Данската принцеза Изабела, која од неодамна е полнолетна, почна со служењето воен рок, станувајќи една од првите девојки кои се дел од новата продолжена задолжителна воена служба во земјата, објавува „Шпигел“. Данска воведе задолжителна воена служба за жени минатата година, а околу 1.600 млади луѓе, меѓу кои и принцезата Изабела, ја започнаа својата воена служба. Поради зголемената загриженост за безбедносната состојба во Европа, периодот на ...

Американскиот Стејт департмент го извести Конгресот дека планира да затвори пет дипломатски мисии во странство, соопштија денеска извори. Во известувањето испратено кон крајот на минатата недела до одредени конгресни комисии, беше наведено дека САД планираат да затворат канцеларии во Сент Џорџ (Гренада), Нагоја (Јапонија), Медан (Индонезија), Дуала (Камерун) и во Винипег (Канада), објавија британските медиуми, повикувајќи се на изворите кои ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги повика „Шеврон“ и другите големи нафтени компании во земјата да ги намалат малопродажните цени на горивата, истакнувајќи дека индустријата треба дел од своите профити да пренесе и на пазарот. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп ги поздрави остварените резултати на „Шеврон“, но ја повика компанијата и нафтената индустрија да ги намалат цените на бензинските пумпи. „Ова важи и за ...

Поранешниот врховен командант на украинските вооружени сили, а сега амбасадор на Украина во Велика Британија, Валериј Залужни, изјави дека не гледа перспектива земјата да стане членка на НАТО – цел што е запишана во украинскиот Устав. Според украинскиот портал „Европска правда“, Залужни на средба со украински амбасадори изјавил дека Украина во моментов не ги исполнува воените стандарди потребни за приклучување кон Алијансата. „Многу добро го ...

Анализа на минимални плати во Европа, споредувајќи ја куповната моќ наспроти платите во 2026 година, објави Еуроњуз. Кога се споредуваат рангирањата во номинални услови и PPS (стандард на куповна моќ) низ 27-те земји, најголеми победници се Романија и Македонија. Романија се искачи од 20-то на 12-то место, додека Македонија се искачи од 24-то на 16-то место, при што двете напредуваат за осум места. Србија (покачување за пет места), Хрватска и ...

Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи нов рекорд и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови. Во текот на јули, охридскиот аеродром опслужи 52,544 патници, што претставува раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година. Воедно, беа реализирани 443 летови, односно ...

Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина. Наместо да се однесува очајнички, за да присобрери некој поен оти ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот “Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Според прогнозата ...

Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. – Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу с. Раец и с. Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп (ул. „Дебарска“, м.в. Теке (депонија), а другите три правци се изгаснати). Според ЦУК, изгаснати се следните пожари: Општина Бутел – ул. ...

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен, разговара со граѓаните и ги гради своите политики врз основа на нивните реални потреби, а не врз основа на нарачани анкети и медиумски конструкции. Осврнувајќи се на последните анкети кои беа пласирани во јавноста, ...

Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ денеска се запалил додека сообраќал на автопатот Тетово–Гостивар. Според информациите, пожарот избувнал за време на движењето на автобусот. На социјалните мрежи и во медиумите се појави видео од инцидентот, на кое се гледа автобусот зафатен од пламен. Поради интервенцијата, сообраќајот на делницата Тетово–Гостивар се одвивал отежнато во изминатите часови. Причините за пожарот засега се непознати. Повеќе ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека иранското раководство е „неверојатно лицемерно“. Неговата објава на „Трут соушл“ уследи откако Техеран демантираше дека денеска ќе се одржи нов круг разговори со ирански претставници за завршување на војната. Трамп наведе дека поради планираната средба ги откажал нападите врз Иран. – Иранското раководство е неверојатно лицемерно. Тие бараат средба, некои дури би рекле и дека молат за неа. ...

-Американскиот министер за здравство и социјални услуги (HHS), Роберт Ф. Кенеди Јуниор, влезе во остар вербален конфликт со водителката на Си-Ен-Ен, Дана Беш, со цел да ги покаже апсурдностите што на САД и на светот му се случуваа за време на ковид-кризата, но и да одговори на обвинувањата за неоснован скептицизам кон вакцините, за кој често е критикуван од медиумите. Американската јавност деновиве е сведок на јавни дебати за можни ...

Џеј Клејтон денеска положи заклетва како нов директор на американското Национално разузнавање, што надгледува 18 американски разузнавачки агенции. Тој ја презема функцијата по оставката во мај на поранешната директорка на националното разузнавање, Тулси Габард. Нејзиниот мандат е обележан со конфликти со демократите во Конгресот. Опозицијата ја обвини дека ја поддржува политичката агенда на американскиот претседател Доналд Трамп и шири ...

Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Гостивар. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена во 16 часот на улицата „Железничка“, каде патничко возило „Форд Куга“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од селото Чегране, удрило во четиригодишното дете. По укажаната лекарска помош, детето било пренесено во ...

За само неколку моменти плажата се претворила во хаос, а луѓето масовно втрчувале во морето обидувајќи се да ги дофатат банкнотите што се движеле кон брегот. Италијанските власти брзо интервенирале, а истрагата отворила бројни прашања за потеклото на речиси 700.000 евра пронајдени во морето. Необичниот настан се случил на 28 јули во местото Казуце (Casuzze), западно од Марина ди Рагуза на Сицилија. Според информациите на италијанската ...

„Пукачите“ на свадбената веселба од гостиварското село Добри Дол, по употребата на огнено оружје ќе добијат судска постапка, а исто така е предложен и притвор. По поднесена кривична пријава од МВР, јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, општина Врапчиште за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија на кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со ...

Вчера во 18:30 часот во ОВР Ресен од страна на доктор од Здравствен дом Ресен било пријавено дека на место викано „Планинче“, атар на с.Јанковец, ресенско четирицикл марка „линхаи“ со ресенски регистарски ознаки управуван од Н.Т.(46) од с. Јанковец и сопатници Д.К.(28) од с. Јанковец и 9-годишен малолетник од с. Базерник, Демир Хисар изгубил контрола и се превртел. Од страна на доктор кај возачот и малолетникот биле констатирани тешки телесни ...

За потребите на Гостивар денеска се ангажирани три цистерни со питка и техничка вода, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. -Едната цистерна на ТППЕ Гостивар, една на Бехтел и Енка и една од Боговиње. Истите до сега по два пати се упатени кон граѓаните и се планира до вечерва да бидат пратени уште со по два турнуса на дотур, кажа Ангелов. Дистрибуцијата се врши во тесна координација со Општинскиот штаб ...

Пожарот кој синоќа беше подметнат на дваесетина километри од Кавадарци, но пожарникарите успеаја да го стават под контрола, попладнево е реактивиран, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување. Оттаму велат дека огнот е проширен на тешко пристапен терен, а се интервенира и со два „ер трактори“. Градоначалникот Митко Јанчев во објава на фејсбук, вели дека пожарот e во околината на сeлото Раец и состојбата останува сериозна. -Сите ...

Од 3 до 9 август 2026 година во Скопје се одржува седмото издание на Флипбук филм фестивал, кое годинава првпат се проширува на седум фестивалски дена и три локации – КОТУР, Кинотеката и просторот „Sе“. Во шесте фестивалски селекции ќе бидат прикажани вкупно 185 анимирани филмови: 27 филмови во главната конкуренција, 31 во студентската, 13 анимирани документарни филмови, 25 анимирани музички видеа, 53 филмови во Европската панорама и 36 ...

Либанската национална новинска агенција (ННА) денеска јави дека израелската армија во синоќешните израелски напади врз градовите Јарун и Бинт Џбејл употребила фосфорни бомби. Според либанските медиуми во израелскиот напад врз Јарум опустошени се 120 хектари насади со маслинки и борова шума. Израелската армија ниту ги потврди ниту ги демантираше нападите врз двата либански града, ниту одговори на обвинувањата за употреба на фосфорни бомби. ...

Косовски државјанин лишен од слобода откако полицијата утврдила дека возел со брзина од 220 километри на час на автопатот А1, каде што дозволената брзина е 120 километри на час. Возачот Ш.З., на возраст од 36 години, бил приведен денеска во 8.41 часот на паркингот кај Милетково од полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Гевгелија. Тој управувал патничко возило со косовски регистарски ознаки и ја надминал дозволената брзина за 100 километри ...

СДС наместо да се засрами и да повика на одговорност во сопствените редови и од коалиционите партнери, продолжува со хистеријата и демагогијата. Тоа што СДС не се навикнати за одредени случаи секој да е крив туку само вистински одговорните, не. Како што беше и трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде дури кабелот беше крив, но Венко Филипче како министер за здравство кој ја подготвил и потпишал тендерската документација, не бил ...

Нема потреба некој да ги посочи што се и кои се СДС. СДС на чело со Венко Филипче се самопрепозна дека е талогот кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта. Подолг временски период, во јавноста функционира општествен слој кој го труе народот со дефетизам, со приказни дека оваа држава нема да успее, дека единствен нешто што им останува на младите е иселувањето и секој државен успех се обидува да го релативизира. Тоа е ...

,,Лицемерието изгледа вака. Доаѓа еден час на клиника, со фото апарат, се фотографира среде операција, и потоа на концерт на Харис Џиновиќ или на јахтата на Заев. И се така. Хуманизацијата не е успешна затоа што народот знае и за кинеските вакцини, и за модуларната болница и за тендерите, и за распаднатите и ограбени здравствени институции кои ги остави зад себе без “око да му трепне”. И што е најважно, не заборава!“, стои во фејсбук објавата ...

Дневникот на војводата Васил Чакаларов“ е автентичен историски документ, лични записи на еден од најпознатите војводи на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО), кој ги опфаќа годините од 3 јули 1901 до 30 август 1903, односно периодот непосредно пред и за време на Илинденското востание. Во него опишан е секојдневниот живот на четите во Костурскиот регион, подготовките за востанието, средбите со локалното население ...

Сенатор Ранд ПОЛ до ФАУЧИ Бев со еден човек чија мајка имала 83 години и умирала од КОВИД. Ја однеле во болница во Оринџ Каунти, но не сакале да ја примат додека не биде вакцинирана, бидејќи имале правило дека секој во болницата мора да биде вакциниран. Таа веќе имала КОВИД, а тие сакале повторно да ја вакцинираат. Во еден период и самиот ЦДЦ го разбираше ова. Им кажуваа на луѓето да не се вакцинираат ако прележале КОВИД во последните 3 ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Цинк

3.76

Платина

49319.25