Со 81 глас за, 9 против и ниту еден воздржан, Собранието го донесе новиот Закон за парнична постапка, кој претставува еден од клучните реформски чекори во насока на унапредување на правосудниот систем и негово усогласување со современите европски стандарди. Mинистерството за правда соопшти дека со новите законски решенија се создаваат услови за побрзи, поефикасни и поквалитетни судски постапки, како и за поголема правна сигурност и подобра ...

Следниот неработен ден за граѓаните е втори август, кој се паѓа во понеделник што значи уште еден продолжен викенд. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ • 8 септември (вторник), Ден на независноста, • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден, • 23 октомври (петок), Ден на ...

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски: „Добар ден и од мене, Јас немам што да додадам околу спецификацијата на опремата и обемот на опремата којашто е добиена како донација од страна на Европската Унија. Ми останува само да се заблагодарам на амбасадорот за неговата лична посетеност, на Европската Унија што, еве, донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност, како Армија којашто е составен дел на НАТО Алијансата. Исто така ...

Пилотот кој се заби со авионот во највисоката зграда во Пекинг минатата недела е 66-годишен маж, а причината за инцидентот беше наведена како „лични причини“. Според соопштението на властите, Лиу, роден во Пекинг, страдал од несоница и анксиозност. Се наведува дека пилотот отстапил од доделената област за време на соло лет и го изгубил контактот со аеродромот во приградскиот округ Пинггу. Малиот авион се заби во кулата CITIC, највисоката ...

Двајца пациенти починаа рано утрово во пожар во болница во Лудвигслуст, на север од Германија, а најмалку 34 лица се повредени, објави противпожарната служба на тој град. Болницата е целосно евакуирана откако избувнал пожарот, а противпожарната служба објави дека пациентите се згрижени на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагешау“. Според првичните информации, пожарот избувнал во собата на еден од пациентите, по што се ...

Бројот на жртвите во рускиот напад врз Киев се искачи на 30 откако спасувачите извлекоа уште три тела од урнатините на станбена зграда во населбата Дарнички. Државната служба за вонредни состојби на Украина потврди зголемување на бројот на жртви, а спасувачките операции продолжуваат еден ден по разорниот напад, пишува „Украинска правда“. Во ноќта помеѓу 1 и 2 јули, руските сили започнаа масовен комбиниран напад врз Украина користејќи дронови ...

Ковчезите со останките на убиениот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи и неколку членови на неговото семејство се изложени во Техеран, додека Иран се подготвува за погребни поворки за кои се очекува да привлечат милиони луѓе од 4 до 9 јули. Хамнеи и членовите на неговото семејство беа убиени кон крајот на февруари во раните фази од војната меѓу Иран и САД и Израел. Иранските државни медиуми објавија дека меѓу оние што се изложени во ...

Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, денес објави дека ќе патува на самитот на НАТО со редовен лет на унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Виз Ер“, а не со приватен или воен авион, објавија унгарските медиуми. Маѓар го изјави ова откако RTL го праша за патните трошоци на поранешниот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Тој одговори дека проверката во Министерството за надворешни работи е во тек, дека оди „сè подлабоко и подлабоко“ и ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави видео генерирано од вештачка интелигенција во кое се претставува како доктор кој тврди дека излечил некои од неговите најпознати познати критичари од фиктивниот „Синдром на растројство на Трамп“. Меѓу „излечените“ во видеото е и актерката Роузи О’Донел, која всушност изјави дека нејзиното мислење за претседателот не се променило, пишува „Гардијан“. Роузи О’Донел, која со години е во конфликт со ...

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, изјави дека, според него, Израел е дестабилизирачка сила во меѓународните односи и дека меѓународната заедница треба да реагира со дипломатски мерки и санкции. Фидан изјави дека ова е држава која, според него, предизвикува нестабилност и конфликти каде и да дејствува. Тој ја повика меѓународната заедница да преземе дипломатски чекори и да воведе санкции, со оценка дека Израел не е само ...

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Финска ќе биде на листата на потенцијални цели на руското нуклеарно оружје по укинувањето на забраната за распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија. „Финска ја укина забраната за распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија. Што менува ова за Финците? Само една, навидум мала промена, нивната земја сега е на мапата на нуклеарните ...

Турските власти забранија крузер со странски патници од ЛГБТК+ заедницата да се закотвува во пристаништата, наведувајќи ја заштитата на „моралните стандарди“ и „семејните вредности“. Одлуката беше потврдена во четврток од извршниот директор на компанијата што ја организира медитеранската турнеја. Крузерот „Атина до Венеција“, кој отплови од Грција на 5 јули, требаше да се закотви во турското пристаниште Кушадаси два дена подоцна, а потоа да ...

Властите идентификуваа осомничена за бомбашкиот напад во Монако, во кој сериозно беа повредени украински мултимилионер и уште две лица. Францускиот весник Le Figaro и телевизијата BFMTV објавија дека истражителите веруваат дека осомничениот, кој бил снимен на надзорните камери како носи црна рибарска шапка, всушност е жена која се обидела да се маскира како маж. Канцеларијата на државниот обвинител на Монако објави дека е издадена потерница ...

Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче: Вие сте оние кои секој ден размислувате дали да останете во својата земја или да заминете. Вие сте оние кои не сакате да градите иднина врз лаги и врз систем во кој правдата важи само за некои. Затоа сме тука. Затоа се бориме. Не сме тука за да чекаме подобри времиња. Туку за да ги создадеме. Не сме тука за да се помириме со тоа дека организирана криминална група управува со државата. Туку за ...

Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, во гостување во централниот дневник во „Тема на денот“ на ТВ Сител вели дека за само две години просечната плата е зголемена за 8.000 денари, пензиите на пензионерите за 7.000 денари, растот на БДП од 1,8 проценти сега е 3,5 проценти, а во моментот се градат и шест автопатски делници, потенцирајќи дека Владата работи макотрпно и е насочена на реализација на проектите. ...

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на невреме со град. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен ветер од ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, остро реагираше откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа предлог-одлуката за вработување технички персонал во основните општински училишта. „Искрено, разочаран сум од тоа што го гледам. Советници да гласаат против подобри услови за децата во училиштата е навистина несфатливо. Денес се училиштата, утре ќе бидат градинките. Толку ли ви се важни партиските насоки? Сите ние ...

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи потсети дека на лидерската средба тема била воведувањето на една изборна единица, а не електронското гласање на дијаспората, кое сега, во последен момент, стана централна точка и црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за новиот Изборен законик: „Чекај малце премиере… На лидерската средба зборевме за една изборна единица, а не за електронско гласање на ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на пензиите, изјави: „Ние кога бевме опозиција, јасно дадовме ветување дека ќе направиме сѐ што можеме, да во нашиот мандат обезбедиме на почеток линеарно зголемување од 5.000 денари за сите пензионери. Ние отидовме чекор понапред, обезбедивме 7.000 денари линеарно зголемување. Знаете дека лица блиски до ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија“. На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, шефот на ...

Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на едукативниот ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва во интервју на Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител нагласи дека нема амбиција да се кандидира за претседател на државата, но дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи уште една голема победа над СДС на следните парламентарни избори. „Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав ...

На 01.07..2026 година во 16:20 часот, на автопатскиот патен потег Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М.(70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб. Тој, како и две малолетни лица на 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки телесни ...

На 01.07.2026 година во СВР Тетово, Е.Д. (48) од с. Равен, Гостивар, пријавил дека на ул. „Јане Сандански“ во Тетово забележал оштетување во вид на дупка на предната хауба на неговото паркирано возило „Рено Каптур“. Од страна на увидна екипа на СВР Тетово извршен е увид на местото на настанот, при што под моторот, односно на заштитната маска, бил пронајден и подигнат еден проектил од непознат калибар. Се преземаат мерки за расчистување на ...

На 02.07.2026 година во 00:20 часот во Полициското одделение Групчин, Р.С. од с. Сараќино пријавила дека претходниот ден околу 22:30 часот, додека нејзиниот 11-годишем малолетен син се шетал низ с. Сараќино, пред куќа., бил нападнат и каснат во пределот на десната потколеница од нејзиното куче кој не бил врзан и обезбеден. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. На 02.07.2026 година во 00:20 часот во Полициското ...

Соопштение на СДСМ: СДСМ Аеродром најостро го осудува бруталното врсничко насилство врз малолетно девојче во Аеродром. Сцените на тепање, понижување и снимање на насилството од страна на други малолетници се срам за општеството и доказ дека институциите сериозно потфрлаат во заштитата на децата. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи итно да го расчисти случајот и да ја утврди одговорноста на сите учесници и итно да истражи дали се ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС и Левица по месеци разговори усогласувања и прифатени забелешки, денес го блокираат донесувањето на Изборниот законик и ги кочат реформските процеси. СДС и Левица учествуваа во креирањето на текстот, но денес поднесуваат десетици илјади амандмани со единствена цел да го блокираат донесувањето на Изборниот законик и да ги закочат реформските процеси. Изборниот законик е усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и ...

Прес конференција на Валентин Манасиевски: Иако со месеци се работеше на консензус на сите политички партии за носење на нов Изборен законик, коалицијата на Венко Заев и Апасиев излезе повторно на виделина и со над 10 илјади амандмани здружено го блокираат реформскиот закон, односно Изборниот законик. Венко Заев и СДС свесни дека поддршката ја губат се повеќе и повеќе, директно се спротивставуваат за тоа македонската дијаспора да гласа по ...

Прес конференција на Бојковска од ВМРО ДПМНЕ: ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и носат конкретни резултати. Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзиното спроведување е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја да испорачува резултати. Особено значаен дел од Реформската агенда е дигиталната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше посветеноста на Шпанија кон НАТО и рече дека Куба, по многу децении, се свртува кон САД, потсетувајќи на историјата на Шпанско-американската војна. „Ах, Шпанците. Тие се членки на НАТО, но не се многу добри членки на НАТО“, рече Трамп. „Тие велат: „Не, не сакаме да им помагаме на другите луѓе“. Што правиме ние? Тие не се однесуваат правилно. Наскоро ќе ја научат лекцијата, откако се ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.13
40%
1013
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
67%
1012
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.67
43%
1013
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.74
39%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.77
54%
1012
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
0.48
75%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
47%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.26
43%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
48%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
58%
1013
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
0.45
38%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.61
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Иридиум

252383.36

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05

Злато

136962.18

Калај

56.46