Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Јужна Кореја ја регистрира својата највисока температура откако почнаа евиденциите во 1904 година. Температурата достигна 42,5 степени во југоисточниот град Јангсан, соопшти метеоролошката агенција на земјата. Мерењето е направено во 13:26 часот по локално време, соопшти агенцијата на својата веб-страница. Градот се наоѓа во близина на главното пристаниште Бусан. Претходната рекордна температура измерена во Јужна Кореја беше 41,4 степени. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го ставил на чекање планираниот нов бран воени напади врз Иран поради, како што опиша, напредокот кон дипломатски договор. Трамп на Трут Соушл наведе дека суспензијата е условена со брзо постигнување договор. Тој рече дека американската војска е подготвена да удри со сета своја сила, но дека Иран и другите земји во регионот побарале од Вашингтон да се воздржи од напад бидејќи биле договорени ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи предупреди против нова воена ескалација во конфликтот со САД, велејќи дека вооружените сили на Техеран ќе одговорат одлучно на каков било чин на агресија. Во порака на Телеграм по разговорот со саудискиот министер за надворешни работи Фејсал бин Фархан, Арагчи рече дека САД, Израел и сите заливски држави што се вклучени ќе сносат целосна одговорност за какви било нови напади. Откако почна ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се согласи на компромисен договор за отворање на Ормуската Теснина, што доведе до тоа американскиот претседател Доналд Трамп да го откаже планираниот напад врз Иран, пренесе израелскиот Канал 12, повикувајќи се на два дипломатски извори запознаени со деталите од преговорите. Според предлогот, бродовите што влегуваат во Персискиот Залив преку Ормуската Теснина би влегувале од иранските ...
По повод националниот празник 2 Август – Илинден, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честитка во која се нагласува дека Илинден е најсветлиот ден во македонската историја и траен симбол на вековната борба за слобода, правда, достоинство и национален опстанок. Во честитката, потпишана од претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, се истакнува дека без разлика каде живеат, Илинден ги обединува сите Македонци, околу ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, порача дека секоја генерација има свој Илинден, со своја мисија и задача, а сегашната има задача да ја зачува државата силна, да ја направи просперитетна, да ја направи праведна и повторно да ја направи земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се ...
Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, два најзначајни настани за македонската државност. Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев и ...
Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема успешно ги ...
2 Август нѐ потсетува на еден од најблагородните идеали на нашата заедничка историја – уверувањето дека слободата не се гради врз надмоќта на едните над другите, туку врз еднаквоста, почитта и соживотот. Духот на Крушево беше повик за држава во која Албанците, Македонците и сите заедници ќе ја споделуваат одговорноста и заедничката судбина, се наведува во честитката од претседателот на ДУИ, Али Ахмети по повод Денот на Републиката – 2-ри ...
Сончево и топло време ќе преовладува денеска во државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, слично време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени. Топлото време ќе продолжи и до крајот на следната недела кога дневните температури се ...
По повод 2 Август – Денот на Републиката, Државниот архив претстави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, посветени на историското значење на Првото заседание на АСНОМ и темелите на современата македонска државност. -На 2 август 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, беа поставени темелите на современата македонска држава. Со донесените одлуки беше потврдена државотворната ...
Нашата должност е да го продолжиме патот на илинденците, а денешната борба е за достоинствен живот, правда, владеење на правото и европска иднина на Македонија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето од Крушево по повод Денот на Републиката, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Филипче потсети дека идеалите за кои се бореле илинденците и денес остануваат патоказ за развојот на државата и ...
„Драги сограѓани, За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници Во Илинден ја гледам искрата на македонскиот револуционерен оган, што им го осветли ...
Сите три Илиндена не се само датуми, туку се сведоштво дека Македонија постоела и постои, и дека живее во срцата на своите чеда, а нашата слобода е плод на духовната зрелост и жртвата на нашите предци. Но, слободата не е нешто што ни е дадено еднаш и засекогаш, туку е подвиг којшто треба да се чува. Како македонски народ, Илинден нѐ повикува на покајание и на враќање кон светите вредности – кон: верата, правдата, честа и достоинството, ...
Илинден не е само датум, туку завет, карактер и најсилен доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, напаѓани, предавани и потценувани, но никогаш покорени, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. -Слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ, ...
Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на денот е извршен е пробен лет, при што е утврдено дека авионот е функционален. „Ер тракторот“ се враќа во употреба во борба против пожарите, нагласија од ДЗС. Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за ...
Европската Унија во вторник преку видеоконференција ќе одржи итен состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки посветен на масовните преминувања на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Ирска, која претседава со ЕУ, денеска соопшти дека го свикала состанокот на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи, со кој ќе претседава ирскиот министер за правосудство, внатрешни работи и миграции, Џим О’Калахан. Рано денеска, 22 ...
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка, собраниската делегација, предводена од потпретседателот Милошоски, се упати кон Гумење, каде што положи свежо цвеќе и им оддаде почит на истакнатите борци и дејци од македонската историја. ...
Полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско, извршија претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, а едно лице е повикано на службен разговор. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција, соопштија од МВР. Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) од с.Добридол, при ...
Израелската војска денеска уби двајца Палестинци и уништи два магицини за лекови во близина на една болница во Појасот Газа. Владата на Израел сè уште не соопшти дали го прифатила договорот меѓу САД и Хамас за разоружување на палестинското милитантно движење против кое војуваше. Здравствените служби во Појасот Газа соопштија дека во воздушен напад двајца Палестинци биле убиени во населбата Шеик Радван во градот Газа. Израелската војска ...
Иднината на Иран ќе ја обликува народот на Иран, објави денеска на својот профил на Х иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, нарекувајќи ги припадниците на иранскиот народ „херои“ затоа што, според него, се спротивставија на војната што САД и Израел ја водат против земјата. Пезешкијан рече дека конфликтот почнал на 31 јули 2024 година со убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, за време на неговиот престој во Техеран на ...
Топлотниот бран продолжува ширум Италија, а бројот на градови за кои е издаден црвен метео-аларм е значително зголемен, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство. Како што се наведува, црвеното предупредување денеска важи за 19 од вкупно 27 следени градови, вклучувајќи ги Фиренца, Болцано, Перуџа, Рим, Торино, Болоња, Бреша, Неапол, Венеција и Верона, пренесува „Кориере дела сера“. Температурите го достигнуваат својот пик од 37 ...
Шпанските власти денеска почнаа да монтираат 500-метарска пливачка препрека на морската граница меѓу Сеута и Мароко, откако при масовното преминување на мигранти во изминатите денови загинаа најмалку 67 лица. Во меѓувреме, Шпанија соопшти дека во текот на изминатата ноќ не биле регистрирани нови случаи на илегално влегување во ексклавата. Според податоците на шпанските власти, од четвртокот досега околу 50.000 луѓе влегле во Сеута по копнен и ...
Блаже МИНЕВСКИ Македонците „не го сакаат Господ, бидејќи дозволил Македонија долго да страда од османското угнетување“. Многумина велат „ние бараме помош од силите кои се блиску, а Господ е многу далеку“. Ова е дел од извештајот на британскиот генерален конзул во Софија до државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија, испратен на 21 јуни 1903 година, кој на мошне илустративен начин ги опишува „македонските состојби“ во времето ...
Руските воени сили извршија воздушни удари врз објекти на транспортната инфраструктура во пристаништата во Одеса и Николаев во Украина, а кои наводно ги користат украинските вооружени сили, соопшти руското Министерство за одбрана. „Како резултат на нападот со високопрецизно воздушно оружје и беспилотни летала, во пристаништето Одеса се оштетени резервоари со гориво и мазива наменети за снабдување на украинските вооружени сили, додека во ...
На настанот присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, г. Александар Николоски, генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, г. Марјан Стефановски, како и градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела. Церемонијата го означи успешното завршување на проект од особено социјално значење, преку кој 47 семејства ...
Нуклеарна електрана Запорожје денеска, по 23-ти пат во текот на воениот судир, остана без надворешно напојување со електрична енергија, соопшти директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. „Тоа уште еднаш укажува на несигурната ситуација во поглед на нуклеарната безбедност на таа локација“, предупреди Гроси во објава на Х. За време на исклучувањето на последниот преостанат далевод на електраната, ...
Најголемиот шумски пожар оваа сезона во Франција, во близина на градот Бордо на атлантското крајбрежје, е ставен под контрола и повеќе не се шири, изјави денеска министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез, притоа предупредувајќи дека сè уште има активни жаришта. Иако ситуацијата е подобрена, сè уште постојат „активни зони“ и жаришта кои бараат дополнително внимание, изјави Нуњез. Подобрувањето на состојбата ќе им овозможи на уште 10.000 ...
И покрај повеќенеделните напори, епидемијата на ебола во Централна Африка не само што не е под контрола, туку и се влошува во Демократска Република Конго, при што се зголемува ризикот од нејзино ширење во соседните земји, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Оваа епидемија е најголемата со која земјата се соочила досега, наведува здравствената агенција на ОН. „Потребно е значително да се зголемат активностите за одговор ...
Амбасадите на САД во неколку земји од Блискиот Исток ги предупредија американските граѓани за можна ескалација на регионалниот конфликт и ги повикаа да бидат подготвени да го напуштат регионот. „Американските граѓани кои во моментов се наоѓаат во регионот треба да почнат да размислуваат или да се подготвуваат да го напуштат Блискиот Исток во случај на ескалација“, се вели во предупредувачкото соопштение објавено на социјалните мрежи од страна ...