Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Италија веќе долго време е без пласман на најголемиот фудбалски настан, Светските првенства каде низ историјата имаат забележано четири триумфи. Меѓутоа „аѕурите“ ги „промашија“ шампионатите во Катар и Русија и постои опасност тоа да се повтори и со турнирот во САД, Мексико и Канада. За да се избегне тоа сценарио избрнаиците на Гатузо ќе мора да ја добијат Босна и Херцеговина во Зеница во финалето на баражот кое е закажано за вторник од 20:45 ...
Никола Јокиќ беше лидер, а Денвер Нагетс дојде до уште една победа во НБА лигата, овојпат во соочувањето со ривалот од западната конференција-Голден Стејт Вориорс. Домаќините славеа со 116;93 и сега се во серија од шест триумфи и се на четвртата позиција на Западот со можност да го нападнат и третото место кое го држи Лос Анџелес Лејкерс. На Јокиќ му недостасуваа две асистенции за да запише петти трипл-дабл во низа или поточно центарот ...
Пред нас е Светското првенство и се очекува Англија да биде една од репрезентациите која ќе биде во најтесен круг за врвот, титулата која во САД, Канада и Мексико ќе ја брани Аргентина. Англичаните поседуваат квалитет, искуство, знаење, потенцијал и останува да се види како ќе се снајдат на мундијалот, а во меѓувреме некогашниот репрезентативец Тио Волкот доби една интересна задача. Тој можеше да бира меѓу најдобриот англиски тим во 2006 и ...
Лионел Меси немаше крај каков што заслужуваше во Барселона, а причината за тоа е финансиската состојба на клубот по ковид кризата. Во еден момент изгледаше дека Лео е на добар пат да потпише нов договор со Барселона, меѓутоа со оглед на тоа што постоечниот истече и новиот ќе донесе „тежина“ која клубот тешко ќе ја изнесеше во тој момент, Жоан Лапорта донесе одлука која беше болна како за играчот така за клубот и фановите. Меси продолжи и ...
Роналд Араухо се најде на удар во англиската јавност поради непотребно грубиот старт кој го режираше на пријателскиот натпревар против селекцијата на Томас Тухел, а успеа да го разбесни и германскиот стручњак кој на теренот бараше одговори и од колегата Марсело Биелса. Стоперот на Барселона беше невнимателен и ризикуваше да му ја скрши ногата на Фил Фоден, но ѕвездата на Манчестер Сити на крајот мина добро во целата ситуација, иако беше брзо ...
Карлос Алкарас ги освои првите два големи турнири во 2026-та година, а кога се чинеше дека изгледа несопирливо на АТП турот, светскиот рекет број еден доби одговор од Јаник Синер. Италијанецот потврди дека ужива да игра на тврда подлога и тоа го покажа за две освоени титули на двата Мастерс турнири од серијата 1000, а овој што рано утрово го освои во Мајами го стави во посебно друштво. Јаник Синер претходно го освои Индијан Велс и најави дека ...
Алешандро Пато своевремено важеше за еден од најголемите фудбалски таленти, фудбалер кој уште како тинејџер се пресели во Милан каде ги прикажа најдобрите свои изданија по што постепено почна да паѓа иако играше и за клубови како Челси и Вилјареал. Бразилецот со Милан освои Скудето и трофеј во Супер Купот на Италија и до ден денеска клубот му е при срце и сака да го гледа како е успешен. Денеска „росонерите“ ги имаат Златан Ибрахимовиќ и ...
Италија е на чекор од пласман на Светското првенство и со тоа ставање на крај на непријатната серија и учеството на собирите на најквалитетните селекции на планетава. Италијанците ги пропуштија двата претходни мундијали, постоеше и постои закана за „хет-трик“ или поточно да не се случи ова ќе мора да ја совладаат Босна и Херцеговина во Зеница. „Аѕурите“ дефинитивно се посреќни што ќе играат со Босна наместо Велс и тоа не го криеја со своите ...
Марко Бецеки триумфираше на Мото ГП трката за ГН на САД и во Остин ја продолжи доминацијата од почетокот на новата сезона. Италијанецот стигна до трета победа на третата трка, а денеска ја доби битката со Хорхе Мартин, кој му беше најсериозен ривал, но кого успеа да го неутрализира на патеката во Тексас. Покрај Бецеки и Мартин, на победничкиот пиедестал се најде и Педро Акоста, додека Марк Маркез возеше одлично и покрај казната го освои ...
Јулијан Нагелсман не сака целосно да го елиминира Марк-Андре тер Штеген од настап на СП 2026, но денешната изјава навестува дека ветеранот тешко ќе добие можност да биде дел од претстојниот мундијал. Германската репрезентација располага со повеќе квалитетни голмани, но причината што Тер Штеген нема да биде во конкуренција се неговите проблеми со повреди. Само што се рехабилитираше и реализираше заем во редовите на Џирона, искусниот голман ...
Поранешниот англиски репрезентативец, Џермејн Дефо, денеска е промовиран на својата прва работа како менаџер на сениорски тим. Додека неговиот поранешен клуб Тотенхем бара наследник на Игор Тудор, Дефо се исклучи од конкуренцијата и шпекулациите дека може да работи во стручниот штаб на премиерлигашот, преземајќи го нисколигашот Вокинг. Вокинг настапува во Националната лига, а за Дефо ова ќе биде прва самостојна менаџерска работа, откако ...
Раководството на Тотенхем повторно е во потрага по менаџер, а наследникот на Игор Тудор ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Премиер лигата. Хрватскиот стручњак освои само еден бод со лондонскиот тим, кој останува на работ на опасната зона во англиското првенство, нешто што донесе и крај на краткиот ангажман во Тотенхем. Прв избор на премиерлигашот е Роберто Де Ѕерби, но италијанскиот стручњак веќе го кажал својот став дека сака да ...
Настапот на репрезентациите секогаш носи голем ризик за фудбалерите, односно ризик од повреди, кои подоцна влијаат и на исполнувањето на нивните клупски обврски. Англиската фудбалска репрезентација во овој мартовски прозорец игра пријателски натпревари, но тоа не е гаранција дека нема да има физички проблеми кај играчите, нешто што го потврдува и последната информација од таборот на Томас Тухел. Селекторот ослободил осум фудбалери поради ...
Дизел-горивото на „Макпетрол“ од вечерва по полноќ ќе се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика. Компанијата уште од вчера ја спушти цената на дизелот за два денари, а со дополнителното намалување, ова гориво од вечерва ќе се продава за вкупно три денари пониска цена. По промената, дизел-горивото ќе може да се набави за 92,5 денари за литар. И дел од другите горива на бензинските станици ...
Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, преку проектот „Играј одговорно“, континуирано ја истакнува важноста на одговорниот пристап кон игрите на среќа. Во рамки на активностите за едукација и превенција, компанијата овозможи функционирање на неколку советувалишта низ државата. Покрај постоечките центри во Скопје, Куманово и Прилеп, веќе следната недела се очекува да започне со работа и ново советувалиште во Радовиш. ...
МЗТ Скопје и Работнички одиграа драматично градско дерби, а на крајот по едно продолжение до победата (97:93), сепак стигнаа домаќините, кои ја имаа и фаворитската улога и на овој натпревар. Работнички одлично го отвори натпреварот предводен од Ефремовски и првиот период го заврши со плус седум, но МЗТ ја стопи предноста до крајот на полувремето. По паузата, МЗТ постојано имаше водство, но гостите не се откажуваа, а упорноста беше крунисана ...
Видеолотарија Касинос Австрија, во рамки на своето партнерство со Националната опера и балет, со особено задоволство ја најавува премиерата на еден од најомилените балети на сите времиња – „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски. Оваа волшебна балетска фантазија во два чина ќе биде изведена на сцената на МОБ на 28 март 2026 година со почеток во 19:30 часот, како и на 8 април од 20:00 часот. Диригент на претставата е Едуард Амбарцумјан, додека ...
Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата, соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите од 358.000.000 денари, дополнително ќе бидат исплатени уште 80.000.000 денари како директна поддршка за македонскиот спорт,- најави Ристовски. Министерот упати дека голем дел од дополнителните средства ќе бидат ...
Кол Палмер имаше одлични настапи во дресот на Челси откако дојде од ривалот Манчестер Сити, но сезонава ситуацијата е променета. Честите повреди ја ограничија минутажата на англискиот репрезентативец, формата не е на исто ниво, а „Сан“ тврди дека Палмер не е задоволен и од тактиката на менаџерот Лиам Росениор. Таблоидот пренесува дека Палмер веќе почнал да размислува за разделба со „сините“, а негова лична желба е да се врати во Манчестер, но ...
Задар на македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ им се врати на победите во хрватското првенство и тоа против Динамо Загреб кој беше разбиен со 20 разлика (99:79). Лидерот во шампионатот покажа дека поразот од Дубрава бил само лош ден и без проблеми го реши Динамо Загреб. Гостите беа рамноправни во првата четвртина (18:16), но во вториот и третиот период фаворитот ја направи клучната разлика (29:21, 29:19), па завршните десет минути беа чиста ...
Македонската А фудбалска репрезентација не успеа да обезбеди место во финалето на баражот за пласман на Светското првенство, но во овој „прозорец“ има уште еден предизвик, а тоа е пријателскиот меч против Република Ирска. Ирците доживеаа болен пораз од Чешка, па ова ќе биде соочување на двете селекции на кои им згасна мундијалскиот сон, но и дуел кој треба да помогне пред наредните предизвици кои се во Лигата на нации. -Данска е навистина ...
Томас Тухел се обидува да добие уште појасна слика околу играчите на кои ќе смета за Светското првенство, па токму поради ова повика доста англиски фудбалери во овој последен репрезентативен „прозорец“ пред настанот кој следи ова лето. Германскиот стручњак имаше што да види на овој мини камп и првиот меч против Уругвај по кој испрати комплименти на адреса на членот на Евертон, Џејмс Гарнер. Тој го спореди Гарнер со најголемата ѕвезда на ...
Екипата на ГРК Охрид се избори за одличен резултат против Олимпијакос во првиот натпревар од четвртфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ. Македонскиот клуб славеше на гостувањето во Грција со 31:26 и има отворен пат кон полуфиналето на ова натпреварување, билет кој треба да го потврди пред своите гледачи во салата „Билјанини Извори“. „Гладијаторите“ го преслушаа Олимпијакос и се на чекор од полуфинале во Европскиот Куп Ова издание, партија ...
Тренто на Андреј Јакимовски забележа нова победа над Венеција, втора сезонска во италијанскиот шампионат. Имено Андреј и соиграчите како гости триумфираа со 106:87 и со тоа потврдија дека се подобра екипа од Венеција без разлика на тоа што се послабопласирани на табелата. Тренто ја доби Венеција и во Еврокупот што значи дека има „три од три“ против составот што го предводи Невен Спахија. Пет играчи на гостите беа двоцифрени, Јакимовски не ...
Александер Исак дефинитивно е едно од најголемите промашувања во оваа сезона, играч за кој премиерлигашот издвои огрома сума на пари, но Швеѓанецот скоро и да не заигра во англискиот великан. Напаѓачот поради повреди одигра само 260 минути во сите конкуренции, вкупно 16 средби со учинок од 3 гола и 1 асистенција што е премалку за фудбалер од кого се очекуваше да биде еден од лидерите на овој нов Ливерпул. Се очекува Исак да се врати на ...
Ракометарите на ГРК Охрид направија голем исчекор кон пласман во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ откако попладнево го решија Олимпијакос на негов терен во Грција. Македонскиот прволигаш славеше во Атина со 31:26 и е во одлична позиција пред реваншот што ќе се игра во салата „Билјанини Извори“, меч закажан за 4 април. Избрнаиците на Борис Ројевиќ беа максимално фокусирани од почеток до крајот, а клучната предност ја направија во првиот ...
Баерн Минхен игра лошо во изминатиов период, а најдобра потврда за тоа се петте порази во последните шест натпревари во домашниот шампионат и Евролигата. Новиот неууспех беше забележан во германското првенство каде „баварците“ како гости беа надиграни од Хамбург со 96:81. Се очекуваше реакција од избраниците на Кари со оглед на тоа што во претходното коло загубија од Бамберг, а денеска за ривал имаа тим кој е во долниот дел од табелата. ...
Тиквеш и Работнички денеска во Кавадарци одиграа меморијален пријателски натпревар во чест на Андреј Лазаров. Лазаров беше еден од загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а Тиквеш и Работнички беа два од клубовите за кои настапуваше во кариерата. Резултатот беше во втор план затоа што двата тима на овој начин сакаат да му оддадат почит и да го сочуваа споменот за Андреј кој на сениорско ниво играше уште за хрватските Горица ...
Хрватскиот фудбалски стратег, Игор Тудор нема повеќе да ја извршува функцијата менаџер на Тотенхен, објави клубот од северен Лондон. Тудор беше доведен како замена за Томас Франк, меѓутоа не успеа да го донесе она што се очекуваше по што беше прашање на време кога ќе дојде до крај на соработката. Денеска „петлите“ ја информираа јавноста дека е постигнат договор за разделба со Тудор кој беше активен во изминативе шест седмици. Во тој период ...
Португалија не успеа да ја оправда улогата на фаворит и ремизираше со Мексико (0-0) на пријателскиот меч што се одигра во Мексико Сити. Португалците настапија со силен состав на ова соочување, ама имаа скромно издание на „Ацтека“ со само два шута во рамките на голот на домаќините. Многу повеќе се очекува од Португалија која на хартија важи за еден од топ фаворитите за титулата на СП, но според Жозе Мурињо неиграњето на Кристијано Роналдо ...