Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа висока функција, и дека само Берлин може да одлучи за негово отстранување, јави денеска сараевскиот портал „Истрага“ (Istraga.ba), повикувајќи се на неколку неименувани дипломатски извори. Во текстот се наведува дека ова се случувало во ...

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека денешното гласање на болни и изнемоштени лица и затвореници се одвива непречено, без пријавени потешкотии, проблеми или поплаки. -Се спроведува гласањето, навреме е започанто, немаме никаков проблем ниту со изборен материјал и изборни органи, немаме никакви забелешка, приговор, поплака или други информации. Надлежни овластени лица претпладнево беа на терен на одредени општински изборни комисии, ...

Малолетен гостиварец утрово завршил во болница каде му била пружена медицинска помош откако било пријавено дека е затруен по конзумирање алкохол во угостителски убјект, информираат од СВР Тетово. – На 01.11.2025 во 02:45 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив е донесен малолетник затруен од консумирање на алхохол. Веднаш е постапено по пријавата и констатирано е дека се работи за 16- годишник од ...

Со 16-минутна тишина денеска во Нови Сад во 11 часот и 52 минути беше оддадена почит за 16- луѓе загинати во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани. Кон градот се уште се движат колони граѓани од кои сакаат да присуствуваат на денешниот комеморативен собир по повод година дена од трагедијата во која меѓу загинатите беше и македонски државјанин. Палат свеќи, оставаат цвеќе на оградата на железничката станица. ...

За најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа беше наградена Атина на Светските туристички награди (World travel awards 2025), а атинскиот градоначалник Харис Дукас посочи дека тоа е резултат на „колективните напори“, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од општина Атина, во категоријата за најдобра европска културна дестинација, грчката метропола беше избрана меѓу градови како ...

За вториот круг на локалните избори акредитирани 1598 набљудувачи од кои 933 домашни, 651 меѓународен и 14 странски новинари, соопшти на седница во петокот Државната изборна комисија. Најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје – 685. Пред првиот круг на изборите за набљудување беа акредитирани и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, Интерактив Битола ...

– Премиер лигата соопшти дека експанзијата на европските клупски натпреварувања довело до намалување на бројот на натпревари на традиционалниот „Боксинг деј“ (26 декември). Оваа година, само еден натпревар ќе се игра денот по католички Божиќ, кога Манчестер Јунајтед ќе го пречека против Њукасл, додека минатата година имаше осум натпревари на тој ден. Премиер лигата во петокот објави дека проширувањето на европските натпреварувања како Лигата ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање, зборуваше за новите санкции против Русија и ситуацијата на бојното поле, особено во стратешки важниот град Покровск. Тој претходно тврдеше дека Русија распоредила 170.000 војници во источноукраинскиот регион Донецк за да го освои тоа важно упориште. Во исто време, украински воен извор објави видео кое наводно го прикажува отпорот на украинските сили во Покровск, додека ...

Европските демократи објавија дека се со милионите студенти кои денеска ќе излезат на улица за да ги постават прашањата „од кои се плаши системот“, имено кој дозволи пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и кој ќе биде одговорен за тоа. „Точно пред една година во 11:52 часот, небото се урна врз железничката станица во Нови Сад, шеснаесет животи беа закопани под тони бетон, а зад нив ѕид од тишина“, напишаа Европските ...

Гласањето за болни и немоќни лица, притворени и затворени лица, како и за граѓани сместени во установи за вонсемејна грижа, се одвива непречено во сите општини каде утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, вклучително и во Градот Скопје, информира Државната изборна комисија (ДИК). – Гласањeто денес започна во 7 часот утринава и истото се одвива непречано во сите општини и Градот Скопје, стои во соопштението од ДИК. Според нивните ...

ОВР Неготино, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(67) од овој град, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г став 2 во врска со став 1 од КЗ, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Тој на 20 октомври преку личен профил и профил кој го управува на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил ...

Концертот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, кој се одржа вчеравечер во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, заврши со инцидент што ја вознемири публиката. Според видеото кое се шири на социјалните мрежи, за време на настапот пејачката во еден момент подигнала бугарско знаме, потег кој веднаш предизвика бурни реакции меѓу присутните. Дел од публиката почна да ја исвиркува, додека други решиле да го напуштат просторот во знак на протест. ...

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од објекти на јавни инсталации кои се од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот согласно член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, како што се наведува во соопштението, заедно и со други лица кои се уште не се идентификувани, во ...

Белата куќа синоќа објави ново правило со кое се ограничува можноста на акредитираните новинари да имаат слободен пристап до канцеларијата на портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит и други високи службеници за комуникации во Западното крило, во близина на Овалната соба. Во меморандум објавен доцна синоќа се вели дека на новинарите ќе им биде забрането да влегуваат во просторијата без претходно закажување, наведувајќи ја потребата од ...

Во српскиот град Нови Сад голем број луѓе од целата држава ќе одржат денеска комеморативен собир со цел – оддавање почит на првата годишнина од загинувањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. На државно ниво денеска Ден на жалост. Пред една година – на денешен ден во Нови Сад – загинаа 16 луѓе, а едно девојче беше тешко повредено кога се урна бетонска настрешница на реновирана железничка ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека економиите на Азиско-пацифичкиот регион треба дополнително да ја промовираат корисната соработка, да ги искористат новите можности за развој, да одговорат на глобалните предизвици и заеднички да изградат одржлива иднина. Зборувајќи на друга сесија од 32-от состанок на економските лидери на АПЕК, насловен „Заедничко создавање одржливост и посветла иднина“, тој инсистираше дека светот денес ...

Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, денеска по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад напиша дека „таа трагедија ја менува Србија“. „Пред една година, железничката станица во Нови Сад се урна и одзеде 16 животи. Денеска се сеќаваме на нив“, напиша Марта Кос на мрежата X. „Таа трагедија ја менува Србија“, напиша Кос. Како што изјави таа, таа трагедија „ги поттикна масите да се залагаат ...

Од денеска до 15 ноември ќе трае аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година. Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат по конкурсот за четири категории стипендиии. Првпат оваа година Министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за редовни студенти запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето е ...

Времето денеска претпладне ќе биде магливо во одделни котлини, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има слаба маглa, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен ...

Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска вообичаено први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови. Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска ...

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови во годината – задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, ...

Од полноќ започна изборниот молк, кој ќе трае до 19:00 часот на 2 ноември 2025 година, информира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Според Агенцијата за време на молкот медиумите можат да продолжат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смеат да емитуваат какви било облици на изборно медиумско претставување. – При известувањето во деновите на изборниот молк ќе се смета дека медиумите го прекршиле ...

Поради верскиот празник Митровденска задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска и утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Со почеток од 6:00 часот денеска сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и ...

Ел Класико“ заврши со победа на Реал Мадрид од 2:1 против Барселона. Но, дербито доби една сосема друга димензија откако во 71.минута тренерот на „кралскиот клуб“ Чаби Алонсо од игра го извади Бразилецот Винисиус Жуниор. Тој жестоко реагираше замина во соблекувалната и дури потоа се врати на клупата за резерви. Винисиус се извини на соиграчите, а Алонсо изјави дека тоа ќе биде решено во внатре во тимот. Француски медиум пренесува дека ПСЖ во ...

По 20 години градење и повеќе од една деценија подоцна од првично планираното, Големиот египетски музеј во Гиза (Grand Egyptian Museum), вреден речиси 900 милиони евра, ќе има официјално отворање утре, и тоа во близина на пирамидите. На свеченоста ќе присуствуваат претседателот на Египет, Абдел Фатах ел-Сиси и други светски лидери. Музејот, најавуван како најголемата археолошка знаменитост во светот, и посветен на едно од најзначајните ...

Според астролошките прогнози, двата хороскопски знака, Бик и Лав, наскоро би можеле да доживеат период на изобилство и да го остварат животот од своите соништа. Ѕвездите подготвуваат исклучителни можности за финансиски успех, препознавање и исполнување на долгогодишни желби. Секој нивен чекор би можел да се претвори во злато, додека планетарните влијанија создаваат идеални околности за материјален напредок и паричен тек за кои досега само ...

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на Одделот за криминалистичка полиција на Србија денеска приведоа две лица поради постоење основи на сомнение дека планирале и координирале со најмалку уште едно непознато лице дејствија што создаваат услови за итно извршување на кривичното дело – Напад врз уставниот поредок. Кривичната пријава ги товари осомничените за кривично дело Подготовка на кривично дело против уставниот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа. – Ќе спроведеме тестови, да, другите земји го прават тоа. Ако го сторат тоа, и ние ќе го направиме истото, истакна Трамп, без да наведе повеќе детали. Тој не одговори и за каков вид на нуклеарни проби станува збор. Нема да кажам. Знам очно што правиме и каде го правиме тоа, но другите земји го прават ...

Парламентот на Бугарија денеска го усвои предлогот со кој привремено се ограничува извозот на нафтени деривати (дизел и керозин) во други земји-членки на ЕУ, со цел да гарантира енергетска безбедност на земјата, по американските санкции за руските компании. Авторите на предлогот ја наведоа „потребата да се гарантира енергетската безбедност на земјата и стабилноста на домашниот пазар на гориво поради санкциите на САД за руските енергетски ...

Наместо да се преполнуваат гробиштата со храна, да се нахрани некој што навистина е гладен. Со овој јасен и емотивен апел, протојерејот Добрица Јанев ги повикува верниците да ја преиспитаат долгогодишната навика на раздавање по гробиштата. Тој вели дека храната таму не им користи ниту на покојните, ниту на живите, напротив создава неред. Подоцна се собираат кучиња, кои храната ја газат, јадат и ги поганат гробиштата. Наместо торби и јадења, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
71%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
4.12
62%
1018
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
57%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
58%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.08
94%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
77%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
74%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
81%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
58%
1015
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
71%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
55%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Платина

60154.05

Алуминиум

3.18

Кобалт

66.14

Бакар

10.68

Злато

166450.52

Паладиум

45911.27

Рутениум

56199.51

Цинк

3.07

Родиум

350443.14

Калај

43.90

Иридиум

258288.78

Сребро

2840.84