека Русија кренала во воздух 16 стратегиски бомбардери „ту-95МС“ од кои лансира ракети и дека е прогласена тревога за воздушен напад низ цела Украина. Украинските медиуми пренесуваат дека на ракетниот напад му ...
Вчера во цетинската населба Медовина по наредба на надлежен инспекциски надзор е срушена куќата на Вук Бориловиќ, масовен убиец од Црна Гора. Според образложението до кое имала пристап РТВ Цетиње, куќата е урната врз основа на инспекциско решение на Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот, бидејќи објектот на спорната катастарска парцела нема одобрение за градба. Барањето за уривање го поднел Милош Мартиновиќ, човек чија ...
Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Породувањето беше извршено по природен пат, информираа вечерва од ГАК. -Бебето е од машки пол, тешко е 3760 грама, долго е 52 сантиметар и е родено со Апгар 10/10. Дежурната екипа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од ...
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.145 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие, што е зголемен број од претходното кога имаше 2.020. Од нив, „реални“ повици биле 42,33%, а 57,67% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 56,14%, кон Итната медицинска помош 38,25%, а кон пожарникарите ...
Јапонија издаде предупредување за цунами на 1 јануари по серијата силни земјотреси во Јапонското Море, пренесе агенцијата Асошиејтед прес (АП). Јапонската метеролошка агенција извести за земјотреси во близина на брегот на префектурата Ишикава и блиските префектури, еден од нив со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала. Предупредување за цунами беше издадено за Ишикава и за остатокот од западниот брег на островот Хоншу, јави АП. ...
Полицијата вечерва го привела Дрин Ахмети, внук од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети и косопственик на трговскиот центар „Соравија“. Дрин Ахмети, кој има 25 години е притворен вечерва нешто пред 20 часот. Полицајци го запреле возилото „ренџ ровер“ со кое управувал Д.А и при преглед пронашле пиротехнички средства“, велат од Министерството за внатрешни работи. „Лицето Д.А, од село Зајас – Кичево, е приведено во полициска станица и по ...
Синоќа на скопското Кале беше уапсен Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Ахмети имал полн багажник со пиротехнички средства, при што полицијата запленила речиси 750 парчиња на пиротехника. МВР информира дека во џипот на внукот на Али Ахмети пронајдени се 749 пиротехнички средства. -Полициски службеници, синоќа во 19:50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје, запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, ...
За време на новогодишните празници, ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, потврдија за МИА од оваа установа. – На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, ...
Јужноафриканската Република покрена постапка пред највисокиот суд на Обединетите нации, обвинувајќи го Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа и бара од судот да ѝ нареди на земјата да ги запре нападите на палестинска територија. Како што е наведено во поднесокот до Меѓународниот суд на правдата, поднесен вчера (29 декември, 2023) актите на Израел се од „геноциден карактер“ затоа што се извршени со намера „да се уништат Палестинците ...
Русија беше остро критикувана во Советот за безбедност на ОН за нејзините масовни ракетни и беспилотни напади врз Украина, откако Киев и неговите поддржувачи повикаа на итен состанок на 15-членото тело поради нападите. Според официјални претставници, во руските напади ширум Украина – најлошите од почетокот на војната во февруари 2022 година – загинаа 31 цивил, а повредени се повеќе од 160. Полска соопшти дека руски проектил се чини дека влегол ...
Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци. Во периодот од август 2020 година до април 2022 година, обвинетите вршеле пренос преку царинска ...
Направена уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава. Браво! Благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот. „Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот, изразувам длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната ...
Министерството за правда соопшти дека преку дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир- Турција се информира дека на осомничениот за двојното убиство Љупчо Пелевски, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена во „Затворена казнено -поправна установа Беликесир“ во Турција. Од Правда велат дека ова се прави согласно Законот 6706 член 14 , со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 ...
Во своето излагање, членот на Судскиот совет Миљазим Мустафа, кој ѝ го иницираше барањето за одговорност на Адеми, појаси дека се бара одговорност од претседателката на Врховниот суд по две точки. Првата е затоа што не се појавила на дури 21 седница на Судскиот совет, во периодот од мај до октомври годинава. Втората е затоа што не дошла на работниот состанок на 6 ноември, на кој ја повикале откако во медиумите зборуваше за политички притисоци во ...
Од вторник, 2 јануари, јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст. Во недела, на 31 декември, и понеделник, на 1 јануари, билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат. Од вторник, тие ќе продолжат со вообичаено работно време. Жичарницата, на 31 декември, ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот. ...
Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми. Во верижен судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во провинцијата Сакарија. Причината за несреќата се уште не е утврдена. Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла, а видливоста е слаба. Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз за локалните медиуми ...