Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Македонија вчера го одработи својот тренинг во Прешов и направи завршни подготовки за првиот бараж меч со Словачка на нејзин терен, натпревар на кој ќе биде многу важно да се одигра паметно и концентрирано во текот на сите 60 минути. Селекторот Кирил Лазаров во најавата за овој двомеч потсети на непријатното искуство кое го имаа во баражот за СП со Фарски Острови, а Никола Митревски како најискусен играч во репрезентацијата вели дека мора да ...
Ергин Атаман е познат како човек кој не ги прифаќа лесно поразите, па откако се бунеше за судиите по двата порази во ОАКА од Валенсија, сега во ист стил продолжи и по поразот во „мајсторката“ во „Роиг арената“. Валенсија направи сензационален пресврт и по негатива од 0:2 за првпат се пласираше на еден фајнал-фор турнир во Евролигата, но додека Шпанците слават, Атаман одлучи да користи непотребни методи и да ја доведува во прашање победата на ...
Манчестер Сити остана во трката за титулата во Премиер лигата со сигурната победа која ја оствари над Кристал Палас, а поволна вест за Пеп Гвардиола беше тоа што стигна до три бода без да ги измори своите ѕвезди. Дел од најважните играчи на Сити останаа на клупата за резерви и добија поштеда пред финалето во ФА Купот и дуелот со Борнмут во Премиер лигата, а во такви услови, до израз дојдоа играчи кои поретко добиваат шанса. Фил Фоден е еден ...
По „два од два“ на првите натпревари на домашен терен, рано утрово го видовме првиот брејк во серијата меѓу Детроит и Кливленд, па со тоа Кавалирски стигнаа на чекор од пласман во конференциско финале во НБА лигата. Детроит отвори навистина добро на домашен терен и се чинеше дека одново ќе го одбрани својот паркет, поведе со максимални плус 15 во раната фаза на вториот период, но како што одминуваше времето, Кејд Канингем добиваше се помалку ...
Кристијан Киву беше пречекан со голем скептизицам во Милано пред една година, но неполни 12 месеци подоцна, романскиот стручњак заедно со своите играчи ја прослави првата двојна круна во клубот од ерата на Жозе Мурињо. Интер го победи Лацио со 2:0 во вчерашното финале на „Олимпико“ и ја завери и втората титула на домашната сцена, со што само го потврди приматот на најдобар тим во италијанскиот фудбал во овој момент. Италијанскиот првак ...
По експлозивното обраќање кое го имаше во вторникот, Флорентино Перез се одлучи да направи ексклузивно интервју за „Ла Секста“ со новинарот Хосеп Педрерол, а бидејќи станува збор за соговорник кој доста го почитува, претседателот на Реал учтиво одговараше на сите поставени прашања. Првиот човек на Реал Мадрид е свесен дека секоја сезона во која нема освоено трофеј се смета за неуспешна во „Кралскиот клуб“, но истовремено е сигурен дека тој и ...
Интер ја потврди својата класа и доминација во италијанскиот фудбал со двојна круна, односно со титула во Серија А и во Купот. По освоениот трофеј во Калчото, тимот на Кристијан Киву без проблеми го совлада Лацио за пехарот во Копа Италија, а покрај тоа што победата од 2:0 се слави во Милано, истата донесе радост и во еден дел од Рим. Победата на Интер во финалето и донесе на Рома математичко учество во Лигата на Европа наредната сезона, а ...
Македонскиот интернационалец Бехар Фета и неговиот Алуминиј успеаа да го освојат трофејот во Купот на Словенија. Во битката за титулата, составот Алуминиј беше подобар од второлигашот Гросупље со 1-0 со погодок во второто полувреме. Херој беше Бамба Сусо кој постигна убав гол во 78 минута. 🎯 Bamba za pokalni naslov Aluminija 🏆🔴⚪️#PokalUnion 🏆 pic.twitter.com/bPikaB3FjZ — NZS | FA Slovenia (@nzs_si) May 13, 2026 Фета беше стартер на ова ...
Задар на македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ ја оправда улогата на фаворит против Кварнер во првиот меч од четвртфиналната плејоф серија во хрватскиот шампионат. Домаќините славеа со 90:70 и тоа во натпревар во кој имаа фуризони први десет минути (21:5), па пад до крајот на првиот дел (16:27) за да по паузата се стабилизираат и дојдат до првиот триумф во разигрувањето за пехарот. Михаиловиќ и Тишма со по 21 поен беа први стрелци, нашиот ...
Денес во Скопје заврши државното првенство во тенис за играчи до 14 години, а шампионските титули поединечно ги освоија Андреј Темов и Деа Крстевска. Андреј Темов ја потврди фаворитската улога на државното првенство за јуниори до 14 години и со убедлива победа од 6:1 и 6:0 во финалето го совлада Олег Мирчески. Овој играч минатиов период беше активен на меѓународната сцена и имаше забележителни настапи во Анталија, Тирана и Улцињ, па на ...
Ханси Флик си постави цел по освоената втора титула во шпанската Ла Лига, односно побара од својот тим да го брка рекордот од 100 освоени бода во една сезона, нешто што ќе беше возможно со три победи во последните три рунди. Сепак, уште на првиот меч по освоената титула, станува јасно дека оваа мисија на Флик станува невозможна, едноставно поради фактот што неговите фудбалери не пронајдоа мотив да се надигруваат во Виторија. Алавес е во ...
Дербито меѓу Ленс и ПСЖ го одреди новиот шампион во францускиот фудбал, а тоа одново е тимот на Луис Енрике кој продолжи да доминира на домашната сцена. Актуелниот европски првак беше под притисок во почетната фаза од мечот на гостувањето, но една грешка во потесната одбрана му овозможи на Дембеле да испрати употреблива топка за Кварацхелија. Грузиецот не можеше да погреши од идеална позиција и погоди за 0:1, па Ленс се стави во крајно тешка ...
Валенсија ги загуби првите два натпревари на домашен терен од Панатинаикос и беше на праг од елиминација во четвртфиналето, но кога изгледаше дека се е готово, тимот на Педро Мартинез се издигна од калта и испиша историја. Второпласираниот тим во регуларниот дел од сезоната го возврати ударот со две победи во ОАКА, па вечерва се играше „мајсторката“ која ја гледаше цела европска кошаркарска јавност. Валенсија се прикажа во извонредно издание ...
Интер ја оправда улогата на најдоминантен тим во италијанскиот фудбал оваа сезона, бидејќи покрај титулата во Серија А, сега го освои и трофејот во Купот. Големото финале на „Олимпико“ во Рим беше доста едносмерно и беше решено уште во првото полувреме, а мора да се признае дека фудаблерите на Кристијан Киву добија и голема помош од ривалите. Најпрво Марушиќ си постигна автогол во 14-та минута по еден изведен корнер од Димарко, но за да биде ...
Манчестер Сити славеше победа на заостанатиот натпревар од 31-то коло во Премиер лигата, а Пеп Гвардиола може да биде задоволен што стигна до лесен триумф на меч на кој одмори добар дел од своите ѕвезди. Шпанецот го започна мечот без Халанд, Шерки, Доку, Диаш и О’Рајли во стартниот тим, но и во таква ситуација, Кристал Палас не успеаваше да парира на „Итихад“. Напротив, Сити изгледаше многу агреисивно и допадливо со речиси втор тим на ...
Пеп Гвардиола реши да им даде одмор на голем дел од стартерите во својот тим, но дури и во ситуација кога на клупата останаа ѕвезди како Халанд, Шерки, О’Рајли, Доку и Диаш, Манчестер Сити повторно состави квалитетен состав против Кристал Палас. Во отсуство на пет сигурни стартери, шоуто во првиот дел го украде Фил Фоден, од едноставна причина што англискиот репрезентативец режираше две аситенции, од кои една беше генијална. Фоден им ...
МЗТ Скопје ќе ја брани титулата во македонската кошарка во големото финале кое ќе се игра во Суперлигата, откако во „мајсторската“ со Пелистер успеа да запише голема победа на домашен терен. По воведните 1:1 и солидното прво полувреме вечерва ов Аеродром, не се доби впечаток дека МЗТ ќе може да извојува голема победа, но вториот дел донесе целосно дијаметрална разлика на теренот, во која домаќините доминираа, а гостите целосно се изгубија. ...
Шеј Гилџус-Александер во овој момент важи за најомразен играч во НБА лигата, од една страна поради доминацијата која ја прикажува како лидер на Оклахома, но пред се поради неговиот стил на игра кој се почесто предизвикува негативни реакции. Неговиот „флопинг“ и начинот на кој изнудува фаули од ривалите направија да биде најкритикуван од страна на експертите и фановите од стартот на плејофот, а откако Тандерси испорачаа „метла“ во ...
Севилја до пред три рунди беше главен фаворит за премин во понизок ранг и атмосферата во Андалузија беше навистина тензична, но после двете победи на домашен терен против Реал Сосиедад и Еспањол, тимот на Луис Гарсија Плаза запиша и трета победа во низа. Гостувањето кај Вилјареал не започна воопшто добри и гостите примија два гола од Морено и Микаутадзе, па иако воведот не навестуваше такво нешто, Севилја во продолжение успеа да се издигне. ...
Валенсија оствари голема победа на „Сан Мамес“ во Билбао и се приближи до зоната за спас, но истовремено, не смее воопшто да се опушта и ќе мора да брка бодови на утрешниот натпревар на „Месталја“. Битката на познатиот стадион ќе биде многу важна и за Валенсија и за Рајо Валјекано, а бидејќи гостите од Мадрид навистина многу добро го познаваат Столе Димитриевски, Ињиго Перез во најавата за мечот не штедеше комплименти за искусниот македонски ...
УЕФА денеска ја извести јавноста дека го казнува турскиот клуб Фенербахче во висина од 10 милиони евра, откако специјалниот оддел на Европската Федерација за финансиско работење утврдил низа нерегуларности во турскиот великан. Иако спорни биле неколку договори на играчи од првиот тим, но и оној на Жозе Мурињо кој минатото лето си замина од Истанбул, казната се изрекува поради голема измама која е направена со најголемото летно засилување. ...
По комплетирањето на првата фаза од подготовките кои траеја во изминатава недела, македонската одбојкарска репрезентација денеска доби слободен ден, а од утре продолжува со активностите во Скопје. Во пресрет на првиот собир во престолнината, селекторот Јошко Миленкоски реши да го скрати списокот, па така за вториот дел од подготовките ќе смета на 17 одбојкари. Предводникот на македонската репрезентација реши да избере 17 „спартанци“ кои ќе ги ...
Флорентино Перез ги повика сите храбри бизнисмени и претприемачи и влијатени имиња од Мадрид да му се приклучат на претседателските избори како против кандидати за најважната функција во Реал Мадрид, а во моменти кога се појавија и разни гласини со имиња кои навистина би се дрзнале на таков чекор, посебно на значење доби шпекулацијата за Рафаел Надал. Како голем фан на Реал Мадрид и долгогодишен почесен гостин на „Сантијаго Бернабеу“, дел од ...
Легендарниот Ромарио е познат како човек кој неизмерно си ја цени својата работа и наследството кое го остави на фудаблската игра, а како поранешен професионалец кој дочека да види доминација на две имиња во модерниот фудбал, смета дека Лео Меси е тој кој направил повеќе за фудбалот. Славниот Бразилец го вброја Меси меѓу играчите кои направиле повеќе од него за фудаблската игра, а во ексклузивното друштво се само уште три легенди. Според ...
Реал Мадрид минува низ турбулентен период и тоа го натера Флорентино Перез да излезе со експлозивно обраќање во јавноста, а додека шпанските медиуми се уште се под импресии од говорот на претседателот, Алваро Арбелоа мораше денеска да си ја врши својата стандардна обврските пред новинарите. По загубената титула во Ла Лига, Реал ќе игра за чест и достоинство во последните три кола, па денеска новинарите го запрашаа Арбелоа дали Реал Мадрид ...
Кенан Јилдиз доби нов долгорочен договор од Јувентус и стана јасно дека тој ќе биде играчот врз кој ќе се гради проектот на клубот, а големат привилегија која ја има во овој момент, го натерала да се испроба и во улога на преговарач за друг соиграчи. Душан Влаховиќ имаше тешка сезона поради повреди, но секогаш кога се наоѓаше на теренот даваше позитивни знаци и постигнуваше голови, па постои шанса да остане во Јувентус и покрај сите ...
Касемиро ги брои своите последни денови во Манчестер Јунајтед и ќе си оди од клубот на голема врата, односно по сезона во која прикажа најдобри можни перформанси во црвениот дрес. Бразилецот ги претрпе сите удари и успеа да се врати посилен од било кога, а сега во период кога многумина бараат од него да остане барем уште една сезона, Касемиро се осврна и на темата која беше многу актуелна пред две години. Џејми Карагер јавно го понижи ...
Барселона ја осигура титула во Ла Лига со „Ел Класико“ победата над Реал Мадрид, а додека во еден дел од градот се слави титула, во другиот се стравува од испаѓање. Еспањол се најде во ситуација да се бори за живот во последните три рунди и не знае за победа од средината на месец декември минатата година, па оваа голема криза направи помалиот клуб од Каталонија да влезе во грчевите борба за опстанок. Овие денови во шпанската јавност доста се ...
Флорентино Перез имаше експлозивно обраќање во шпанската спортска јавност во текот на вчерашниот ден, при што се обиде да се одбрани од сите напади кои ги добива во изминатиот период како прв човек на клубот. Покрај тоа што свика нови претседателски избори во Реал Мадрид за да ја демонстрира апсолутната доминација во клубот, Перез распали по дел од новинарите, по судиите кои смета дека сериозно го оштетиле „кралскиот клуб“, но проговори и за ...
Тоа што се најауваше денеска доби официјално потврда и Лино Червер е именуван за нов тренер на сега веќе поранешниот македонски шампион Еурофарм Пелистер. Червар се враќа во Македонија, Пелистер е новиот предизвик: Доаѓам во клуб со голема традиција и историја… „Зелено-белите“ имаа турбулентна сезона во која останаа без тронот во македонскиот ракомет, па управата на клубот се одлучи да го доведе Червар, стратегот кој остави трага на нашата ...