Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Со јавни и државнички почести денеска му беше оддадена последна почит на поранешниот албански премиер и историски лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, кој ќе почива на гробиштата Шара, во Тирана. Глем број граѓани, албанскиот државен врв, претставници на политичкиот живот, поглаварите на верските заедници, делегации од соседните земји, меѓу кои и на ДУИ, предводена од лидерот Али Ахмети, од Косово, предводена од Албин Курти, почит ...
Излезеноста до 15:00 часот во Општина Ранковце изнесува високи 44,64 отсто, а изборниот процес тече мирно и се одвива непречено, информира претседателот на општинската изборна комисија Ранковце, Орце Тодоровски. По пресекот направен од страна на ОИК и обработените податоци од вкупно 13 избирачки места, до 15 часот своето право на глас го искористиле 1.303 граѓани од вкупно 2921 запишани во единствениот избирачки список. На овие локални ...
Во вториот круг од локалните избори за градоначалници во тетовскиот регион се гласа во општините Брвеница, Боговиње и Тетово. До 15 часот во Општина Брвеница, од 16.150 граѓани гласале 6.592 граѓани или 40,83 проценти од вкупниот број избирачи. Во Општина Тетово излезноста е 31,03 проценти или гласале 27.243 гласачи од 87.878. Најмала излезност има во општина Боговиње каде до 15 часот од вкупно 29.088 граѓани со право на глас, гласале 26,49 ...
Мирно и без проблеми се одвива гласањето вo Општина Пробиштип. Според претседателот на Општинската изборна комисија, Јорданчо Димитриев, не се пристигнати претставки за какви било нарушувања на изборниот процес. Во текот на денот најголема излезеност бележи Пробиштип со 61,25 отсто од вкупниот број избирачи до 17 часот или во петтиот пресек на одѕивот на гласање излегле пет проценти повеќе гласачи од првиот изборен круг. Во источна Македонија ...
До 17 часот излезеноста во Скопје е 28,52 проценти, а во сите општини низ државава каде што се гласа во вториот круг од локалните избори процентот на избирачи што излегле на гласање е 39,28, соопшти на прес-конференција Радица Тодоровска Алексовска, портпаролка на ДИК. Најголем одѕив на гласање има во Конче (64,44), а најмал во Сарај 8,77 проценти. Во Скопје до 17 часот излегле 28,52 проценти односно 134.586 избирачи врз основа на 99,56 ...
Ќе испадне меко и сочно, наместо жилаво. Потребно е: 1 кг пилешки џигер 1 голем кромид 500 мл доматен сос 100 мл бело вино 100 г брашно 3 чешниња лук 1 ловоров лист 1 лажичка мешавина од зачини 1 лажичка сол Подготовка: Извалкајте го пилешкиот дроб во брашно и испржете го во малку масло. Извадете го на чинија и во истото масло испржете го сечканиот лук и кромид. Вратете го пилешкото дропче, додадете малку вода и бело вино. Зачинете, покријте ...
Секторот за внатрешни работи Куманово денеска информираше дека на подрачјето на секторот кој покрива шест општини од североистокот не се регистрирани прекршоци за нарушување на предизборниот молк и досега процесот поминува без нарушувања на јавниот ред и мир. – Ве известуваме дека на подрачјето на СВР Куманово не се регистрирани прекршоци за нарушување на предизборниот молк и до сега изборниот процес поминува мирно без никакви нарушувања на ...
Новиот музеј, опишан како најголемата археолошка установа посветена на една цивилизација, содржи околу 100.000 артефакти што го опфаќаат египетското наследство од преддинастичкиот период до грчко-римската ера. Главна атракција на музејот е комплетната содржина на гробницата на момчето-крал Тутанкамон, која за првпат е изложена во целост од нејзиното откривање во 1922 година од британскиот археолог Хауард Картер. Посетителите можат да ги видат ...
Папата Лав Четиринаесетти повика на итен прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори во Судан, велејќи дека со „длабока тага“ ги следи извештаите за тешки манифестации на насилство во градот Фашир, во суданскиот регион Дарфур. „Неселективното насилство врз жените и децата, нападите врз беспомошните цивили и пречките за хуманитарните мисии предизвикуваат неприфатливо страдање“, рече папата во својата неделна молитва во Ватикан. Тој ја ...
Во првите 10 месеци од оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на лица кои бараат азил во Германија, со поднесени 97.277 барања во споредба со 199.947 во истиот период минатата година, покажуваат податоците на германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА. „Функционира нашиот нов пристап во миграцискиот процес. Значително го намаливме факторот на привлекување и магнетниот ефект“, изјави министерот за внатрешни работи ...
Судбината на рускиот енергетски гигант „Лукоил“ и неговото работење во Македонија би можела да се реши за околу три недели, кога истекува лиценцата што компанијата ја има од американското Министерство за финансии. Компанијата има рок до 21 ноември да ја финализира зделката со швајцарскиот трговец со енергенси „Гунвор“, преку која се очекува продажба на нејзините странски средства за да се избегнат санкциите на САД. Во моментот „Лукоил ...
На поранешниот војвода од Јорк, Ендрју, ќе му биде одземена почесната поморска титула вицеадмирал, една недела откако му беше одземена титулата принц, објави денеска британскиот министер за одбрана Џон Хили. Овој потег доаѓа во време кога кралот Чарлс се обидува да го заврши скандалот околу врската на неговиот брат со осудениот сексуален предатор Џефри Епштајн, објави „Гардијан“. Титулата вицеадмирал му беше доделена на Ендрју во 2015 година ...
Три жртви – двајца мажи и една жена – биле пронајдени мртви во саботата, додека телата на уште две исчезнати лица, еден маж и неговата 17-годишна ќерка, биле пронајдени утрово. – Лавината ги однесе во долниот дел од клисурата каде што се случи несреќата. Спасувачите сега се враќаат во долината поради влошување на временските услови на голема надморска височина – изјави портпаролот на планинската спасувачка служба, Федерико Катанија. Несреќата ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на почетокот на неделниот состанок на израелската Влада изјави дека ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа, едното во Рафа и другото во Кан Јунис. „Тие ќе бидат елиминирани“, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека обидите на Хамас да ги измами Израел, САД и светот не биле успешни, објави „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху, исто така, нагласи дека заштитата на израелските сили во ...
Мајка на 16-годишно момче кое загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани, почна денеска штрајк со глад пред Собранието на Србија. Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, еден од жртвите изјави дека „останува во штрајк со глад и нејзините бањара се јасни“ „Сите одговорни за падот на бетонската настрешница мора да бидат гонети и сослушани. Обвинителството и полицијата треба да си ја работат својата работа, а ...
Државната изборна комисија денеска во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас, при што во двата случаи утврди дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право и донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и на Кодексот за набљудување. Едниот приговор беше поднесен од лицето ...
Полициски службеници од СВР Битола синоќа пред полноќ во битолското село Црнеец од слобода лишиле девет лица од Македонија и Косово кои организирале нелегални борби со кучиња. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. Четворица се од Косово – на возраст од 49, 43, 48 и 53 години, четворица од Битола, на возраст од 51, 41, 43 и 43 години, и еден 59-годишник од Штип. Од секторот за односи со јавност при СВР Битола за МИА ...
На 01.11.2025 во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55) од село Сретеново. Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде подоцна починал. По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото на ...
Украинските воздушно-одбранбени сили соборија 67 од вкупно 79 руски дронови, соопштија украинските воздухопловни сили, цитирани од Укринформ. Од вчера во 19 часот, руските сили ја нападнаа Украина со две балистички ракети „Искандер-М“, 50 дронови „Шахед“, а останатите беа идентификувани како „Гербера“ и други видови дронови. Воздушниот напад беше одбиен со координирани акции на украинските воздухопловни сили, противвоздушните ракетни сили, ...
Двете лица уапсени во врска со нападот со нож врз возот се родени во Велика Британија, соопшти Британската полиција, цитирана од ДПА. Тие се на возраст од 32 и 35 години. Тие беа приведени откако возот од Донкастер до лондонската станица „Кингс Корс“ беше запрен на станицата Хантингдон. Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од терористички побуди. Две лица остануваат во опасност по нивните животи по крвопролевањето во брзиот воз. Во ...
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од ...
Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува 9, 21 проценти согласно податоците добиени од 1276 избирачки места или 92, 94 проценти. Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти, а податоци се добиени од 611 избирачки места или 89,20 проценти. Денеска се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а се ...
Оние што сакаат да имаат деца мора да водат сметка за начинот на живот уште пред зачнувањето на плодот, затоа што тој животен стил може да има последици врз здравјето на нивното идно дете, предупредуваат лекари од белгискиот Универзитет Хаселт. – Идеално, промената на начинот на животот треба да започне една година пред зачнувањето, наведуваат лекарите Чахинда Госејн, Севда Еџе Кизилкилиќ и Пол Дендејл во статија во медицинското списание ...
Пет германски планинари го загубија животот во лавина во Јужен Тирол, во северна Италија, соопштија денеска спасувачите. Телата на три жртви се пронајдени вчера, а уште двајца, кои беа исчезнати, се пронадени денеска. Сите планинари се германски државјани и беа погодени од лавина вчера околу 16 часот на планината Ортлер, каде што се наоѓа највисокиот врв на Јужен Тирол, на 3.905 метри. Спасувачите тврдат дека планинарите планинареле во три ...
Масовниот напад со нож во воз во Велика Британија, во кој девет лица се здобија со повреди и се во животозагрозувачка состојба, е „изолиран напад“, изјави денеска британскиот министер за одбрана Џон Хили. Се верува дека маж со голем нож бил совладан од полицијата со употреба на електрошокери откако синоќа извршил крвав поход во брз воз кратко по напуштањето на станицата Питерборо во Кембриџшир. Британската транспортна полиција соопшти дека ...
За најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа беше наградена Атина на Светските туристички награди (World travel awards 2025), а атинскиот градоначалник Харис Дукас посочи дека тоа е резултат на „колективните напори“. Како што информираа од општина Атина, во категоријата за најдобра европска културна дестинација, грчката метропола беше избрана меѓу градови како Париз, Лондон, Прага, Рим, ...
Можно е брзо да се договори средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, но за тоа во моментов нема потреба, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Хипотетички кажано, тоа е можно, но во моментов нема потреба од тоа“, рече Песков и оцени дека сега е потребна напорна работа за украинското решение. Претседателите на Русија и САД се согласија да се сретнат во Будимпешта и да започнат подготовки за состанок по ...
За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани. Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека воведува програма за бесплатно патување со воз и ограничување на цените на енергијата за да им помогне на граѓаните да се соочат со зимата. – Три илјади километри, за секој да може да избере бесплатни железнички линии во Украина – Лвов-Киев, Киев-Днепар и која било друга релација, рече Зеленски во видео порака, додавајќи дека деталите за програмата сè уште се разработуваат. Тој рече дека ...
Двајца мажи се упсени синоќа откако голем број патници беа избодени во воз за Хантингдон, источна Англија, соопшти британската полиција. Претходно полицијата соопшти дека десет лица се во болница, од кои девет со повреди опасни по живот. Според ДПА, сведок им покажал на полицајците човек со голем нож по масовното крвопролевање. Полицијата во Кембриџшир соопшти дека испратила полицајци во 19:39 часот по локално време (21:39 часот по бугарско ...