И оваа сезона Пари Сер Жермен е финалист во Лигата на шампионите со тоа што сега има друг ривал во завршната борба за трофејот, премиерлигашот Арсенал. Во претходната кампања „светците“ го потопија Интер за пехарот, но сега предизвикот е далеку поголем, потежок барем од тоа што досега го водивме, а конечната слика, расплетот ќе го добиеме на 30 мај во Будимпешта од 18 часот. Има уште 15 дена до таа битка и во меѓувреме дефинитивно ќе чуеме ...

Фудбалерите на Реал Мадрид ги освоија планираните бодови во дуелот со аутсајдерот Овиедо (2:0) и на тој начин стигнаа до дваесет и петтата победа сезонава во Ла Лига. Гарсија го отвори резултатот пред крајот на полувремето, а резервистот Белингам во 80. минута ги постави конечните 2:0. Реал не може да напредува ни назадува од актуелната втора позиција и барем за момент намали дел од предноста на старо-новиот шампион Барселона. Каталонците ...

Брајтон ќе ја заврши сезоната без Каору Митома во своите редови, а денешната информација ги загрижи и јапонските фанови. Менаџерот Фабијан Хурцелер ги информирал новинарите дека повредата на Митома од дуелот со Волвс не е наивна и тој ќе мора да паузира најмалку неколку недели. – Митома дефинитивно ќе ги пропушти наредните два натпревара. – Што се однесува до светското првенство, не сум сигурен. Ќе бидеме во контакт со јапонската федерација, ...

Словачка не можеше да и парира на Македонија на првиот од двата бараж натпревари за пласман на ракометното СП во 2027 година, па избраниците на Кире Лазаров ќе имаат седум голови предност на реваншот во Скопје. Натпреварот во Прешов во најголем дел помина со доминација на гостинската селекција, а Македонија целосно го надигра противникот и си обезбеди помирен втор натпревар. По средбата, голманот Мариан Жернович се обидел искрено да ...

Француската јавност со нетрпение ја очекуваше најавената прес-конференција на селекторот Дидие Дешамп, на кој тој вечерва го соопшти списокот со 26 фудбалери кои ќе бидат повикани за настап на СП 2026. Дешамп мораше да направи тежок избор со оглед на конкуренцијата во францускиот национален тим, а на крајот предизвика дебата со одредени одлуки. Местото на Килијан Мбапе секако не беше доведено во прашање и тој ќе биде предводник на уште една ...

Германската фудбалска репрезентација веројатно ќе добие сериозно засилување за претстојното светско првенство, затоа што селекторот Јулијан Нагелсман решил да ја спушти топката и да стави крај на тивкиот конфликт со Мануел Нојер. Двете страни имале разговори и потврда дека има поместување во позитивна насока е фактот што Нојер бил вклучен на прелиминарниот список кој Германците го испратиле до ФИФА. На истиот се наоѓаат 55 фудбалери, кои би ...

Францускиот селектор Дидие Дешамп вечерва го објави списокот од 26 фудбалери кои ќе бидат во комбинација за СП 2026, а медиумите истакнуваат одредени изненадување и интересни одлуки на предводникот на „триколорите“. Во мундијалскиот состав го нема фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, како и играчи од Серија А како што се Кефран Тирам, Јусуф Фофана и Пјер Калулу. Очекувано го нема и Рендал Коло Муани, а неговото место го зазема ...

По многу комбинации и варијации и одлуки на различни спортски тела и авторитети, Серија А вечерва ја потврди конечната одлука за почетните термини од претпоследното коло во италијанското првенство. Драмата настана откако градските власти во Рим решија да го преместат градското дерби меѓу Рома и Лацио за во понеделник навечер, додека другите екипи кои се борат за Топ 4 пласман требаше да останат во терминот – недела 12 часот. Таквиот епилог ...

Македонската машка ракометна репрезентација е многу блиску до пласман на уште едно големо натпреварување, откако реваншот од баражот за пласман на СП 2027, ќе го дочека со голема предност (24:31) од гостувањето кај Словачка. Нашата репрезентација го оправда статусот на фаворит уште на првата средба, издоминира во Прешов и на крајот се враќа во Скопје со голема предност, која треба да биде потврдена на реваншот. На почетокот на натпреварот ...

Манчестер Сити може да има нов менаџер од следната сезона, а шпекулациите за заминување на Пеп Гвардиола повторно се активираа по информацијата за крај на соработката меѓу премиерлигашот и двајца блиски соработници на шпанскиот стручњак. Кондицискиот тренер Лоренцо Буенавентура и тренерот на голманите Чаби Мансисидор ќе го напуштат Сити по крајот на сезоната, а дел од медиумите тврдат дека ова само ги зголемува шансите и за целосна промена на ...

Карло Анчелоти ќе го предводи Бразил на претстојното светско првенство, а одговорните во јужноамериканската земја решија да си гарантираат останување на Италијанецот и за следните години. Денеска и официјално се потврдени досегашните најави и Бразилската фудбалска конфедерација објави дека договорот со Анчелоти е продолжен до 2030 година. Италијанскиот стручњак досега има ефект од пет победи, две ремија и три загубени натпревари, а вистински ...

Раководството на Барселона одамна го следи Хулијан Алварез и „јавна тајна“ е дека Каталонците го имаа пикирано Аргентинецот како идеално засилување на напаѓачката позиција и наследник на Роберт Левандовски. Сепак, добрите настапи на Алварез и неговите индивидуални приоритети го приближија до трансфер во ПСЖ и шпанските медиуми тврдат дека Барса веќе ја прифатила реалноста и веќе се рефокусира на друг фудбалер. Како „План Б“ е одреден ...

Астон Вила полека ја финишира сезоната во која се бори за место во Лигата на шампионите преку првенствената табела, но и преку финалето на Лига Европа, а менаџерот Унај Емери денеска пред новинарите зборувал и за една непријатна тема, која го следи клубот во текот на оваа сезона. Се работи за невообичаениот заем на Харви Елиот, фудбалер кој требаше да биде засилување со оглед на фактот што дојде од редовите на Ливерпул, но на крајот ќе ја ...

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија денеска ги соопшти казните за голем дел постапки што се водеа изминатиот период, вклучувајќи го епилогот за инцидентот на дуелот меѓу Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново во рамките на Втората лига. Казни заработија неколку фудбалери, службени лица, како и тренерот на домаќините, Влатко Костов, кој доби забрана за вршење на својата функција во период од еден месец. Во продолжение ...

Лацио и Рома треба да се соочат во големото градско дерби, кое за „волчицата“ има посебно значење и во битката за Топ 4 пласман. Поради фактот што Рома е ривал на неколку екипи за истите позиции, натпреварите треба да се играат во ист термин, па лигата го одреди терминот во недела од 12:30 часот за почеток на дури пет натпревари. Сепак, поради фактот што на слична локација и во слично време треба да се игра финалето на тенискиот Мастерс во ...

Екипата на Тиверија Брера е освојувач на македонскиот фудбалски Куп во женска конкуренција и тоа откако денеска славеше со убедливи 5:0 на дуелот со Каменица Саса. Финалето се играше на стадионот во скопската населба Ѓорче Петров, а по стартните возбудувања кои донесоа шанси на двете страни, Тиверија Брера го отвори резултатот во 28. минута. Галабоска од пенал донесе почетно водство, Николовска и Пановска до крајот на полувремето зголемија на ...

Мајкл Карик успеа да го врати Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите и ги поправи резултатите на екипата за многу краток период, а тоа му беше доволно да добие номинација и за признанието „Менаџер на сезоната во Премиер лигата“. Денеска се објавени номинациите по кои следува гласањето на фановите и панел од фудбалски експерти, а Карик влезе меѓу потенцијалните кандидати иако го водеше Јунајтед само на 15 натпревари. Но, добрите резултати ...

Михајло Михајловски беше ексклузивен гостин во отвореното студио на „Спортското радио 90,3 фм“, а покрај тоа што откри дека Иван Чупиќ ќе добие нов договор, првиот човек на Вардар говореше и на други интересни теми за време на разговорот. Искусниот спортски работник се врати во Вардар пред шест години со цел да го спаси клубот од најцрно сценарио, а од денешна гледна перспектива, овој тим кој го предводи Чупиќ има светла иднина, без оглед на ...

Јаник Синер денеска си обезбеди место во полуфиналето на Мастерсот во Рим, а триумфот во четвртфиналето му донесе и значаен рекорд. Италијанецот стигна до 32 последователни победи на турнирите од Мастерс 1000 серијата, со што собори еден од позначајните рекорди на Новак Ѓоковиќ. Синер го победи Андреј Рубљов со 6:2/6:4 во денешното четвртфинале и без загубен сет и со доминантен настап стигна до важнио рекорд. Противник на светскиот рекет број ...

Карло Анчелоти си даде за предизвик да го води Бразил на Светското првенство и првиот голем тест ќе го има во месеците кои претстојат, но како човек што оствари толку многу рекорди и освои важни титули во фудбалот, често знае да биде потценет кога се тактичките познавања во прашање. Многу често на Дон Карло знаат да му се дадат заслуги само поради тоа што знае да се справи со големите ега и поради фактот што добро ги менаџира големите ѕвезди, ...

Масимилијано Алегри направи кам-бек во Милан за да го врати тимот во Лигата на шампиони, па иако се уште има добри шанси да го оствари тоа, се чини дека тој експресно ќе си замине од клубот без оглед на исходот во последните две кола. По шпекулациите дека е раскаран со директорот Џорџо Фурлани, сега се појавија гласини кои откриваат дека проблемот е доста поголем, бидејќи во целата ситуација е вмешан и главниот советник на клубот, Златан ...

Михајло Михајловски како специјален гостин во отворената програма на „Спортско радио 90,3 фм“ го привлече вниманието со искрените изјави кои ги даваше за време на разговорот со новинарот Ристе Влахов, а во опширното обраќање не изостана и темата која беше доста болна за некои фанови на Вардар. Првиот човек на клубот реши да му даде шанса на Иван Чупиќ и покрај тоа што имаше притисоци да го назначи Столе Стоилов, па откако се реши за така ...

Бепе Марота продолжи да реди успеси како главен оперативец и претседател на Интер, а по првата двојна круна која ја освои клубот од 2010-та година, го одреди и правецот по кој ќе се движи клубот во периодот кој следи. Интер го победи Лацио за 2:0 во големото финале во Копа Италија и ја потврди доминацијата во италијанскиот фудбал оваа сезона, по што Марота со неколку зборови се обиде да ја објасни политиката која ќе ја негува клубот и во ...

Рафаел Надал денеска го инаугирираше својот музеј во Мајорка кој е во склоп на познатата тениска Академија, а по тој повод, славниот шпански тенисер одработи и ексклузивно интервју за „Марка“. 22-кратниот освојувач на грен слем турнирите важи за еден од најголемите тенисери во историјата на спортот, па иако освои се што може да се освои на највисоко ниво, Рафа во текот на кариерата доживеа и некои болни порази кои секако се дел од ...

Арне Слот има турбулентна втора сезона во Ливерпул после извонредната прва која ја имаше на „Енфилд Роуд“, а токму освоената титула во Премиер лигата од пред една година се чини дека е главен аргумент на водечките луѓе да му се даде уште една шанса. Иако фановите на Ливерпул се незадоволни од менаџирањето на тимот и веќе бараат смена на Холанѓанецот, самиот Арне Слот тврди дека сите планови за наредната сезона се поврзани со него, па затоа не ...

Поради добриот настап на последниот голем собир, Македонија го прескокна првиот бараж круг за Светско првенство, а како фаворит и носител во ждрепката, за ривал во бараж финалето ја доби селекцијата на Словачка. Нашиот најсилен национален тим денеска го игра натпреварот во Прешов во 19:00 часот и ќе брка поволен резултат пред реваншот во Скопје, па на неколку часа пред истиот, стана познато кој е конечниот избор на Кирил Лазаров. Селекторот ...

Вардар се врати на врвот во макеоднскиот ракомет со доминантна игра и извонредни настапи во сезоната во која промовиран за прв тренер беше Иван Чупиќ, а после освоените титули во домашното првенство и во Купот, клубот е решен да го награди хрватскиот стручњак. Иако во раната фаза од сезоната имаше сомнежи околу тоа дали Чупиќ е доволно искусен да го води Вардар, поранешното крило докажа дека и тоа како е подготвен да го води тимот, па после ...

Селтик и Хартс во директна пресмекта во последното коло ќе го одлучат новиот шампион на Шкотска, но пред да дојде до главните возбудувања претстојниот викенд, вчера на програмата беа два натпревари кои беа во центарот на вниманието. Хартс лесно си ја заврши својата задача и победи против Фалкирк со 3:0, додека Селтик остана сериозно во играта за титулата благодарение на пенал кој го доби во 98-та минута. Селтик славеше на гостувањето кај ...

Веднаш по големата прослава која ја имаше Барселона низ улиците во својот град, Ханси Флик си постави една цел до крајот на сезоната, односно побара од своите играчи да победат на преостанатите три меча и да стигнат до сезона со 100 освоени бода во Ла Лига. Германецот се обиде да ги мотивира и стимулира своите фудбалери во период кога се беше резервирано за забава, но откако реши да одмори добар дел од првотимците со Алавес, на крајот ...

Флорентино Перез најави важни трансфери кои ќе се реализираат ова лето, па иако не споменуваше имиња, јасно е дека во Реал Мадрид ќе следат поважни промени во играчкиот кадар. Двете сезони без освоен трофеј се доволно силен аларм за клуб како Реал Мадрид, а Предраг Мијатовиќ смета дека во низата тешки одлуки, ќе треба да биде донесена и најтешката. Пеџа смета дека двоецот Винисиус-Мбапе не може да функционира заедно, па го советува Флорентино ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.7
53%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 17ᴼ
1.4
72%
1020
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.9
68%
1020
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.34
77%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.54
65%
1019
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.58
92%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
3.13
36%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.04
55%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.67
55%
1019
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
61%
1020
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
1.34
50%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.87
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.2416

Currency

67.0584

Currency

7.97756

Currency

0.72176

Currency

0.33588

Currency

0.52583

Currency

1.16429

Currency

0.57326

Паладиум

38420.14

Иридиум

233896.68

Сребро

1907.42

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89

Цинк

0.00

Злато

131629.35

Калај

50.34

Алуминиум

3.17

Платина

52341.42

Кобалт

56.29

Бакар

12.34