Баерн Минхен не пријави никаков срцев или респираторен проблем кај Џамал Мусиала откако младиот играч за врска колабираше на теренот против РБ Лајпциг, но неколку дена подоцна, младата ѕвезда на германскиот првак повторно се струполи на теренот. Баварскиот великан ја извести јавноста дека Мусиала добил топлотен удар на „Алијанц арена“ поради несекојдневно топлото време во Минхен, но новиот пат во период од само неколку дена сега дефинитивно ...

Патрик Виеира повеќе од една година се дистанцираше од тренерските води и не доби проект кој ќе го задоволи, а во недостаток на понуди на клупски план, легендарниот Французин сега ќе биде дел од селекторската дејност. Славниот играч за врска за првпат во својата кариера ќе биде селектор на една најсилна национална селекција, и тоа на репрезентацијата на Сенегал која денеска го потврди договорот. Федерацијата од Африка ја извести јавноста дека ...

Родри оваа вечер беше официјално претставен како нов играч на Барселона, а откако позираше заедно во друштво на Жоан Лапорта, следеше стандардната процедура во која добиваше прашања од присутните новинари. Трансферот на МВП играчот од Светскот првенство привлече огромно внимание во Шпанија поради тоа што истиот донесе директна битка меѓу вечните ривали Барселона и Реал Мадрид, но на крајот како поуспешни испаднаа Каталонците кои се покажаа ...

Родри од вчеравечер е во Барселона и беше само прашање на време кога ќе биде официјално потврден како големо летно засилување за каталонците, а денеска пристигна официјалното соопштение, но и уникатното видео кое го изработија од Барса. МВП играчот на Светското првенство ќе донесе огромен плус во средниот ред на шпанскиот шампион, а како играч кој веќе е познат по тоа што ја освои „Златната топка“, јасно е дека ќе претставува огромно ...

Реал Мадрид се одлучи да фати нестандареден правец кога се во прашање промоциите на новиот тренер и шесте летни засилувања, односно клубот се одлучи да не прави големи претставувања и стандардни прес-конференции, презентирајќи еден нов и нетипичен начин за промовирањето на новите луѓе. Откако пристигна ваква најава за новата политика во текот на денот, денеска институционална промоција зад затворени врати доживеа лидерот на новиот проект, ...

Лука Модриќ се оттргна од идејата да замине во фудбалска пензија и продолжи да игра и по крајот на Светското првенство, пред се поради инсистирањето на Милан да остане барем уште една година на „Сан Сиро“. По брилијантната сезона која ја понуди на 40-годишна возраст, Лука ќе биде активен и на 41-на како важен играч од проектот на Рубен Аморим, а во најновото интервју кое го направи за клупската телевизија, Хрватот го стави Милан на исто ...

Барселона допрва ќе треба да го комплетира тимот за новата натпреварувачка сезона, без оглед на тоа што каталонскиот гигант во период од 24 часа пречека две големи засилувања во имињата на Кансело и Родри. Двете планирани засилувања веќе се во клупските простории и чекаат да се приклучат на првиот тим, но јасно е дека Барса до крајот на месец август ќе биде активна на трансфер пазарот и за играчи кои делуваат во нападот, особено поради фактот ...

Навивачите на Реал Мадрид не можат да бидат незадоволни од летниот преоден рок, па покрај враќањето на клупата на авторитет како Жозе Мурињо, раководството обезбеди и шест нови и квалитетни имиња. Португалскиот тренер смета дека му требаат дополнителни засилувања, но и со актуелниот тим Реал ќе биде кандидат за борба за сите трофеи за кои ќе се натпреварува. Сепак, она што се промени ова лето е клупската политика на „кралскиот клуб“ за ...

Рафаел Ходар немаше многу тешка задача на последниот дуел на Мастерсот во Синсинати, но затоа реши да им одговори на критичарите со еден интересен потег. Шпанскиот тенисер го испровоцира претходниот ривал Денис Шаповалов, откако два пати го прекинуваше третиот сет за да ги промени скинатите врвки на патиките, а ваквото однесување му предизвика критики и од многу тениски фанови. Посебно што Ходар го направи истото и на претходните два турнири ...

Алесио Такинарди не е само поранешен фудбалер на Јувентус, туку поради својата посветеност кон клубот и харизмата, еден од милениците на фановите на „бјанконерите“. Медиумите често го користат како стручен коментатор или од него бараат коментари за одредени ситуации, а сега некогашниот играч за врска зборувал за последните случувања во Јувентус, вклучувајќи го и заминувањето на Душан Влаховиќ како слободен агент. – Разочаран сум од Влаховиќ, ...

Тод Боли и неговиот близок соработник Марк Волтер планираат да ги продадат своите акции во Челси и да се повлечат целосно од сопственичката структура на премиерлигашот. Американските милијардери имаат по 12,8 проценти од акциите на Челси, а според актуелната проценета вредност на клубот, би требало да заработат над 600 милиони фунти за својот дел. Боли и Волтер би ги продале акциите на мнозинскиот сопственик, конзорциумот „Клирлејк Капитал“, ...

Милан вчера го договори трансферот на Диего Мореира од Стразбур, а најавите на италијанските медиуми е дека „росонерите“ на крајот можат да платат најмалку 50 милиони евра за трансферот и евентуално активираните бонуси. Информацијата ги изненади медиумите и фановите, пред се бидејќи белгискиот фудбалер претходно не беше поврзуван со Милан, но и поради сумата, но од друга страна работите стануваат појасни ако се знае дека агент на Мореира е ...

На 20 август, со почеток во 21 часот, на сцената на Долни Сарај во Охрид, свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За завршницата на фестивалот публиката ќе има можност да го проследи мјузиклот „Како какао“, по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски. Со завршниот настан, Охрид ќе стави точка на уште едно богато фестивалско лето исполнето со уметност, музика, ...

Францускиот интернационалец Жаел Трепи вчера стана топ тема во италијанските медиуми, но не поради добра причина. Фудбалерот на Калјари доживеал несреќа додека се забавувал со пријатели на базен во вила на Сардинија, по што итно бил пренесен во болница, каде лекарите се одлучиле за индуктивна кома поради големата количина вода во неговите бели дробови. Инцидентот предизвикал сериозен проблем за младото момче, а дека истиот не е наивен ...

Рома долго преговараше со Порто за трансферот на Родриго Мора, а се чини дека од синоќа фудбалерот добил зелено светло за резервација за билет за Рим и потпис на договор со својот нов клуб. „Волчицата“ му понудила амбициозен проект на талентираниот Португалец и еден од најдобрите светски фудбалери во својата генерација, па тој самиот инсистирал да добие дозвола за трансфер. Порто ќе добие 25 милиони евра сега, а ќе задржи 50 проценти од ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и аптеки ВИА ФАРМ потпишаа договор за соработка и спонзорство, со кој се обезбедува дополнителна поддршка за медицинската грижа во Националните тимови. ВИА ФАРМ ќе ги снабдува репрезентативните селекции со потребни медицински средства и суплементи, со цел да се обезбедат соодветни услови за медицинска грижа, опоравување и подготовка на фудбалерите. За нашата федерација, ваквите партнерства ...

Документарниот тв серијал посветен на Пеп Гвардиола и неговата успешна ера во Манчестер Сити ќе биде достапен од утре на една од стриминг платформите, а медиумите веќе објавија дел од поинтересните сцени кои досега не им беа познати на фановите. Покрај фактот што на фудбалерите им открил за разводот по поразот од Јувентус во Лигата на шампионите, во документарецот има и сцена од жестока расправија со тогашниот капитен на Сити, Кајл Вокер. ...

Новиот менаџер на Њукасл, Матијас Јајсле се обидува со одредени засилувања да ги покрие најдефицитарните позиции во екипата која ова лето трпи сериозна реконструкција. Излезните трансфери значеа разделба со најголемите ѕвезди, па „црно-белите“ мора да инвестираат соодветно за да избегнат нова разочарувачка сезона во Премиер лигата. Амар Дедиќ е новото име кое пристигна во англискиот клуб и потпишал за Њукасл откако ги поминал прегледите, па ...

Навивачите на Барселона вчера имаа задоволство да го проследат пристигнувањето на Родри и Жоао Кансело, двајца фудбалери кои од различен аспект имаат голема важност за екипата и тренерот Ханси Флик. Кансело конечно ја заврши етапата во Саудиска Арабија и потпиша договор со Барса, екипа за која настапуваше и минатата сезона како позајмен играч, додека Родри е големо засилување од редовите на Манчестер Сити. Иако во сенка на позитивните вести, ...

Микел Артета и Арсенал долго чекаа и педантно го градеа тимот кој минатата сезона конечно ја донесе титулата во Премиер лигата, а актуелниот преоден рок покажа дека „топчиите“ се движат во правилна насока и со право се најавени како први фаворити и во новата сезона. Големите, но и правилни инвестиции донесоа квалитет на секоја позиција, но и соодветна поддршка од клупата, нешто што Пеп Гвардиола умешно го правеше со финансиската поддршка на ...

Јувентус денеска веројатно ќе го промовира голманот Гилјелмо Викарио како ново, шесто засилување во актуелниот преоден рок, но активностите на новиот менаџмент не се завршени. „Бјанконерите“ треба да реализираат неколку излезни трансфери за да го задржат финансискиот баланс, но и да го намалат бројот на членови на првиот тим пред почетокот на сезоната, а Рики Масара и Џовани Карневали работат и на дополнителни засилувања кои може да бидат ...

Аманда Анисимова е тенисерка која припаѓа на светската тениска елита, а периодов се обидува да ја врати препознатливата форма откако се врати по паузата поради повреда. На Вимблдон, американската тенисерка ја совлада нашата гордост Лина Ѓорческа во првото коло на турнирот, подоцна не успеа да стигне до завршницата на грен-слем турнирот, а сега повторно е актуелна поради потегот кој го направи на меч во Синсинати. За време на една од паузите ...

Мемфис Депај реагираше жестоко откако Коринтијанс објави дека нема да му го продолжи договорот, но неколку дена подоцна, бразилскиот клуб сепак го смени својот став. Целата драма започна откако сите во бразилската јавност, па и холандскиот фудбалер беа убедени дека тој останува во Коринтијанс, а такво нешто му било најавено и од клубот. Но, раководството направи целосен пресврт во својот став и објави дека поради деликатната финансиска ...

Барселона го доби потписот на Родри, односно само рутинските прегледи го делат шпанскиот шампион од официјална промоција на најдобриот играч на последниот мундијал, а дел од шпанската стручна јавност има интересен став околу причините за изборот на својот следен клуб од страна на фудбалерот. Фановите очекуваа дека Реал Мадрид нема да ја пропушти можноста да го доведе Родри, посебно кога на Жозе Мурињо навистина му е потребен таков фудбалер, ...

Пеп Гвардиола е минато и дел од најзначајните моменти во клупската историја на Манчестер Сити, а најновата документарна серија посветена на оваа етапа од неговата кариера ќе открие интересни детали за фановите. ТВ серијалот „Убава опсесија“ ќе им биде достапен на гледачите од утре, а во англиските таблоиди веќе се појавија детали со кои се најавуваат дел од поинтересните моменти кои досега не беа познати за јавноста. Еден од нив е говорот на ...

Пол Сколс се вклучи во серијата прогнози на познатите стручни коментатори за изгледот на завршната табела во Премиер лигата, а не понуди изненадување околу очекувањата за шампионот. Легендата на Манчестер Јунајтед смета дека Арсенал е пресилен за останатите и ќе го одбрани трофејот, додека не очекува Ливерпул да избори ниту Топ 4 пласман. – Арсенал делува пресилно и мислам дека повторно ќе стигнат до титулата. – Сити веројатно ќе биде втор, ...

Долго најавуваниот трансфер на Родри во Барселона е пред сама официјализација, откако искусниот играч за врска вчера пристигна во Каталонија и во текот на денешниот ден треба да ги комплетира сите формалности пред потписот. МВП играчот од Светското првенство и даде предност на Барселона пред Реал Мадрид и само поради тоа веќе им ги освои срцата на фановите во Каталонија, а дека сите во клубот се свесни каква ѕвезда доаѓа, најдобро говори и ...

Пјер Емерик Обамејанг се докажа како расен голгетер во секој клуб чии бои ги бранеше во својата кариера, а така продолжува и на стартот на својата нова авантура во Шпанија. Обамејанг направи изненадувачки трансфер во Депортиво А Коруња по разделбата со Марсеј и како слободен агент го избра повратникот во елитното друштво, па веќе на првиот натпевар во Ла Лига покажа дека ќе биде големо засилување на „Риазор“. Некогашната ѕвезда на Борусија ...

Бруно Фернандеш не планира да го напушти Манчестер Јунајтед до крајот на овој преоден рок, клубот исто така не помислува на продажба, но морал експресно да реагира по атрактивната понуда која Португалецот ја добил од Галатасарај. Турскиот клуб бил подготвен да плати 50 милиони евра за Бруно и до неговите агенти испратил информација дека актуелниот капитен на „црвените ѓаволи“ би заработувал 20 милиони евра по сезона. Иако Галатасарај не ...

Политичките тензии во екс-ју регионот одамна прават раздор меѓу жителите на екс-ју републиките, но еден момент од последното ЕП во атлетика покажува дека спортот отсекогаш ги надминувал сите непотребни граници. Во Бирмингем дури две атлетичарки од регионот се најдоа на победничкиот подиум во дисциплината фрлање копје, а најуспешна беше хрватската атлетичарка Сара Колак. 30-годишната Колак имаше фрлање од 62,43 метри за кое ривалките немаа ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Калај

46.54