Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, два се ставени под контрола, а 11 се целосно изгаснати. Активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на месноста Стојанова Населба, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола се пожарите на депонијата ...
Полската метеоролошка служба денеска издаде највисоко предупредување за жештини за Варшава и поголемиот дел од земјата поради продолжениот топлотен бран. Според прогнозата, во југоисточна Полска се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 степени, а за во Варшава се предвидуваат 38 степени. Исто така се прогнозираат тропски температури и во текот на ноќта. Премиерот на Полска, Доналд Туск апелираше работодавачите да им дозволат на ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати. – Му посакуваме на нашиот шампион од 2025 година се најдобро за време на неговото закрепнување. Со нетрпение го очекуваме вашето враќање следната година – објави прес-службата на турнирот. Алкараз има 26 титули на АТП во поединечна конкуренција и седум титули на Грен слем. Турнирот во Синсинати, (САД) ќе се одржи од 11 до 23 август. Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ...
Маркус Рашфорд е пред враќање во редовите на Манчестер Јунајтед. Англичанецот во летото 2025 година беше претставен како засилување во Барселона и одигра солидна сезона (11 голови и 14 асистенции) во редовите на каталонскиот клуб и кога се очекуваше да потпише договор, сега е пред враќање на „Олд трафорд“. Барселона имаше можност да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра, но тоа не го стори, па Рашфорд се прости од клубот преку ...
Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ објави статус на својата фејсбук страница наведувајќи кој всушност се препознал во зборот „талог“. Во прилог интегрален текст од објавата: „Народот многу добро знае кој со години ширеше безнадежност, поделби и чувство дека Македонија не може подобро. Оние што денес најгласно се навредуваат од зборот „талог“, всушност сами се препознаа. Наместо аргументи, нудат манипулации. Наместо идеи, нудат страв. ...
Пратеничката Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ објави статус на социјалните мрежи на кој потенцира дека проблемот не е во зборот, туку во огледалото и додаде „да не се лутат на зборот „талог“, да се лутат поради причината во која се препознаваат во него, јасно ни е од каде доаѓа нервозата“. По продолжение е интегрален текст од објавата: „Проблемот не е во зборот, туку во огледалото! Една изјава беше доволна за целата опозиција да скокне како ...
Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник објави статус на социјалнната мрежа фејсбук, во кој дирекно се упати кон лидерот на опозицијата. Што си мислат Венко и „лојалистите“ – дека можат да продаваат патетика дека се „згрозени“ од самопрепознавањето во „талогот на општеството“? Се препознаа и се залетаа уште посилно со сеење омраза и поделби – им смета надежта и успехот на државата. Еве мал видео-коментар, како потсетување за речникот ...
Само преку отворен дијалог и координирано постапување, можеме да создадеме подобри услови за развој на македонското пчеларство и заштита на квалитетното домашно производство, напиша попладнево на Фејсбук, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој информираше за состанок на оваа тема. – Пчеларите меѓу првите ги чувствуваат последиците од климатските промени, а нивното искуство е важно за навремено креирање ...
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација продолжува со настапите на ЕП во Белград, откако избори место во разигрувањето за пласман од 9. до 16 место. Следниот предизвик за македонските ракометари ќе биде селекцијата на Фарските Острови. Натпреварот е закажан за во четврток од 12:00 часот, а победникот ќе продолжи во борбата за деветтото место, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Шведска. Во оваа фаза од ...
Селекторот на македонската машка одбојкарска репрезентација Јошко Миленковски, ги собра одбојкарите пред (ЕП) кое ќе се игра оваа година. Нашиот национален тим го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања. „Мојата методологија на работа е добро позната за секој од вас. Барам професионален однос, сериозност и посветеност. Тука сме да направиме резултат, а тоа значи сѐ друго да биде во втор план, целиот фокус да биде на ...
Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека по завршувањето на постапката за лиценцирање, како и по истекот на рокот за поднесување жалби во делот на исполнување на обврските поврзани со финансиската дисциплина, е констатирано дека еден клуб не ги исполнил условите предвидени со важечките акти на Федерацијата за настап во највисокиот степен на натпреварување во сезоната 2026/2027. Во согласност со одредбите од ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не се согласил со неодамна објавениот план на Комитетот за мир за разоружување на Хамас во Појасот Газа. Израел добил „нацрт“ и одговорил со коментари, наместо со одобрување. Тоа е прв јавен одговор од Израел на планот за разоружување на Хамас во замена за повлекување на израелските сили од Појасот Газа. Претседателот на САД, Доналд Трамп на 31 јули објави дека Комитетот за мир ...
Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена ...
Без вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе останат делови на скопската територија, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што се појаснува во соопштението, поради уличен дефект, вода ќе немаат корисниците на дел од улиците Рајко Жинзифов, Владимир Полежиновски, Стефан Јакимов – Дедов и Борка Талевски. Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од осум часот до завршување со работните ...
Општина Македонска Каменица објави јавен повик за поставување продажни штандови за потребите на манифестацијата „Ден на дијаспората 2026“, која ќе се одржи на 9 август на улицата „Александар Македонски“. Како што информираат од Општината, повикот е наменет за сите заинтересирани правни и физички лица, како и самостојни вршители на дејност, кои сакаат да учествуваат со свои производи и услуги во рамки на традиционалната манифестација. ...
Секторот Инспекторат на Општина Карпош, во соработка со полициски службеници на Полициска станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски надзори во УЗ Злокуќани. Во фокус на контролите беа дивоградбите во овој дел на општината при што, општинскиот градежен инспектор утврди неправилности во делот на бесправно изградени објекти и за истите започна соодветна инспекциска постапка согласно законските надлежности. Во исто време, општинскиот ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази ...
Грижата за здравјето на граѓаните во услови на летните високи температури, е во фокусот на заедничкиот проект „Топлотен бран“, кој Општина Кисела Вода го реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода. Проектот се реализира преку Секторот за месна самоуправа при општината. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од општинската администрација, тимови на Црвениот крст и медицинско лице, ...
Дејан Павловски е сопруг и татко на две малолетни деца, кој веќе два месеци се бори за најскапоценото – својот живот. И покрај долгото лекување, неговата здравствена состојба останува критична. Кај него е дијагностицирана тромбоза на порталната вена и панкреатит, состојби кои бараат итен и континуиран медицински третман. Лекарите препорачуваат лекувањето да продолжи во приватна болница, каде Дејан ќе може да добие соодветен третман и ...
Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како „талогот“. Истите што немаат ниту еден ден работен стаж надвор од „успешните“ политички кариери. Истите што со децении ги влечат државата и општеството во кал, затоа што во кал единствено и знаат да пливаат. Таму се снаоѓаат како риба во вода. Кај најголемиот дел од нив тоа веќе не е избор, туку е наследство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук објавата на генералниот ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку својата официјална фејсбук страница информира дека од 3 август 2026 година Бугарија воведе засилени официјални контроли при увоз на пратки со свежо овошје и зеленчук – домати, пиперки, праски и лубеници – преку граничните контролни пунктови Ѓуешево (Деве Баир) и Златарево (Ново Село). Мерката се однесува на пратки со потекло од трети земји, вклучително и од Македонија, кои се наменети за ...
Приоритет на Владата од преземање на власта беше да ја зачува енергетската сигурност и да ги постави темелите на енергетиката , со најголемите законски реформи во последната деценија и силен инвестициски циклус во обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, изјави на прес-конференција Жан Дрвошанов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Усвоивме нов Закон за енергетика, ...
Имаме класична злоупотреба на субвенциите. Педесетина апликанти претежно од Прилепскиот регион и Кривогаштани на два или 2,5 декари пријавиле производство од 10 и 11 тони тутун. Тоа е невозможно. И кај овците и кај кравите, што се случува? Имаме класична злоупотреба на ушните маркички со кои е обележано секое грло. Грлото угинува, а сопствениците едноставно ја земаат маркичката, ја чуваат и се уште врз основа на таа маркичка го пријавуваат ...
Европската Унија ќе употреби 1,4 милијарди евра камата заработена од замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина, објави денеска Европската комисија. Парите, префрлени во Унијата на 3 август, доаѓаат од каматата на дел од средствата на руската централна банка што беа замрзнати од ЕУ по инвазијата на Москва во Украина, додаде комисијата. „Русија мора да плати за уништувањето што го предизвика. И ние ги користиме приходите од ...
Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Mицкоски, денеска присуствуваше на промоција на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе. На Водно беше промовирано возилото со кое Иџе ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона. Министерот Ристовски истакна дека успесите на Игор Стефановски се инспирација за младите генерации и доказ дека со посветеност, дисциплина ...
СДС и Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата вода во Гостивар, а со години не кажаа ниту збор за случаите на небезбедна вода кои биле евидентирани додека токму тие ја водеа државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски, што МИА го пренесува интегрално. Деновиве објавивме документи, кои јасно покажуваат дека надлежните институции во нивно време ...
Тајван денеска ги почна најголемите годишни воени вежби, како подготовка на армијата за одбрана од можен кинески напад и за зајакнување на одбранбените способности поради зголемениот притисок од Пекинг. Воените вежби „Хан Куанг“ што ќе се изведуваат до 14 август, вклучуваат реалистични борбени сценарија со цел војниците и резервистите да увежбуваат одговор на евентуален напад врз Островот, соопштија претставници на одбраната. Еден од главните ...
Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешно политичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и конструкции. Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста, реагираат од МНР. -Факт е ...
Колку ли злоба и неискреност има во СДС, кои дрско се обидуваат да кажат дека има некакви бизниси со водата што Владата бесплатно ја дели на гостиварчани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Талогот во СДС мислел што да искреира, каква лага да лиферува, па измислил дека Владата прави бизнис со компанијата „Кожувчанка“. Но, вистината е дека Владата на тендер ја избира компанијата која, по двојно поевтина цена од пазарната, од само 12,5 денари за литар и пол ...
Според ново истражување, спроведено во Мајами, Флорида, САД, научниците дошле до заклучок дека комарците не ги избираат своите жртви случајно. Имено, природните супстанции што се наоѓаат на кожата на некои луѓе ги прават многу попривлечни за овие инсекти, што објаснува зошто некои луѓе имаат десетици каснувања кога се надвор, додека други речиси и да немаат ниеден белег. Комарците не се само здодевни летни напасници – тие пренесуваат болести ...