Со генерации се прават обиди да се стават „заштитни огради“ Gain of function (лабараториски истражувања на вируси и живи организми), но тоа не функционира. И очигледно пандемијата на Ковид-19 и многу други глобални пандемии што ги имаме, произлегоа од„Gain of function” истражување. Епидемијата на респираторниот синцицијален вирус (RSV) што ја имаме, која е најголемиот убиец на деца во оваа земја денес, произлезе од ваков вид експерименти. ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека е постигнат напредок во разговорите со Иран и со Оман за низ Ормуска Теснина да поминуваат повеќе бродови. – Постигнат е напредок во тие преговори, но сè уште нема конечно решение. Се надеваме дека тоа ќе се случи многу брзо, изјави Рубио. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи изјави дека преговорите со Оман се за замена на одделните северни и ...

Дел од шпанските аналитичари сметаат дека масовниот прилив на мигранти во Сеута има бројни обележја на хибридна операција и не може да се објасни исклучиво со активностите на криумчарските мрежи, јави Хина. Според официјалната верзија на шпанската и мароканската влада, меѓу 40.000 и 60.000 Мароканци, претежно млади луѓе, но и семејства со мали деца, препливале или пеш ја преминале границата кон Сеута, поттикнати од криумчарски мрежи. Сепак, ...

Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 80 долари за барел, поттикнати од навестувањето дека се преговара за деблокада на Ормуска Теснина. На берзата во Лондон барел нафта се тргуваше за 79,92 долари, што е за 3,85 поевтина од вчера. Додека на американската берза барел нафта се продаваше за 76,18 долари односно за 4,16 долари помалку во споредба со вчера. Берзите на почетокот од неделата се смирија откако ...

Од увозната царина во висина од три евра за секој производ купен онлајн од трети земји што ја воведе Европската Унија на 1 јули годинава, според портпаролот на кипарската царинската управа Јоргос Константину во јули биле остварени приходи од речиси два милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Константину за кипарската новинска агенција ЦНА, објаснил дека овие приходи се од околу 650.000 артикли, кои биле дел од 160.000 пратки и ...

Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) од четврток до 15 август ќе биде организатор на кадетското Европско првенство од Б дивизијата. Во изминатите години КФСМ беше домаќин на повеќе младински европски првенства, а со организацијата на претстојниот У16 Евробаскет, како што е соопштено, уште еднаш ја потврдува својата позиција на сигурен и доверлив партнер на европската кошаркарска федерација. Домаќини на шампионатот ќе бидат Скопје и ...

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Казахстан во Северна Македонија, Сатибалди Буршаков, кој престојува во прва официјална посета на Охрид. На средбата амбасадорот Буршаков го изразил своето воодушевување од природните и историските убавини на Охрид, како и од богатата културна понуда што градот ја нуди во летниот период. Во рамки на разговорите било најавено отворање на Почесен ...

Амбасадата на САД во Тирана во објава дека е ратификуван договорот со Албанија за заем од 302 милиони американски долари. Амбасадата во објава на Фејсбук нагласува дека “овој договор ќе го поддржи напредокот на Албанија кон исполнување на Хашката обврска за одбрана”. Меѓу другото, овој заем ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година. „Денеска, Соединетите Американски Држави со ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација ја совлада попладнево Турција со 29-27 и со тоа ја забележа втората победа во групата 1. од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство во Белград. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски резервирано влегоа во дуелот, овозможувајќи им на турските ракометари да дојдат до почетно водство од 8-5. Македонските ракометари одговорија со серија од 6-2 за прво водство на ...

Најмалку пет лица загинаа во украински напади со дронови во Московската област, додека најмалку пет цивили ги загубија животите во руски воздушни напади врз Украина – соопштија денеска властите на двете земји. Од почетокот на руската инвазија пред повеќе од четири години, Украина разви беспилотни летала со долг дострел, способни да погодуваат цели длабоко на руска територија. Во изминатата година тие извршија напади врз рафинерии, големи ...

Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи. Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на повеќе институции. ...

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека најновите податоци на Евростат укажуваат на раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија, мерено според паритетот на куповната моќ (ППС). Според партијата, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година изнесува 1.142 ППС, со што државата се наоѓа на 16-то место на листата што ја објавил Евростат. Во соопштението се наведува дека Македонија е пред Србија (1.094 ППС), ...

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме ...

Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на СДСМ денеска на прес-конференција посочи дека премиерот Христијан Мицкоски за време на илинденските празници ја злоупотребил говорницата и продолжил со, како што рече, поделби, омраза и навреди. Според него, Мицкоски повторно сите што не се согласуваат со него ги нарекол „талог“. – Тоа се сите оние што се борат за правда, за еднаквост, за одговорност, сите оние ...

Бенџамин Луис (48), убивал животни поради верување дека со пиење крв ќе го продолжи својот живот. По убиствата, нивните тела, со превртени крстови и тарот карти покрај нив, ги оставал пред и во црквите во националниот парк Њу Форест во Англија. По направениот претрес, во неговиот дом биле пронајдени цртежи со вампири, белешки со ритуали и записи за пиење крв. Анализата покажала присуство на неговата ДНК врз остатоците на едно јагне, по што ...

Околу 5.000 затвореници во Англија и Велс ќе бидат предвремено ослободени во текот на следните 10 месеци, почнувајќи од октомври, откако британската Влада го промени својот план за намалување на пренатрупаноста во затворите, објавија властите денеска. Првично беше планирано околу 6.000 затвореници да бидат ослободени веќе од септември, но по интервенцијата на британскиот премиер Енди Бернам, околу 1.000 осуденици за силување, сериозни ...

СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Системот беше досега таков, затоа што со децении лица ...

Силен поларен бран денеска донесе снежни врнежи на ниски надморски височини низ Нов Зеланд, што предизвика затворање патишта и училишта, како и нарушување на траектниот сообраќај, додека властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат непотребни патувања. Како што објави „Њу Зиланд хералд“, снегот наврна во делови од Јужниот Остров додека студениот временски систем се движеше низ земјата. Полицијата ги повика жителите на јужниот град Данидин да ...

Иран и Оман се блиску до постигнување договор за повторно воспоставување на комерцијалниот поморски сообраќај низ Ормуската Теснина, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на ирански и американски претставници. Според весникот, доколку биде постигнат договорот, бродовите што влегуваат во Персискиот Залив ќе пловат низ поморски коридор под контрола на Иран и во близина на неговиот брег, додека оние што излегуваат ќе користат коридор поблиску до ...

Архипастирско слово од Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј во чест на Илинден Божествен пророче удостоен со дар пророчки, богоблажен и боговдахновен, ангел на земјата и небесен човеку Илија, изобличителе на неправедниот цар, активен сузбивачу на неправдата, дај му победа на македонскиот народ над непријателите и на душите наши милост голема! А како може да се нарече завојувањето со соседите, освен големо ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето ...

Во периодот од 1 до 31 јули годинава како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20.976 издадени платни налози, 4.241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. -Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за ...

Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар. Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија, истакна на прес-конференција Елена Радеска од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. Страшно! Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето. Кожни ...

Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД. За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“, објави Скај Њуз. САД, потенцира тој, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска ...

Товарен брод бил погоден од „непознат проектил“ во Ормуската Теснина, во близина на брегот на Оман, соопшти синоќа Центарот за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Според UKMTO, инцидентот се случил на околу 20 наутички милји (37 километри) североисточно од оманскиот град Хасаб. Засега не се објавени информации за евентуална материјална штета или повредени, а надлежните служби спроведуваат истрага. Иран претходно побара ...

Министрите за внатрешни работи и правосудство на земјите членки на Европската Унија денеска ќе одржат вонреден состанок преку видеоконференција за да разговараат за масовниот влез на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Ирска, која моментално претседава со Советот на ЕУ, соопшти дека го свикала состанокот на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи, а со состанокот ќе претседава ирскиот министер за правда, внатрешни работи и ...

За само две години Владата успеа да ја зачува сигурноста во снабдувањето со енергенси, да обезбеди едни од најниските цени на горивата во регионот, да спроведе значајни инфраструктурни проекти, да го модернизира пазарот на електричната енергија и да воспостави политики кои се усогласени со европските стандарди, изјави денеска на прес-конференција Жан Дрвошанов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално. Македонија помина низ ...

СДС и Венко Филипче се обидуваат политички да профитираат од состојбата во Гостивар, но повторно ја премолчуваат вистината. Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Ова е ...

Властите во Гватемала издадоа предупредување за целата земја по ерупцијата на вулканот Фуего, најактивниот во Средна Америка. Националната агенција за координација при катастрофи објави дека поради ерупцијата е прогласен портокалов аларм за целата држава. Веднаш е иницирана евакуација на населението од две села во близина на вулканот, кој се наоѓа на 35 километри од главниот град Гватемала Сити. Владата исто така ја прекина наставата во ...

Нивото на реката Дунав во Бугарија и натаму опаѓа, а кај шест од седумте главни хидрометеоролошки мерни станици во земјата денеска е регистриран водостој под референтната нулта ознака. Според податоците на Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав, најниско ниво е измерено во Русе каде водостојот е на котата минус 94 сантиметри, што е за два сантиметри пониско од вчера. Во Орјахово е измерено минус 82 сантиметри, во ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87