Првиот светски рекет, Јаник Синер ќе игра во финалето на АТП Мастерсот во Рим и тоа откако во полуфиналето кое траеше два дена го совлада Данил Медведев. Мечот меѓу Италијанецот и Русинот почна вчера, меѓутоа при резултат 1-1 во сетови и 4-2 за фаворитот во решавачката рунда, истиот беше прекинат поради дожд, па во денешното продолжение Синер ја заврши работата и со 6-4 ја продолжи неверојатната победничка серија. Ова му беше 33 победа во ...

Македонската ракометна репрезентација до 20 години одигра два пријателски натпревари со селекцијата на Србија во рамките на ЕХФ неделата. Избраниците на Наум Танески го добија првото соочување со 33:31, но во вториот меч домаќините се ревашнираа и славеа со 32:25. Овие контролки сигурно ќе му дадат појасна слика на селектор Танески пред настапот на Европското првенство во Романија каде нашите надежи се во група со Норвешка, Данска и Хрватска. ...

Тимот на Селтик е старо-нов шампион на Шкотска откако на драматичен начин со победа над директниот конкурент Хартс успеа да остане на фудбалскиот трон во својата земја. Селтик пред неколки дена на контроверзен начин дојде до трите бода против Мадервил, а тоа го доведе со позиција со триумф денеска да дојде до пехарот против Хартс, најконзистентниот тим во тековнава сезона, тим кој 250 дена мина на првата позиција на табелата. Гостите одиграа ...

Челси и Манчестер Сити ќе се борат за пехарот во англискиот ФА Куп, средба која е закажана за 16 часот на „Вембли“. Ова за „сините“ е меч во кој можат да ја спасат сезоната, поточно победа би им донела и излезе во Европа, додека пак „граѓаните“ бараат триумф со кој би го освоиле вториот пехар во кампањата и дополнително би ја кренале самодовербата пред двете завршни рунди во Премиер лигата, фаза во која ќе мора да чекаат кикс на Арсенал за ...

Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано е познат како човек кој не се штеди, човек без влакна на јазикот, па во свој стил овојпат ги подбра Масимилијано Алегри и Игли Таре. Милан беше на добар пат рутински да ја оствари целта за оваа сезона, да обезбеди пласман во ЛШ, тим кој во еден момент беше гледан како еден од фаворитите за Скудетото за да во меѓувреме доживее сериозен пад во формата и на две кола до крајот стравува дали ...

Најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата, Алан Ширер како амбасадор на „Бетфер“ имаше уште еднаш можност да даде прогноза на натпреварите кои овие денови ќе се одиграа во најсилната англиска фудбалска конкуренција, но и финалето на ФА Купот каде силите ќе ги одмерат силите Манчестер Сити и Челси. Поранешниот напаѓач на Блекбурн и екс капитен на Њукасл веќе погоди дека Астон Вила ќе го совлада Ливерпул, па кога е во прашање ...

Кошаркарките на Пелистер славеа победа над ТФТ од 109:87 во првиот натпревар од битката за третото место во Суперлигата. ТФТ дефинитивно чувствува последните од напорната сезона во која „до вчера“ се бореше за влез во АБА лигата, па откако со 2-0 го загуби полуфиналето со Маџари и денеска немаше сила да му се спротистави на клубот од Битола кој рутински славеше во Маџари. Битолчани го добија првиот период со десет разлика (30-20) и потоа имаа ...

Искусниот Роберт Левандовски дефинитивно си заминува од Барселона по крајот на оваа сезона, информација која ја потврди самиот фудбалер и клубот од Каталонија. Договорот на Полјакот му истекува на крајот на месец, па иако имаше и информации дека можеби ќе остане на „Камп Ноу“ под други услови во споредба со сегашниве тоа сценарио не се реализираше и напаѓачот по четири години си оди од шпанскиот великан. -По четири години полни со предизвици ...

Екипата на Вардар вчера официјално ја завери титулата во Првата македонска фудбалска лига и тоа со победата над Струга Трим Љум. Овој резултат, успех сосема очекувано донесе среќа и задоволство во таборот на „црвено-црните“, но дел од славјето беше непримерно, па денеска се огласија од ФФМ и од Министерството за спорт. Од ФФМ порачаа дека ќес е поведе дисциплинска постапка против клубот, а од министерството ги осудија ваквите провокации и ...

Јапонската фудбалска репрезентација има солиден состав за претстојното светско првенство, а списокот објавен од селекторот потврдува дека азиската селекција ќе биде опасен ривал за сите свои противници на мундијалот. Посебна симболика има повикот за 39-годишниот Јуто Нагатомо, кој ќе добие шанса да настапува на петто светско првенство по ред. Нагатомо го следел објавувањето на составот и не можел да ги сокрие солзите откако го слушнал своето ...

Челси денеска ќе му биде противник на Манчестер Сити во финалето на ФА купот и ќе се обиде да го спречи фаворитот да освои уште еден куп трофеј на „Вембли“. Менаџерските промени не одат во прилог на резултатите на екипата која ќе се бори за место во европските купови, но привремениот предводник Калум МекФарлан смета дека јануарското реми со истиот противник е доказ дека Челси знае како да му се спротивстави на овој ривал. На тој натпревар, ...

Градското дерби меѓу Рома и Лацио ќе се игра утре од 12 часот, невообичаен термин кој беше изнуден поради терминот за финалето на тенискиот Мастерс во Рим, а иницираше во овој термин да се играат и другите натпревари во кои учесниците се борат за место во Лигата на шампионите. Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, пред неколку дена истакна дека нема да се појави на натпреварот ако тој се игра од 12 часот, но сега ретерирал од таа позиција. ...

Македонската машка ракометна репрезентација утре ќе го одигра реваншот од бараж двомечот со Словачка за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи на почетокот на следната година. Избраниците на селекторот Кире Лазаров обезбедија голема предност од првиот натпревар во Прешов и седумте голови предност би требало да обезбедат мирна потврда на уште еден мундијалски пласман за нашата репрезентација. Словачките репрезентативци уште по ...

Сан Антонио стигна до убедлива гостинска победа против Минесота (109:139) и со втор брејк стави крај на конференциското полуфинале во НБА плејофот. Спарс го решија противникот со одлична игра на гостински терен за триумф со 4:2 во серијата, а гостинската победа на Детроит му обезбеди мајсторка на домашен терен со Кливленд. Касл со 32 и Фокс со 21 поен беа најефикасни во редовите на Сан Антонио, Вембањама беше задржан на 19 поени, додека ...

Реал Мадрид ја завршува сезоната без освоен трофеј, но и многу контроверзни ситуации кои целосно ја нарушија атмосферата во соблекувалната. По физичката пресметка на Валверде и Чуамени и вербалниот конфликт меѓу тренерот Арбелоа и Мбапе, во шпанските таблоиди активна е и аферата во која се инволвирани Винисиус и Едер Милитао. Бразилски таблоид тврди дека Винисиус и Милитао плаќале за ескорт друштво од Бразил и во Мадрид се забавувале со ...

Наполи сезонава не успеа да ја одбрани титулата во Серија А, но претседателот Аурелио Де Лаурентис и натаму има голема доверба и почитување за тренерот Антонио Конте. Првиот човек на клубот не сака разделба со искусниот стручњак, но од друга страна Конте ќе треба да прифати два услова ако планира да ја одработи и последната година од својот договор. Де Лаурентис планира да направи сериозна реформа, односно да го подмлади тимот чија просечна ...

Роберт Левандовски ќе има можност да се збогува со фановите на Барселона на дуелот со Бетис и каталонските медиуми тврдат дека тој дефинитивно ќе го напушти шпанскиот шампион. Полскиот напаѓач заминува како слободен агент, а најавите се дека решил да ги игнорира понудите од Италија и да се пресели во Саудиска Арабија. Чикаго бил МЛС тимот кој се обидувал да го убеди Левандовски да се пресели во МЛС, но таа понуда е одамна во втор план, пред ...

Вчерашниот пораз на Ливерпул од Астон Вила го зголеми незадоволството во фан базата на „црвените“, па менаџерот Арне Слот ќе биде под уште поголем притисок во пресрет на последното коло. Шампионот од сезоната 2024/25 треба да го потврди пласманот во Лигата на шампионите на дуелот со Брајтон, а Џејми Реднап вели дека и покрај неубедливата сезона, менаџерот заслужува да остане на клупата и да добие уште една шанса. – Тешко е да се лоцира ...

Карло Анчелоти ќе се обиде да го врати Бразил на врвот во светскиот фудбал и за да го направи тоа ќе треба да се поклопат навистина многу коцки, не само поради падот кој владее во оваа земја од Јужна Америка, туку и поради конкуренцијата која е навистина силна и застрашувачка. Искусниот Италијанец го презема Бразил со цел да воведе ред и дисциплина кај „кариоките“, а првиот вистински испит ќе го има на мундијалот кој се игра во САД, Мексико и ...

Бруно Фернандеш е симбол за тоа како едно засилување треба да се адаптира и дефинира во Манчестер Јунајтед, а како играч кој најмногу ги исполни очекувањата во последната деценија, Португалецот посебно воодушевува и со комплиментите за ривалите кои ги дава на слична позиција од теренот. Капитенот на Манчестер Јунајтед често знае да се огласи на социјалните мрежи и да издвои некое импресивно индивидуално издание на ривал од Премиер лигата, а ...

Градското дерби меѓу Рома и Лацио ќе се игра во невообичаен термин, односно во недела од 12 часот, а тој натпревар ќе значи и простување на Стефан Ел Шарави со фановите на „волчицата“. 33-годишниот крилен напаѓач денеска самиот потврди дека ќе ја напушти Рома по крајот на сезоната, а неговата посвета за клубот и фановите беше пренесена и од клубот. – Одредени места ти стануваат дом без да го сфатиш тоа. За мене последните десет години беа ...

Јаник Синер и Данил Медведев ќе го доиграат полуфиналето на Мастерсот во Рим во текот на утрешниот ден и победникот дефинитивно ќе има помалку време за подготовка за неделното финале. Атрактивното полуфинале во италијанската престолнина беше прекинато поради дожд во третиот сет, со што е задржана неизвесноста и покрај минималната предност на фаворитот. Синер го доби првиот сет со 6:2, но Медведев му се спротивстави посериозно во продолжението ...

Астон Вила го доби петочното премиерлигашко дерби со Ливерпул и тоа со убедливи 4:2, резултат кој ќе биде уште едно големо разочарување сезонава за фановите на „црвените“. Домаќините повеќе ја посакуваа победата, притискаа кон противничкиот гол, а Роџерс во првото полувреме донесе минимална предност за тимот на Унај Емери. Ван Дајк со својот прв гол барем привремено израмни во 52. минута, но потоа следуваа три гола на Вила. Воткинс погоди во ...

Манчестер Сити се подготвува за финалето во ФА купот против Челси, а Пеп Гвардиола денеска бил расположен во комуникацијата со новинарите и одговарал на различни прашања, исклучувајќи ја темата за битката за премиерлигашката титула. Шпанскиот стручњак потенцирал дека деновиве не размислува за првенството и следниот противник во ова натпреварување, туку фокусот е ставен на обидот за освојување уште еден трофеј. Откако Сити го освои Карабао ...

Игли Таре ќе го напушти Милан и ќе ја заврши кратката етапа како спортски директор во редовите на италијанскиот великан. Недоволно успешниот претходен летен преоден рок и тензијата меѓу него и Златан Ибрахимовиќ донела до ситуација во која Албанецот дефинитивно ќе се раздели со „росонерите“ по само една сезона. Неубедливите резултати на Милан во финишот на сезоната донесе расправии меѓу Ибрахимовиќ и Таре, конфликт има и меѓу Ибра и тренерот ...

Матијс де Лихт долго време се обидуваше да се рехабилитира од повредата на грбот на конзервативен начин, но на крајот мора да направи оперативен зафат. Дефанзивецот сега ќе остане без настап на СП 2026, што секако беше сценарио кое најмногу сакаше да го избегне, но со кое сега мора да се соочи. Де Лихт последен пат настапи на дуелот со Кристал Палас на 30. ноември, а иако тогашниот менаџер Рубен Аморим тврдеше дека се работи за мал проблем, ...

Судиската комисија на ФИФА решила да исклучи еден судија од официјалниот список на арбитри предвидени за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Се работи за холандскиот судија Роб Диперинк, за кого е утврдено дека предизвикал голем скандал во текот на минатиот месец. Диперинк бил уапсен од лондонската полиција поради наводен сексуален напад над малолетно момче, а самата информација за инволвираност била доволна за Холанѓанецот да биде ...

Манчестер Јунајтед имаше сериозна дилема во однос на менаџерското прашање за наредната сезона, но раководството на крајот решило да го задржи Мајкл Карик. Поранешниот играч на Јунајтед дојде како привремена замена за отпуштениот Рубен Аморим, но со резултатите кои ги постигна со екипата се избори за доверба кај менаџментот и останување на клупата на „црвените ѓаволи“. Англиските медиуми тврдат дека одлуката е донесена и Карик дефинитивно ќе ...

Борнмут зад себе ќе остави уште една одлична сезона во Премиер лигата, во која теоретски се уште имаат шанса да обезбедат историски пласман во Лигата на шампионите, а сигурно ќе играат во некој од другите европски купови. Но, по крајот на сезоната заминува тренерот Андони Ираола, а како што стана јасно денеска, тоа ќе се случи и со одличниот дефанзивец Маркос Сенеси. Договорот на Аргентинецот истекува следниот месец, тој добил понуда за ...

Фудбалерите на Вардар денеска ја потврдија титулата во македонското првенство, а триумфот над Струга значи крај на постот кој траеше шест години. Скопскиот тим повторно е на врвот на македонската фудбалска сцена и си избори место во квалификациите за Лигата на шампионите, а една од првите поважни честитки дојде од ракометниот клуб Вардар. Во ситуација кога „црвено-црните“ уште претходно ја прославија титулата во ракометната конкуренција, сега ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.7
53%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 17ᴼ
1.4
72%
1020
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.9
68%
1020
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.34
77%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.54
65%
1019
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.58
92%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
3.13
36%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.04
55%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.67
55%
1019
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
61%
1020
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
1.34
50%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.87
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.2416

Currency

67.0584

Currency

7.97756

Currency

0.72176

Currency

0.33588

Currency

0.52583

Currency

1.16429

Currency

0.57326

Паладиум

38420.14

Родиум

249168.29

Бакар

12.34

Кобалт

56.29

Сребро

1907.42

Цинк

0.00

Алуминиум

3.17

Платина

52341.42

Иридиум

233896.68

Калај

50.34

Злато

131629.35

Рутениум

49029.89