Дваесет и три лица го загубија животот синоќа во пожар во северозападниот дел на Мексико, објави ДПА, повикувајќи се на гувернерот на државата Сонора, Алфонсо Дуразо. Меѓу загинатите има и деца. Пожарот избувнал во објект каде се продаваат производи „за еден долар“ од синџирот „Валдо“ во градот Хермосиљо, во државата Сонора, соопштија светските агенции. Единаесет лица се хоспитализирани со изгореници. Во видео порака, Дуразо објави дека ...

Најголемиот градски парк во Турција официјално е отворен денеска во Истанбул на официјална церемонија на која присуствуваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавија турските медиуми. Новиот парк, кој се наоѓа на територијата на поранешниот аеродром „Ататурк“ во европскиот дел на Истанбул, има 1,2 милиони квадратни метри зелена површина, каде се засадени над 20.000 дрвја. Заедно со големи зелени површини, на територијата на комплексот ...

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска од од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со ...

Во Берово минималната утринска температура изнесувала -1, во Струмица 2, Тетово и Демир Капија 3, Скопје–Петровец, Крива Паланка, Битола и Гевгелија Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Маврови Анови и Лазарополе 5. Шест степени во Скопје–Зајчев Рид и Куманово, 7 во Охрид, Претор и Попова Шапка, 8 во Виница и Крушево. Изутринава по одделни котлини има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. ...

Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. На ниво на Град Скопје одѕивот за избр на градоначалник е 2,46 отсто. – Гласачките места се навреме и уредно отворени, гласањето тече во најдобар ред. Постапката се одвива уредно, немаме никаков проблем досега со изборниот материјал ниту со постапувањето на ...

Во 32 општини и во Градот Скопје денеска се гласа за градоначалници, а на три избирачки места во Шуто Оризари се повторува гласањето и за советници. Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови. Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од ...

Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. – Гласачките места се навреме и уредно отворени, гласањето тече во најдобар ред. Постапката се одвива уредно, немаме никаков проблем досега со изборниот материјал ниту со постапувањето на избирачките одбори, рече Кондарко на прес-конференција. На ниво на ...

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг. Градоначалници, во втор круг на Локалните избори 2025 денеска избираат граѓаните на Аеродром, Карпош, Центар, Шуто Оризари и на Градот Скопје. Шест скопски општини избраа градоначалници во првиот круг, од кои тројца добија втор мандат, и тоа акутелните градоначалници на Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров. Во втор круг, во трката за градоначалник на ...

Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може ...

Во вториот круг од осмите локални избори денеска ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари. Во вториот изборен круг за градоначалник се гласа во главниот град и во Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, ...

Времето денеска претпладне ќе биде магливо во некои котлини, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има слаба маглa, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен ...

Во 2024 година регистрирани се 503 тенденциозни кампањи за влијание насочени против ЕУ, што претставува значителен раст на бројот на ваквите активности и укажува на зголемено ниво на странско мешање, се наведува во извештај на Унијата за дезинформациските кампањи од странство. – Овие често се државно спонзорирани кампањи и имаат за цел да ги поткопаат демократските процеси преку ширење дезинформации, вознемирување на општеството и ...

Во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА потврдија дека сите избирачки места се отворени. Се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 013 375 гласачи, меѓу кои и 474 304 избирачи во Градот Скопје. Вчера, на ден пред изборите, гласаа затворениците, ...

Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше денеска нема да има гласање. Причината е недоволниот одзив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025. Според Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните ...

За вториот круг на локалните избори акредитирани се 1622 набљудувачи од кои 957 домашни и 651 меѓународни и 14 странски новинари, соопшти Државната изборна комисија. Според податоците од веб – страната на ДИК, најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје – 685. Пред првиот круг на изборите за набљудување беа акредитирани и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина ...

Утре 2 ноември 2025 година ѕвездите носат важни предизвици и можности за секој хороскопски знак. Еве што треба да знаете за да го извлечете максималното од денот: Овен Утре ќе почувствувате нов замав во енергијата — идеален момент да ги активирате своите цели. Очекувајте брза реакција од другите, но внимавајте на ваша реч: будете јасни и директни, без да предизвикувате конфликт. Во љубовта — искрен разговор може да доведе до продлабочување на ...

Испораките на оружје во Украина очигледно не придонесуваат за решавање на конфликтот или за исполнување на предизборните ветувања на сегашното американско раководство, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Очигледно е дека сегашната ситуација и претходните години докажаа дека милитаризацијата и испораката на оружје, особено на терористички режим, нема да донесат никакво решение за ...

Поранешниот американски претседател Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите кои се кандидираат за гувернер во Вирџинија и Њу Џерси и ќе се обиде да ги мотивира гласачите пред изборите што би можеле да го покажат националното расположение десет месеци по почетокот на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп, објавува денеска американските медиуми. Како што е најавено, Обама, демократ кој беше наследен од Трамп кога ...

Една 38-годишна жена е приведена и денеска е обвинета за „учество“, а друг маж е ослободен без обвинение во истрагата за грабежот во музејот Лувр во Париз, што го привлече светското внимание. Жената била уапсена во средата во парискиот регион заедно со уште четворица осомничени, а обвинета за учество во организирана кражба и заговор за извршување кривично дело и е ставена во притвор, што го побара канцеларијата на парискиот обвинител. Вториот ...

Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, до 20:00 часот гласале 3.327 гласачи, информира Државната изборна комисија (ДИК). -Во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на глас можат да го остварат 1.256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 588 гласачи. Од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа до 18:30 ...

Мирно и без какви било инциденти помина денешниот комеморативен собир во Нови Сад на годишнината од загинувањето на 16 луѓе по пад на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад. На собирот беа илјадници луѓе од цела Србија. Во текот на целиот ден, во сите протестни зони во Нови Сад владееше тишина, без слогани. Студнентите во блокада по 16-минутната тишина и вечерва објавија дека комеморативниот собир е завршен и упатија порака ...

Државјаните на Азербејџан Ј.М. (45) и Е.М. (33) се уапсени за учество во инцидентот на 26 октомври кај населбата Забјело, во Подгорица, кога беше ранет црногорскиот државјанин М.Ј., што доведе до зголемено насилство врз турските државјани и воведување визи за турските државјани. Полицијата, која претходно уапси погрешни лица, сега тврди дека двајцата Азербејџанци се обиделе да ја напуштат Црна Гора и биле уапсени на граничниот премин Божај. ...

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација загуби вечерва во Куманово од Јапонија со 31-32 (17-16) во вториот контролен натпревар што двете селекции го одиграа во рамки на ЕХФ неделата. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров заминаа на полувреме со гол предност, но во продолжението им дозволија на јапонските ракометари да го преземат водството и во 45 минута да поведат со највисоки 28-25. Јапонија ја зачува предноста во неизвесна ...

Делегацијата на ЕУ во Србија објави соопштение во кое изразува најдлабоко сочувство и искрена солидарност со семејствата и најблиските на 16 лица кои ги загубија животите при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Соопштението го потпишаа и амбасадите на сите членки на ЕУ во Србија, освен Унгарија. Европската унија продолжува внимателно да ја следи моменталната политичка ситуација во Србија, според соопштението ...

Бугарија ја разгледува можноста да побара изземање од новите американски санкции против „Лукоил“, најголемата приватна нафтена компанија во Русија, бидејќи се плаши дека мерките ќе предизвикаат голем недостиг на гориво низ целата земја и протести што би можеле да доведат на власт проруски политичари, објави денеска Политико, повикувајќи се на два извори. Изворите наведуваат дека бугарската Влада побарала од Вашингтон објаснување како може да ...

Гласањeто започна во 7 часот утринава и се одвива непречано во сите општини и Градот Скопје. Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, до 16:00 часот гласале 2762 гласачи, информира Државната изборна комисија (ДИК). -Во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на глас можат да го остварат 1256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 16:00 ...

Европската фудбалска федерација (УЕФА) се соочува со потенцијална тужба од компанија од Чиле за новодна повреда на авторските права поврзани со новиот концепт на Лигата на шампиони. Елитното европско клупско натпреварување од минагата сезона се игра во нов формат кој се покажа како многу успешен, но сега раководството на УЕФА се соочува со потенцијална тужба за повреда на авторски права. Според светските медиуми, чилеанската компанија ...

Несреќата во Нови Сад стана симбол не само за колапсот на државата, туку и за целиот политички систем што многумина во Србија го сметаат за корумпиран, арогантен и како систем што ги презира луѓето, пишува денеска на својата веб-страница германската јавна телевизиска станица ЗДФ (ZDF). Протестите што започнаа по трагичното уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад траат веќе една година и добија сосема нова динамика бидејќи ...

Српската полиција влезе во Военомедицинската академија во Белград со цел да го пронајде лицето кое требало да му обезбеди на активистот и советник од Нови Сад, Миша Бачулов, отров што би предизвикал симптоми на труење, но не би го загрозил неговото здравје, јави Радио телевизија на Србија. Според РТС припадници на Управата за криминалистичка полиција, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, влегле во просториите на Одделот за ...

Мајка на 16-годишно момче кое загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица лани во Нови Сад објави дека почнува штрајк со глад. Дијана Хрка, во обраќањето до собраните на комеморативниот собир во Нови Сад, објави дека ќе штрајкува со глад. „Тргнувам во оваа борба сама. Морам да знам кој го уби моето дете, кој уби 16 луѓе. Некој мора да одговара за ова. Ќе штрајкувам со глад пред Собранието, спроти Ќациленд“, рече таа. ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
71%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
4.12
62%
1018
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
57%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
58%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.08
94%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
77%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
74%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
81%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
58%
1015
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
71%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
55%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Сребро

2840.84

Родиум

350443.14

Паладиум

45911.27

Калај

43.90

Иридиум

258288.78

Кобалт

66.14

Бакар

10.68

Рутениум

56199.51

Платина

60154.05

Злато

166450.52

Алуминиум

3.18

Цинк

3.07