Силно невреме со пороен дожд, ветер и град попладнево зафати повеќе делови од Скопје. За кратко време, дел од улиците се наполнија со вода, а граѓаните на социјалните мрежи објавуваа снимки од интензивните врнежи. Според првичните информации, засега нема пријави за посериозни штети. Невремето дојде по најавите за локална нестабилност со дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Силно невреме со пороен дожд, ветер и град ...

На 30.06.2026 во 17:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек од бул. „8 Септември“ и ул. „Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(46) од Скопје и велосипед управуван од Б.Ј.(33) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“- Скопје. ...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице (31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.04.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин. СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице (31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение ...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против маж (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 21.03.2026 во атар на с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени револвер и муниција. СВР Скопје поднесе кривична пријава против ...

Прес конференција на Валентин Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа. Катастрофалниот резултат кој ќе го имаат и СДС и Левица на следните избори, како и успехот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во делот на реализација на Реформската агенда и повлекување на средствата од Планот за раст, го вклучи алармот во двете партии и се здружија заедно во ...

Работиме на изградба на огромен проект во село Просениково, проект за атмосферска канализација која треба да го реши проблемот за околу 1700 жители во Просениково. Дополнително се работи и на други комунални проекти во Босилово и Василево, финансирани од буџетот на Министерството за транспорт, истанка денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при работната посета на Струмица. Тој заедно со ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот Горан Ангеловски, денеска на граничниот премин Табановце, со министерот за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ и вршителот на должност директор на Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија Бранко Стаматовиќ, официјално ја означија првата заедничка превентивна акција „Вози одморен“. Кампањата ...

Јавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен. По две години работа, Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги презентираше резултатите од реформскиот процес насочен кон создавање професионална, ефикасна и модерна администрација, која ќе биде поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби. „Не ветувавме реформи, туку работевме на нивно ...

Изборниот законик вака како што е предложен не е ниту европски, ниту демократски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конферениција. Филипче посочи дека сегашното предложено законско решение, особено во делот на гласањето на дијаспората по електронски пат, отвора сериозни сомнежи за регуларноста и легитимноста на изборниот процес. „Денеска, премиерот го слушнавме сите, рече би прифатил измени во поднесениот ...

Соопштение на СДСМ: Сотир Лукровски од вчера соопшти дека повторно е градоначалник на Општина Карпош. По речиси два месеци отсуство, се врати на функцијата. Според сите информации што излегоа во јавноста, Лукровски сакаше да поднесе оставка. Сакаше да си замине. Но, организираната криминална група ВМРО и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски не му дозволија. Партијата вложи огромни напори и пари за да го освои Карпош, па сега не може да си дозволи ...

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје. За време на обраќањето пред присутните припадници на Армијата генералот Гринкевич го истакна нашето членство во најмоќниот сојуз во историјата. Нашиот придонес во спроведување на ...

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција во Собранието информираше дека пропаднале последните преговори за измените на Изборниот законик, поради што Левица ќе продолжи со филибастерингот и ќе поднесе околу 3.500 амандмани. Апасиев соопшти дека, иако бил постигнат напредок околу најголемиот дел од спорните прашања, договор не бил постигнат поради инсистирањето за воведување електронско гласање на дијаспората. ...

Изградбата на новиот мега парк во Општина Бутел е во завршна фаза, а наскоро овој современ зелен простор ќе биде ставен во функција и предаден на користење на граѓаните, соопшти Град Скопје. На површина од 8.000 квадратни метри, просторот кој со години беше запуштен и неискористен се трансформира во модерна зелена оаза, наменета за одмор, рекреација и дружење на сите генерации. Паркот ќе располага со богато хортикултурно уредување, пешачки ...

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање поткуп. Според обвинението, обвинетиот, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши службено ...

Општина Илинден продолжува со реализација на активностите за доградба и модернизација на фудбалскиот стадион во населба Илинден, со цел создавање современи услови за развој на спортот и организирање натпревари според највисоки стандарди. Во рамки на тековните градежни активности започна поставувањето на современ систем за осветлување со над 30 рефлектори, кој ќе овозможи одржување на тренинзи и натпревари и во вечерните часови, согласно ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа сите барања, освен предлогот за бришење на електронското гласање на дијаспората. Тој рече дека партијата нема намера да се откаже од можноста граѓаните во странство да гласаат електронски. Паралелно, расправата за измените на Изборниот законик останува под притисок поради најавените амандмани од опозициски партии. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа ...

Работењето на Лидл во Македонија ќе значи мапирање на државата, подобрување на бизнис климата, но и нови искуства во малопродажбата. Најголем бенефит од инвестицијата на Лидл ќе имаат домашните земјоделци, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на поставувањето на камен темелник на новиот маркет на Лидл во Струмица. “Навистина ми е драго што денеска сме тука и означуваме почеток на еден огромен објект за ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите ...

На 30.06.2026 во 16:10 часот во Полициската станица Гостивар, Н.Д. (28) од Гостивар, пријави дека околу 14:05 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, додека како вработен во продавница за бела техника доставувал производ, бил физички нападнат од лицето на кое требало да му го достави производот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 30.06.2026 во 16:10 часот во Полициската станица Гостивар, Н.Д. (28) од Гостивар, пријави дека ...

На 30.06.2026 во 09:50 часот во СВР Тетово, 65-годишна жена од Тетово пријави дека од непознато лице и била злоупотребена платежната картичка, односно во периодот од 31.05.2026 до 26.06.2026 година, биле извршени пет неовластени трансакции, при што и е нанесена материјална штета од 9.263 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 30.06.2026 во 09:50 часот во СВР Тетово, 65-годишна жена од Тетово пријави дека од непознато лице ...

Соопштение на Левица: Политичката партија Левица изразува сериозна загриженост поради жалбите на пациенти со трансплантиран бубрег и пациенти на дијализа дека во здравствениот систем постои недостиг од еритропоетинска терапија (EPO), вклучително и препаратите Recormon и други еквивалентни лекови, кои претставуваат незаменлив дел од третманот за контрола на анемијата кај пациентите со хронични бубрежни заболувања. Лекот веќе извесен период не ...

Соопштение на ВМРО ДПМНE: Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на државата во 2029 година и дека по завршувањето на мандатот планира да се врати на факултет. Значи, откако ќе ја ограби Македонија, ќе ја изолира од европскиот пат, ќе го постави своето судство и обвинителство, и ќе ја доведе државата до економски и институционален колапс, сака мирно да си замине и да се врати во академска кариера? ...

Соопштение на СДСМ: Христијан Мицкоски денес во Кисела Вода ќе врши увид во проекти кои, според него, се финансирани од унгарскиот кредит. Класичен потег: кога парите од Орбановиот заем, т.н. унгарски кредит и кинеските средства исчезнаа во магла, а јавноста почна да прашува каде завршија една милијарда евра, тогаш одеднаш се појавуваат „проекти“ кои наводно се финансирани со тие пари. Ова е постхумна легитимација на сомнителна зделка. ...

Соопштение на СДСМ: Под власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, македонската економија доживува тотален колапс, додека премиерот продолжува да лаже дека сме “трета економа во Европа“. Фактите се непобитни: * Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за 61% – од 1,2 милијарди евра во 2024 на само 468 милиони евра во 2025 година. Ова е еден од најлошите резултати во регионот. * Индустриското производство ...

Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии има исполнето осум чекори, од вкупно 22 чекори коишто ги исполни ...

– Штотуку заврши седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, каде зборувавме за новите кадровски решенија, кадровски решенија нови во партијата, но и кадровски решенија нови во Владата, изјави премиерот Христијан Мицкоски по вечерашниот извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ. – Пред да прејдам на решенијата, сакам да соопштам дека оваа реконструкција на Владата означува почеток на нова фаза по изминати две години, од работата на оваа Влада, исполнети со сериозни ...

„Изминативе повеќе од 20 години откако се стекнавме со статусот кандидат, ние направивме толку многу, како ниту една земја којашто станала членка на Европската Унија или којашто пледира да биде дел од ЕУ, во делот на идентитетот, а во делот на суштинските реформи не сакам да дискутирам бидејќи мислам дека сме многу понапред и од одредени членки на самата Европска Унија, но кога станува збор за идентитетските реформи направивме толку многу што ...

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој неколку месеци не одеше на работа, сега јавно откри дека имал здравствен проблем и вели дека изминатиот период за него бил големо искушение. „Животот е борба исполнета со предизвици, но не затоа што е против нас, туку затоа што секој предизвик нè принудува да растеме, да учиме и да станеме посилни. Изминатиот период за мене беше едно големо искушение. Се соочив со здравствен предизвик ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, извести АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и појава на град. емпературите и понатаму ќе останат високи. Утринските ќе се движат од 12 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 38 степени. Најтопло ќе биде во ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.13
43%
1013
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
3.13
68%
1012
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.67
50%
1013
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.74
40%
1013
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.77
60%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.48
77%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
48%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.26
46%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
52%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
4.92
59%
1012
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
0.89
37%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.61
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Злато

136962.18

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Калај

56.46

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Сребро

1994.05

Родиум

274085.11

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29