На 01.08.2026 во 21:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.О.(29) од с.Драчевица, скопско. При сообраќајна контрола на ул. „Бранко Заревски“, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Љ.О. го управувал возилото нерегистрирано и пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е ...

Евакуација на индустриска зона и шест села во близина на градот Мегара западно од Атина беше наредена денеска, додека стотици противпожарни екипи трет ден се борат да сопрат голем шумски пожар кој уништи илјадници хектари шума и десетици домови. Две лица се уапсени под сомнение дека од небрежност го предизвикале пожарот. Според истрагата на противпожарната служба, извршен е увид на видеоснимки од местото каде што почнал огнот и се земени ...

Летната сезона продолжува со полна динамика, а Градскиот базен во Кавадарци останува омилено место за освежување и рекреација на граѓаните во текот на целиот ден, но и во вечерните часови. Од Општина Кавадарци потсетуваат дека базенот работи до 23:00 часот, овозможувајќи им на посетителите да уживаат и во ноќното капење, кое е сè попопуларен избор во топлите летни денови Покрај дневното освежување, вечерните часови нудат пријатна атмосфера за ...

Златко Далиќ е на листата на кандидати за функцијата селектор на дури три репрезентации, објавија хрватските медиуми. Според „Спортски новости“, најголем интерес покажале Обединетите Арапски Емирати, кои наводно му понудиле на Далиќ договор вреден околу 5.000.000 евра по сезона. Искусниот хрватски стратег се заинтересирани и фудбалските асоцијации на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, кои бараат тренер со искуство во водење на репрезентации на ...

Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира денеска Министерството за здравство. -Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации, се наведува во соопштението. Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна ...

Како што нивото на водата во Рајна и Дунав паѓа кон рекордно ниски нивоа, тоа почнува да го нарушува транспортот на хемикалии, нафтени производи и други стоки, а воедно ги зголемува трошоците за превоз. Зголемените температури, исто така, го ограничуваат производството на енергија во реактори од брегот на Франција до Унгарија, зголемувајќи ги цените на енергијата и оптоварувајќи ги економиите во Источна Европа. По пожарите што ги опустошија ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со генералниот секретар на партијата Драган Ковачки и со заменик-министерот за правда Ален Деребан положи цвеќе пред спомен-обележјето на хероите од илинденската епопеја во село Ташмаруништа. – Илинден не е само спомен на славното минато, туку и трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина. Со благодарност кон хероите и со почит кон нивното дело, го ...

Пожар претпладнево избувна во угостителски објект во Трговскиот центар „Лептокарија“ во скопски Карпош. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека пожарот во моментов е изгаснат, а во интервенцијата учествувале тројца пожарникари со едно противпожарно возило од скопската противпожарна бригада. Пожарот настанал во угостителскиот објект „Гиро хаус“. Се запалила скарата во објектот. Пожар претпладнево избувна во угостителски ...

Двајца загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со двата хеликоптера што се судрија во Грција за време на операција за гаснење на големиот шумски пожар во бизина на Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а станува збор за изнајмени хеликоптери од типот „Бел“, како што соопштија од противпожарната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Веднаш по сударот биле мобилизирани спасувачки екипи, а ...

Европската економија во 2026 година се опоравува побрзо од очекувањата, но најголемото изненадување не доаѓа од најголемите економии. Според најновите прогнози, три земји се издвојуваат како најбрзорастечки економии во Европската Унија – Шведска, Кипар и Бугарија. Шведска повторно забрзува По периодот на послаб раст, шведската економија бележи силно закрепнување. Потрошувачката на домаќинствата, повисоките реални плати и намалената инфлација ...

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека на Европската унија во оваа тешка ситуација и се потребни енергијата и свежината на Западен Балкан. Србија е клучна, сите поглавја се отворени со Црногорците, Северна Македонија е кандидат веќе 18 години, со Албанија не сме отвориле пристапни преговори девет години, рече Сијарто, јави дописникот на МИА од Белград. По состанокот на Советот за општи работи на Европската ...

На 01.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.К.(35) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден, околу 16:00 часот упатувал закани кон вработени во Итната медицинска помош Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. На 01.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.К.(35) од Куманово, постапувајќи по ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека денеска се регистрирани 20-тина пожари на отворен простор од кои најголем дел се изгаснати. Останатите се ставени под контрола и се очекува да бидат изгаснати во текот на денот. Во гаснењето на пожарите денеска не се вклучени ер -тракторите. – Пожар којшто беше видлив од подалеку и предизвика одредена ...

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина на Граничниот премин Богородица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.З.(57) од Скопје, патничко возило „пасат“ со српски регистарски ознаки, управувано од С.М.(44) од Србија и патничко возило „шкода октавија“, управувано од А.Д.К.(43) од Романија. Во ...

На граничните премини меѓу Хрватска и Црна Гора – Карасовиќи (Дебели Бријег) и Витаљина (Конфин) – од раните утрински часови е забележан целосен сообраќаен колапс. Според информациите од терен, се формирала редица возила долга повеќе од 20 километри, која се протега сè до Чилипи и Жупа Дубровачка. Според официјалните податоци од Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК), објавени од N1 БиХ, чекањето за преминување на границата е повеќе од десет ...

„Во оваа куќа на 2 август 1903 е прогласена Крушевската Република“. Така пишува на влезот на најзначајната куќа во Крушево. На Музејот на Илинденското востание. Сместен е речиси во центарот на градот. Тоа е куќата на познатото семејство Томалевски. Нуди многу илинденски тајни и приказни. Нуди историја. Со години се реновираше, но блеснува во нов сјај, со многу ексклузивни артефакти за најзначајното за македонската историја – Илинденското ...

Спасувачките екипи денеска го пронајдоа телото на познатиот британско планинар со непалско потекло, Нирмал Пурџа, кој загина во лавина на Брод Пик, врв висок 8.000 метри во северен Пакистан. Телото на познатиот планинар и уште тројца алпинисти се пронајдени на околу 5.700 метри надморска висина на Брод Пик. Десет планинари, предводени од 43-годишниот Пурџа, на 30 јули изгубија контакт со базниот камп поради лавина и загинаа. Спасувачката ...

На 2 август 1944 година, во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, на тогашната слободна територија, делегатите на Првото заседание на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија (АСНОМ) усвоија девет историски одлуки, од кои четири имаа државотворно значење за современата македонска државност. Меѓу нив беше и Декларацијата за основните права на граѓанинот на Демократска Македонија, документ што ги утврди основните демократски ...

-Во август 1903., и следните месеци, печатот ширум целиот свет известува за Илинденското востание. Имено, за време на, пред и по востанието, написи се појавуваат во секој дел од нашата планета. Почнуваме со весникот „Њујорк тајмс“ (The New York Times)… На 11 август 1903., американското гласило пишува дека „Македонците се концентрираат“ во Битолскиот вилает. Во веста се нагласува дека „Македонскиот револуционерен комитет“ соопштил дека само во ...

„Востанието е моќно средство на Организацијата, но само додека тоа е идеал кон којшто се стремиме. Бев убеден дека, ако тоа сега стане „реалност“, веднаш по востанието ќе се појави разочарување. И навистина така излезе. Оваа програма сакавме јас и Делчев да ја разгласиме внатре (во Македонија) и не верувавме дека „гарвановци“ ќе успеат. Но Гарванов, кога дојде овде, со Матов, Татарчев и нивните приврзаници тајно се советувале без нас и ...

Дарко ЈАНЕВСКИ (текстот е преземен од ФБ профилот на авторот и не ги одразува нужно ставовте на Денешен.мк) Востанието почнало, а селаните муслимани од некое село близу Крушево избегале. Селото останало празно. Питу влегол, зел брашно и сирење и со натоварените коњи отишол кон гладното Крушево да ја подели храната. Мајка му и жена му Евгенија побарале за нив, и за нивните деца, децата на Питу. Тој рекол – не може! Па зар ова не се твои деца, ...

Тргнале да загинат, за Крушево да преживее. Нивната смрт, нивната жртва на крушевчани им донела живот. Тоа е приказната за битката кај месноста Слива, над Крушево која заедно со епопејата на Мечкин Камен е една од најтешките во периодот на Илинденското востание, кога со последните сили се бранела Крушевската Република пред нејзиниот крај, на 12 август 1903 година. Неколку десетина востаници му се спротивставиле на триилјадниот турски аскер ...

– Наместо романтизирана и далечна историја, има неколку историски четива кои нè соочуваат со суровиот, но фасцинантен човечки фактор зад македонскиот бунт од 1903 година. Ова е обид тоа да се стори и со улогата на Питу Гули деновите непосредно, за време и по Илинденско востание потпрено директно на фактите и мемоарите собрани во книгата „Питу Гули“ од Кочо Топузоски. Низ призмата на овие автентични сведоштва, Илинденската епопеја и ...

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој ја предводи собраниската делегација на одбележување на 2 Август – Денот на Републиката во Крушево денеска во своето обраќање од Мечкин камен порача дека нашето востание денес не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца и нагласи дека демографијата е нашата нова борба за Македонија. -Крушево – градот што е симбол на борбата за слобода и ...

Ние сме Македонци, тоа не е политичка определба, тоа е нашиот корен, нашиот јазик, нашата култура, нашата Црква и нашата историја, истакна Драган Ковачки, пратеник и генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, на денешната Семакедонска средба во битолско Трново. На традиционалниот собир на македонците од земјава, соседните држави и странство, Ковачки посочи дека ВМРО ДПМНЕ ќе остане партија на македонскиот идентитет. -И денес продолжува битката за ...

Илинден нè учи и на нешто друго, нешто што ни е потребно повеќе од кога било. Дека има мигови кога она што нè обединува мора да биде поголемо од она што нè дели. Може да имаме различни политички ставови и различни погледи за патот по кој се движиме. Тоа не е слабост, тоа е демократија, но постојат работи што мора да стојат над поделбите, а Македонија е првата меѓу нив – порача денеска од Мечкин Камен, потпреседателот на Собранието, Антонијо ...

Министерот за правда Јетон Шасивари беше дел од владината делегација која во Крушево положи свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република и на Споменикот на хероите на месноста „Слива“, во чест на големиот државен празник – Илинден. Со овој чин, како што е наведува во соопштението од Министертвото за правда, беше оддадена почит кон илинденците и сите борци кои со својата пожртвуваност и визија ги поставија темелите на ...

Никому не му должиме за тешко изборената држава. Токму затоа, никој нема право да ја ревидира нашата национална историја оти секој народ има право на своја историја. Имаме долг кон историската вистина и кон асномската генерација, којашто со крв извојува слобода и македонска република, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето обраќање по повод 2 Август – Илинден, пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје. ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека 2 Август – Илинден е најсилниот доказ за вековната борба на македонскиот народ за своја самобитност и државност, истакнувајќи дека тој историски пат започнал во 19 век, а својата кулминација ја достигнал со независноста на Македонија во 1991 година. Во изјава од Крушево по повод одбележувањето на националниот празник, Николоски нагласи дека идејата за македонската држава ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ја повика Европската комисија да ја направи заштитата на надворешните граници на Европската Унија „апсолутен приоритет“, откако десетици илјади мигранти пристигнаа во шпанската ексклава Сеута од Мароко. – Ситуацијата во Сеута во последните неколку дена беше апсолутен стрес-тест, кој го положивме – изјави Вадефул за „Билд“, додавајќи дека настаните сепак ги изложиле ранливостите на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53