Кошаркарскиот клуб Работнички остави лоша сезона зад себе која не се совпаѓа со стандардите и традицијата на „центарци“, па тоа беше јасен сигнал дека некои работи мора да се менуваат во ростерот. Гордоста на „центарци“ вчера ја извести јавноста за квалитетно засилување под обрачите во името на Тарик Брунчевиќ, а денеска ја извести јавноста дека е постигнат договор и со македонскиот репрезнетативец, Кристијан Николов. – КК Работнички АД ...

Претставниците на Баерн Минхен биле запознаени со кратките епизоди на невролошко отсуство кои ги има Џамал Мусиала во приватниот живот, но откако две вакви епизоди видовме на фудбалскиот терен во период од само четири дена, сосема очекувано се крена голема прашина во јавноста. Мусиала се струполи на земја на натпреварите против РБ Лајпциг и Хајденхајм и самиот мораше да објаснува со каков здравствен предизвик се соочување, а откако образложи ...

Манчестер Јунајтед стави посебен акцент да го засилува средниот ред откако остана без Касемиро и повредениот Угарте, па иако веќе беа претставени двајца нови играчи за врска, на пат е да пристигне и трет на „Олд Трафорд“. Великанот од театарот на соништата му исполни две желби на Мајкл Карик и веќе ги промовираше Андреј Сантош од Челси и Јури Тилеманс од Астон Вила како големи засилувања, но последните информации велат дека Јунајтед ќе добие ...

Астон Вила ќе има целосно нов изглед во новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата, не само поради заминувањата на важни фудбалери кои беа столбови на тимот, туку и поради возбудливите засилувања кои се донесоа како достојни замени. Морган Роџерс, Јури Тилеманс, Лукас Дињ ги спакуваа куферите и си заминаа од Бирминге, на добар пат е тоа да го направи и Емилијано Мартинез, но Астон Вила донесе нови фудбалери и денеска претстави уште ...

Монако беше клубот кој прв му подаде рака на Пол Погба откако Французинот зад себе остави непријатна епизода со позитивен допинг тест, а долгата пауза на крајот направи тимот од „кнежевството“ да нема никаква корист од некогашниот светски шампион. Погба одигра само шест натпревари минатата сезона и имаше улога на епизодист во француската фудбалска елита, па пред да се означи официјален старт на новата натпреварувачка сезона, двете страни ...

Карлес Пујол проговори за најновите актуелности во шпанскиот фудбал и низата операции кои се случија ова лето, од кои две посебно се издвојуваат поради педигрето и прикажаниот квалитет. Жозе Мурињо за многумина е засилување број еден за Реал Мадрид оваа сезона без оглед на шесте звучни засилувања, додека Барселона вчера го претстави Родри како супер аквизиција од која треба да профитираат сите играчи во тимот на Ханси Флик. Пујол како ...

Македонските млади спортисти продолжуваат да ја претставуваат Македонија на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри за млади во Сплит, а ова утро одличен резутлат остварија играчите на Сарај. Скопскиот тим имаше одличен настап во големото финале во кое настапуваа најдобрите од сите земји, бидејќи беше дел и од самата завршница на турнирот во Сплит. Сарај стигна до борбата за бронзениот медал, но во мечот за третото место не успеа да ...

Ник Кирјос долго време беше најголем критичар на Јаник Синер во периодот кога доби само тримесечна суспензија поради допинг, но како што стојат работите, сега и самиот се најде во деликатна ситуација откако на последниот тест бил позитивен на недозволена супстанца. Австралиецот кој долго време се мачи се повреди, сега нема да може да игра тенис и поради административни причини, а тоа е привремената забрана која му ја изречена поради позитивен ...

Њукасл претрпе нови сериозни удари во еден летен преоден рок, бидејќи покрај Антони Гордон и Сандро Тонали, на почетокот на месец август остана и без Бруно Гимараеш. Овие потези го натераа Еди Хау да си замине од клубот и да ги заврши своите обврски на „Ст. Џејмс парк“, а бидејќи тимот е воден од нов менаџер веќе две недели, сосема очекувано е да се фати и нов курс. Германецот Матијас Јајсле ќе се обиде да состави нов тим кој ќе има слични ...

Џан Пјеро Гасперини не криеше разочарување од некои некомплетирани зделки на клубот во досегашниот тек на летниот преоден рок, но тоа како да ги мотивираше оперативците на клубот побрзо од очекувањата да завршат преговори кои според многумина требаше да траат до завршната фаза од месец август. Гасперини е познат како тренер кој сака брзи крилни фудбалери во својот тим, а тоа дефинитивно ќе го добие во суперталентираниот Родриго Мора кој се ...

Шестгодишната етапа на Артур Мело во Јувентус е пред самиот крај, откако двете страни седнале на маса за да ги испреговараат деталите за прекин на договорот. Бразилецот има важечки договор уште една година, но бидејќи подолго време не е дел од проектот на Јувентус, најдобро за двете страни ќе биде безболно да ја завршат соработката и предвреме да го раскинат договорот. „Скај Италија“ информира дека сигналите од двете страни се навистина ...

Џамал Мусиала вторпат се струполи на теренот во период од неколку дена и го вклучи алармот во Германија, особено откако голем број фудбалски фанови остааа загрижени за здравјето на талентираниот фудбалер. Баерн Минхен како клуб му дозволи на самиот Мусиала да објасни со каков проблем се соочува веќе некое време, а откако Џамал и откри на јавноста дека има одредена невролошка дисфункција, со доста коментари излегоа и експерти во областа на ...

Валенсија ќе ја започне новата сезона со доста сомнежи и нецелосно одговорени прашања на неколку позиции, а на неколку дена пред стартот на кампањата, тренерот Карлос Корберан конечно добива еден десен бек. Тренерот на Валенсија цела пресезона работи без десни бекови и на пријателските натпревари се потпираше на опции од школата, па иако клубот веќе две недели водеше преговори со Џирона за ангажман на Арнау Мартинез, на крајот нов десен бек е ...

Жозе Мурињо го направи првото опширно интервју за еден медиум откако се врати во Шпанија, а таа чест да води разговор со Португалецот ја имаше Жозеп Педрелол како прво лице на „Ел Чирингито“. Искусниот новинар има позитивен однос со Мурињо уште од воведната етапа на Португалецот на „Сантијаго Бернабеу“, па покрај тоа што говореа за тоа како „специјалниот“ еволуирал низ годините, најмногу внимание во јавноста предизвика одговорот на Жозе за ...

Трансфер шпекулациите се редовна забава за фудбалските фанови додека траат преодните рокови, а во летниот има толку многу време што ретко нешто не е барем навестено, пред да се реализира. Но, Брајтон успеа да повлече еден изненадувачки потег и во Премиер лигата доведе амбициозен канадски репрезентативец, кој веќе го најави својот талент на последното Светско првенство. Промис Дејвид покажа дел од својот потенцијал и очигледно го привлече ...

Раководството на Јувентус и ова лето бараше солуција за играчите кои се вратија од позајмица, а еден од нив е бразилскиот интернационалец Артур Мело. По неколку сезони поминати во други клубови, се чинеше дека и ова лето играчот за врска ќе мора да најде солуција за заем, но на крајот Јувентус успеал да се договори со неговите агенти за спогодбен раскин на договорот. На тој начин, италијанскиот клуб ќе се ослободи од финансиските обврски кон ...

Францускиот фудбалер Жаел Трепи два дена беше во индуцирана кома после немилиот инцидент кој се случи во неделата, но вчера во текот на ноќта бил екстубиран од лекарите и најдобра вест е тоа што младиот член на Калјари е во добра здравствена состојба. Лекарскиот тим од болницата во Сасари ја информираше јавноста дека 20-годишниот Трепи е надвор од животна опасност откако успешно бил ослободен од механичка вентилација, а исклучително позитивно ...

Родри остави зад себе неверојатни седум години во Манчестер Сити и освои се што може да се освои како претставник на „небесно-сините“, но откако стана светски шампион со Шпанија, почувствува потреба дека е време за промена. Искусниот играч за врска стана првиот играч во историјата на Манчестер Сити кој ја освоил „Златната топка“, имаше директно влијание за историските четири титули во низа во Премиер лигата, како и за толку посакуваниот ...

Раководството на Астон Вила продолжува да го надградува ростерот во пресрет на официјалниот почеток на новата сезона, а на ред сега дојде и позицијата десен бек. Клубот од Бирмингем постигнал договор со Вест Хем за во своите редови да го доведе Арон Ван-Бисака, кој на овој начин ќе продолжи да игра во Премиер лигата. Лондонскиот клуб барем една сезона ќе мора да се бори за враќање во елитата преку Чемпионшип, а фудбалерот од ДР Конго го ...

Кошаркарскиот клуб Соколи е еден од оние кои ќе конкурира за добивање на „вајлд-карта“ од страна на КФМ, но за да се подготви најдобро за можниот влез во Суперлигата, штипската гордост почна да влече амбициозни потези. Соколи потврди две засилувања во еден ден, од кое второто е далеку позвучно, бидејќи во ситуацијата станува збор за некогашниот македонски репрезентативец, Александар Костоски. Во текот на денот, прво беше претставен Јован ...

Во Сплит започна меѓународната завршница на Плазма Спортските игри на младите, а Македонија годинава за првпат е дел од големото меѓународно финале. Хрватскиот град е домаќин на 1.224 млади спортисти од шест земји, кои во следните денови ќе се натпреваруваат во повеќе спортови, а меѓу нив се и македонските претставници, победници и најдобрите од националните натпреварувања во Македонија. Спортско радио 90.3 и Derbi.mk се со свои новинари во ...

Лигата на шампиони стигна до финалната фаза од квалификациите, а во баражите кои се одиграа вечерва, ниту еден од домаќините не успеа да запише победа. Никола Серафимов и неговиот Левски одиграа 0:0 против АЕК во Софија, Динамо испушти два гола позитива во Загреб против Викинг (2:2), додека сите работи ќе останат отворени и за вториот меч кој ќе го играат Фенербахче и Лион. Турско-француската пресметка заврши со резултат 1:1, а од овој ...

По освоената титула на струшкиот турнир, ракометарите на Охрид започнаа фуриозно и на турнирот на домашен терен, славејќи победа над репрезентацијата на Египет до 20 години. Турнирот „Крстe Андоновски“ денеска беше отворен со победата над Вардар над Олимпијакос, а покрај финалистот од Струга, триумф во вечерниот термин оствари и Охрид. Младата египетска селекција загуби со 31:27 во натпревар во кој Охрид во најголема мера се штедеше, бидејќи ...

Родри ова попладне беше промовиран како нов играч на Барселона и стави параф на договор до 2030-та година, трансфер од кој дефинитивно мора да бидат задоволни сите во каталонскиот гигант. Играчот за врска ја врати најдобрата форма на Светското првенство и го доби МВП признанието од страна на ФИФА, па како играч кој треба да донесе голем плус во тимот на Ханси Флик, задоволството од потврдата на операцијата не го криеше и Германецот. Целата ...

Љупчо Дориев игра сезона од соништата во узбекистанската фудбалска лига, а своето гол шоу го продолжи и денеска во победата на неговата Согдиана. Тимот на македонскиот интернационалец славеше со 2:1 против Кизилкум, натпревар на кој до израз повторно дојде разновидниот стил на игра на Дориев. Македонецот игра неверојатно добро изминативе месеци и својата класа ја потврдува од меч во меч, па така денеска го отвори резултатот со силен шут со ...

Џамал Мусиала ги вознемири навивачите на Баерн Минхен во два наврати во период од три дена, откако по благиот колапс кој го имаше против РБ Лајпциг, денеска се сруши на теренот и против Хајденхајм. Германските таблоиди ги поврзаа инцидентите со несвојствено жешките услови во Германија и со топлотен удар, но бидејќи загриженоста достигна највисоко ниво по вториот пад кој го имаше денеска, Мусиала реши самиот да открие со каков проблем се ...

Вејн Руни беше ко-презентер на првата емисија која се водеше на поткастот „Stick to United“ во друштво на г олемиот фан на Манчестер Јинајтед, Марк Голдбриџ, а пред да почне да дава коментари за најактуелните теми околу клубот, легендарниот голгетер откри дека имал и еден естетски зафат. По обврските кои ги имаше како стручен коментатор на Светското првенство, Руни решил да заврши работа која одамна му стоела недовршена, а тоа е корекцијата ...

Вардар загуби од Охрид во финалето на струшкиот турнир на крајот на минатата недела, а сега новата работна недела ја отвори со нов натпревар на подготвителен турнир. „Крсте Андоновски“ турнирот во Охрид ќе биде главно случување оваа недела во ракометна Македонија, па програмата денеска беше отворена со натпревар на македонскиот првак Вардар. „Црвено-црните“ за ривал го имаа грчки Олимпијакос, а во натпревар на кој доминираа од почеток до ...

Јувентус ги менуваше брзините кога е во прашање голманската позиција во овој летен преоден рок, па иако доста долго се преговараше за Зион Сузуки и Емилијано Мартинез, на крајот „бјанконерите“ завршија со предлогот кој го достави Џанлуиџи Буфон. Јуве го доби поранешниот италијански репрезентативеце Гуљелмо Викарио на едногодишна позајмица вредна 2 милиони евра, но ако новиот стартен голман успее да се врати во најдобра форма, клубот ќе има ...

Барселона во рок од 24 часа ги договори Родри и Кансело како големи летни засилувања за тимот на Ханси Флик, но тоа следеше откако клубот договори продажба вредна 50 милиони евра. Ослободената плата од Феран Торес и инкасираните средства „отклучија“ две операции за каталонскиот гигант, но додека фановите се радуваат на големите засилувања во одбраната и средниот ред, Сантијаго Кањизарес смета дека Барселона ќе има големи проблеми во ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35