Собранието, денеска, на 94. седница, го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Изборот на Савески го поддржаа 66 пратеници, против гласаа двајца, а осум беа воздржани. Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. – На Македонија очајно ѝ се потребни правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и процесирање на ...

Иле, возач во Итната медицинска помош, почина на 17 март во својот дом, откако претходно, во кобната ноќ, над десетпати со своето возило превезуваше повредени на Клиники во Скопје Пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, денеска со звук од сирена на болничко возило, е откриено спомен обележје посветено на Илчо Гоцевски, 64 – та жртва на пожарот во „Пулс“. Иле, во текот на кобната ноќ помеѓу 16 и 17 – ти март со болничкото ...

Повеќе од еден месец по киднапирањето на пејачот Даниел Кајмакоски, истрагата добива нов тек, а најновите информации отвораат сериозни сомнежи дека зад случајот стои лице од неговиот близок круг, пишуваат српските медиуми. Адвокатот на Кајмакоски, Бранислав Станишиќ, откри дека постојат индиции кои укажуваат дека во случајот се вмешани луѓе кои пејачот ги познава. „Имаме сомнежи поврзани со одредени лица кои Даниел ги познава и со кои во ...

Се крчка македонски ДОС – платформа која што треба да го обедини опозициско, критичкото мислење и како што велат иницијаторите погресивната јавнсот. 24ТВ разговараше со дел од нив, засега сакаат да останат анонимни, но велат дека фокуост на платформата која што наскоро ќе ја понудат на граѓаните не е превземање на СДСМ ниту пак одработување за ВМРО ДПМНЕ, туку конкретен концепт кој треба како што велат да ги порази политикантите. Дел од неа ...

СДСМ обвини дека, како што велат, паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ довела до активирање на „Платформата за рушење на СДСМ“, оценувајќи дека станува збор за координирана кампања насочена кон внатрешно слабеење на партијата. Од СДСМ тврдат дека, по низа објавени скандали и, според нив, пад на поддршката кај власта, ВМРО-ДПМНЕ се обидува со дефокус и политички напади да ја пренасочи јавноста. „ВМРО е толку многу паднато што и нивните анкети ...

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук информираше дека вечерва присуствувал на Самит на лидери во организација на Европската народна партија (ЕПП), каде учествувале претседатели на политички партии од ова европско политичко семејство. На самитот се обратиле повеќе лидери од Европската Унија, при што биле отворени клучни теми поврзани со економската перспектива на континентот, како и актуелните глобални предизвици. Меѓу нив, ...

Парламентарното мнозинство денеска не го прифати предлог Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство поднесено од пратеничката Моника Зајкова и група пратеници. Со измените се предвидуваше воведување електронска нараквица за следење на насилниците. „Без збор. Без аргумент. Без срам. Повторно го одбија предлогот за воведување електронски нараквици за следење на насилниците – мерка што значи превенција, што ...

Украина ја прифати понудата на Европска Унија за техничка помош и финансирање за враќање на снабдувањето преку оштетениот нафтовод „Дружба“, но исто така нагласи дека ќе бидат потребни недели за да продолжи снабдувањето со руска нафта на Унгарија и Словачка, наведе украинскиот претседател Володимир Зеленски во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Зеленски ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Како што соопшти претседателскиот Кабинет, таа ја запознала со стратешките приоритети, проекти и активности на Агенцијата. Според неа, современиот економски развој наметнува потреба од унапредување на националниот екосистем, зелените политики, намалувањето на ...

Додека американскиот претседател Доналд Трамп ги повикува сојузниците да испратат воени бродови во Ормускиот Теснец за да го обезбедат транспортот на нафта во услови на војната во Иран, шефицата за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас, изјави дека мора да се најдат дипломатски начини за да се одржи отворен водниот пат. Калас во интервју за „Ројтерс“ денеска изјави дека никој не е подготвен да ги загрози своите луѓе во Ормускиот ...

Ниту еден дел од Русија повеќе не може да се смета за целосно безбеден поради забрзаниот развој на украинските воени технологии, пред сè на беспилотните системи, предупреди секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу. Тој оцени дека зоната на ризик повеќе не се однесува само на пограничните подрачја, туку ги опфаќа и внатрешните региони, вклучувајќи го и Урал. Говорејќи на состанокот во Уралскиот федерален округ, Шојгу наведе ...

Националната организација на потрошувачи (НЕПРО) во Србија денеска објави на веб-страницата на Министерството за внатрешна и надворешна трговија дека патничкото возило „Шкода Кодиак“ итно се повлекува од пазарот. Причината за повлекувањето е ризик од повреди. „На опфатените возила дошло до грешка во производството на рабовите на внатрешната рамка на предните седишта, кои може да го загрозат интегритетот на страничното воздушно перниче при ...

Гледачите на Оскарите беа изненадени од шегата на водителот Конан О’Брајан, која се чинеше дека алудира на неодамна објавените досиеја на Џефри Епштајн. Комичарот ја водеше церемонијата во театарот „Долби“ во Лос Анџелес по втор пат по ред, а контроверзната забелешка ја даде за време на својот воведен монолог. Пред да премине на посериозниот дел од вечерта, 62-годишниот О’Брајан се обиде да ја загрее атмосферата со низа шеги. Тој се осврна на ...

Скопјанец е приведен и му е одреден притвор поради сомнение за измама, откако лажно се претставил како инспектор и измамил жена од Прилеп за значителна сума пари, соопштија од Министерството за внатрешни работи. – ОВР – Прилеп поднесе кривична пријава против М.А., 46-годишник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 4 ноември 2025 година, пријавениот измамил жена од Прилеп за сума од 2.000 евра и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје за да ги реши своите проблеми иако еврејската држава никогаш не признала дека поседува такво смртоносно оружје, пренесе ДПА. На новинарско прашање за коментарот на советникот на Трамп, Дејвид Сакс, даден во поткаст, во кој тој шпекулира дека Израел може да ја ескалира војната и да размисли за употреба на нуклеарно оружје, Трамп рече: „Израел ...

Ирак постигна договор со Иран што ќе им дозволи на ирачките танкери за нафта да поминат низ Ормускиот Теснец – изјави ирачкиот министер за нафта Хајан Абдул-Гани за „Ал џезира“. Абдул-Гани потврди дека преговорите меѓу двете земји за водниот пат сè уште се во тек. Иран, кој ја контролира теснецот, ефективно го блокира поморскиот сообраќај во областа од почетокот на војната. Во меѓувреме, портпаролот на иранската комисија за енергетика изјави ...

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, ги отфрли предлозите за намалување на тензиите или постигнување прекин на огнот со САД, изјави висок ирански функционер. Висок ирански функционер изјави на првата сесија за надворешна политика денеска дека ставот на Хамнеи за одмазда против САД и Израел е „многу цврст и сериозен“, иако не беше јасно дали лидерот лично присуствувал на сесијата. Официјалниот претставник рече дека Хамнеи ...

Европската комисија ѝ исплати 189 милиони евра на Молдавија во рамките на Инструментот за реформи и раст откако земјата успешно заврши 24 реформи. Плаќањето укажува на значителен напредок на Молдавија на нејзиниот пат кон ЕУ, соопшти денеска Комисијата. Спроведените реформи вклучуваат намалување на административниот товар за бизнисите, зајакнување на кибер-безбедноста и итен одговор, напредок со дигитализацијата на владините услуги, ...

На Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент ќе му биде презентиран денеска нацрт-извештајот за Србија, во кој се наведува дека реформите значително се забавиле и покажуваат назадување, особено во областа на владеењето на правото и слободата на медиумите. РТС јави дека во текстот што го придружува извештајот, се наведува дека напредокот на Србија кон Европската унија е запрен во претходните години, првенствено поради ...

Граѓаните од денеска можат да летаат директно од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, а веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Како што истакнува во објава на Фејсбук, овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата. – Развојот на авиосообраќајот претставува еден од ...

Рекордни цени на суровата нафта поради воениот конфликт, извозот значително опаѓа, а глобалниот пазар се соочува со нарушувања Суровата нафта од Блискиот Исток станува најскапа во светот поради војната што ја намалува понудата. Референтните цени на суровата нафта од Блискиот Исток достигнаа рекордни нивоа, станувајќи најскапи во светот, иако трговијата нагло опадна поради војната меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран. Трговците ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека денес е предвидено да се реализира третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток. Претходно беа реализирани и летови од Шарм Ел Шеик и Ријад. Согласно информациите, летот е предвидено да полета во 16:00 часот по локално време и да слета во 20:10 часот ...

Облачно и посвежо ќе биде времето следните денови. Веќе од попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистичен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Утре и во четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови, а поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција во партиското седиште, појаснувајќи ја одлуката на Извршниот одбор за иницирање постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство во партијата, изјави дека таа е донесена со консензус откога, по сите нивни проверки и информации, заклучиле дека станува збор за процес за одработување за ВМРО-ДПМНЕ и обид за внатрешна поделба на партијата. – Точно е дека се почитувало и се ...

Поранешниот скопски градоначалник и пратеник од редовите на СДСМ, Петре Шилегов, денеска изјави дека во согласност со партискиот статут, исклучување на член извршува општинската организација вго која тој припаѓа и го повика лидерот на партијата Венко Филипче, доколку сака да спроведат таква иницијатива, да дојде во организацијата во Карпош за да разговараат со членството за кое рече дека ќе се потруди да биде многубројно како за неговото ...

Во Лос Анџелес, во прочуениот „Долби театар“, синоќа се одржа 98. издание на филмските награди Оскар, најпрестижното признание во светот на кинематографијата. Со церемонијата заврши годинешната сезона на награди во Холивуд, а вечерта ја одбележа убедливата победа на филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another), кој ја освои наградата за најдобар филм. Политички обоената драма на режисерот Пол Томас Андерсон освои вкупно шест Оскари ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска ја оцени како „опасен преседан“ одлуката на САД привремено да ги олесни санкциите против извозот на руска нафта. – Русија треба да има помалку, а не повеќе средства да води војна – додаде Калас пред почетокот на денешниот состанок на европските министри за надворешни работи во Брисел. Таа повика настаните на Блискиот Исток да не го одвлекуваат вниманието од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш не сакал да ја оконча војната во Украина и истовремено повика на зголемување на притисоците врз Москва. „Путин никогаш не сакаше да ја запре војната. Стравуваа од потезите на претседателот на САД, Доналд Трамп и од притисокот од Америка. Затоа ја играше оваа игра, наводно барајќи преговори“, изјави Зеленски во интервју за „Си-Ен-Ен“. ...

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона, откако Хезболах почна со напади врз Израел на почетокот на овој месец во услови на војната со Иран. Регионалната дивизија 91 „Галилеја“ почна рација доцна во саботата во источниот сектор на јужен Либан, при што војниците се соочиле и убиле неколку оперативци на ...

Израелската војска објави уништување ирански владин авион, кој наводно го користел покојниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи. „Ова го лиши иранскиот режим од уште една стратешка предност“, соопштија денеска Израелските воздухопловни сили во објава на персиски јазик на X. Се вели дека авионот се користел за домашни и меѓународни летови. Хамнеи беше убиен на 28 февруари во израелски воздушен напад во иранскиот главен град, Техеран. Се ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.24
68%
1022
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.13
70%
1021
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.31
66%
1022
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
2.35
55%
1024
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.95
87%
1020
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.58
82%
1023
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
62%
1013
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.16
70%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
5.01
59%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 13ᴼ
2.68
93%
1019
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
66%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 19ᴼ
5.02
80%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Паладиум

39545.42

Сребро

2072.63

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Платина

53756.05

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Злато

131337.93

Иридиум

253540.09

Бакар

12.52

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00