Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека опозицијата е разочарана зашто Македонија во однос на куповната моќ е многу подобра од неколку земји на ЕУ и од сите држави во регионот, но и затоа што бележи евидентни резултати во туризмот. – За куповната моќ од опозицијата имаше одредени пораки, но и од некои медиуми кои имаат исто мислење со опозицијата. Се водеше плитка кампања која потворно беше демантирана и повторно тие ќе жалат и ќе бидат ...
Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница ...
Изминатите две години напорна работа го искристализираа, го оптимизираа и го направија појасен овој проект што претходно подразбираше дека треба да завршиме на половина тунел и без да имаме јасно предвидување од страна на нашиот источен сосед дека ќе имаме модернизација на секцијата што ја поврзува границата со нас и Софија, вклучително и другата половина на тунелот. Да, требаше време. Требаше да се постигне напредок во разговорите со нашиот ...
Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со последиците од загадената вода. Тотален колапс на здравствените институции, на Мицкоски и Клековски. Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека официјалната анализа на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури на 20 август, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Маја Борозан од СДСМ, што МИА го ...
Владата со поддршка од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој преку нова финансиска конструкција овозможува реализација на проектот за железничкото поврзување со Република Бугарија. Денеска од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, и директорот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, ...
Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина оваа година беше што матурантите полагаа три типа матурски испит – ...
Паниката во СДС расте, а конфузното соопштение на СДС е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Филипче ја сведе маргините. Во едно соопштение на СДС, мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања итн, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Сто теми, сто лаги и целосен хаос во СДС. Дното во СДС нема крај, СДС е партија без визија, без план и без стратегија ...
Невидена трагедија се случи на фудбалски натпревар во Тајланд. 24-годишен крилен играч на ФК Јала, клуб кој се натпреварува во третата дивизија на Тајланд, почина откако беше погоден од гром за време на натпревар од регионалниот куп во вторникот. Трагичниот инцидент се случи на стадионот Сантифап во округот Су-нгаи Колок, покраината Наративат. Ненадеен гром го погоди теренот за време на натпревар од ФА Купот Голок. Неколку играчи паднаа на ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека реформите во енергетскиот сектор во изминатите две години поставиле темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем. Од партијата наведуваат дека е донесен нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран национален план за енергија и клима, кој, според нив, го дефинира правецот за декарбонизација, развој на обновливите извори на енергија и ...
Покажуваме како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото, да се стават работите на вистинските шини и да се движат, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Како што истакна Николоски, денешното потпишување претставува продолжување на визијата што ја постави ...
Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 07:30 часот изутринава, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен пожар има во општина Македонски Брод во село Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде годи ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот во општина Делчево, кај депонијата Делчево. ЦУК информира дека се ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Со денешното потпишување на договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), почнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Потпишувањето е во Владата, а присуствуваат премиерот Христијан ...
Скопје денеска одбележува десет години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе ...
Надминување на проблемот со големиот одлив на средства за лекувања во странство и за ортопедски помагала, како и промена на системот на контрола на боледувањата ќе бидат во фокусот на работењето на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински. Според него, во делот на лекување во странството, во делот на боледување и во делот на ИТ инфраструктура, ако сакаат да превенираат одливи мора да почнат да ги реализираат ...
Ирецот заработи тешка повреда само 69 секунди по почетокот на борбата против Макс Холовеј. Мекгрегор потврди на социјалните потврди дека ги скинал предниот вкрстен лигамент (ACL) и менискусот на десното колено, додека првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека „коленото е уништено“. Интересно е што ова е речиси идентична повреда како онаа што ја заработи во нивната прва пресметка во 2013 година, но тогаш беше повредено левото колено и успеа ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте за можноста за обезбедување повеќе пресретнувачки ракети за воздушна одбрана. – Марк е добро запознаен со заканите и ние ги координираме нашите напори со земјите што ги имаат потребните ракети и способност да помогнат, објави Зеленски на платформата Икс. Тој додаде дека „многу е важно да се елиминира целата бирократија и да ...
Шпанија и Еквадор разоткрија меѓународен синџир за шверц на кокаин, при што во заедничка полициска операција се запленети 21 тон дрога. Надлежните служби соопштија дека операцијата била резултат на повеќемесечна координација меѓу безбедносните органи на двете земји, насочена кон разбивање на криминална мрежа што организирала транспорт на големи количества кокаин кон европскиот пазар. Во рамки на акцијата се спроведени претреси и приведени се ...
Вицепремиерот Александар Николоски вечерва присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата. Во објава на социјалните мрежи, Николоски истакна дека настанот поминал во, како што наведе, „прекрасна енергија, позитивна атмосфера и патриотизам“, нагласувајќи дека заедно со присутните разговарале за ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со нови критики откако неколку американски градови домаќини на СП тврдат дека не ја добиле ветената финансиска помош од по еден милион долари за организациските трошоци. Според американските медиуми, средствата биле усно ветени за време на подготовките за Мундијалот, но до денес не биле исплатени, поради што локалните организациски комитети бараат објаснување од ФИФА. Дополнително, ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека скоро сите случаи со западнонилска треска во земјава се од Скопскиот регион и Велес, како и дека веќе се направени вонредни прскања, а проверени е дали општините ги запазиле планираните редовни прскања против комарци. – Минатата година скоро сите случаи беа во Јужна Македонија, сега скоро сите случаи се во Скопскиот регион заедно со Велес. Епидемиолошки властите постапија како што е ...
Ватикан денеска соопшти дека папата Лав од 6 до 17 ноември ќе престојува во Уругвај, Аргентина и Перу, во рамки на голема пасторална посета за поглаварот на Римокатоличката црква, кој повеќе децении служеше како мисионер и бискуп во Перу пред минатата година да биде избран за папа. Според соопштението на Ватикан, папата ќе престојува во Уругвај од 6 до 8 ноември, во Аргентина од 8 до 11 ноември, а во Перу од 11 до 17 ноември. Лав, првиот папа ...
Спречена катастрофа во виничко, запалена била трева при сечење со брусилица, алармираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелирајќи за внимателност. – Во текот на вчерашниот ден, лице со брусилица сечело делови од возилото зад мене. Од искрите се запалила околната трева. Пожарот бргу се проширил во околината, но благодарение на брзата реакција на виничките пожарникари, бил совладан во прва фаза. ...
Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните. Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се подобрува функционалноста на јавните простори. Поставувањето на урбаната опрема ...
Италија денеска стави 27 градови под највисоко ниво на тревога поради новиот топлотен бран што ја зафати земјата, додека локалните медиуми јавуваат за уште неколку смртни случаи кои се поврзуваат со екстремно високите температури. Според агенцијата АНСА, денеска 25 градови се под црвен аларм, а утре нивниот број ќе се зголеми на 27, бидејќи се очекуваат рекордно високи температури што претставуваат сериозен ризик за јавното здравје. Меѓу ...
Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август, најави вечерва министерот за здравство Сашо Клековски, додавајќи дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира. Клековски, гостувајќи во емисијата „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“, рече дека земјата излегува од акутната фаза и дека бројот на новопријавени пациенти со стомачни проблеми е намален. -Во основа сега излегуваме од акутната фаза, веќе ...
Недостигот на анестезиолози и радиолози е еден од најголемите предизвици во македонското здравство и не може да се надмине за краток период, бидејќи станува збор за специјализации што траат шест години, изјави министерот за здравство Сашо Клековски во „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“. – Морам да кажам дека експериментот со приватните специјализации направен во 2018 – 2017 година не ги даде посакуваните резултати, односно не се запишуваа ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ објави статус на својата фејсбук стрница образложувајќи го општествениот талог, во кој дел од опозициските структури самите се препознале. Интегрално објавата го прилог: Општествениот талог, во кој дел од опозициските структури самите се препознаа, се храни со хистерија, страв и безнадежност. Се обидува да нè убеди дека ништо не може да се промени, дека успехот е невозможен и дека Македонија мора ...
Во Владата на Република Македонија утре (6 август) со почеток во 09:45 часот ќе се одржи свечено потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која е дел од источниот крак на Коридорот VIII (Фаза 3). На настанот ќе бидат потпишани Договор за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за ...