Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Според ...

Во сабота започнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор, велат од ДУИ и од таму наведуваат дека Тетово ќе биде местото каде што илјадници граѓани ќе се соберат на мирен и достоинствен протест за да го одбранат уставниот поредок, правната сигурност и вредностите што веќе 25 години обезбедуваат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи во Република Северна Македонија. – Одлуката на Уставниот суд за имињата на улиците ...

– Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за нашата европската перспектива, за реформите што ги спроведуваме и за потребата процесот на проширување да остане доследен на принципите врз кои е изградена Европската Унија – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат, изјави преммиерот Христијан Мицкоски на денешанта прес конференција во Владата. – ...

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), Никола Мицевски и Бобан Карапејовски, членови на Делегацијата, учествува на 33. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од 4 до 8 јули 2026 година во Хаг, Холандија, на темата: „Меѓународното право и заедничките принципи: основи за безбедност и соработка во областа на ОБСЕ“. На рамките ...

Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и диркторот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, ...

На 07.07.2026 во 12:25 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Седек Костоски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Н. (19) од Гостивар и велосипед, управуван од Б.И. (68) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.И., констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен е увид на местото на настанот од страна на екипа од СВР Тетово. На ...

На 07.07.2026 во СВР Тетово, С.А. (19) од с. Долно Палчиште пријави дека околу 18:15 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, додека се движел со негови другари, бил физички и со тврд предмет нападнат од неколку лица. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода се лишени Е.И. (18) и двајца 16-годишници, сите од Тетово, а кај нив биле пронајдени и одземени тврди предмети и остар предмет. По документирање на случајот, ќе биде ...

На 06.07.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје Б.С.(28) од с.Арачиново, скопско, пријави дека на 04.07.2026 околу 20:45 часот во населбата Илинден, скопско, две лица го нападнале физички и со тврди предмети, а едното од нив му се заканило со пиштол и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 06.07.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје Б.С.(28) од с.Арачиново, скопско, пријави дека на 04.07.2026 околу 20:45 часот во населбата ...

Општина Центар започна градежни активности за уредување нова мини пјацета на улица „Коле Неделковски“ во Дебар Маало, како дел од проектот за создавање јавни простори за одмор, дружење и рекреација на жителите. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во населбата се предвидени три слични мали плоштади, а веќе се гради на две локации. Покрај улица „Коле Неделковски“, се уредува мини пјацета на улица „8 Март“, а се планира слично ...

Ребалансот на Буџетот уште еднаш покажа дека културата не е приоритет за оваа власт. Наместо инвестиции во културното наследство, македонскиот јазик и капиталните културни проекти, се крати токму таму каде што државата има обврска да заштитува и да вложува, обвини пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска на седницата на Комисијата за буџет. Таа посочи дека зад бројките во ребалансот се крие јасна политика на запоставување на ...

– На денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа во врска со настапување на законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, рече Марија Митева, портпаролка на Владата. – Министерството за локална самоуправа, по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница, ја започна постапката поради настапување на законски ...

Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Прогноза за 09.07.2026 Минимална температура: 11°C до 20°C Максимална температура: 27°C до 34°C Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено ...

Денеска во Собранието се одржа промоцијата на Кодексот за етичко однесување на пратениците, кој претходно беше донесен од страна на пратениците. На настанот се обратија претседателот на Собранието Африм Гаши; шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал; вишиот резидентен директор на НДИ Северна Македонија и лидер на тимот на Швајцарската програма за парламентарна поддршка (ПСП), Роберт Скот Хејзлет; претставничката на Одделот ...

Денеска во СВР Охрид беше одржан работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија кои од утре, се до 31 август, заедно со полициски службеници од македонското министерство за внатрешни работи, ќе спроведуваат заеднички полициски патроли низ Охрид. Нивниот работен ангажман ќе се реализира врз основа на потпишан Протокол за соработка за време на туристичката сезона во Охрид по што од утре, и ...

На 06.07.2026 во 17:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(25) од с.Визбегово, скопско и патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишната С.П. од с.Бразда, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „бмв“ Д.С.(25) од ...

На 06.07.2026 во 17:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(25) од с.Визбегово, скопско и патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишната С.П. од с.Бразда, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „бмв“ Д.С.(25) од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина потпишала уште три „договори за дронови“ со Данска, Естонија и Холандија, ставајќи ја на располагање својата експертиза стекната за време на повеќе од четиригодишната војна со Русија. Зеленски ги објави договорите на социјалните медиуми на маргините на самитот на НАТО во турската престолнина Анкара, велејќи дека Киев сега склучил девет такви договори. Украина развила високо ...

Во ноќниот напад со руски балистички ракети врз Киев беа повредени две лица. Експлозии одекнуваа низ главниот град кратко пред тревогата за воздушниот напад, а украинските воздухопловни сили предупредија за закана од балистички ракети. Локалните власти ги повикаа жителите да останат во засолништа, објавува „Киев Индепендент“. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека ракетниот напад предизвикал пожар во магацините во градскиот ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека најновиот бран американски воздушни напади врз Иран е „апсолутно неопходен“. Руте моментално е во Анкара со лидерите на алијансата, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, на дводневен самит што започна вчера. На прашањето од новинарите како би ги коментирал американските напади врз повеќе од 80 цели, Руте му даде целосна поддршка на Вашингтон. „Мислам дека беше апсолутно ...

Украинските беспилотни летала нападнаа руска рафинерија за нафта во Саратов и петрохемиски погон во Татарстан во текот на ноќта. Ова е продолжение на украинските напади врз цели длабоко на руска територија, пишува Kyiv Independent. Пожар во рафинерија Пожар избувна во рафинерија за нафта во Саратов како резултат на напад од украински беспилотни летала, објави новинскиот канал Exilenova Plus на Telegram. Претходно во текот на ноќта, гувернерот ...

Иранската армија објави дека извршила напади со беспилотни летала врз американските сили во воздухопловната база Шеик Иса во Бахреин, што, според неа, било одговор на нападите на Вашингтон врз јужен Иран. „По непријателската агресија на американскиот непријател врз воените и цивилните области на југот од земјата и кршењето на меморандумот од 14 точки, напаѓачките беспилотни летала на армијата на Исламската Република Иран утрово ги нападнаа ...

Неколку улици во Менхетен, Њујорк, беа евакуирани за време на шпицот вчера наутро откако зграда во реновирање покажа знаци на уривање. Нема пријавено повредени. „Два носечки столба се свиткаа, а подовите претрпеа повеќекратни пукнатини и вдлабнатини. Зградата останува нестабилна. Откако пристигнавме на местото на настанот, забележавме понатамошно движење на еден од ослабените столбови“, изјави градоначалникот Зохран Мамдани на ...

Најмалку осум лица загинаа откако бури со грмежи ја погодија централната кинеска покраина Хубеи, објавија денеска државните медиуми, додека метеоролозите предупредија за пообилни дождови во делови од земјата каде што живеат околу 200 милиони луѓе. Ветрови со брзина до 149 км/ч Четири часа во понеделник вечерта, ветрови со брзина до 149 км/ч ги погодија градовите Хуангши, Хуангганг, Еџоу и Сјанинг, објави новинската агенција Ксинхуа, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека решавачката фаза од војната со Русија се префрлила од копно и море во воздух. Во големо интервју за Фајненшл тајмс (FT) вчера, само неколку часа по смртоносниот напад на Русија врз Киев, Зеленски нагласи дека „битката на небото“ ќе го одлучи конечниот исход од конфликтот. Тој објасни дека неговата земја веќе успешно спречила руска победа на копно и ја истиснала руската флота од поголемиот ...

Тридневната јавна жалост во Техеран за убиениот врховен лидер заврши со голем политички спектакл што новите власти сакаа да го приредат за светот. Огромна погребна поворка, носејќи ги ковчезите на ајатолахот Али Хамнеи и четворица членови на неговото семејство, полека се движеше по десеткилометарска рута, забавена и често запрена од милиони ожалостени, во еден од најголемите јавни собири во последните години, објавува Би-би-си. Но, многумина ...

Шпанската метеоролошка агенција Аемет издаде црвена тревога за екстремна топлина во делови од три региони во источна Шпанија, каде што максималните температури би можеле да достигнат помеѓу 40 и 42 степени Целзиусови. Црвената тревога, која опфаќа делови од Каталонија и регионите Валенсија и Сарагоса, сигнализира „исклучителна опасност“ со потенцијално „многу сериозно влијание“ врз имотот и населението. Се очекува новиот топлотен бран да трае ...

Додека Франција, едвај закрепнувајќи од последниот топлотен бран, се подготвува за следниот, метеоролозите предвидуваат враќање на неподносливата топлина оваа недела. Со тоа доаѓа и прашањето што постојано се поставува од јуни: зошто Французите едноставно не ги вклучуваат клима уредите? Некои веќе одлучија да ги земат работите во свои раце. Десетици луѓе се редеа пред неколку продавници на Лидл низ парискиот регион минатиот четврток со надеж ...

Шпанија го повтори своето противење на предлозите земјите-членки на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од нивниот бруто домашен производ (БДП) пред самитот на алијансата во турската престолнина Анкара оваа недела. Владини извори изјавија во понеделник дека премиерот Педро Санчез ќе го искористи состанокот за да го повтори ставот на Шпанија како одговор на повиците на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и американскиот ...

Телото на Анастасија Березовскаја, осомничена за учество во обидот за убиство на санкционираниот украински милионер Вадим Јермолаев во Монако, е пронајдено вчера во близина на Киев. Според неофицијални информации, жената е застрелана, пишува „Украинска правда“. Извори од украинските судски власти наведуваат дека телото е откриено вчера околу 23 часот по локално време. Исто така, се дознава дека жената била во странство од 22 март минатата ...

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека нападнала 85 американски воени цели во Бахреин и Кувајт. Во соопштението се вели дека нападите биле одговор на она што го нарече „кршење на прекинот на огнот“ откако САД започнаа серија воздушни напади во јужен Иран. Претходно беше објавено дека сирените за предупредување за ракети се огласиле и во Бахреин и во Кувајт, додека иранската војска издаде официјално предупредување дека ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Калај

46.54