Златко Далиќ ќе ја води Хрватска на трето Светско првенство во низа, а судбината посака на патот повторно да му се испречи Англија, селекција против која неговите играчи војуваа на историскиот поход до сребро во 2018-та година. Хрватска тогаш ја победи Англија и загуби во финалето од Франција, но четири години подоцна, Хрватска одново се прикажа во извонредно светло и го освои бронзениот медал во битката за трето место. После два импресивни ...

На последните две светски првенства Хрватска завршуваше со медал. По среброто на Мундијалот во 2018 година, следуваше и бронзениот медал на СП 2022 во Катар. Хрватска вечерва го започнува новиот предизвик на СП 2026, а противник ѝ е Англија, еден од главните фаворити за златниот медал. Сепак, не треба да се заборави дека Коцкестите го имаат еден од најискусните состави и дека под водство на „вечниот“ Златко Далиќ сигурно ќе му дадат голем ...