Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Првиот сведок, вработен како доктор на Онкологија и член на Управниот одбор на Клиниката, од 2017 до 2023 година, рече дека на ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција , порача дека кандидатите за градоначалници на СДСМ кој влегуваат во вториот круг од локалните избори се чесни, посветени и покажаа што значи да се има директен контакт со луѓето и да се води фер кампања. „Покажаа што значи искрена борба, чесна борба, покажаа што значи директен контакт со граѓаните, покажаа што значи да се направат ...

Со денешниот ден завршува изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19:00 часот на 2 ноември 2025 година. За време на молкот медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смее да се емитува ниту еден од облиците на изборно медиумско претставување, се наведува во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната завршна прес-конференција пред изборниот молк во вториот круг од локалните избори, испрати силна порака до граѓаните дека неделното гласање е најсилниот начин за промена и отпор кон арогантната и неспособна власт. „Сметам дека треба да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура, кој беше јасно видлив уште во првиот круг од изборите. ВМРО-ДПМНЕ изгуби повеќе од ...

Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на одржувањето на вториот круг од Локалните избори – 2 ноември во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцелари на народниот ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека во општините каде што СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг, нема да има калкулации, членовите да гласаат според сопственото убедување и за вредности кои се блиски до социјалдемократијата. „Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, ...

Условна казна затвор од две години, која нема да се реалзиира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина, за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир. Бранителот на Реџеп Нуредини, адвокат Насер Рауфи, во изјава за медиумите по денешното рочиште, рече дека обвинетиот со признанието на ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција повика на масовна излезност во недела, во вториот круг од локалните избори, со порака дека граѓаните треба да го продолжат трендот на опаѓање на поддршката за владејачката гарнитура. „Овие избори се шансата да се покаже дека народот не се купува, не се лаже и не може да се потцени. Сметам дека треба да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура. ...

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2025 година продажбите достигнуваат 10.180.866.920 денари, што е за 2 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 15.191.149.664 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Во 2024 година остваривме импресивен раст од 14%, што ги надмина нашите првични проекции ...

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека загубата на ВМРО-ДПМНЕ на повеќе од 140.000 гласови во првиот изборен круг јасно покажува тренд на растечка поддршка за опозициските партии и дека очекува опозициското расположение да се засили во периодот после изборите, поради незадоволството на граѓаните од актуелната власт. „Сметам дека треба да продолжи трендот на пат ...

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундации. Партиципацијата за овие лекови ...

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа го привеле Б.Р. (59) од Скопје, кој на 28 октомври вечерта околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка, по што со возилото го напуштил местото на настанот, соопшти МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Веднаш по ...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Јавното обвинителство, на 29 октомври на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој ...

Одлуката на американската администрација на Доналд Трамп да ги укине санкциите против Милорад Додик и група негови соработници предизвика жестоки реакции во Босна и Херцеговина и во регионот. Според проценката на повеќето аналитичари и политичари, овој потег означува промена во американскиот пристап кон БиХ и е сигнал дека Вашингтон под водство на Трамп испробува нова стратегија за Балканот. Канцеларијата за контрола на странски средства ...

Во Нови Сад утре ќе се одржи комеморативен собир, каде што, на повик на студентското движење, студенти и граѓани од цела Србија ќе им оддадат почит на загинатите при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад пред една година. Студентите во блокада веќе една година, предводат бран граѓански протести со кои бараат одговорност од властите за смртта на 16 лица при падот на реконструираната настрешница на главната ...

„Крушево е важно, Крушево е на сите и го чувствуваме како симбол на државата“, истакна кандидадот за градоначалник на Крушево од СДСМ Томе Христоски во разговор за „Тема на денот“ на Сител телевизија ги повика сите сограѓани во недела на втори номеври да излезат на гласање и покрај сите притисоци од централната власт. „Ова е референдумско изјаснување на сите наши сограѓани каде сакаат да го гледаат Крушево во наредниот период, во минатото, во ...

Со сослушување на сведоци денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Славица Наумова Јосифовска, а застапник на обвинението е Ана Гоговска Јакимовска. Обвинетите ...

Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници, право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4 826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823. Болните и изнемоштените, затворениците и лицата во ...

Во гостувањето во емисијата „Анализа“ на ТВ 24, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, истакна дека резултатите од последните избори јасно покажуваат дека владејачкото мнозинство ја губи поддршката на граѓаните. „Во само 15 месеци власта изгубила околу 30% од своите гласачи, нешто што не се случило во поновата историја на државата да валдејачкото мнозинство ги стопи гласовите. Може да се формира власт, но не и да се има довербата на граѓаните. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг конечно се сретнаа во Бусан, Јужна Кореја, на долгоочекувани разговори насочени кон ублажување на трговските тензии. Ако тоа беше целта, таа беше постигната само едвај: американските „царини за фентанил“ за Кина беа преполовени – од 20% на 10% – приближувајќи ги царините кон Пекинг до оние на другите азиски економии. За возврат, Кина се согласи да го продолжи увозот на ...

Во средината на октомври, цената на златото достигна 4.380 долари за унца, што е историски рекорд. Во изминатата година, цената на златото порасна за повеќе од 55 проценти во номинален износ. Главно поради геополитичките тензии, инфлацијата и побарувачката од Азија, но и голем број други фактори. Покрај основната причина, побарувачката за безбедни средства во неизвесни времиња, цената на златото е водена од стравот од инфлација и економска ...

Претпладнево по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени. Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку ден, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. ...

Завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 коишто ќе се одржат в недела на 2 ноември. На полноќ почнува молкот кој трае до недела до 19 часот. Во вториот круг за градоначалници ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје, а ќе се прегласува за членови на Совет на три избирачки места во општината Шуто Оризари. На полноќ почнува молкот кој трае до недела до 19 часот. Во сабота во општините каде што ќе има втор круг ...

Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија. Во периодот од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 поточно влез 2 од зградата т.н. Пегла во општина Кисела Вода, а од 09 до 10 часот корисниците од Новоселски пат, како и објектите на Стокомак, КАМ ...

Повеќе предупредувања и појаснувања се јавија по вчерашната објава на американскиот претседател Доналд Трамп дека веднаш ќе започне нови тестови за нуклеарно оружје, наведувајќи програми за тестирање во други земји. Часови по објавата на Трамп, дадена на неговата платформа „Truth Social“ додека претседателот беше во Јужна Кореја за да се сретне со кинескиот лидер Си Џинпинг, потпретседателот на Трамп, Џеј Ди Венс, им рече на новинарите дека ...

Извозот на земјоделско-прехранбени производи од ЕУ во јули годинава достигна 20,7 милијарди евра, што претставува зголемување од осум отсто во однос на претходниот месец и достигна речиси исто ниво како и во јули 2024 година, покажува најновиот извештај на Европската комисија за трговијата со земјоделско-прехранбени производи. Од јануари до јули 2025 година вкупниот извоз на земјоделско-прехранбени производи од ЕУ достигнал 139,4 милијарди ...

Кеико Фуџимори, ќерка на починатиот поранешен перуански претседател Алберто Фуџимори, изјави дека ќе се кандидира за претседателка на земјата на априлските избори во Перу, неколку дена откако Уставниот суд ги отфрли обвиненијата за перење пари против неа. Поранешната конгресменка Фуџимори се кандидираше на последните три претседателски избори во Перу, завршувајќи како второпласирана на секој од нив. Ова ќе биде првата кампања на Кеико ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска предупреди против прекинување на синџирите на снабдување, велејќи дека нивната стабилност е од суштинско значење за одржување на економскиот раст. Зборувајќи на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во јужнокорејскиот град Гјонгџу, Си рече дека земјите треба да се придржуваат до принципот на „проширување, а не прекинување“ на синџирите на снабдување и да бараат нови области од ...

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА. Претходно беше објавено дека Мадридскиот покраински суд ја отфрли жалбата на УЕФА за тужба против Суперлигата. Реал објави во соопштение дека „ќе бара отштета од УЕФА за претрпената штета“. Според „As“, адвокатите на Реал Мадрид и компанијата што управува со Суперлигата веќе работат на тужба што двете организации ќе ја поднесат против УЕФА „за отштета за претрпената штета“, ...

Фудбалскиот сојуз на Србија потврди дека Вељко Пауновиќ ќе биде нов селектор на Србија во следните два натпревара. Тоа значи дека Пауновиќ ќе го наследи Драган Стојковиќ, а Србија следните два дуела ги игра против Англија и Летонија. Засега тој ќе биде селектор само на овие два натпревара, а за понатамошен ангажман дополнително ќе се преговара. Србија сè уште има шанси за пласман на Светското првенство. Првиот натпревар Пауновиќ ќе го има на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.57
63%
1018
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
62%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
58%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.89
94%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
80%
1020
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
76%
1012
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1014
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
62%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
76%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.34
55%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Паладиум

45911.27

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.18

Родиум

350443.14

Цинк

3.07

Рутениум

56199.51

Кобалт

66.14

Бакар

10.68

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Платина

60154.05

Калај

43.90