Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Прес конференција на Валентин Манасиевски: СДС и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучија алармот. СДС и Левица здружено, ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа. Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати се што тие предложија. Единствено нешто што побаравме е по електронски пат нашата дијаспората да може да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го ...
Речиси 84 отсто од здравствените работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само 14 проценти од нив признаваат дека биле лично вклучени или сведочеле на коруптивен чин во нивната установа. Здравствените работници се свесни за присуството на корупцијата, но најголем дел од нив ја прифаќаат како нормализирана појава и не пријавуваат, покажа истражувањето на Здружението за еманцијапција, ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија. На свеченото отворање на Генералното собрание, претседателот Гаши се обрати со говор пред делегациите на земјите членки на ПАБСЕК, изразувајќи го посветувањето на Република ...
На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го полагал на 29.06.2026. Преземени се мерки во координација ...
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оцени дека САД и понатаму во голема мера зависат од своите европски сојузници, и покрај критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон Алијансата. Столтенберг, кој сега е министер за финансии на Норвешка, изјави дека одбраната на САД започнува на границата меѓу Европа и Русија, посочувајќи дека Норвешка има важна улога во следењето на руските подморници и во системите за рано ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар во своето вечерно обраќање, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој рече дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни возила, вклучувајќи минибус и градски автобус, што резултирало со смртни случаи и повреди. Според него, во Днепар бил погоден цивилен производствен погон, каде што имало и жртви. Напади се регистрирани и во регионите ...
Силна експлозија го потресе Кнежевството Монако вчера вечер, при што беа повредени најмалку три лица, од кои две се во критична состојба. Инцидентот се случил кратко пред 21 часот во станбена зграда на улицата „Реверен Пере Луј Фрола“, во близина на плоштадот Place des Moulins и недалеку од француската граница. Според првичните информации, се сомнева дека станува збор за терористички напад, а сторителот се бара, пишува „Ле Фигаро“. Жртвите се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди трговците на мало со гориво веднаш да ги намалат цените или ќе се соочат со „големи проблеми“. „Продавачите на гориво мора да ги намалат цените, СЕГА“, напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social. „Нема да има зголемување на цените, што е целосно нелегално. Ако трговците на мало не го сторат ова, тие се во голема неволја! Започнете да се насочувате кон околу 2,50 ...
Русија може привремено да им дозволи на компаниите да произведуваат бензин и дизел со понизок квалитет и да увезуваат такви производи, објави дневниот весник „Комерсант“ во понеделник, додека земјата се обидува да го намали недостигот на гориво поради украинските напади врз руските рафинерии. Весникот, повикувајќи се на нацрт-владин документ, објави дека Русија може да дозволи производство и увоз на бензин и дизел Еуро-2 со значително ...
За да се квалификуваат за дозвола за престој, барателите на азил во Обединетото Кралство можеби ќе треба да ѝ вратат на државата околу 10.000 фунти за сместувањето и финансиската помош што ја добиле, соопшти владата доцна вчера. Имиграцијата е едно од најспорните прашања во британската политика. Редовно се појавува во анкетите на јавното мислење како една од главните грижи на гласачите и повремено доведува до протести и тензии. Лабуристичката ...
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рано утрово изјави дека се пресретнати 46 украински дронови лансирани кон главниот град на Русија, но не прецизираше дали има повредени или материјална штета. Во серија пораки на Телеграм, Собјанин спомена девет бранови дронови кои биле уништени од противвоздушната одбрана додека се движеле кон градот. Тој прецизираше дека спасувачките екипи се распоредени во областите каде што паднале остатоците од ...
Кога руските војници пристигнуваат на одредени делови од украинскиот фронт, тие можат да очекуваат да преживеат во просек само 20 до 35 минути, според мрачната проценка на руските воени блогери која во извештајот за Foreign Policy ја пренесе историчар од Оксфорд, Питер Франкопан. Иако тврдењето не е независно потврдено, слични извештаи се сè почести на руските воени канали. Тоа сугерира дека повеќе Руси стануваат свесни за војната и за ...
Жан-Лук Меланшон, основачот на француската левичарска партија „Непослушна Франција“, изјави дека Париз треба да го напушти НАТО и да започне директен дијалог со Москва, со цел да се создадат услови за прекин на украинскиот конфликт. Зборувајќи на геополитички симпозиум, Меланшон оцени дека Франција мора да води понезависна надворешна политика и дека не смее да ја прифати логиката на блоковските поделби и затворените меѓународни формати. ...
Портрет на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, насликан од малку познатиот уметник Жереми Кејрас, ќе биде откриен во берлинскиот музеј Боде на Музејскиот остров, речиси пет години откако таа ја напушти функцијата. Сликата ќе биде изложена во Музејот Боде три месеци од вторник, по што ќе биде преместена во канцеларијата на канцеларот подоцна оваа година. Меркел даде скромен коментар за моментот во неодамнешното интервју за весникот ...
Мал авион се урна утрово во близина на аеродромот кај Вршар, во хрватскиот дел на Истра. Несреќата се случила околу 8:35 часот, а според првичните информации, едно лице е повредено, додека уште едно лице поминало без повреди. Од полицијата соопштиле дека веднаш по пријавата на местото на настанот биле испратени сите надлежни служби за итна интервенција. Според информации објавени во хрватските медиуми, пилотот на леталото е државјанин на ...
Сончевото време и пријатните температури веќе ги привлекоа првите туристи на црногорскиот брег. Закупците на плажите во Улцињ велат дека одењето на море оваа година не треба значително да го оптовари семејниот буџет и најавуваат дека цените, и покрај инфлацијата, ќе останат на нивото од минатото лето. Цената за изнајмување сет лежалки ќе се движи од 12 до 20 евра. Закупецот на плажа Арти Режа за RTCG изјави дека нема да има зголемување на ...
Дваесет и едногодишна девојка почина во Грција, откако била донесена во здравствена установа во градот Псахна во многу тешка состојба. Според кажувањата на нејзиното семејство, таа претходно наводно била касната од оса, по што ѝ се слошило и изгубила свест. Медицинскиот персонал веднаш започнал со обиди за спасување, но и покрај повеќечасовната интервенција, девојката не преживеала. Случајот предизвикал вознемиреност, поради што била повикана ...
Синоќа, дванаесетгодишно момче од Младеновац, Србија е примено во детската болница во Белград со исклучително тешки повреди, објави „Телеграф.рс“. Според првичните информации, момчето е во критична состојба, а лекарите се борат за неговиот живот откако целата конструкција на автобуска постојка паднала врз него. Во еден момент, момчето се држело за конструкцијата на постојката. Следната секунда, масивната конструкција целосно попуштила и се ...
На 28.06.2026 околу 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат Скопје-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(75) од Скопје и мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(54) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје. ...
На 28.06.2026 во 13:30 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода О.С.(45) од Украина, со престој во Скопје, затоа што при гранична контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидира со мерка „стоп“ по барање на Основен кривичен суд Скопје. Имено, тој допатувал со патничко возило „хјундаи“ со бугарски национални ознаки, а имал активна забрана за управување на ...
На 28.06.2026 околу 19:00 часот во СВР Скопје, П.П.(48) од Скопје пријави дека на игралиште на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од П.„Н“.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 28.06.2026 околу 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.И.(26) и С.Ј.(22), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе ...
Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер. Прогноза за ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за краткотрајно невреме со појава на град. Температурите и понатаму ќе бидат високи. Утринските ќе се движат од 12 до 18 степени, додека дневните ќе се искачат од 28 до 39 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните и јужните делови од земјата, каде ...
Изјава, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор: За две години Мицкоски и ВМРО го доведоа здравството до колапс. Сред лето, на пеколни температури, хируршките сали, овде во Клиничкиот центар не работат – системот е во дефект. Се откажуваат однапред закажаните операции и оние за кои е проценето дека не се итни. Откажани се операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ...
Прес конференција на Веаљановски од ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безбедноста на граѓаните и на спроведување политики кои даваат резултати. ВМРО-ДПМНЕ и надлежните ќе продолжат со проширување на системот „Безбеден град”, чија главна цел е намалување на бројот на тешки сообраќајни незгоди и преполовување на смртните случаи и сериозни повреди на патиштата до 2030 година. Дека системот функционира, тоа го ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, кој беше дел од работната група за подготовка на новиот Изборен законик во Министерството за правда, преку објава на социјалните мрежи изнесе серија забелешки за начинот на кој се одвивал процесот на подготовка на законските измени. Тој напиша дека јавноста се доведува во заблуда со тврдењата дека постоел широк политички консензус, наведувајќи дека во конечниот текст се нашле решенија за кои никогаш не било ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ефектите на субвенциите во авио сообраќајот, последните информации од страна на вицепремиерот дека се очекува 3,5 милиони патници во Македонија годинава, дали овој фонд ќе се зголеми и дали се разговара со „Визер“ за продолжување на оние сезонски летови до Сардинија и Сицилија, за коишто има голем интерес ова ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција порача дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик. „Во ниту еден момент не се постигна консензус за ваков Изборен законик“, истакна Апасиев, додавајќи дека останале пет клучни прашања кои не биле затворени по работните состаноци: условите за независните кандидати по одлуката на Уставниот суд, електронското гласање на дијаспората, државното ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конферениција, порача дека СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи сериозни решенија кои не се ниту европски ниту демократски и кои отвораат простор за злоупотреба на изборниот процес. „Ваков закон не смее ова Собрание да донесе. Ќе го блокираме затоа што граѓаните заслужуваат да имаат фер, демократски изборен процес, а не вака контролиран како што ...