Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Марко Ројс беше инспиратор на петтата победа сезонава за екипата на Лос Анџеле Галакси, воодушевувајќи ги американските фудбалски фанови со фантастична аситенција. Тимот од Ел-Еј гостуваше кај Сиетл на Дени Мусовски и успеа да стигне до победата со резултат 0:2, со по еден гол во првото и второто полувреме. Потегот кој стана вирален на социјалните мрежи и кој ја најави победата на Галакси е асистенцијата на Ројс, по која Габриел Пек го отвори ...
Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте допрва ќе го објави составот кој ќе ја претставува „фуријата“ на СП 2026, но медиумите сметаат дека најголем дел од позициите се веќе резервирани и може да се претпостави кои играчи имаат сигурен мундијалски билет. Сепак, како што потенцира „АС“, неколку места ќе донесат неизвесност до последен момент, пред се поради слабата форма или некој проблем со повреда на помалку од еден месец до стартот на ...
Манчестер Сити вчера го совлада Челси со голот на Семењо и стигна до уште еден трофеј во ФА купот, но Пеп Гвардиола бара максимален фокус на завршните дуели од Премиер лигата. Арсенал има предност и сам ќе си ја решава судбината, но Сити очекувајќи кикс мора да оди на максимален учинок на последните две средби. Во таа насока, по триумфот на „Вембли“, Гвардиола потенцирал дека нема да дозволи еуфорија во екипата и опуштање во пресрет на ...
Шпанскиот стручњак Чаби Алонсо е подготвен за нов предизвик и новата сезона ќе ја почне како менаџер на Челси. По неочекувано кратката авантура во редовите на Реал Мадрид, Алонсо деновиве се договорил со премиерлигашот да ги води лондонските „сини“ и да се обиде да ги врати во битката за шампионската титула. Утринава, Челси официјално го потврди својот иден менаџер, ставајќи крај на шпекулациите и потврдувајќи дека ќе биде предводен од ...
ММА фановите може да се подготвуваат за официјален камбек на Конор МекГрегор, кој потврди дека ќе се појави на УФЦ ивентот во Лас Вегас. Ирецот ќе има соочување во октагонот со Макс Холовеј, а настанот е закажан за 11. јули и ќе предизвика голем интерес меѓу љубителите на овој спорт. 37-годишниот МекГрегор ќе се врати во октагонот првпат по пауза од пет години, односно откако заврши со фрактура на ногата на дуелот со Дастин Појре во 2021 ...
Атлетико Мадрид сака да го задржи Нико Гонзалес и за наредните сезони, но не планира да ја исплати трансфер сумата која Јувентус можеше да ја добие со активација на откупната клаузула во договорот за заем. Под одредени услови, Гонзалес требаше да остане во Атлетико, а Јувентус да добие 32 милиони евра, но Италијанците сега ќе треба да одредат попуст ако сакаат да се ослободат од Аргентинецот. Откупната клаузула содржела услов за одигрување на ...
Манчестер Сити направи премногу киксови оваа сезона и во најголем дел му дозволи на Арсенал да зависи сам од себе, па дури и кога се чинеше дека се врти моментумот со победата во дербито на „Итихад“, тимот на Пеп Гвардиола испушти драгоцени два бода кај Евертон. Тоа го става Арсенал во ситуација да ја освои титулата ако победи на последните два меча против Барнли и Кристал Палас, а иако на хартија тоа изгледа како лесна задача, Родри верува ...
Жозе Мурињо го одработи последниот натпревар за оваа сезона, а веднаш по крајот на истиот, почна да добива низа прашања за неговата иднина како тренер. Португалскиот стручњак е прв пик на Флорентино Перез и се очекува преговорите да се интензивираат во наредните неколку дена, а токму во таа насока оди и изјавата која ја даде „специјалниот“ по победата која ја оствари Бенфика над Есторил со 1:3. Тоа не беше доволно „лисабонските орли“ да се ...
Составот на Задар за кого настапува македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ избори пласман во полуфиналето на плејофот во Хрватска. Задар го доби и второто соочување со Кварнер, овојпат како гостин со 96:72 и со вкупни 2-0 ја затвори оваа серија и закажа битка со Дубровник во наредната рунда. Мекиќ добро ги искористи своите минути на паркетот и реализираше 12 поени со 3 скока. Тишма со 20 поени и 9 скока беше најрасположен поединец, додека ...
Пеп Гвардиола имаше стандардни обврски кон телевизиските куќи во Англија по крајот на големото финале во ФА Купот, а додека тој професионално си ја вршеше задачата, Рајан Шерки реши да го украде шоуто со комичен перформанс. Францускиот фудбалер освои нов трофеј како играч на Манчестер Сити и веќе ужива во соработката со шпанскиот стручњак, па наоѓа причина за задоволство дури и кога не е стартер. Шерки во неколку наврати беше уловен како ...
Кристијано Роналдо не ја криеше фрустрацијата и бесно го напушти теренот по поразот од Гамба Осака во финалето на втората по ранг Лига на шампиони во Азија, но за да биде уште повеќе во центарот на вниманието, Португалецот се погрижи со својот потег за време на церемонијата. Искусниот голгетер експресно се упати кон соблекувалната по последниот судиски свиреж и не им честиташе на противниците, но на крајот не им се приклучи ниту на соиграчите ...
Кристијано Роналдо и неговите соиграчи од Ал Наср може да освојат два трофеи во еден ден, но наместо тоа, вечерва останаа со празни раце во финалето во втората по ранг Лигата на шампиони во Азија, а не добија добра вест и од мечот на Ал Хилал. Ал Наср вечерва играше финале против Гамба Осака во второто по ранг клупско натпреварување во Азија (пандан на европската Лига Европа), па иако важеше за голем фаворит, на крајот загуби со 1:0. ...
Последниот натпреварувачки ден во Бундеслигата даде одговор на сите неодговорени прашања во Лигата на шампионите и битката за опстанок, видовме нова убедлива победа на Баерн Минхен за спуштање на завесата, но и три заминувања кои денеска беа само потврдени. Баерн како старо-нов шампион се поздрави и прости од тројца свои првотимци уште пред почетокот на мечот со Келн, односно им подели убави колажи и признаници за сето она што го направија во ...
Рио Фердинанд беше воодушевен од Роберт Левандовски кога му правеше интервју за своето јутјуб шоу, а сега дочека шанса да сподели вест која тој смета дека е добра прилика за Манчестер Јунајтед да добие врвен голгетер. По неколкумесечно размислување, популарниот Леви реши да стави крај на својата етапа во Барселона и најави заминување од Шпанија, па иако има 37 години, нема да му недостасуваат понуди во периодот кој следи. Полјакот е подготвен ...
Кристијано Роналдо и неговите соиграчи од Ал Наср може да освојат два трофеи во еден ден, но наместо тоа, вечерва останаа со празни раце во финалето во втората по ранг Лигата на шампиони во Азија, а не добија добра вест и од мечот на Ал Хилал. Ал Наср вечерва играше финале против Гамба Осака во второто по ранг клупско натпреварување во Азија (пандан на европската Лига Европа), па иако важеше за голем фаворит, на крајот загуби со 1:0. ...
Милан влезе во кризен период и освои само седум бода на последните осум меча во Серија А, низа која направи да падне на четвртото место и значително да го закомплицира пласманот во Лига на шампиони. Иако се зависи од „росонерите“, Милан сега ќе игра под голем притисок во завршните две рунди, а дефинитивно не помагаат и гласините кои пристигнуваат од внатрешноста на клубот, а кои се поврзани за важни имиња во хиерархијата. Италијанските ...
Баерн Минхен ја заврши сезоната во Бундеслигата онака како што доликува, односно со испорачана „петарда“ во мрежата на Келн, но и со шампионска прослава на крајот. Сосема очекувано, Баерн ја одложи шампионската забава во Бундеслигата за последното коло, а денеска со фановите на „Алијанц арена“ беше прославена уште една успешна сезона во домашното првенство. Овие ѕвезди на Баерн ќе играат за обединување на двојната круна во финалето на Купот, ...
Лука Модриќ доби тежок удар во глава на дербито против Јувентус и мораше да направи операција на јаболчницата поради неколку фрактури, па иако во тој момент беше пренесено дека сезоната за него е завршена, Хрватот успеа да направи чудо во неполни три недели. Искусниот играч за врска се оперираше на 27-ми април како поселдица на судирот со Локатели, но денеска на 16-ти мај веќе е подготвен да му помогне на тимот и му се ставил на располагање ...
Расинг Сантандер последен пат играше во шпанската Примера во сезоната 2011/12, а 14 години подоцна, овој клуб успеа да се избори за тоа што долго се чекаше. Пресметката против Валјадолид во 40-та рунда од шпанската Сегунда се покажа како пресудна за „зелено-белите“, кои поддржани од киксот кој го имаше Алмерија на домашен терен, успеаја да направат голем успех. Расинг си ја заврши својата работа против Валјадолид и славеше со 4:1, а пресврт ...
Чаби Алонсо нема долго да чека на новиот работен однос, бидејќи по паузата која ја зема поради отказот од Реал Мадрид, сега ќе има прво менаџерско искуство во Премиер лигата. Како што јавуваат сите угледни извори од Англија, Чаби Алонсо ја прифатил понудата на Челси, па во најскоро можни време се очекува да биде потврден за нов лидер на проектот во период од четири години. Шпанскиот стручњак се докажа како врвен тактичар во Баер Леверкузен и ...
Антоан Семењо брзо се привикна на животот во Манчестер Сити, а во период од неколку месеци успеа да го освои и вториот трофеј, овојпат со круцијална улога на „Вембли“ во финалето на ФА Купот. Семењо режираше магија со пета и успеа да го постигне голот кој го матираше Челси во финалето, па бидејќи стануваше збор за потег кој не остава никого рамнодушен, офанзивниот фудбалер го коментираше уште пред да го подигне трофејот во ФА Купот. ...
Шкендија остана без математички шанси да ја одбрани титулата на едно коло пред крајот во Првата македонска фудаблска лига, па завршното дерби со Вардар во Скопје ќе биде чиста рутина и сосема неважен натпревар за конечниот исход. Тетовските „црвено-црни“ доставија шампионски амбиции со големата победа во Скопје во дербито во вториот дел од сезоната, но неколку неочекувани кикса на домашен терен му овозможија на Вардар да ја завери титулата во ...
Ханси Флик го водеше Роберт Левандовски во Баерн Минхен, заедно ги освоија сите најважни титули во Германија и Европа, но во втората заедничка етапа се сретнаа во Барселона и заокружија уште две извонредни сезони. Германскиот стручњак останува во Барса и набрзо ќе стави потпис на нов договор, но од друга страна, искусниот напаѓач си заминува од клубот, но две години подоцна од планираното. Чави Ернандес сакаше да го продаде Левандовски во ...
Мохамед Салах немаше некоја позначајна улога на вчерашниот натпревар кој се одигра во Бирмингем, бидејќи како играч кој се враќа од повреда, доби шанса во самата завршница. Најплатениот играч на Ливерпул секако си оди од клубот по крајот на сезоната и следниот викенд ќе го одигра последниот меч во црвениот дрес, но пред да дојде до тоа, се реши да испорача нова бомбастична објава, доведувајќи го во прашање стилот на игра кој го негува Арне ...
Сан Антонио Спарс и Детроит Пистонс беа екипите остварија победи на двете средби од плејофот во НБА лигата. Спарс беа подобри од Минесота Тимбервулвс и на тој начин ја затворија серијата со 4-2 и закажаа финале на Западот со Оклахома Сити Тандер, додека Пистонси со славјето над Кливленд Кавалирс во Охајо се изборија за мајсторка на свој терен. Пет потези беа избрани како најдобри од двете средби, топ листа на кој број еден е Касл со екстра ...
Составот на Брегалница е на добар пат да се врати во Првата македонска фудбалска лига откако славеше на последниот гостински меч за тековнава сезона во второлигашката конкуренција. Лидерот во ова натпреварување триумфираше во Кочани кај Осогово со 3-0 и во последното коло против Победа во Штип има зицер за враќање во елитата во домашниот фудбал. Капсаров испорача хет-трик, погоди во 18, 41 и 55 минута. Скопје и Шкендија Арачиново беа подобри ...
Екипата на Башкими и дефинитивно го потврди статусот на прволигаш за наредната сезона по денешните натпревари во Првата лига. Клубот од Куманово не успеа да ја совлада испаднатата Македонија Ѓорче Петров, ама и ремито од 3-3 беше доволно да се стави печат и за наредната сезона во елитната домашна фудбалска конкуренција. Во тоа помогна и Пелистер кој не успеа да слави на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш (2-2) и ќе мора да игра бараж за ...
Фудбалерите на Манчестер Сити дојдоа во вториот трофеј во оваа сезона, односно по англиискиот Лига Куп го „грабнаа“ и пехарот во ФА Купот. Тимот што го предводи Пеп Гвардиола славеше над Челси со 1-0 и со тоа дојде до осмиот триумф во ова натпреварување со што се израмни со Ливерпул, Тотенхем и денешниот противник. Клучниот меч на соочувањето на „Вембли“ се случи во второто полувреме кога Семењо мајсторски реагираше по топката која ја доби од ...
Старо-новиот германски шампион Баерн Минхен со стил и убедлива победа ја заокружи натпреварувачката 2025/2026 во Бундеслигата. Избраниците на Компани го разбија Келн со 5-1 во соочување во кое Кејн испорача хет-трик, а погодија уште Бишоф и Џексон. Кејн со 36 гола ја заврши сезоната како стрелец број еден, додека Баерн постигна неверојатни 122 погодоци и ја заврши кампањата со 86 (гол разлика). Дортмунд го доби Вердер Бремен со 2-0. Лајпциг ...
Алваро Арбелоа ги одработува последните натпревари на клупата на Реал Мадрид, а тоа ќе бидат соочувањата со Севилја и Атлетик Билбао. Арбелоа неочекувано доби шанса на местото на Чаби Алонсо, потег кој не се покажа како најдобар за клубот кој остана со празни раце и покрај сите вложувања. -Најкомплицираната работа во овој клуб е секогаш кога не победуваш. Тоа е она што најмногу ме боли, што не им помогнавме на играчите да освојат титули. ...