
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



На 07.07.2025 во 14 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лице(20) од Тетово поради основи на сомнение дека уценувал малолетничка од тетовско. Имено, околу 12 часот во СВР Тетово тој бил пријавен од страна на 45-годишна жена и нејзината малолетна ќерка од тетовско село дека ја уценувал малолетничката, со која бил во љубовна врска претходните три години. Тој во текот на 2025 година неколку пати побарал од ...
Прес-конференција, Митко Трајчулевски, пратеник на СДСМ: Додека цела држава е под огнена стихија, владата на Мицкоски, заедно со Ангелов, Тошковски, Мисајловски и останатите молчи. Не дејствуваат и повторно ги оставаат граѓаните сами да се борат со стихијата. Само еден ден по спектакуларното сликање со „импровизирана“ противпожарна единица и старите хермелини од Армијата, на дело ја видовме нивната неспособност и опасната импровизација. Целото ...
Во свет каде што секој нов живот е чудо, а секој здив на новороденче е надеж, компанијата Mozzart повторно покажа дека хуманоста не е само збор, туку дело. Овојпат, грижата и љубовта беа насочени кон најмалите и најнежните – новороденчињата во Општата болница со проширена дејност во Прилеп. Со донација на мобилен, преносен ехо апарат за мозок, Mozzart овозможи болницата да започне нова, животно важна услуга – ехо преглед на мозок кај секое ...
На 07.07.2025 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.П.(28) од с. Ангелци, струмичко. Имено, истиот ден во 15.00 часот Т.Р.(22) од с. Долно Српци во СВР Битола пријавил дека во с. Долно Српци тој и неговите другари забележале непознато лице со патничко моторно возило „форд” без регистарски ознаки, за кој се сомневале дека е можен извршител на кражби. Потоа лицето излегло од возилото, извадило пушка од багажникот и пукало кон ...
Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО: Власта предводена од ВМРО ја носи државата до нова национална срамота. Охрид, еден од најзначајните симболи на македонскиот идентитет, култура и природно богатство, е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство благодарение на неспособноста, неодговорноста и урбанистичкиот дивјачки порив на оваа ...
Соопштение на Левица: Во услови кога имаме расипничка и десничарска влада, која во континуитет крати средства од ранливите категории и јавното здравство го перцепира само низ призмата на трошок, пратеничката група на Левица амандмански интервенира во Предлог-ребалансот на буџетот за 2025 година, со цел зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Со поднесените амандмани кон ребалансот, Левица предлага издвојување на 1 милион евра за ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор во земјава Џовани Енденсија Палек од Република Филипини, со седиште во Атина. Сиљановска-Давкова ја истакна важноста на односите и соработката со Филипините како на билатерален, така и на мултилатерален план. Двете држави треба да се фокусираат на интензивирањето на политичкиот дијалог, искористувањето на потенцијалите во економијата и ...
Во рамки на работната посета на Париз, министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани, оствари средба и со Емануел Пуизе-Жовен, генералниот секретар на Секретаријатот за европски работи (SGAE) – меѓуресорска служба под директна надлежност на премиерот на Франција, задолжена за координација и унапредување на единствената национална позиција на Франција во однос на Европската Унија, како и за мониторинг на транспозицијата на ...
На маргините на конференцијата на тема „Регионалниот развој во динамично променлив свет – Иднината започнува локално: Новата визија за одржлив и рамномерен развој’’, што ја организира Министерството за локална самоуправа во Гевгелија, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари билатерална средба со министерот за регионален инвестициски развој и соработка со невладини организации на Црна Гора, Ернард Суљевиќ. На средбата се ...
Доколку сте во потрага по безбедни и природни начини за третирање на болка и воспаление во зглобовите, мускулите и коските, особено за хронични состојби како артритис, истражувањето завршува на Turmeric Curcumin. Моќен антиоксиданс кој помага за намалување на воспаленијата, а кој во комбинација со Neuro Active претставува моќно дуо кое делува одвнатре и надвор. За кратко време со комбинирање на овие два производи ќе почувствувате разлика во ...
Австралиската полиција синоќа уапси маж осомничен дека подметнал пожар во синагога во Мелбурн додека внатре имало верници, што е најнов во серијата инциденти насочени против еврејската заедница во земјата. Израел го осуди како гнасниот напад врз Евреите и повика на обезбедување правда. 34-годишниот маж е осомничен дека го подметнал пожарот на влезната врата од фреквентната верска зграда во Мелбурн во петокот вечерта, за време на Шабат – ...
Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер) спроведе анкета меѓу своите следбеници за потребата од нова политичка опција. Маск изјави: „Со оглед на соодносот 2 спрема 1 во полза на нова политичка партија – ќе ја имате!“ Додаде дека партијата е основана за да „ја врати слободата на народот“. Оваа најава доаѓа по ескалацијата на судирите ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период, велејќи дека бил максимално продуктивен. Во своето вечерно обраќање на 5 јули, Зеленски истакна дека главната тема на разговорот биле системите за воздушна одбрана, особено американскиот систем „Патриот“, кој Киев го смета за клучен за одбрана од руски балистички ракети. „Патриот е клучен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече плановите на Илон Маск за основање нова политичка партија „смешни“ и додаде дека Соединетите Држави најдобро функционираат во двопартиски систем. Еден ден откако Маск ја заостри својата расправија со Трамп и најави формирање нова американска политичка партија, републиканскиот претседател беше прашан за тоа пред да се качи на авионот „Ер Форс Уан“ во Мористаун, Њу Џерси, додека се враќаше во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека постои „добра шанса“ да се постигне договор со палестинското исламистичко движење Хамас „оваа недела“, што би довело до ослободување на израелските заложници држени во Појасот Газа. „Веќе ослободивме многу заложници, но што се однесува до преостанатите заложници, добар број ќе бидат ослободени. Очекуваме да го постигнеме тоа оваа недела“, им рече тој на новинарите пред да се качи на ...
„Работнички е клуб со богата историја и длабоки корени, но и со предизвици кои ги надминуваме заедно. Верувам дека со новиот стручен тим и новата сала, повторно ќе бидеме меѓу водечките имиња во македонската и регионална кошарка“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на средбата со директорот на клубот Горан Веселиновски и новиот тренер Владимир Мирковски. На состанокот се разговараше за плановите за новата сезона, ...
Независните советници сметаат дека со актуелните измени на Изборниот законик коишто предвидуваат обврска за собирање повеќе од 1% потписи од електоратот за поднесување независни кандидатски листи во некои општини, се доведуваат во нерамноправна положба во изборниот процес. За нив, горенаведените измени се противуставни како од процедурален заради скратената постапка, така и од материјален аспект заради дискриминацијата. Тие очекуваат од ...
Зарем државата треба да дозволи само на донациите од граѓаните да се сведе целата поддршка на настраданите од Кочани, тоа е срам за власта, срам за владата, а тоа што денес го направи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е срам за Собранието, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма. Тренчевска нагласи дека државата не одвојува средства, за настраданите и за нивните семејства – ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на амбасадорката на Народна Република Бангладеш, со седиште во Букурешт, Шахназ Гази. Сиљановска-Давкова очекува проширување, јакнеење и продлабочување на меѓусебната соработка. Таа укажа на потребата од зголемување на економската и трговска размена, како и намалување на хроничниот дефицит на македонска страна. Претседателката, исто така, упати на поголема соработка меѓу ...
Соопштение на СДСМ: Владата повторно ги остави граѓаните сами да се борат со пожарите, гледаме катастрофална неподготвеност на институциите. Само еден ден откако завршија со ПР и сликање со импровизираните хермелини, реалноста им се удри од глава на Мицкоски и Ангелов. Минатата година изгореа речиси 10% од територијата на државата и тогаш СДСМ им беше крив за пожарите иакко додека СДСМ беше на власт за седум години изгоре помалку шума тколку за ...
Синоќа (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на ул. “Стево Црвенковски” во Ѓорче Петров. Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријави во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш преземаа мерки и активности и сторителот е лишен од слобода. По документирање на ...
Соопштение на ДУИ: Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради алармантното ниво на дискриминација против Албанците во државните и јавните институции. Најновиот пример доаѓа од Министерството за одбрана, каде што од вкупно 26 нови вработувања, 25 се Македонци, додека само еден вработен е Албанец, јасен доказ за организирана политика за исклучување на Албанците од институционалниот живот во Република Северна Македонија. ...
Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, изби пожар како резултат на запалена сува трева. Пожарот веднаш беше пријавен во Центарот за управување со кризи и противпожарната станица, по што надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок. Од страна на болницата беа преземени сите неопходни мерки за заштита и следење на ситуацијата. ...
Житие: Преподобната маченичка Февронија Ќерка на сенаторот Просфор од Рим. За да избегне брак со смртен човек, си Го избра себеси Христа за вереник и се замонаши на Исток во земјата Асирска, во манастир каде што тетка ? Вриена беше игуманија. Лисимах, син на еден големец, имаше желба да се ожени со Февронија, но затоа што Диоклецијан наѕираше во него потаен христијанин, го испрати на Исток со чичко му Селин да заробува и убива христијани. Селин ...
На 07.07.2025 година во периодот од 15.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција во Биро за јавна безбедност и мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Кавадарци, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 100 возачи од кои: 23 возачи за возење без возачка дозвола, ...
Општина Центар со своето јавно претпријатие ПОЦ активно се вклучи во гасењето на големиот шумски пожар во Чучер Сандево. Во акцијата се ангажирани вработени на ПОЦ и цистерна на Општина Центар, како дел од координираниот одговор на институциите за справување со огнената стихија. Градоначалникот Горан Герасимовски, упати апел до сите граѓани да бидат совесни и претпазливи. „Во ситуации како оваа, најважни се вниманието, дисциплината и ...
Соопштение на СДСМ: Додека Мицкоски секој ден се појавува на телевизија и се фали со „рекорден раст“ и „успеси“, секој граѓанин ги чувствува ужасните економски политики на Владата. Платите, кои и онака не растат, вредат сè помалку, и со приходите што ги имаат македонските семејства може да се купи сè помалку. Инфлацијата во јуни е 4,5%, највисока во години. Тоа значи дека сите тие приказни за раст на БДП и зголемени плати се само на хартија. На ...
Извештај за пожари на отворен простор (07/08.07.2025 до 07:00 часот) според Центар за Управување со Кризи: Вкупно активни пожари: 32 • Активни: 7 • Локализиран: 1 • Под контрола: 1 • Изгаснати: 23 ⸻ АКТИВНИ ПОЖАРИ (7): 1. Општина Прилеп – с. Бешиште (приземен пожар во мешана шума) 2. Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки) 3. Општина Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина ...
На 06.07.2025 во 11.41 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија-Старавина, во близина на Елешка река, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лице(40) од Битола и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лице(73) од с.Гермијан, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле едно лице и неговиот 14-годишен сопатник, ...
На 06.07.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток. Се преземаат мерки за ...