Стевчо Јакимовски во недела ќе се бори за својот петти мандат како градоначалник на општина Карпош. Иако во јавноста доста се шпекулираше, а и теренските информации потврдуваа опозициска соработка, сепак тој не доби јавна и официјална поддршка од опозициската СДСМ. Лидерот на партијата Венко Филипче денес повика гласачите на СДСМ сами да одлучат кому ќе го дадат гласот во вториот круг, онаму каде СДСМ нема свој кандидат, при тоа потенцирајќи ...

„Лудото тесто“ е универзално тесто кое можете да го користите како основа за разни видови пецива, без разлика дали се солени или слатки. Ова го прави исклучително практично бидејќи наместо секој пат да подготвувате посебно тесто за различни јадења, овде имате едно кое можете да го прилагодите со различни филови и форми. 1 кг брашно 200 мл јогурт 400 мл млеко 30 шеќер 30 мл масло за јадење 1 лажица сол 2 кесички квасец 1 прашок за пециво 2 ...

Владата на Србија донесе Одлука со која утрешниот ден, 1 ноември, се прогласува за Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. „Владата на Србија донесе Одлука за прогласување Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настреѓница на железничката станица во Нови Сад. Денот на жалост ...

Привремената влада на Косово го усвои предлогот на Министерството за финансии за зголемување на минималната месечна плата на 500 евра, објави весникот „Газета Експрес“. Според донесеното решение, сегашната минимална плата од 350 евра ќе се зголемува во две фази – од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 425 евра, а од 1 јули истата година ќе достигне 500 евра месечно. – По анализите што ги спроведовме за влијанието на оваа мерка врз приватниот ...

На 3 ноември во Истанбул ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на исламските држави посветен на американскиот мировен план за Појасот Газа, најави денеска шефот на трската дипломатија Хакан Фидан. Се очекува министрите од Обединетите Арапски Емирати, Катар, Јордан, Пакистан, Индонезија, Саудиска Арабија и Египет да присуствуваат на состанокот, но нивното учество сè уште не е потврдено. – Се појави мировен план, кој нуди зрак ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека „се извинува за работите што ги кажал за студентите и демонстрантите“, како и за други луѓе со кои не се согласувал. Сепак, студентите одговарија дека не се заинтересирани за зборови – тие бараат дела. „Немаме ништо од извинувањето“ Медина Мујезиновиќ, студентка на Државниот универзитет во Нови Пазар, која веќе 16 дена пешачи со своите колеги од Нови Пазар, рече дека „немаат што ...

Пентагон ѝ даде зелено светло на Белата куќа за испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, откако процени дека испораката нема негативно да влијае врз американските резерви. Сега конечната одлука треба да ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, изјавија за Си-ен-ен тројца неименувани американски и европски функционери. Трамп за време на последната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа изјави дека би ...

Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) издаде предупредување, велејќи дека нејзините членови, меѓу кои се Volkswagen, Fiat, Peugeot и BMW, сега работат со „резервни залихи, но залихите се намалуваат“, објавува The Guardian. „Ги повикуваме сите вклучени страни да ги удвојат своите напори за да најдат дипломатско решение за оваа критична ситуација“, изјави извршната директорка на ACEA, Сигрид де Врис. Мерцедес сега бара ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски изборната кампања ја заокружува со средби со граѓаните, исто како што ја започна, на терен, слушајќи ги граѓаните. Тој, заедно со идниот тим на советници беа позиционирани на неколку локации во Центар кадешто граѓаните можеа да се информираат за програмата и проектите што треба да се реализираат во новиот мандат. „Денеска е последниот ден од кампањата. Водевме фер, чесна и многу ...

Најмалку 13 лица загинаа, 11 се водат како исчезнати, а десетици илјади се евакуирани поради поплавите и одроните во Централен Виетнам, предизвикани од рекордните врнежи кои траеја неколку дена. Спасувачките операции денеска се забрзаа, откако надојдените води почнаа да се повлекуваат, овозможувајќи им на специјализираните тимови да стигнат до некои изолирани области. Близу 26.000 луѓе беа евакуирани од тешко погодените и од зоните загрозени ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во обраќање до јавноста нагласи дека му е жал за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите и уште еднаш ги повика граѓаните на дијалог по први ноември. Тој потсети дека пред една година Србија доживеа ужасна трагедија и ги наведе имињата на шеснаесет жртви од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. „Секој од нив, еден живот, секој од нив член на ...

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко во рамки на 151. седница денеска ги повика учесниците и медиумите да го почитуваат изборниот молк пред вториот круг на локалните избори, што започнува вечерва на полноќ и апелираше сите граѓани да го остварат своето право на глас. – Согласно изборните правила да го почитуваат изборниот молк, после 24 часот вечерва, во текот на утрешниот ден кога гласаат болните и изнемоштени во ...

Кривичниот суд, но и целиот судски систем во моментов се наоѓа пред еден навистина голем предизвик, односно судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кое е од исклучителна сложеност и општествена важност, порача в.д. претседателката на Основниот Кривичниот суд – Скопје, Даниела Димовска, во своето обраќање на Годишното собрание на Здружението на судии на РСМ, што се одржа денеска во Врховниот суд Скопје. Димовска, пред колегите од ...

Градот Белград и Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) истакнаа кандидатура за организација на финалето од Лига Европа на УЕФА за сезоната 2027/28. Според информациите од ФСС, Србија планира финалето да се игра на новиот Национален стадион. Во конкуренција за организација на овој финален натпревар се уште Франција (Париз, стадион Парк на принцовите), Италија (Торино, стадион на Јувентус) и Романија (Букурешт, Национална Арена). Се очекува во ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда. При вршење семејно насилство, осомничениот со умисла тешко телесно ја повредил неговата сопруга. Како што информира Јавното обвинителство, по кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, осомничениот 67-годишен жител на селото Петровец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото ...

Украинската морнарица денеска соопшти дека нападнала термоцентрала во рускиот Орјолски регион и електрична трафостаница во Новобрјанск. Во нападот биле употребени крстосувачки ракети Нептун. Како што се наведува во соопштението двата објекти се нападнати оти со електрична енергија снабдувале воени фабрики во регионот. Украина обично користи беспилотни летала за напади во Русија, но Киев, исто така, се стреми да изгради ракетни капацитети, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп беше домаќин на стотици маскирани гости – од суперхерои до диносауруси, па дури и неколку деца облечени како претседателскиот пар – на забавата за Ноќта на вештерките во Белата куќа во четвртокот вечерта. Доналд и првата дама Меланија Трамп се појавија на тревникот токму кога почна да се стемнува со песната „Трилер“ на Мајкл Џексон. Ниту еден од нив не беше маскиран. Трамп носеше сино одело и црвена ...

Турските истражни органи објавија дека во рамките на најновата истрага за шпионажа против суспендираниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, се откриени злоупотреби со податоци на милиони жители на градот. Според обвинението, администрацијата на Имамоглу наводно испраќала информации кон Германија и САД, а дел од податоците биле продавани онлајн, објави „Туркије тудеј“. Обвинителството приведе уште четворица осомничени во истрагата за ...

Во текот на 2024 година рекорден број федерални државни службеници во Белгија отсуствувале од работа и користеле боледувања поради стрес, премореност или проблеми со менталното здравје, се наведува во извештај на службата при белгиската Влада задолжена да ги следи отсуствата на вработените. Според извештајот, во дури 43,7 проценти од случаите на отсуство од работа, како причина биле наведени проблеми со менталното здравје. Дополнително, 80 ...

Патувањето со медицинска состојба или болест може да биде стресно, па и ризично и опасно во многу случаи. Иако авионскиот персонал е обучен да се справува со итни случаи, некогаш е потребна и професионална медицинска помош. Во таа смисла, неколку здравствени состојби се сметаат за особено опасни за патување и лет, па авиокомпаниите имаат право да ги прашаат патниците, па ако треба – и да не им дозволат да се качат во авион. Кога ...

Полицијата привела 48-годишен жител на селото Подмоље осомничен за пукање со пиштол кон стан во Струга. Во неговиот дом пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера во 22 часот во село Подмоље, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишиле Г.М.(48) од истото село. – При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се ...

Судот во северозападна Турција денеска изрече единаесет доживотни затворски казни за смртоносниот пожар што во јануари го зафати луксузниот хотел „Гранд Картал“ во скијачкиот центар Карталкаја, во кој загинаа 78 лица, јави турската телевизија НТВ и државниот сервис ТРТ. Триесет и четири од жртвите биле малолетни деца кои во хотелот го поминувале зимскиот распуст со своите родители. Вкупно 137 лица беа повредени во трагедијата. Меѓу 11-те ...

Уделот на даноците и нето социјалните придонеси во вкупниот бруто домашниот производ (БДП) во ЕУ лани изнесуваше 40,4 отсто, што претставува зголемување во однос на 39,9-те проценти во 2023 година, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат. Во исто време, тој удел во Еврозоната бил 40,9 проценти, што исто така претставува зголемување во однос на претходната година, кога изнесуваше 40,5 отсто. Во апсолутни бројки, во 2024 година ...

Индустриското производство во септември годинава е зголемено за 2.7 проценти во однос на септември минатата година, а за 2,3 проценти во периодот јануари – септември 2025-та споредено со истиот период од 2024-та, објави денеска Државниот завод за статистика. Во секторот Преработувачка индустрија, во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, регистриран е раст од 3,1 процент на индустриското производство, а опаѓање од 2,5 ...

Драги сограѓани, резултатите од првиот круг јасно покажаа дека во Општина Аеродром постои силно опозициско расположение. Граѓаните испратија порака дека сакаат промени, дека се уморни од застојот, ароганцијата и самоволието на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Сега е моментот тоа незадоволство да го претвориме во одлучна волја за промена. Ги повикувам сите граѓани, без разлика на партиска припадност, да се обединиме и масовно да ...

Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените се предуслов за превенција и решавање на конфликтите, порача денеска евроамбасадорот Михалис Рокас на настанот на одбележувањето на 25-годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на ОН – Жени, мир и безбедност”. Тој посочи дека Европската Унија е партнер на земјава, но и на сите останати во Западен Балкан во процесите на зајакнување на родово одговорното управување и нагласи дека кога жените ...

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 ноември 2025 година. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...

Шпанија забележа рекордни 76,5 милиони странски туристи во првите девет месеци од оваа година, што е зголемување од 3,5 насто во споредба со истиот период минатата година. Во истовреме, туристичката потрошувачка првпат надмина 100 милијарди евра, објави Националниот институт за статистика. Вкупниот приход од туризмот достигна 105,8 милијарди евра, што е зголемување од седум отсто во споредба со 2024 година. Просечната потрошувачка по турист е ...

Стотици демонстранти се судрија со полицијата во комерцијалниот главен град на Танзанија денеска, барајќи Националната изборна комисија да престане да ги објавува резултатите од изборите откако тие предизвикаа протести што доведоа до распоредување на вооружените сили и исклучување на интернетот. Државната телевизија ги емитуваше резултатите од изборите во средата, на кои партијата Чама Ча Мапиндузи, која владее со земјата од независноста во ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната завршна прес-конференција пред изборниот молк и денот на гласањето, испрати порака до граѓаните да го поддржат СДСМ и кандидатите кои покажаа дека знаат да работат искрено, чесно и посветено за интересите на своите сограѓани. „Денеска е практично последен ден од кампањата за овие локални избори почнува изборниот молк, и би сакал да сумирам неколку работи и да упатам неколку пораки. Прво, ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.57
63%
1018
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
62%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
58%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.89
94%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
80%
1020
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
76%
1012
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1014
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
62%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
76%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.34
55%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Калај

43.90

Платина

60154.05

Алуминиум

3.18

Кобалт

66.14

Родиум

350443.14

Бакар

10.68

Паладиум

45911.27

Цинк

3.07

Сребро

2840.84

Злато

166450.52