Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека некои христијански села во јужен Либан побарале припојување со Израел за да се заштитат од милитантите на Хезболах. Тврдењето, кое веднаш беше демантирано од локалните либански претставници, дојде во време на војната што ја зафати земјата од 2 март. „Христијанските села во Либан, некои од нив навистина побараа припојување со Израел затоа што ги заштитуваме од Хезболах, од фанатиците на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја нападна италијанската премиерка Џорџа Мелони на социјалните мрежи објавувајќи ја нејзината фотографија со коментар дека „е неопходна забрана за пристап“. За време на состанокот на Г7 во француската бања Евиан во јуни, Трамп и Мелони беа фотографирани како разговараат, но по тој разговор Трамп во интервју за „ТВ Ла 7“ рече дека премиерката на Италија го замолила да се фотографира. „Ме замоли ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави на вонредниот самит на лидерите на Европската Унија во Брисел дека Европа повеќе не може да смета на враќање на стариот модел на односи со Соединетите Американски Држави, пишува „Волстрит џурнал“, осврнувајќи се на учесниците на состанокот и нивните високи соработници. Според американскиот весник, во јануари, во атмосфера на продлабочување на недовербата меѓу Брисел и Вашингтон, Макрон оценил дека ...
Британскиот министер за одбрана, Ден Џарвис, го посети Исланд во услови на „растечки руски закани“, додека НАТО за прв пат спроведува операции за воздушна одбрана од европски носач на авиони. Џарвис ги посети британските сили на бродот „Prince of Wales“ на Кралската морнарица. Бродот е распореден во близина на Исланд под команда на НАТО, а авионите Ф-35 за прв пат спроведуваат операции за воздушна одбрана од носачот. Министерството за одбрана ...
Шумски пожари беснеат низ јужна Европа, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат од своите домови и поттикнувајќи ги службениците да им забранат на гледачите пристап до етапата од познатата велосипедска трка Тур де Франс. Стотици пожарникари се борат со пожарите што уништија повеќе од 19.000 хектари земја низ Португалија, Шпанија, Франција и Грција. Температурите повторно се зголемуваат, а се предвидува дека ќе достигнат 40 степени ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска ги продолжува своите редовни работни активности и обврски. – И во периодот на неговото отсуство, Општина Карпош функционираше организирано, професионално и непречено, согласно воспоставените процедури, надлежности и редовната динамика на општинската администрација. Тековните проекти, услугите кон граѓаните и секојдневните активности на општинските служби се реализираа ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги ...
Вчера (05.07.2026), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во содејство со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, реализираа координирани акциски контроли кон пловните објекти во водите на Охридското Езеро. Мерките беа преземени согласно одредбите од Законот за внатрешна пловидба, при што е извршена контрола на вкупно 63 ...
Делегацијата на Собранието во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Никола Мицевски и Бобан Карапејовски, членови на Делегацијата, учествува на 33. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од 4 до 8 јули 2026 година во Хаг, Холандија. Главна тема за дискусија на Годишната сесија, на која учествуваат повеќе од 250 парламентарци од земјите учеснички во ОБСЕ, е: „Меѓународното право и заедничките ...
На 05.07.2026 година во 13:20 часот во Тетово, на улица „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16 годишен малолетник од Тетово, поради сомневање за претходно пријавени кривични дела „Кражби“ и ,,Тешки кражби“ извршени во текот на изминатиот месец во црквата во с.Брвеница и во неколку џамии во градското тетовско подрачје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 05.07.2026 година ...
На 04.07.2026 во 15:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода лице (21) од Скопје. Истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријави дека на 03.07.2026 на подрачјето на Шуто Оризари, приведениот се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка, а пред шест месеци, пријавениот извршил обљуба врз малолетничката, а негов пријател снимал со мобилен телефон. По целосно документирање на случајот, ќе ...
На 04.07.2026 полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес во објект на С.Б. (63) во с. Здуње, гостиварско. При претресот, во дворот е пронајдена кеса со околу 116 грама хашиш. С.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на ...
На 04.07.2026, во периодот од 17:00 до 23:00 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведоа акциска контрола на подрачјето на Штип, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 55 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 11 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Гостивар и по едно лице во Тетово, Кичево и Прилеп). Под дејство на алкохол возеле шест лица (по едно во Скопје, Кочани, Пробиштип, Велес, Радовиш и тетовско), а едно лице во Кочани возело иако имало активна забрана ...
На 04.07.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, починал М.Ц.(24) од Скопје, кој, според пријавеното, имал здравствени проблеми. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. На 04.07.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје е пријавено дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека е сè помалку оптимист дека ќе се постигне договор за Изборниот законик. Изјавата следува по средбата во Собранието и продолжените несогласувања меѓу партиите. Според објавените информации, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да прифати една изборна единица и зголемување на средствата за помалите партии, доколку се постигне поширок договор за новите изборни правила. Главниот спор и натаму е поврзан со ...
Сончево време со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утрото ќе биде свежо во поголем дел од земјата. Минималните температури ќе се движат од околу 8 до 19 степени. Најсвежо ќе биде во источните и западните предели, каде се очекуваат утрински температури од 8 до 9 степени. Во југозападниот дел утрото ќе биде ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски при посетатата на Кавадарци: „Добар ден и од мене. Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. Би сакал само да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот за посветената работа, на советниците од советот коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Кавадарци, се разбира тука се и пратениците коишто доаѓаат од ...
На 04.07.2026 во 22:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека маж(49) од Охрид, починал во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Тој, според пријавеното, претходно бил донесен со тешки телесни повреди, со кои се здобил при пад од кров на куќа, која ја градел на сопствена парцела лоцирана во близина на стариот пат Охрид-Струга. Полициски службеници извршија увид на местото на настанот. На 04.07.2026 во 22:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека ...
На 04.07.2026 во СВР Велес, полициски службеници, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес, извршија службен разговор со 15-годишник, кој истиот ден на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес го одзел возилото „опел“ со велешки регистарски ознаки“, сопственост на О.Т.(63) од Велес и со возилото удрил во бетонски ѕид, по што го напуштил местото на настанот. Набргу, малолетникот бил пронајден и спроведен во ...
Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци. Сите патни правци во државата се ...
Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за учебната 2026/2027 година. Со оваа одлука, по пауза од 26 години, повторно се враќа средното полициско образование во земјата. Новата генерација ќе се школува под мотото „Облечи ја униформата со гордост!“, а наставата ќе се реализира во рамки на Полициската академија во Идризово, каде учениците ќе ...
Гужвите на граничните премини кон Грција го достигнуваат својот врв овој викенд, а најкритичната ситуација во е на главниот премин Евзони, каде што колоната возила буквално се спојува со македонската страна од границата. Според последните информации, кои ги споделуваат туристите на социјалните мрежи, чекањето за влез во Грција преку Евзони во моментов е околу еден час и 40 минути. Ситуацијата не е подобра ни на алтернативниот премин Дојран, ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Утринските температури ќе бидат релативно свежи и ќе се движат од околу 8 до 20 степени. Најсвежо ќе биде во западните, североисточните и источните делови, каде минималните температури ќе се спуштат до околу 8 степени. Во јужните и југоисточните предели утрото ќе биде потопло, со температури до околу 20 ...
На 04.07.2026 околу 00:10 часот во ОВР Кратово е пријавено дека на магистралниот пат А-2, кај село Страцин, кратовско, патничко возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28) од Крива Паланка, излетало од патот и удрило во бетонски заштитен sид. При тоа, на местото на настанот починал Н.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на Институтот ...
На 03.07.2026 околу 20:00 часот во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К. (66) од Неготино. На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР Неготино, Ѓ.К.(42) од Неготино пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К.(66) од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара дел од опремата за риболов пронашол во реката. Веднаш ...
ТППЕ Штип во период од 17:35 до 20:10 часот, имала интервенција на запалена борова шума и сува трева на потегот од филтер станицата кај населбата Баби до м.в. Мирјанина Црква во Штип. Во гаснењето на пожарот учествувале 12 пожарникари со 5 ПП возила, 20 доброволци од ДПД-Штип со 4 теренски возила и 2 квадрицикли, 20 луѓе од месното население, 2 трактора, 2 скип машини и подршка од 2 авиона „Ер трактори“ на ДЗС. Пожарот е локализиран и на ...
Во текот на изминатото деноноќие, заклучно со 07:30 часот утринава, на територијата на државата биле евидентирани вкупно 17 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, 16 од пожарите се целосно изгаснати, додека активен останува само еден. Станува збор за пожар во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што гори борова шума и ниска вегетација. Надлежните служби ја ...
Во акциска контрола спроведена на 4 јули од 17:00 до 23:00 часот на подрачјето на Штип, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи изрекоа вкупно 55 санкции за прекршоци и кривични дела. Контролата била насочена кон возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитувале сообраќајните правила. Од вкупниот број санкции, најголем дел – 35, се однесуваат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е „смешно“ САД да го продолжуваат, како што изјави, едностраниот однос со НАТО и повтори дека Алијансата не била тука кога на Вашингтон му била потребна помош. „Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа тука за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, помалку од една недела пред самитот на трансатлантската алијанса во ...