Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Роберт Левандовски денеска го одигра последниот натпревар на „Камп Ноу“ како играч на Барселона, а тоа сосема очекувано успеа да го разнежни и да предизвика емоции и кај искусен фудбалер како што е Полјакот. За четири години во Барселона, Левандовски успеа да освои три титули во Ла Лига и покажа класа која ја препознаа фановите од Каталонија, кои денеска со стоечки овации го поздравија фудбалскиот мајстор од Полска. Левандовски доби голем ...
Антоан Гризман денеска го одигра последниот натпревар во дресот на Атлетико Мадрид на домашен терен, па сосема очекувано, се беше во знакот на Французинот на „Метрополитано“. Францускиот фудбалски мајстор беше испратен како жива легенда и најдобар голгетер во историјата на клубот, а емоциите преовладаа на трибините, но и на самиот терен. Гризман не можеше да ги сокрие солзите од пријатните изненадувања кои му ги приреди Атлетико оваа вечер, ...
Македонија покажа дека разликата во класи со Словачка е навистина голема и со вкупно 22 голови разлика на двомечот се пласираше на уште еден ракометен мундијал, десетти љубилеен за нашата репрезентација. Избраниците на Кирил Лазаров покажаа глад за победа од првата до последната секунда во овие 120 минути, а Никола Митревски како еден од најискусните во тимот нагласи дека токму тој сегмент посебно му се допаднал. Македонија не ја тргна ногата ...
Маџари направи големо изненадување со самиот пласман во финалето на македонската кошарка, а денешниот натпревар во „Јане Сандански“ го почна максимално мотивирано и „покажа заби“ во првата четвртина. Гостите ги добија воведните десет минути благодарение на агресивната игра и дисциплинираната игра во одбрана, но почетните 18:26 беа доволно голем предизвик за шампионот дека е време да се разбуди. По бавниот влез во мечот, МЗТ почна да се буди и ...
Тим од регионалната лига во Германија пишува убава фудбалска бајка во оваа земја, па после третата промоција од 2022-ра година наваму, од следната сезона ќе игра во најсилната Бундеслига. Елверсберг денеска на домашен терен го совлада Минстер со 3:0 и за првпат во својата клупска историја избори пласман во најсилната фудбалска лига во Германија, потфат кој делува уште поимпресивно ако се знае дека до пред неколку години играше во регионалната ...
Филип Кузмановски повторно беше вистински лидер на македонската ракометна репрезентација, овојпат во баражот за пласман на Светско првенство. По десетте гола кои ги постигна во Прешов во четвртокот, Кузмановски денеска постигна 11 голови во мрежат на Словачка, па со вкупно 21 го заврши овој двомеч кој ја одведе Македонија на јубилејно десетто Светско првенство. – Мислам дека треба да бидеме среќни и задоволни. Знаевме што не очекува, но бевме ...
Македонската ракометна репрезентација со две убедливи победи над Словачка се пласираше на Светско првенство, осмо во низа, односно десетто во историјата од осамостојувањето. Избраниците на Кирил Лазаров сериозно си ја сфатија работата и не и дадоа никаква шанса на Словачка на двата меча, а Лазаров како селектор е презадоволен од пристапот на сите ракометари, дури и во ситуација кога победникот беше решен. При убедливо водство на нашата ...
Столе Димитриевски брани во животна форма во последните неколку месеци, а тоа го покажа и на тешкото гостување во Сан Себастијан кај екипата на Реал Сосиедад. Сосиедад и Валенсија го одиграа убедливо најинтересниот и највозбудлив натпревар во 37-та рунда во шпанската Ла Лига, па после три пресврт и седум голови, „лилјаците“ се тие кои се радуваа на победа и на математички обезбеден опстанок во елитата. Натпреварот почна со гол на домаќините ...
Македонија демонстрираше дека разликата во класи со селекцијата на Словачка е огромна во секој ракометен елемент, бидејќи по победата остварена во Прешов, избраниците на Кирил Лазаров одиграат уште подоминантно на домашен терен. Тоа што требаше да претставува чиста рутина, се претвори во полесен тренинг за македонската ракометна репрезентација, бидејќи нашите репрезентативци успеаја да слават со 15 голови разлика во „Борис Трајковски“. Водени ...
Раул Гонзалес ја оствари првата голема цел во еден бараж за големо натпреварување, откако како лидер на репрезентацијата на Србија ги одведе „орлите“ на Светско првенство. Двомечот со Унгарија беше доволно тежок и голем предизвик за трофејниот шпански стручњак, кој откако ја запозна репрезентацијата на Европското првенство, сега изгледа како човек кој може да го одведе тимот до друго ниво. По тесната победа со резултат 31:29 во Ниш, денеска ...
Баерн Минхен традиционално ги слави сите големи титули на плоштадот Мариенплац и оттаму следат обраќања на новите шампиони, но ова попладне атмосфсерата успеа да се расипе во еден момент. За време на преносот кој одеше во живо, на најпознатиот плоштад се појави банер кој имаше погрдна порака за новите национални шампиони, по што веднаш стана јасно дека станува збор за саботажа. Како што јавуваат угледните германски медиуми, зад саботажата ...
Јаник Синер игра во страшна форма и тоа го потврди со победа на Мастерсот во Рим, а пред своите домашни фанови оствари рекорд кој малку кој можеше да го замисли по разочарувачкиот старт на сезоната. Италијанскиот тенисер на најдобар можен начин се опорави од поразот во Австралија и врза неверојатна серија на добри резултати, а денеска стигна до шести трофеј во низа на Мастерс турнирите од серијата 1000. Со победата од 6:4 и 6:4 во финалето со ...
Манчестер Јунајтед со победа се „одјави“ од „Олд Трафорд“ за оваа натпреварувачка сезона, откако на домашен терен успеа да го победи Нотингем Форест со 3:2. Тимот на Мајкл Карик продолжи со позитивните резултати во финишот од сезоната, но денеска мора да се признае дека доби и мал подарок од ВАР судиите и главниот арбитар Мајкл Салисбјури. Иако топката удри во раката на Мбеумо и напаѓачот на Јунајтед сериозно ја завлече топката пред истата да ...
Трката за Големата награда на Каталуња ќе се памети како една од најнепријатните во поновата историја на Мото ГП, а убедливо најдебелиот крај го извлече помалиот од браќата Маркез. Марк Маркез не настапи на Каталуња поради двојната операција која ја закажа пред една недела, па откако неговиот брат Алекс беше најбрз на вчерашниот спринт, денеска беше во потера по победата и на главната трка. Помладиот Маркез водеше жестока битка со Акоста и се ...
Баерн Минхен на Ненад Димитријевиќ се избори за победа во првиот натпревар од плејофот во германското првенство и поведе со 1-0 во четвртфиналната серија против Трир. Баварците не дозволија никакво изненадување и славеа пред своите гледачи со 101:80. Гостите тргнаа одлично и првата четвртина ја добија со 26:20, но ова како да им беше потребно на избраниците на Пешиќ кои во продолжението заиграа на далеку повисоко ниво и со 28:18, 24:17 и ...
Екипата на Сандерленд го нокаутираше Евертон на „Хил Дикинсон“ и се врати во трката за местата кои водат во Европа во наредната сезона. „Црните мачки“ имаа негатива од 1-0 по првиот дел, меѓутоа во вторите 45 минути го надиграа домаќинот и со погодоците на Броби, Ле Фе и Исидор остварија триумф од 3-1 со кој сега се на 9. место на табелата со еден бод од осмопласираниот Брентфорд кој исто денеска не ја оправда улогата на фаворит против ...
Наполи славеше на денешниот натпревар со Пиза (3-0), победа со која официјално стана втор италијански тим со обезбеден билет за Лигата на шампионите за натпреварувачката 2026/2027. Нашиот Елиф Елмас беше асистент при погодокот на Амир Рахмани, а во листата на стрелци се запишаа уште Скот Мектоминеј и Расмус Хојлунд. Токму за Хојлунд овој меч беше посебен и тоа не поради голот туку дека од денеска дефинитивно е член на Наполи. Тој досега ...
Екипата на Интер не успеа на идеален начин да ја круниса оваа сезона во Серија А или поточно на последниот меч на домашен терен освои само бод против испаднатата Верона. Двете екипи немаа некој мотиви со оглед на ситуацијата, но дефинитивно се очекуваше повеќе од домаќините во славјето на Скудетото. Фаворитот поведе преку автоголот на Едмундсон во 47 минута, предност која беше активна до 91 минута кога избраниците на Киви беа премногу ...
Најдобриот играч на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес-Александер втора години по ред ќе го понесе признанието МВП во НБА лигата. Ова допрва ќе биде официјално потврдено во текот на денешниот ден, но американските медиуми веќе излегоа со информација дека репрезентативецот на Канада ќе ја понесе наградата за најквалитетен кошаркар на сезоната. Со ова Шеј ќе стане само петти активен играч кој во две сезони во низа бил број еден во лигата, тоа ...
Македонија е пред пласман на уште едно големо натпреварување, Светското првенство кое на почетокот на наредната година ќе се одржи во Германија. Од новиот мундијал не дели уште еден меч и тоа реваншот против Словачка во Скопје, соочување во кое ќе влеземе со предност од 31:24, позитива која пред неколку денови ја остваривме во Прешов. Сите фактори се наша страна, салата Борис Трајковски е распродадена и играчите ќе ја имаат соодветната ...
Манчестер Јунајтед забележа победа во последниот домашен меч за оваа сезона во Премиер лигата и тоа во соочувањето со Нотингем Форест со 3-2. Домаќините беа далеку поконкретен ривал и можеа да забележат поубедлив триумф ако беа пофокусирани во завршницата на акциите. Шо донесе водство за Јунајтед во раната фаза, но токму тој гол во 5 минута се покажа како единствен во првото полувреме. „Шумарите“ израмнија во 53 преку Андерсон, меѓутоа веќе ...
Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и славеше над Челси со 1-0 во финалето на англискиот ФА Купот. „Граѓаните“ на истиот овој терен на „Вембли“ го освоија пехарот во Лига Купот за да вчера добијат уште една финална битка и тоа против уште еден ривал од Лондон. Погодокот на Семењо во вториот дел беше доволен за осмо славје на Сити во ова натпреварување, нова среќа и задоволство кај сите во клубот од Манчестер. -Многу сме среќни. ...
Започнува борбата за пехарот во македонската кошарка, финалната серија во која силите ќе ги одмерат МЗТ Скопје и Маџари. Клубот од Аеродром е апсолутен фаворит во оваа битка, но ќе мора да внимава на ривалот кој во полуфиналето го суреди ТФТ и тоа со 2-0. –Финалето секогаш носи посебен предизвик, како круна на сезоната во која сте пролеале милиони капки пот. Се подготвуваме максимално, веруваме во својот квалитет и сме подготвени да дадеме се ...
Македонија е домаќин на Словачка во вториот меч од баражот за пласман на Светското првенство, меч закажан за вечерва од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Составот што го предводи Кире Лазаров беше убедлив во Прешов (31:24), но денеска ќе има задача со уште една квалитетна партија да стави печат и го потврди пласманот на уште едно големо натпреварување во низа. Играчите ќе имаат голема поддршка од трибините затоа што РФМ информираше ...
Наполи е вториот тим од Италија по Интер кој официјално обезбеди пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона и тоа откако денеска славеше над „фенерџијата“ Пиза со 3-0. Нашиот Елиф Елмас по подолго време доби шанса за биде стартер за наполитанците, шанса која ја искористи и запиша асистенција при погодокот на дефанзивецот Рахмани. Во листата на стрелци се запишаа и некогашните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Мектоминеј и Хојлунд. ...
Шпанскиот стратег Чаби Алонсо се враќа на островот, но овојпат како тренер и тоа на актуелниот светски клупски шампион Челси. „Сините“ се откажаа од Енцо Мареска и тоа само неколку месеци откако Италијанецот им донесе два трофеи, потег кој се покажа како катастрофален затоа што Лиам Росениор не го испорача она што се очекуваше и токму поради се што направи управата во оваа цела година премиерлигашот може да остане без пласман во Европа. ...
Даниел Мусовски од пред неколку месеци прифати да го носи дресот на македонската фудбалска репрезентација, но тој не е единствениот фудбалер со наши корени кој игра одлично во МЛС лигата. Тука е и Милан Илоски кој има одличен почеток на новата кампања во МЛС каде рано утрово одново беше стрелец и тоа во соочувањето со Колумбус. Филаделфија на домашен терен се избори за бод и тоа токму благодарение на Илоски кој стрелаше во 70 минута за 1-1. ...
Кол Палмер вчера сигурно беше разочаран откако не успеа да освои Куп трофеј со Челси, но едно видео снимено претходно стана вирално меѓу премиерлигашките фанови. Како дел од интересно интервју, ѕвездата на Челси открила зошто не поднесува кино проекции, односно зошто мрази да оди во кино. Палмер истакнал пет причини кои му пречат и поради кои не би решил да гледа некој филм на ваков начин. На Палмер му пречи големиот екран, гласните звуци, ...
Германските медиуми последниве денови се преполни со тврдења дека Мануел Нојер решил да се врати во германската репрезентација, односно селекторот Јулијан Нагелсман му ветил „број еден“ позиција и ќе го вклучи во составот за СП 2026. Ваквите информации отворија дебата во германската јавност, а интересна реакција пристигнала од легендарниот голман Сеп Мајер. Мајер е во деветтата деценија од својот живот, ретко се појавува во медиумите, но сега ...
Вејн Руни вчера бил дел од екипата стручни коментатори на финалето на ФА купот, а зборувајќи на различни теми, открил и зошто му е бандажирана левата рака. Поранешниот напаѓач заработил повреда снимајќи видео за „Би-Би-Си“ и обидувајќи се да му одбрани удар на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд. – Застанав на голот на Евертон и се обидов да одбранам еден удар на Пикфорд. – Успеав во тоа, но заработив повреда на раката. Во понеделник ќе го ...