Четири лица го изгубија животот на прославите по победата на Мексико над Еквадор на Светското првенство, соопштија властите во среда. 30-годишен маж почина од срцев удар откако доживеа епилептичен напад и гастроинтестинално крварење. Други жртви беа згазени додека толпите се собраа пред споменикот Анхел де ла Индепенденсија во центарот на градот, објави „Аристеги њуз“. Претседателот на ФИФА се огласи Маж (44) и девојка (19) се задушија на ...

Двегодишниот Клајбер Моран кој беше спасен од урнатините на неговата куќа во Венецуела по шест дена од земјотресот се опоравува во болница додека неговото семејство продолжува да чека вести за неговите родители, кои се водат како исчезнати по катастрофалниот земјотрес. Момчето било извлечено од урнатините во државата Ла Гваира од страна на јорданските спасувачи рано наутро во вторникот. Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, ...

Во Паркот на Франкофонија, во сабота, 27 јуни, од 12:00 до 18:00 часот, ќе се одржи петтото издание на меѓународната манифестација „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle 2026“, финансиски поддржана од Општина Центар и Министерството за култура и туризам. На настанот, во организација на CRUISE CULT и ЦСУ – Скопје, ќе бидат изложени над 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија. Посетителите ќе имаат можност да ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да се кандидира за претседател на државата на следните претседателски избори. Изјавата ја даде во контекст на расправата за електронското гласање на дијаспората. Мицкоски рече дека по завршувањето на неговиот мандат како премиер ќе се врати на факултет и меѓу студентите. Тој порача дека нема амбиција за кандидатура за шеф на држава. Изјавата доаѓа во момент кога власта и опозицијата се судрија ...

Природниот прираст е негативен и во градските и во селските подрачја. Во 2025 година, во градските подрачја се живородени 9 535 деца, што е 60.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 6 315 деца или 39.8 % се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 41.6 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %. Во градските подрачја умреле 12 902 лица или 63.6 %, а 7 385 лица или 36.4 ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. На ...

Утре и во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Прогноза за 03.07.2026 Минимална температура: 12°C до 20°C Максимална ...

Претпладне променливо облачно со можна појава на утринска магла по одредени котлинии, попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 23 до 35 степени. Најсвежо ќе биде во источните и повисоките ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Приштина учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, каде што министрите од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница разговараа за забрзаната интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот пазар на електрична енергија и природен гас, за енергетската безбедност и зајакнувањето ...

Соопштение на СДСМ: По насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Сега сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови. Сака гласовите на дијаспората што ќе пристигнуваат преку интернет да немаат никаква контрола. Додека нашите граѓани кои гласаат во татковината минуваат сериозна контрола пред гласање – дури и отпечаток од прст, проверка на документи, ...

Украинските сили за беспилотни системи (USF) започнаа масовна, координирана офанзива со беспилотни летала длабоко во окупираните територии, со посебен фокус на полуостровот Крим. Според извештајот објавен на социјалната мрежа X од командантот Роберт Бровди, попознат на јавноста по неговиот воен прекар Маѓар, украинските беспилотни летала систематски ја уништуваат руската воена и енергетска инфраструктура. „Руската воздушна одбрана на Крим ...

Украинските војници ќе добиваат парични бонуси за заробување или убивање Руси, како дел од првата фаза од сеопфатната трансформација на Одбранбените сили, објави Министерството за одбрана. Наградите произлегуваат од владина одлука за започнување експериментален проект за воведување дополнителни плаќања за борбени резултати, објавува „ЈунајтедМедиа“. Министерството ја опиша мерката како начин за наградување на припадниците на првата линија за ...

Шпанија го заврши јуни со вторите највисоки температури досега, а националната метеоролошка агенција Aemet го опиша месецот како „исклучително жежок“. Екстремната топлина однесе и човечки животи, со околу 900 смртни случаи поврзани со високите температури регистрирани во јуни, објавува Euronews. Топлотниот бран што го означи крајот на месецот, исто така, сруши неколку дневни рекорди. Деновите од 22 и 23 јуни беа најжешките јунски денови ...

Кинескиот претседател Ши Џинпинг ја повтори цврстата посветеност на Пекинг за решавање на прашањето за Тајван на церемонијата по повод 105-годишнината од основањето на Комунистичката партија на Кина (КПК) во вторник. „Решавањето на прашањето за Тајван и реализацијата на целосното обединување на Кина е историска мисија и непоколеблива посветеност на Комунистичката партија на Кина“, рече Ши. Силна порака до сепаратистите Ши, кој е и генерален ...

Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина и сегашен амбасадор во Обединетото Кралство, Валериј Залужни, неодамна беше поканет во Киев, каде што, според „Украинска правда“, разговарал со претседателот Володимир Зеленски за можни претседателски избори и можна кандидатура. Повикувајќи се на извори блиски до двете страни на состанокот, „Украинска правда“ пишува дека формалната причина за пристигнувањето на Залужни во Киев била ...

Кучето спасувач Цунами спаси најмалку 13 лица од урнатините по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела. Деветгодишниот Цунами, од расата Бордер Коли, кој помина години во служба за пребарување и спасување, беше на својата последна мисија пред да се пензионира. Двојните земјотреси, со јачина од 7,2 и 7,5 степени, кои се случија во интервал од само 39 секунди, урнаа 250 згради и убија речиси 2.000 луѓе, објавува The ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната против Иран, палестинското движење Хамас и либанскиот Хезболах не е завршена, велејќи дека Израел мора да продолжи да дејствува против она што го нарече „иранска оска“. Во интервју за израелскиот „Канал 14“, Нетанјаху оцени дека Израел е посилен од кога било и дека заканите за безбедноста на земјата се значително намалени, но нагласи дека конфликтите не се завршени и дека Израел сè ...

Една недела по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела, бројот на жртви се искачи на најмалку 2.295, а 11.267 се повредени, изјави вчера претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез. Повеќе од 26.000 служби за итни случаи и повеќе од 17.000 волонтери се распоредени во погодените области. Потрагата по преживеани е во тек, иако надежите за пронаоѓање на заробените во урнатините се намалуваат додека катастрофата влегува во ...

Во тешки руски воздушен напад врз Киев и други украински градови синоќа загинаа најмалку осум лица, а 34 беа повредени. Бранови ракети и дронови камикази го нападнаа главниот град само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз Украина, објави „Киев Индепендент“. Според извештаите на шефот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градоначалникот Виталиј ...

Вишиот суд во Белград ги осуди родителите на Коста К., момчето кое уби девет ученици и еден обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај 2023 година, објави „Блиц.рс“. Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и шест месеци затвор за кривичните дела занемарување и злоупотреба на малолетно лице и тешко кривично дело против јавната безбедност, додека Миљана Кецмановиќ е осудена на две години и 11 месеци затвор за ...

На 01.07.2026 околу 03:45 часот во СВР Скопје, 20-годишна девојка. од Скопје пријави дека во Градскиот парк во Скопје, откако ѝ бил одземен мобилниот телефон од лице(37) и лице(34), таа ги повикала нејзините пријатели лице(27) и лице(23). Тогаш И.А. го скршил телефонот, по што настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и другите две од друга страна, сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На ...

На 30.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 18:30 часот на ул. „Сараевска“ во Велес, трактор „имт“ со приколка, со велешки регистарски ознаки, управуван од С.И.(50) од село Бузалково, велешко, излетал од улицата и удрил во ѕид од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. На 30.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 18:30 ...

На 30.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Од страна на алпинистички тим од Специјалната ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против лице (34) од с.Рогле, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 25.05.2026, пријавениот – осуденик во Казнено – поправна установа Затвор Штип, по претходна расправија, физички нападнал службено лице од установата. СВР Штип поднесе кривична пријава против лице (34) од с.Рогле, општина Желино, поради ...

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја прекина седницата за измените на Изборниот законик поради голем број поднесени амандмани. Координаторите на пратеничките групи не постигнале договор за електронското гласање на дијаспората. СДСМ најави 10.000 амандмани, а Левица 3.000, со што расправата станува долга и неизвесна. Главниот спор останува можноста граѓаните од дијаспората да гласаат електронски. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ...

СВР Охрид ја известува јавноста, посебно возачите на моторни возила дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 01.02.2026 година, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид. Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, општина Дебрца. Во наредниов период, се очекува ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, на чија покана ја реализира посетата. Во Делегацијата, која беше пречекана со високи почести, се и пратеничките Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска Стојчевска и Мимоза Муса, кои се членови на Пратеничката Група за ...

Од владината реконструкција граѓаните нема да добијат суштински промени, туку само нови имиња без резултати, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека по две години владеење, Владата не покажа ниту капацитет, ниту знаење, ниту волја да одговори на економските и социјалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Филипче на денешната прес-конференција, кажа дека досегашниот биланс на Владата е јасен и поразителен за ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.13
40%
1013
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
67%
1012
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.67
43%
1013
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.74
39%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.77
54%
1012
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
0.48
75%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
47%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.26
43%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
48%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
58%
1013
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
0.45
38%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.61
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Бакар

13.51

Паладиум

43499.96

Злато

136962.18

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Калај

56.46

Родиум

274085.11

Иридиум

252383.36

Сребро

1994.05

Платина

56135.20

Алуминиум

3.25