Филип Кузмановски на најдобар можен начин ги заврши репрезентативните обврски и ја предводеше Македонија до две победи во баражот за Светско првенство, па иако има уште два предизвици до крајот на месец мај на клупски план, популарниот „Фитиљ“ сега реши да си ја продолжи сезоната и да си го скрати летниот одмор. Капитенот на македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од азиската Лига на шампиони за клубови, и тоа како големо засилување ...

Новак Ѓоковиќ ги започна завршните подготовки за Ролан Гарос, а на еден од првите тренинзи беше забележан со нов тренер и големо засилување во стручниот штаб. Станува збор за неговиот сонародник Виктор Троицки кој веќе соработуваше со Ѓоковиќ на Олимписките игри во Париз, па сега останува да се види дали оваа соработка ќе биде на само за одреден период, или ќе биде долгорочно решение за двајцата. Ѓоковиќ стана олимписки шампион токму со ...

Ханси Флик пред два дена стави потпис на нов договор со Барселона и се обврза на верност до 2028-ма година, но пред да го направи тоа, имал и одредени барања до водечките луѓе. Германецот е составен дел од плановите кои ги прави клубот за новата сезона, односно заедно со Деко учествува во конфекционирање на тимот за новата натпреварувачка сезона. Како што јавува „Мундо Депортиво“, Ханси Флик побарал да му бидат исполнети две желби пред да ...

Дарко Панчев е докажано фудаблско име кое остави посебен белег на овие балкански простори, а како жива легенда на овој спорт, сега направи најава за Светското првенство како гостин во порграмата на „радио Сараево“. Македонската „Златна копачка“ традиционално ги следи најголемите фудаблски настани и се подготвува за мундијалот кој следи, но Панчев вели дека не е премногу воодушевен од идејата на ФИФА најважниот фудаблски собир да брои 48 ...

Корентан Муте е еден од најспефицичните тенисери кои се во топ 100 на АТП листата, а како добро познат шоумен за јавноста, сега ги потсети фановите на еден перформанс од повеќе од две децении. Муте загуби од Давидович Фокина во раната фаза на турнирот во Хамбург, но го привлече вниманието поради еден загубен поен во вториот сет. Францускиот тенисер вложи максимален напор за да го добие поенот, а откако го изгуби, направи нешто што не се ...

Гави ја санираше тешката повреда на коленото и после втората операција се чувствува посилен од било кога, па во ексклузивното интервју за „Мундо Депортиво“ говори за одличниот кам-бек кој го имаше на теренот, но и мундијалскиот сон кој претстои. Неуморниот играч за врска искрено се надева дека ќе биде дел од завршниот список на селекторот Луис де ла Фуенте, верува дека шпанскиот тим може да оди до самиот крај и да се бори за светската титула, ...

Рио Фердинанд беше еден од најгласните експерти кои од првиот дел од сезоната веруваа од Арсенал, а откако неговиот тип се обвистини и „топчиите“ ја освоија титулата, доста брзо се јави на социјалните мрежи. Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед навиваше за Арсенал во битката со Манчестер Сити, па во моменти кога има големо славје во Северен Лондон, тој реши да ја зачини својата честитка и со мала провокација. Фердинанд го прозва ...

Ханси Флик пред два дена стави потпис на нов договор со Барселона и се обврза на верност до 2028-ма година, но пред да го направи тоа, имал и одредени барања до водечките луѓе. Германецот е составен дел од плановите кои ги прави клубот за новата сезона, односно заедно со Деко учествува во конфекционирање на тимот за новата натпреварувачка сезона. Како што јавува „Мундо Депортиво“, Ханси Флик побарал да му бидат исполнети две желби пред да ...

Њујорк со „метла“ ја почисти Филаделфија во полуфиналето на Истокот и влезе како голем фаворит во финалето со Кливленд, но рано утрово за малку скапо ќе го платеше тоа што подолго време немаше компетитивен натпревар. Додека Њујорк одмораше, Кливленд одигра драма со Детроит и после мајторка се пласираше во конференциското финале, па така повеќе од три четвртини доминираше во Медисон Сквер Гарден. Гостите го диктираа ритамот и профитираа од ...

Арсен Венгер беше последниот тренер кој му донесе шампионска титула на Арсенал во Премиер лигата, а 22 години подоцна, Французинот го доби својот наследник во името на Микел Артета. Навивачите на клубот од Северен Лондон со години беа мета на потсмев, особено тоа беше случај по трите сезони во кои завршија втори, но упорноста на крајот даде резултат и Арсенал вчера и официјално стана англиски шампион. Артета го наследни Венгер и после повеќе ...

Манчестер Сити потклекна и на второто тешко гостување во последните неколку рунди и остана без математички шанси да се бори за трофејот, а тоа се случи на едно коло пред финишот на сезоната во Премиер лигата. Пеп Гвардиола силно посакуваше неговиот тим да остане во живот до завршната рунда која е закажана за во недела, но вчерашното реми со Борнмут на „Виталити“ стадионот значеше дека Арсенал ја освојува титулата по пауза од 22 години. ...

Микел Артета долго трпеше критики за стилот на игра и трите загубени битки за титула во Премиер лигата, но за него како среќен се покажа четвртиот обид во последните четири години. Арсенал конечно ја мина целната линија како првопласиран и на коло пред крајот ја освои титулата во Премиер лигата, нешто за што се чекаше во Северен Лондон повеќе од две децении. Артета не успеа да донесе таква радост за фановите како играч на тимот, но сега како ...

После 22 години пауза, Микел Артета ја урна „клетвата“ и донесе голема титула за Арсенал во Премиер лигата, и тоа после три сезони во кои завршуваше второпласиран. Арсенал одигра најконстантно оваа сезона и на крајот се радува на големиот трофеј на едно коло пред крајот, а мала услуга доби од Борнмут кој вчера го сопре Манчестер Сити на „Виталити“. Ремито со резултат 1:1 значеше дека титулата патува во Северен Лондон после повеќе од две ...

Антонио Касано често е актуелен во италијанската јавноста и тоа со неговите директни ставови, коментари на теми кои се актуелни како што на пример е сегашната ситуација во Милан. Милан на едно коло до крајот во Калчото е во позиција да ја оствари целта и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, но и ако тоа се оствари најверојатно нема да спречи да се случат некој драстични промени кои веќе се најавуваат во јавноста. Се говори со доста ...

Капитенот на Интер и воедно аргентински репрезентативец, Лаутаро Мартинез го издвои играчот кој според него е најдобар напаѓач на светот. Лаутаро има квалитети, знаење и дефинитивни припаѓа на групата на најквалитетни „деветки“ на планетава, но тој беше искрен и даде одговор за тоа кој е број еден. Неговиот глас оди кај Хари Кејн поради се што прави како офанзивец, дава голови, асистира, а и учествува во грањето на акциите на клубот и ...

Ненад Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен се изборија и за втора победа против Трир во четвртфиналето на плејофот во Германија. Баварците го реализираа првото соочување со 101:80, додека пак вечерва исто беа убедливи со 92:65. Евролигашот наметна свое темпо, игра уште од првата четвртина која ја доби со 26:19, а потоа го надигра ривалот и во преостанатите три период. Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ беше најдобриот играч на теренот ...

Фудбалерите на Челси издвојуваа победа над Тотенхем од 2-1 во последниот натпревар од 37. коло во англиската Премиер лига. Ова за „сините“ е прво славје на домашен терен во ПЛ по 31 јануари кога на драматичен начин беше совладан Вест Хем со 3-2 или севкупно гледано конечно се избори за лигашки триумф од 4 март кога ја надигра Астон Вила на „Вила Парк“ (4-1). Енцо Фернандез беше човек на одлука, во првиот дел се запиша во листата на стрелци, ...

Тренто на Андреј Јакимовски направи изненадување и славеше над Виртус Болоња со 87:84 во вториот натпревар од четвртфиналната плејоф серија во Италија. Актуелниот првак беше убедлив на првиот натпревар и славеше со 31 разлика, но вечерва Андреј и другарите се покажаа во далеку подобро светло, одиграа поквалитетно на двете страни на теренот и се изборија за брејк и 1-1 во серијата. Нашиот репрезентативец Јакимовски беше меѓу најфикасните кај ...

Екипата на Манчестер Сити не успеа да го положи последниот гостински испит за оваа сезона во Премиер лигата, а тоа автоматски значеше дека Арсенал по пауза од 22 години е нов англиски шампион. На „граѓаните“ им беше потребен триумф против Борнмут во претпоследното 37. коло, меѓутоа избраниците на Пеп Гвардиола освоија само бод и тоа со гол 95. минута, односно овие 1-1 не беа доволни за да се задржи неизвесноста во трката за пехарот до ...

Лионел Скалони ќе ја предводи Аргентина на уште еден голем настан, Светското првенство на кое „гаучосите“ имаат статус на актуелни шампиони, бранители на трофејот. Ќе биде многу тешко да Аргентинците да го одбранат пехарот, но имаат силен тим, квалитетни индивидуалци, состав на кој лидер треба да биде Лионел Меси иако неговото учество се уште не е официјално потврдено, ама би било огромно изнанадување да не го гледаме ма мундијалот. -Да можеш ...

Арсенал е на добар пат да ја врати лигашката титула по скоро две децении и со тоа конечно да се потврдат инвестициите, да се стави печат на квалитетната работа во изминативе години. Патрик Виера беше дел е една друга генерација на „топчиите“, генерација која без пораз дојде до пехарот во Премиер лигата, па славниот Французин доби една интересна задача да состави искомбиниран тим, да издвои играчи кои би можеле да се најдат во почетната ...

Бразилците или поточно нивниот селектор Карло Анчелоти го откри списокот на играчи кои ќе настапат на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Најголемата, најзначајната одлука е враќањето на Нејмар во националниот тим, односно ѕвездата на Сантош по пауза од неколку години ќе ги брани боите на Бразил. Со многу емоции беше дочекана оваа одлука на Анчелоти, па Нејмар не ги криеше солзите откако слушна дека е дел од напаѓачката линија на ...

Ковентри и Ипсвич со пласманот на првите две позиции во Чемпионшип лигата се изборија за директно место во Премиер лигата во натпреварувачката 2026/2027, односно остана само уште една непозната, последната екипа која во наредната сезона ќе игра во елитната англиска дивизија. Оваа седмица или поточно на 23 мај ќе го добиеме и последниот патник со тоа што имаме сериозна промена во однос на тоа кој ќе игра во финалето на „Вембли“. Имено тоа ...

Интер по добро ќе ја памети натпреварувачката 2025/2026 во која клубот ги освои најважните два трофеи на домашната сцена, Скудетото и трофејот во Купот на Италија. Многу прашалници, дилеми имаше што оваа екипа може да направи под водство на Кристијан Киву за кого ова беше прва година како тренер на еден великан, клуб со тежина и тоа е позитивно, тоа што е реалност е дека беа испорачани резултати. Секако овој резултат не е како оној ...

Карло Анчелоти го соопшти списокот на играчи на кои како селектор на Бразил ќе смета на престојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико. Најголемата вест е таа што Италијанецот одлучи да го врати Нејмар во националниот тим, играч кој неколку години немаше ниту еден настап за „кариоките“, одлука за која допрва ќе видиме дали е правилна ако се земе предвид историјата на напаѓачот со повредите, но и тоа дека некое време нема играно фудбал ...

Предводникот на португалската репрезентација, Роберто Мартинез го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета за престојното Светско првенство кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. На списокот се најдоа 27 имиња од кои се издвојува она на Кристијано Роналдо за кого ова ќе биде рекордно шесто светско првенство. -Се надевам дека ќе биде истата улога што ја имаше во последните три години, како што бев јас со репрезентацијата. Многу зборував ...

Вториот светски рекет, Карлос Алкарас нема уште некое време да го гледаме на тениските терени и турнири, информација која самиот ас ја соопшти на социјалните мрежи. Шпанецот е во „аут“ од средината на минатиот месец откако се повлече од турнирот во Барселона, поточно не го одигра дуелот со Томаш Махач во осминафиналната рунда. Жебите беа тој да се врати за сезоната на трева, ама проблемот со повредата на зглобот на раката не е наивен и Карлос ...

Сан Антонио Спарс ја доби првата битка со Оклахома Сити Тандер во финалето на западната конференција во НБА лигата. Гостите од Тексас славеа со 122:115 по две продолженија, а главен „виновник“ за тоа беше Виктор Вембањама. Французинот издоминира со 41 поен и 24 скока, беше нерешлива енегима за домаќините и голем дел од неговите мајстории, атракции се најдоа на најновата топ десет листа. Уживајте!!! Сан Антонио Спарс ја доби првата битка со ...

Фудбалската федерација на Македонија го одреди судијата кој ќе ја дели правдата на утрешното финале на Купот на Македонија во кое силите ќе ги одмерат Силекс и Шкендија, соочување закажано за 20:00 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Главен судија на финалната пресметка ќе биде Игор Стојчевски, најдобриот македонски судија, интернационален ФИФА судија, дел од ментор програмата за елитни судии на УЕФА. Славниот турски арбитар ...

Фудбалскиот клуб Вардар најави заедничка прослава на титулите во македонските првенства заедно со своите колеги од ракометниот клуб, но ова попладне пристигна информација дека Иван Чупиќ и неговите играчи нема да бидат дел од саботната манифестација во градскиот парк. Ракометниот клуб објавува дека има неодложни обврски и поради тоа нема да може да им се приклучи на фудаблерите, па така двата клуба сепак ќе имаат самостојни прослави на ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.36
42%
1019
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
1.25
64%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.33
55%
1020
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.38
69%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.04
58%
1018
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.06
85%
1020
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
1.79
46%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.87
58%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.87
56%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
58%
1018
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
0.89
43%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
2.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

54.1986

Currency

71.4605

Currency

37.4206

Currency

38.2416

Currency

67.0584

Currency

7.97756

Currency

0.72176

Currency

0.33588

Currency

0.52583

Currency

1.16429

Currency

0.57326

Паладиум

38420.14

Кобалт

56.29

Злато

131629.35

Цинк

0.00

Родиум

249168.29

Сребро

1907.42

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Калај

50.34

Бакар

12.34

Алуминиум

3.17

Платина

52341.42