Антонио Конте има важечки договор со Наполи до 2027-ма година и гарантирани уште 8 милиони евра со нето плата, но италијанскиот стручњак донел одлука да се откаже од парите, како и од бонусите со кои надминува 10 милиони евра. Трофејнито стручњак донел одлука да ја заврши својата авантура во Наполи по две интензивни сезони на „Диего Марадона“, а тоа го направил на пријателски и спогодбен начин со Аурелио де Лаурентис. Како што информираат ...

Виктор Вембањама заврши трет во гласањето за МВП наградата во НБА лигата, резултат кој го натера работата да ја сфати лично и да понуди страшно издание на првиот меч во дуелот со Оклахома. Директната битка со Шеј Гилџус-Александер ја сфати навистина сериозно и лично, а тоа го призна и самиот Вемби по крајот на мечот кој му припадна на неговиот тим. Вембањама ја доби битката на теренот и го водеше Сан Антонио до победа по две породлженија со ...

Фудбалската Федерација на Македонија изрече низа дисциплински мерки за пропустите и нерегуларностите на натпреварите кои се играа ширум нашата земја, но отвори и истрага против Вардар за недоличното однесување на фудбалери за време на прославата на титулата. Заверката на трофејот во домашното првенство донесе неубави сцени од приватната забава на „вардарци“, па покрај тоа што е отворена целосна постапка за овој случај, Вардар секако ќе мора ...

Битката за Купот на Македонија ќе биде во центарот на вниманието утревечер на националната арена „Тодор Проески“, а на еден ден пред големото финале, се одржа стандардната прес-конференција од актерите на двата клуба. Силекс и Шкендија одработија заедничка прес-конференција и ја најавија утрешната битка за титулата, натпревар на кој кратовчани ќе бркаат четврта, а тетовчани трета Куп титула. Реално гледано, овој натпревар е далеку поважен за ...

Шкендија својта втора и последна Куп титула ја освои во 2018-та година, а осум години подоцна, тимот на Јетон Беќири се избори за нова шанса да се бори за трофејот во најмасовното натпреварување. Куп финалето е закажано за утре на „Тодор Проески“ во 20:00 часот, па по најават која ја направија кратовчани, со свои очекувања за големото финале излегоа и од таборот на Шкендија. Тетовскиот клуб ја загуби битката за титулата со Вардар во домашното ...

Пеп Гвардиола полека се подготвува за својот проштален натпревар на „Итихад“, па иако шпанскиот стручњак избегна да потврди вакво сценарио за официјалната прес-конференција пред денешниот меч со Борнмут, цела англиска јавност веќе на големо пишува за неговото заминување. Без оглед на тоа како ќе заврши сезоната, Гвардиола се очекува да се поздрави со навивачите на Манчестер Сити во недела на мечот со Астон Вила, но уште отсега познато е кој ...

Рој Кин и во минатото знаеше да биде критички настроен кон Бруно Фернандеш кого го нарече „премек капитен“ и играч кој често плаче за одредени ситуации на теренот, но во денови кога сите зборуваат за рекордот на Португалецот по бројот на запишани асистенции, Ирецот распали уште повеќе по португалската ѕвезда. Фернандеш на мечот со Нотингем Форест стигна до 20-та асистенција во една сезона и го израмни рекордот на Тјери Анри и Кевин Де Брујне, ...

Лаутаро Мартинез се гледа себеси во Интер до крајот на кариерата и не планира да мрдне од Милано во ситуација кога е сакан од фановите и кога добро му оди бизнисот со семејниот ресторан во градот, но во ексклузивното интервју за „Газета“, откри и една страна која е непозната за фудаблката јавност. Капитенот на Интер обелоденува дека воопшто не му се допаѓа фудаблскиот свет и се чувсвтува крајно непријатно во фудаблското опкружување, па поради ...

Иднината на Жозе Мурињо е добро позната, барем така тврдат угледните шпански и португалски медиуми, кои веќе со денови пренесуваат дека искусниот стручњак ќе заврши во Реал Мадрид. Самиот Мурињо во саботата откри дека неговиот агент Мендеш преговарал со Реал Мадрид и најави дека работите ќе се кристализираат во текот на оваа работна недела, а угледниот „АС“ денеска информира дека работата е целосно завршена. Имено, Мурињо вчера му соопштил на ...

Арсенал успеа да оствари многу важна победа против Барнли и направи голем исчекор кон титулата во Премиер лигата, а тоа го направи во свој препознатлив стил. Тимот на Микел Артета профитираше од еден корнер и потоа знаеше како да го одбрани минималното водство, но во меч кој се играше тврд фудбал и имаше борба за секоја топка, видовме и еден несекојдневен инцидент. Видеото од дуелот меѓу Инкапие и Туанзебе стана вирален хит, а причина за тоа ...

Самир Насри своевремено беше голема премиерлигашка ѕвезда и составен дел од франуската репрезентација, а како фудаблер кој знаеше да предизвика и доста контроверзии, сега открива дека неговиот фудбалски пат бил исполнет со мали лажирања уште од најрана возраст. Насри во последното подкаст гостување откри дека со фудаблот започнал на четиригодишна возраст, но уште при првите фудаблски чекори се запознал со лажењето и измамата. Имено, Насри ...

Карло Анчелоти мораше да носи тешки одлуки при објавувањето на листата со 26 фудаблери кои ќе патуваат на Светско првенство, па иако главна вест беше вклучувањето на Нејмар, во фокусот посебно се најде и едно неочекувано изоставување. Дон Карло реши да ги послуша советите од легендите и го вклучи Нејмар во завршниот тим, но по се изгледа, ѕвездата на Сантош му го зема местото на Жоао Педро кој имаше извонредна сезона на индивидуален план во ...

Баерн Минхен изминатиов викенд ја прослави новата титула во Бунедслигата на Мариенплац, но за време на забавата на најпознатиот плоштад во градот, се појави и гигантски транспарант кој дефинитивно не беше во план на организацијата. Навивачите на Минхен 1860-та успеаја да инфилтрираат транспарент со невкусна содржина за германскиот шампион, а фановите на Баерн мислејќи дека го подигнуваат својот грб, на крајот изедоа голем сеир. На ...

Виктор Вембањама заврши трет во поредокот за МВП трофејот во регуларниот дел од сезоната, но со своите партии во плејофот, се наметнува како играч кој навистина прави најдобри работи за својот тим. Спарси се пласираа во конференциското финале на Западот и не можат да имаат поголем предзивик од дуелот со актуелниот шампион, а рано утрово покажаа истрајност и карактер и успеаја да отворат со брејк за водство од 1:0. Популарниот Вемби одигра ...

Карло Анчелоти цели 11 месеци го игнорираше Нејмар и ниту еднаш не го повика за проба откако стана бразилски селектор, но кога дојде „моментот на вистината“, Италијанецот попушти и ја вброја големата ѕвезда меѓу 26-те патници за мундијалот. После низа притисоци и повици од голем број фудбалски ѕвезди од Бразил и ширум светот, Анчелоти го изговори името кое сите желно го посакуваа, а какво значење има Нејмар за Бразил најдобро говори ...

Еден Азар не ја прикажа најдобрата верзија од себе во Реал Мадрид и поради низа повреди реши рано да замине во пензија, но ниту лошата завршна етапа во шпанската престолнина не може да го избрише фактот дека Белгиецот беше еден од најталентираните фудбалери во последните две децении. Како голема ѕвезда на Челси, Азар пристигна во Реал Мадрид во трансфер вреден над 100 милиони евра, а како човек кој требаше да биде лидер на проектот на Зинедин ...

Реал Мадрид заврши втора сезона без освоен трофеј и се очекува турбулентно лето во шпанската престолнина, но во период кога се очекуваат доста интересни промени во шпанската престолнина, од Каталонија не пристигнува никаква емпатија во тој поглед. Барса ја одбрани титулата во Ла Лига и со победата во „Ел Класико“ го завери трофејот, а откако шампионската парада остана зад играчите и стручниот штаб, сега капитенот на тимот се јави со искрена ...

По ексклузивата на „Дејли мејл“ дека Пеп Гвардиола во недела за последен пат ќе го води Манчестер Сити како менаџер на клупата, многу влијателни англиски извори ја потврдија веродостојноста на информацијата, па од вчеравечер до рано утрово, угледните медиуми споделија уште низа вести поврзани за „земјотресот“ во Манчестер. Сити денеска игра против Борнмут и ќе се обиде да остане жив до послендото коло во битката за Премиер лигата, но без ...

Мохамед Салах има навистина лоша сезона во Ливерпул за негови стандарди, сезона која е последна за него на „Енфилд Роуд“, сезона во која во повеќе наврати се најде во центарот на вниманието поради погрешни причини. Повеќе од јасно е дека „црвените“ имаа, имаат проблеми во оваа сезона, но наместо внатрешно да се решаваат некои работи, Салах еднаш веќе јавно „отвори војна“ со менаџерот Арне Слот, конфликт кој многу брзо беше решен или така ...

На нешто помалку од еден месец до почетокот на Светското првенство, селекторот на бразилската репрезентација Карло Анчелоти го објави конечниот список на патници за настанот што ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Најголемата дилема, прашалник беше дали Анчелоти ќе го врати во националниот тим Нејмар, па на крајот искусниот стручњак одлучи да му даде шанса на фудбалерот на Сантош кој ќе биде еден од офанзивнците кои треба да донесат голови, ...

Мајкл Карик е на добар пат да ја добие довербата и да добие перманентен договор во Манчестер Јунајтед, тим кој успеа да го разбуди во изминативе месеци и да му донесе пласман во Лигата на шампионите. Карик добро ја контролираше екипата во ситуација кога имаше обврски во само едно натпреварување, но останува да се види како ќе се спрати кога предизвиците ќе бидат поголеми, екипата ќе настапува во Европа, тука се и куп мечевите, а во исто време ...

Екипата на Арсенал издвојува победа во последниот домашен меч за оваа сезона во Премиер лигата, победа над Барнли од 1-0 со која направија можеби и клучен исчекор кон враќање на пехарот во своите витрини. Сега избраниците на Микел Артета имаат пет бода повеќе од Манчестер Сити што значи дека уште утре можат да бидат крунисани во шампиони под услов „граѓаните“ да не издвојуваат триумф на жешкото и незгодно гостување на „Виталити“ кај Борнмут. ...

Кошаркарите на Партизан го добија првото соочување во Црвена Звезда во полуфиналето во АБА лигата. „Црно-белите“ го одбранија домашниот терен и славеа со 100:96 во меч кој можеа многу порано да го решат прашањето околу победникот. Домаќините водеа со 78:59 по 30 минути, водеа и со 20 разлика во завршниот период, но потоа дојде до пад во играта која Звезда максимално го искористи, па гостите дојдоа на само минус еден (95:94) на 46 секунди до ...

Манчестер Сити утре го очекува супер важно и тешко гостување кај Борнмут во рамките на 37. коло во Премиер лигата, но пред тој меч доаѓаат неочекувани вести од Англија кога е во прашање иднината на менаџерот Пеп Гвардиола. Шпанецот има важешки договор до 2027 година и во повеќе наврати инсистираше, порачуваше дека истиот ќе го одработи до крај, па токму затоа изненадувачка е информацијата на реномираниот „Дејли Мејл“ кој пренесе дека ...

Членот на Манчестер Јунајтед и воедно англиски репрезентативец, Хари Мегваер даде прогноза за трката за титулата во Премиер лигата. Веќе сме пред целта, Арсенал е пред Манчестер Сити, ама ќе мора да ги направи завршните чекори за да конечно по повеќе од две децении ја врати титулата во своите витрини. Мегваер нема дилеми кој е подобар тим и даде објаснување за својот став. -Играв против двете екипи. Искрено, секогаш мислев дека Арсенал е ...

Тимот на Спартак Варна кој го води Ѓоко Хаџиевски и за кого настапува Георг Стојановски забележа важна победа во борбата за опстанок во Бугарија. Избраниците на Хаџиевски славеа на гостувањето кај Монтана со 2-0, а еден од погодоците беше дело на Стојановски. Имено нашиот напаѓач се најде на вистинско место во 25 минута и донесе водство за Спартак која на стартот на вториот дел реализираше уште еднаш и ги потврди трите бода. Ова за Георг беше ...

Лацио има тешка сезона по која останува без пласман во Европа што носи многу прашалници кога е во прашање клубот од Рим. Навивачите веќе некое време се во „војна“ со претседателот Клаудио Лотито и целата атмосфера, проблемите кои постојат прават Лацио да не може да одигра соодветна улога во италијанскиот фудбал, тим кој знае да се носи и да ги предизвика најдобрите. Останува да се види која ќе биде судбината на тренерот Маурицио Сари, ...

Елиф Елмас по вторпат во неговата кариера е дел од калчолигашот Наполи, но како што стојат работите по вторпат ќе го напушти клубот од Неапол. Сега веќе поранешниот италијански шампион има опција да го откупи договорот од РБ Лајпциг, меѓутоа по се изгледа тоа нема да се случи и покрај големите комплименти од тренерот Антонио Конте во оваа сезона, сезона во која Наполи се соочи со многу повреди и Елмас покриваше неколку позиции и секогаш го ...

Македонскиот репрезентативец, Теодор Симиќ има нов предизвик и одново ќе настапува надвор од нашите граници и тоа во Соединетите Американски Држави. Симиќ како голем талент беше дел од Барселона, потоа играше во Босна и Херцеговина, одново во Шпанија по што преку ТФТ и Кужув заминува во САД каде ќе биде дел од УТ Арлингтон Маверикс од Тексас, поточно ќе има можност да игра во квалитетната НЦАА лигата. Во минатата сезона овој универзитет со ...

Македонскиот репрезентативец, Теодор Симиќ има нов предизвик и одново ќе настапува надвор од нашите граници и тоа во Соединетите Американски Држави. Симиќ како голем талент беше дел од Барселона, потоа играше во Босна и Херцеговина, одново во Шпанија по што преку ТФТ и Кужув заминува во САД каде ќе биде дел од УТ Арлингтон Маверикс од Тексас, поточно ќе има можност да игра во квалитетната НЦАА лигата. Во минатата сезона овој универзитет со ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.77
50%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
1.25
67%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.1
61%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
75%
1021
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.39
61%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.73
89%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
38%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.69
58%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.72
54%
1019
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
2.24
57%
1019
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
48%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.32
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.4206

Currency

38.2416

Currency

67.0584

Currency

7.97756

Currency

0.72176

Currency

0.33588

Currency

0.52583

Currency

1.16429

Currency

0.57326

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.17

Сребро

1907.42

Бакар

12.34

Цинк

0.00

Злато

131629.35

Родиум

249168.29

Паладиум

38420.14

Калај

50.34

Кобалт

56.29

Платина

52341.42

Иридиум

233896.68